дома блог страница 2635

Еве колку новозаболени има за денес

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 69 оздравени пациенти во: Скопје-18, Куманово-36, Дебар-1, Штип-1, Велес-10, Гевгелија -1.

На Клиниката за инфективни болecти и фебрилни состојби починаа две лица од Прилеп, пациентка на возраст од 55 години лекувана на клиниката од 24 април и 87 годишен пациент лекуван на клиниката од 27 април, и двајцата со тешка форма на болecта и респираторна слабост. Институтот регистрира уште едно починато лице во Прилеп, жена на возраст од 69 години, позитивна на вирусот, починала дома. Во ГОБ „8 септември“ почина пациент од с. Зрновци (Кочани) на 62 годишна возраст, на болничко лекување од 21 април.

Во изминатите 24 часа направени се 362 тестирања, а потврдени се 29 нови случаи на Koвид-19 и тоа во: Скопје-11, Куманово-4, Прилеп-3, Тетово-2, Велес-6, Кочани-3.

Со ова вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја изнесува 1494, бројката на оздравени пациенти е 807 , на починати е 81, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 606.

(Видео) Вакво нешто не е видено: Колона од нафтени танкери пловат по морињата- еве што се крие позади оваа глетка

Поради виpycoт “застана” светската економија. Стотици огромни танкери пловат по светските мориња и ги затвораат големите светски пристаништа.

Танкерите се преполни со нафта за која сеуште нема купувачи.

Членките на ОПЕК на почетокот од април постигнаа договор за намалување на дневното производство на нафта. Тие ќе продолжат да ги произведуваат минималните 15 милиони барели. Овој април, независно од оваа одлука, падна побарувачката на нафта во светот за речиси 29 милиони барели.

Се создаде огромен вишок на нафта, поради што многу нафтени резервоари ширум светот беа наполнети до крај. Во такви услови производителите и преработувачите на нафта започнаа да користат танкери како поморски резервоар за вишокот на нафта.

42 лица приведени поради непочитување на забраната за движење

Во изминатото деноноќие 50 лица на ниво на целата држава не ја почитувале забраната за движење.

Приведени се 42 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.

Според статистичките податоци на МВР, за изминатото деноноќие, на 65 лица им се издадени решенија за изолација, а уште 65 лица потпишале изјави за самоизолација.

Како што информира МВР, извршени се контроли кај лица кои се во изолација и самоизолација, но не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката.

Tpaмп: “Видов докази дека виpycoт настанал во лабораторија во Вухан”

Aмериканскиот претседател Доналд Tpaмп тврди дека видел докази дека кopoнавиpycoт потекнува од лабораторија во Вухан, но вели дека тоа не може да го открие.

Како што пренесува Скај Њуз, Tpaмп на прес-конференција за новинарите во Белата куќа рекол дека не може да каже зошто е уверен дека виpycoт настанал во Институтот за вирологија во Вухан.

На прашањето на новинарите дали видел нешто што во таа мера го уверило дека виpycoт настанал во тој институт, Tpaмп одговори: “Да, видов”.

(Видео) Канаѓанец откри “зомби сателит”: Летечки објект кој не следи од 1964 година

Канадски радио-ентузијаст откри “зомби-сателит” кој кружи околу Земјката од 1967 година кога го лансирала американската вojcка.

“NPR” пренесува дека сателитот го открил Скот Тили кој живее во Британска Колумбија, Канада.

“Па, луѓе, еве како изгледа зомби сателит”, напиша Тили на Твитер на 24 мар. Сателитот LES-5 се наоѓа во “гpoбарската” орбита, каде завршуваат сите стари сателити. Таа се наоѓа на околу 35.000 километри над Земјата, наведува НАСА.

Мицкоски: Името Гоце Делчев е Македонија, за него нема преговарање

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски гостуваше во емисијата „Заспиј ако можеш“ на телевизија Алфа каде што посочи дека недозволиво е да се преговара за Гоце Делчев, бидејќи тоа е Македонија.

„Како да не ме погаѓа темата за Гоце Делчев. Ние зборуваме за Гоце Делчев, овој народ го одбрал тој јунак и околу тој јунак ја содавала државава“, нагласи Мицкоски.

Мицкоски додаде дека Република Македонија има многу јунаци и тука е и Гоце Делчев со кој сме ја воделе и создавале оваа држава.

„Можеби во некои минати времиња не толку често се споменувале Татарчев, не знам Протугеров или било кои други јунаци. Но Гоце Делчев секогаш бил нишката околу која македонскиот народ и граѓаните на оваа држава без разлика дали биле Албанци, Македонци, Турци, Роми, Власи се собирале и ја граделе оваа држава“, посочи Мицкоски.

Здравje во една чаша и топење мacти само со еден зачин: За една недела – 3 килограми помалку

Само еден зачин и чаша топла вода ќе направат чудо за вашата фигура, а истовремено и ќе ви го подобрат здравјето. Во само една напивка се крие вистинска ризница на здравјето.

Станува збор за куркума, зачинот што злато вреди. Освен фактот што куркумата е еден од најкорисните зачини, кој на јадењата им дава одлична арома и боја, тој исто така му годи и на организмот, на тој начин што поседува антивоспалителни, антиоксидансни и подмладувачки својства.

Ставете куркума во чашата со вода и промешајте. Се пие пред или после појадок во период од 2 недели, по што треба да се направи пауза од 2 недели.

Можете да додадете и малку лимон и мед во напивката за да биде повкусна.

Во текот на првите недели ќе го исфрлите вишокот вода, ќе му направите детоксикација на организмот и ќе се ослободите од 3 килограми. Во текот на втората недела можно е да ослободите уште од 2 килограми. Нутриционистите советуваат да го поправите и начинот на исхрана покрај напивката за да добиете подобри резултати.

Покрај тоа што ќе ослабете, еве како ќе влијае напивката врз организмот…

Го чува здравјето на срцето. Куркуминот спречува создавање на тромб.

Го подобрува варењето, го забрзува метаболизмот и го поттикнува топењето на масните наслаги.

Ги обновува оштетените клетки на црниот дроб.

Ги олеснува симптомите на артритис. Ги намалува отоците и ја ублажува болката.

Познато е дека канцерот најдобро напредува во кисели средини, а куркумата го алкализира организмот, па така го штити вашето здравје.

Пијте ја оваа напивка секоја вечер пред спиење: За 15 дена нема да имате ни грам маснотии на стомакот!

Само оние родени во знакот Лав ќе ги разберат овие моќни реченици

Тие се многу горди, но тоа не значи дека не се добри луѓе. Блескаат од самодоверба, но не ги повредуваат другите.

Луѓето родени во знакот Лав ќе се препознаат во следните цитати и најдобро ќе ги разберат истите:

Подобро е да се живее еден ден како Лав, отколку сто години како овца.

За успех во животот потребни ви се две работи: игнорирање и самодоверба.

Кога ќе останеш без аргументи, потисни ја другата страна.

Правете го тоа што најдобро го умеете. Никој не може подобро од тоа.

Волјата е за силните, желбата за слабите.

Огромниот успех е најдобра одмазда.

Ништо големо на светот не е постигнато без страст.

Огнена волја и силна упорност се квалитети кои секогаш носат успех.

Кариерата се раѓа во јавноста, талентот во тајност.

Да ги почитуваме сите правила, не би стигнале никаде.

Суштината е да бидете живи и бестрашни, а да не седите и молчите како што некои би сакале.

Подобро да ме мразат поради она што сум, отколку да ме сакаат поради тоа што не сум.

Мудриот човек бакнува, но не сака, слуша и не верува. Тој остава пред да биде оставен.

Историчарот Чепреганов: Договорот со Бугарија не е за пријателство, туку за непpиjaтелство

Уште кога се потпишуваа договорите со соседите Грција и Бугарија, оценките беа дека некако ќе се договориме со Грција, но со Бугарија ќе оди потешко, и еве тоа се покажува дека било точно. Договорот со Бугарија не е договор за пријателство, туку за непријателство, гледаме какви се барања стигнуваат оттаму. Но, ова не е случајно ова. Во последните 142 години бугарскиот политички врв ја нема сменето својата реторика, а таа е дека тие не го признаваат македонскиот народ, јазик, култура, рече историчарот Тодор Чепреганов на гостувањето на телевизија Алфа.

Според него за каква политика со Бугарија може да зборуваме кога тие пред 142 години велеа дека нема Македонци.

-Тоа само што сега го бараат од нас е да направиме самоубиство, откажувајќи се од се. Ако сте пријатели тоа значи си помагате, сега имаме условено пријателство. Сега ние треба да го прифатиме тоа што тие го бараат. Во позадината на целата оваа работа е политиката, историјата е во втор план и треба да им послужи на политичарите. Ова не е пријателство, да бараат да се откажеме од се и како ќе влеземе таму без име, без јазик, како ќе не ценат таму така обезличени, како какви ќе бидеме во таа Европска унија, посочи професорот Чепреганов.

Според него многу е јасно „пријателство е кога ве признавам такви како што сте“.

-Кој разговара сега во комисиите Бугари меѓу себе?! Според официјална Софија тоа е така, зборуваат Бугари, зошто и ние според нив сме нели Бугари. Ако тие се сметаат дека се Бугари е нивно право, но не може со селективност во историјата да велат дека за Македонците дека се Бугари дека не се Македонци, вели професорот Чепреганов.

Пунктот за дезинфекција на влезот во Прилеп по се изгледа е шминка? (Видео)

Беа ли во функција само на почетокот од пандемијата?

Општина Прилеп на влезовите во градот постави пунктови за дезинфекција на возилата. Граѓаните информираат дека пунктовите не функционираат секогаш, а наш читател денеска ни испрати и видео од пунктот кај бензиската “Лук Оил”.