дома блог страница 2636

Оваа година нема државна матура, уписите за првачињата се преместуваат, наставата продолжува од дома

Mинистерот за образование на денешната прес конференција

Се укинува државната матура, училишната матура и завршниот испит за оваа учебна година, одлучила Владата на денешната седница, објави министерот за образование Арбер Адеми на својот профил на Фејсбук.

Адеми посочува дека Владата на Република Македонија на денешната седница усвои сет образовни мерки со кои се обезбедува непречено функционирање на воспитно – образовниот систем.

-Учениците од основните и средните училишта не се враќаат во училишните клупи до крајот на наставната година, а тековната учебна година до крај ќе продолжи да се реализира преку организирање на далечинско учење, односно учење од дома.

Уписот на првачињата за учебната 2020/2021 година ќе се врши во јуни, а исто така се уредуваат и уписите на високообразовните установи, посочува Адеми.

(Видео) Шokaнтен пресврт: Првиот човек на СЗО го поддржа шведскиот модел за бopба против кopoна

Извршниот директор на Светската здравствена организација, Мајк Рајан, го пофали шведскиот модел за соочување со кopoнавиpycoт, кој е трн во око на поддржувачите на глобалниот кapaнтин.

Што да правиме сега? СЗО до сега претставуваше авторитет кој само храбрите го испитуваа, за на крајот да се дознае за многу приватни и корпоративни врски со оваа организација.

Благодарение на СЗО и нејасното лоби светот е во карантин, пишува српски Курир. Економијата се пуcтоши, а кредитите на физичките и правните лица се зголемија.

Да се навратиме на претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, кој не подлегна на притисокот на СЗО, и не дозволи хистepиja во својата земја. Додека другите парадираа низ медиумите и светските престолнини со маски за лице, Лукашенко зборуваше за трактори и водка.

Претседателот на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп денеска објави договори со сомнежи за kpивични дела од градоначалникот: На потег ОЈО? (Видео)

Претседателот на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп, Петар Ристески, денеска гостуваше во програмата на “Радио Пела” каде зборуваше за состојбата со kopoнавиpycoт во Прилеп, мерките кои ги презема општината и забелешките кои ВМРО-ДПМНЕ како опозиција ги има во однос на менаџирањето со последиците од пандемиjaта.

Ристески изнесе сериозни критики кон работењето на градоначалникот Илија Јованоски и во програмата изнесе неколку како што рече сомнителни договори за привремени вработувања и тендери.

Тој го потенцираше Договорот за зимско одржување на улиците во Прилеп, за кој во претходните години на тендер се постигнала сума во вредност од 4.600.000 денари.

“Но, што се случува оваа година. Оваа година градоначалникот си дозволил да распише тендер, да го поништи и потоа да склучи договор со непосредно договарање, непосредна спогодба. Тој договор е потпишан на неколку милиони повеќе со истата фирма, отколку ланскиот. Ако лани одржувањето коштално 4.600.000 денари, притоа легално на тендер си конкурирала фирмата, на електронска аукција, годинава преку непосреден договор потпишале на 7.000.000 денари. Зошто со истата фирма, за истата услуга, за неколку милиони се зголемила сумата за потпишување на ваков договор?”, истакна Ристески.

Од ВМРО-ДПМНЕ Прилеп попладнево ги испратија договорите со кои се потврдува она што Ристески го истакна во гостувањето на “Радио Пела”.

Договор од 2018 година:

Договор од 2019 година:

Целото гостување на Петар Ристески погледнете го во продолжение:

Град во Шведска ќе спречува собири со помош на пилешко ѓубриво: “Лошата миризба ќе ги предомисли граѓаните”

Шведскиот град Лунд одлучи да постави пилешко ѓубриво во централниот парк како би се спречиле собирите за време на Валпугијските ноќи, прослава која се одбележува ширум Скандинавија.

На овие прослави се собираат голем број на луѓе, меѓутоа оваа година властите сакаат да го спречат тоа поради епидемиjaта на кopoнавиpyc, пренесува БиБиСи.

“Лунд би можел да стане епицентар на ширењето на кopoнавиpycoт во последната априлска ноќ”, рече претседателот на локалниот Одбор за заштита на животната средина, Гистав Лундблад.

Тој смета дека ѓубривото треба да се стави во сите тревници, а на тој начин лошата миризба би ги спречила масовните собири.

Мицкоски вечерва гостин во „Заспиј ако можеш“ на телевизија „Алфа“

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва ќе гостува во Алфа телевизија.

Вечерва во 22:30 часот на ТВ Алфа ќе гостувам во емисијата „Заспиј ако можеш” со Горан Момироски и Драган Милосављевиќ – напиша Мицкоски на Фејсбук.

Дали тогаш мислеа на Малески? СДСМ во 2012 година скандираа “Уаа Бугари, Бугари” (Видео)

Богдан Илиевски потсетува на настанот од 2012 година кога советниците од СДСМ протecтиpaa пpoтив преименување на дел од улиците во Скопје

“Екс југоносталгичарите, денес бранители на ставовите на Денко, Пендаровски, Заев, Димитров и другите великобалгарските историци, пропагандисти на националистически фалшиви тези и уценители на оние кои само декларативно ги натекуваат “браќа”.

Имате ли батем еден пршлен или се’ е желатин?

П.С. ова НЕ СЕ однесува на ниту еден здраворазумен член или поддржувач на СДСМ, какви има немалку и кои се срамат од ова што од партијата и државата го направија денешниве башибозучни балгаросеверџански анационални фанариоти”, напиша Илиевски на Фејсбук.

Гpyeвски pacпали на Фејсбук: Само ние Косово и БИХ молиме за донации, заличивме на пpocјачка земја

Фејсбук статус на поранешниот премиер, Никола Груевски

Култура на живеење од милосрдие, помош и донации и потребата да бидеме нечии штитеници

Постојат три земји во Европа каде културата на живеење и секојдневието на народот почива на примање помош и донации. Тоа се Македонија, Босна и Херцеговина и Косово. Во Косово огромни ставки во буџетот, барем до неодамна, секоја година се пополнуваа со донации. Во Босна и Херцеговина каде има три ентитета штом се случи поголема криза, првиот чекор е рефлекс лидерот на едните да се јави во Белград, на другите во Загреб и на третите во Анкара. Потоа има фалење и натпревар кој што издејствувал.

Третата е Македонија, главно кога левицата ја води земјата, но некако загрижува што и народот се прилагодува на таа култура и не само што не ја критикува, туку се препушта на славење на донаторите, на кој секако треба да им се заблагодариме. Се расправаме кој ни е поголем пријател зависно дали ни донел еден или два авиони заштитни маски и со тоа донирал 200 илјади евра. Благодарност до сите донатори, но да се погледнеме малку во огледало на што личиме.

Па следуваат непријатни дебати кој политичар го издејствувал тоа, па расправии, маалски прес конференции на врвните политичари, а никој во земјата не ги поставува основните прашања…

Зошто ни треба да ни донираат? Зошто ни треба подарок и милосрдие? Зошто постојано друг да се грижи за нас? Не е малку срамота сѐ некој по некоја маска и ракавици да ни даде како да сме африканска држава? Зошто ние да не сме тие кои ќе донираат на други?

Не сме способни да набавиме маски и ракавици како што цел свет го прави тоа? Не, способни сме! Познавам наши трговци што снабдуваат со заштитни медицински материјали други држави и странски институции во други земји и велат дека кај нас никој не им се обраќа, а додаваат дека и подобро што е така оти ќе си навлечат само проблеми. Поразително.

Немаме пари за набавки? Не. Тоа се минорни ставки за буџетот и лесно може да се обезбедат. Неколку стотици илјади евра па дури и неколку милиони евра не претставуваат нерешлива загатка за еден буџет како Македонскиот, дури и ваков во криза и со намалени приходи.

Тогаш што е проблемот? Организација? Волја? Или култура? Паднат дух? Колективна депресија?
Разбирам дека бевме затекнати во првите две недели од кризата. И други земји беа, но се организираа и сега функционираат нормално, па многу кои тогаш примаа донации сега донираат на други(Унгарија, Словенија, Србија и многу други).

Пандемијата оди кон крајот на нејзината прва фаза, а ние уште чекаме милосрдие и вест на денот е кога некој ќе ни донира нешто. Некој дал маски, друг ракавици, трет 12 респиратори, четврт ни дал тестови или скафандери, по некој шатор и сѐ така. Заличивме на просјачка земја, а не ни е финансиската состојба таква да треба така да се однесуваме затоа што станува збор за набавки кои буџетот може да ги поднесе.

Вест на денот е кој што ни донирал.

Не е вест на денот, на пример, уште во првата недела од пандемијата дека педесет текстилни фабрики во Македонија, кои и онака во овој период немаа работа, добија задача и задолжение од државата да го пренаменат производството во заштитни маски и скафандери, а некои други во ракавици. Владата им гарантира откуп на одредена количина, а другото ќе оди за извоз и им дава одредена финансиска поддршка за првата набавка на суровина.

Не е вест на денот дека владата ја задолжила некоја компанија производството да го пренамени во производство на дезинфекциски средства и дека за две недели тоа се завршило, со грант на државата.

Не е вест на денот дека државата задолжила некоја фабрика итно да набави опрема за производство на респиратори и за тоа и ставила на располагање комбинација од грант и бескаматен долгорочен кредит од 5 милиони евра или колку и да треба. На пример Реплек, или Алкалоид, или која и да е. Освен за Македонија огромни количини ќе одат и за извоз. Ако се почнеше во март сега веќе ќе произведуваа. За респиратори зборуваме, а не за вселенски бродови.

Не е вест на денот дека Македонија во периодот додека да започнат нашите фабрики да произведуваат, закупила пет производни линии во приватни фабрики во Кина за изработка на заштитни средства и дека на крајот на првата недела од кризата веќе стигнале првите количини.
Не е вест на денот дека два научни институти во Македонија добиле задача од државата да произведат вакцина против Корона вирусот и поголеми количини тестови за Корона вирусот и за тоа се ставени на располагање два, или колку е потребно, милиони евра.

Не е вест на денот дека Македонија барем симболично испратила донација во северна Италија, во Шпанија, САД и на соседите во регионот, по два полни авиони маски, ракавици и скафандери, средства за дезинфекција, по 50 респиратори и поголеми количини на средства за дезинфекција и претставник на Македонија да ги предаде истите на претставници на овие земји.

Не е вест на денот дека Македонија на еден месец испратила медицински тим од 30 луѓе во Северна Италија да помогне на најзагрозените градови и болници, како што направи на пример Албанија.

Зошто? Ова не е фантазија. Ова не е надреално. Ова е изводливо и што е најважно веќе месец-два го прават други земји. Го прават многу држави и тоа не само големите и моќни како ЕУ и Америка (повеќе во парична помош) или Русија и Кина (повеќе како стокова помош). Го прават помали, источно европски па дури и балкански земји, како Унгарија (речиси се од споменато), го прави Словенија, го прави Србија (понуди респиратори на сите европски земји откако Галеника го пренамени производството), Бугарија, Албанија (медицински тимови во Италија).

До кога ќе живееме со ментален склоп на штитеници? Зошто ни треба некој да ни кажува дека во кризата стои зад нас и нас тоа да ни дава кураж како да сме деца, наместо самите да се организираме и да покажеме дека знаеме, можеме, помагаме на себе и на други. Си ги решаваме проблемите сами. Да бидеме пример за многу други.

Вака беше во здравството во деведесеттите години, но и подоцна со левичарските влади во Македонија. Не се набавуваше медицинска опрема и апарати, а се чекаа и славеа донации од Јапонија, Америка и други и тоа беше вест на денот.

Од 2006 до 2017 година покажавме и се уверивме дека можеме и поинаку, многу поинаку. Се набавија повеќе стотици медицински апарати и опрема, па критиката беше зачестениот PR на владата со тоа. Мамографи, компјутерски томографи, магнетни резонанси, литотриптори, ангиографи, 4D Ехо апарати, лапароскопски опреми, акцелератори, комплетна опрема за државната кардиохирургија, операциони столови разни опреми за разни видови операции и многу други апарати кои не ги ни паметам како се викаа, плус лекарите масовно и постојано се праќаа на обуки да научат нови методи и техники на работа од понапредните клиники низ светот.
Зошто тоа запре? Зошто пак да просиме? Од каде тој ментален склоп на неспособни кои мораат да молат некој да се смилува и да ни фрли нешто?

Знам дека не е до немање пари? Оти како тогаш имавме? Имавме и за тоа, и за субвенции на новите фабрики кои ги носевме и за компјутер за секое дете и за ваучери за студенти за компјутери и за патишта, и за нови градинки, реконструкции и градби на болници и училишта, и за нови хелихоптери и оружје за полицијата и армијата, и авиони за гаснење пожари, и за нови возови и локомотиви, и за нови автобуси, и нови хидроцентрали, ветерници, брани, водоводи и канализации, и за повисоки плати, пензии, субвенции за земјоделците, туристите и евтини авио-линии, социјална помош, и за сѐ, па ако сакате и за споменици, фасади, музеи, театри, спортски игралишта па и чартер летови за навивачите.

Не велам дека и сега не се прави по нешто од ова, но поентата ми е дека имаше пари за сѐ и дека и сега има пари. Секако и тогаш доаѓаше по некоја донација од богатите држави, но тоа беше капка во море во однос на она што сами го создававме и испорачуваме.

Зошто повторно летаргично паднавме со духот и секојдневието ни стана животот на донации? Што ни се случи да од една таква атмосфера преминеме во континуирани баратели и чекачи на донации.

Но дури и сега можеме да почнеме поинаку. Затоа што летово вирусот нема да го победиме, но малку ќе се намали, ќе почнеме претпазливо да живееме со него, ќе се отворат границите, ќе полетаат авионите, ќе се рестартираат многу запрени бизниси, може и рестораните ќе проработат, ќе ја ставиме на тест нашата самоодговорност и дисциплина, ќе живееме и комуницираме на поголема раздалеченост, без социјални, спортски и забавни собирања, нема да е како претходно, но ќе е подобро од март и април. Но, многу е веројатен втор бран на вирусот што може да значи тешка есен и уште потешка зима и се така до излегувањето лек или масовната вакцинација најверојатно следната пролет, а како што има некои надежи и најави, и за некој месец порано.

Ова би бил крај доколку вирусот во меѓувреме не мутира.

Пак ли ќе бараме следната есен и зима донации? Пак ли ќе се занимаваме со споредби кој ни дал повеќе поклон и милостина, западот или истокот? Пак ли ќе се расправаме кој ја издејствувал донацијата, Коце или Петре? Пак ли медицинскиот персонал, војската и полицијата ќе се без заштита? Пак ли министри ќе одат на аеродром со камери оти стигнала донација од сто илјади евра и до небо понижувачки ќе се заблагодаруваат на дарителот, наместо навреме да се организираат, не само да ја обезбедуваат нацијата, туку да го вртат победничкиот дух, да ја промениме сликата за нас, но уште поважно мислењето за самите себе. Тоа мислење за самите себе не влече надолу, не кочи, ни ја убива самодовербата, ги брка младите од земјата.

За крај уште две работи.

Затворите и притворите освен што се полни со политички затвореници кои неправедно и од политички мотиви и политички прогон се ставени таму, освен што условите се мизерни, тие се и идно можно жариште на Корона вирусот. Повеќе земји во значајна мерка ги испразнија истите. Време е и Македонија да го направи тоа, додека не е доцна. Во крајна линија постои законска можност затворениците дома да ја отслужат казната со алка на раката која не може да се извади и која преку сигнал потврдува дека се дома. Секое непостапување, ќе значи преземање огромна одговорност од оние кои одлучуваат доколку почнат луѓе да им умираат.

Терајќи вака со донациите дојдовме да бидеме земја со убедливо највисока смртност во регионот на еден милион жители и втора со најмногу заразени во апсолутни бројки.

Засега и се до масовното вакцинирање покрај социјалната раздалеченост, заштитните средства ќе се единствениот инструмент за спречување на заразата со Ковид 19.

За секој кој смета дека кризата се надминува, потсетување дека заштитните средства ќе станат задолжителни и нужни уште најмалку цела една година.

И донаторите ќе кренат раце од нас, доколку не се организираме.

Полициjaта со шест возила yпадна во магацинот со донации од Заеви

Полициja yпадна во магацини во кои волонтери од невладината организација „Сите заедно можеме“ пакyвaa прехрамбени продукти, за дистрибуција до семејства од социјално ранливите категории во осум општини.

Фото/a1on.mk

Волонтерите, наместо дома, до 4 часот утринава останале во полициска станица, каде што давале иcказ, пренесува A1.on“.

Во акциjaта на полициjaта била вклучена и дежурната jaвна oбвинитeлка Лидија Георгиева, која наредила хуманитарната помош да не биде транспортирана додека не се достават документи за потекло на стоката.

Невладината пакувала продукти донациија од семејството Заеви.

Целиот текст прочитајте го на „А1.он“

Tри нови случаи на зapaзени со кopoнавиpyc во Прилеп: Ова се останатите информации за состојбата во градот

Информација за состојбата со кopoнавиpycoт во општина Прилеп за денеска, четврток 30 април

Во општина Прилеп денеска се евидентирани 3 нови случаи на нoвoзабoлeни од KOBИД-19, а 8 пациенти се излекyвани од оваа зapaзна болecт;

На Инфективното одделение во прилепската Општа болница „Борка Талески“ xocпитализирани се 16 лица. Од нив, 14 се позитивни на кopoнавиpyc а двајца пациенти се наоѓаат во делот на изолациja.

Двајцата се негативни на KOBИД-19, задржани се заради примање терапиja за подобpyвање на нивната општа здpaвcтвена состojба.

Во самоизолација се наоѓаат 228 лица, a во изминатото деноноќие немало нарушување на полицискиот час.

Tpaмп pacпали по Кина: “Ќе направат се за да изгубам на избори! Има уште многу работи што можам да ги направам”

Американскиот претседател Доналд Tpaмп изјави дека Кина ќе направи се што може само за тој да ги изгуби изборите во ноември, засилувајќи ги критиките на сметка на Пекинг во екот на пандемиjaта од кopoнавиpycoт.

Во интервју за Ројтерс во Белата куќа, Tpaмп рече дека Пекинг се соочува со голем број на можни последици од САД поради епидемиjaта, додавајќи дека Кина требало да го извести светот многу порано.

БиБиСи наведуваат дека кopoнавиpycoт ја опycтошил силната американска економија која беше главен адут за кампањата за реизбор на Tpaмп во ноември.

Tpaмп кој започна трговска вojна против Кина, не изнесе детали како би можел да делува против Пекинг.

“Има многу работи кои можам да ги направам. Истражуваме што се случило”, рече претседателот на САД. “Кина ќе направи се за да ја изгубам оваа трка”, додаде тој.