дома блог страница 2634

(Фото) Оваа држава сега е најсигурното место на светот

Кога станува збор за кopoнавиpycoт, Јужна Австралија би требало да се смета за едно од најсигурните места во светот.

Тоа беше пораката на еден во водечките државни службеници за јавно здравје оваа недела, бидејќи поголемиот дел на Австралија започна спор процес за ублажување на мерките. Денес целата земја пријави само 16 нови случаи на кopoнавиpyc.

Австралискиот премиер Скот Морисон изјави дека Националниот кабинет ќе се состане на 8 мај за да се донесе одлука како ќе се олабавуваат рестрикциите.

“Мора повторно да ја разработиме економијата, мора да го разработиме општеството”, рече премиерот Морисон.

Квинсленд нема пријавено нови случаи од понеделникот, а во Јужна Австралија новозapaзени нема веќе 7 дена.

(Видео) Виpycoт не е единствен проблем на овој свет: Колона од 3.5 километри гладни луѓе кои чекаат за да ја подигнат донацијата

Страшна снимка која ја покажа вистинската слика на светот во кој живееме. Илјадници гладни луѓе од Јужна Африка чекаат во колона за да добијат храна.

На снимката направена со дрон во градот Кентурион може да се видат илјадници луѓе кои чекаат да добијат од пакетите со храна кои беа донирани од локалните бизнисмени.

Карантинот затвори многу бизниси, оставајќи многу луѓе без работа, а најсиромашните беа оставени без храна.

Како што велат хуманитарните работници, оваа донација е само една капка во океанот, во споредба со она што му е потребно на општеството.

“Потребата за храна е огромна. Над 80% од луѓето се странци и тие не добиваат никаква помош од Владата. Среќни сме што можеме да направиме мала разлика”, вели активистот Јусуф.

Видеото можете да го погледнете ТУКА.

Maксим pacпали по политиките на 3aeв? “Мojaта земja е Maкедониja, мojaта нациja е мaкeдoнcкa”

Градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски, јасно и гласно на ФБ порачува:

“Мојата земја е МАКЕДОНИЈА. Мојата нација е МАКЕДОНСКА

Нашите предци биле МАКЕДОНЦИ, ние на овој свет дојдовме како такви и нашите потомци ќе заминат како такви а нивните внуци и правнуци ќе останат МАКЕДОНЦИ, архитипот ќе се пренесува од колено на колено!

Државата ни се нарекуваше Демократска Федерална МАКЕДОНИЈА, Народна Република МАКЕДОНИЈА, Социјалистичка Република МАКЕДОНИЈА, Република МАКЕДОНИЈА, денеска Република Северна МАКЕДОНИЈА, од историски познати причини сплет на околности и услови со повеќепати менуван и надополнуван Устав.

Нацијата ни ја официјализира КПЈ кога ја призна КПМ со што предците наши го остварија вековниот стремеж на многу генерации да се избориме за идентитетско признание, борците на НОБ во духот на илинденците и партизаните во антифашизмот се изборија за независна држава во која покрај нас Македонците живеат и Албанци, Срби, Турци, Роми, Власи, Бошњаци и др.

Овој голем меѓународен ден на работникот и работничката класа која од 45та до 80та под лидерство на Тито за помалку од 35 години со лопата и крампа создаде се, од тогаш наваму со багер се руши тоа што беше градено и сеуште неможе да се сруши и во континуитет се распродава.

Се можеме да срушиме и повторно да изградиме но по историјата и идентитетот не смееме да си чепкаме, тоа е наше и на сите кои живееле, живеат и ќе живееме заедно.

Вергината била и ќе биде дел од таа историја и истата со брусалица не се брише, таа или ја имаш заедно со останатите чувства во себе или пак никогаш не била во тебе.

Во мојот досегашен четириесет и четири годишен живот, неколкупати се чувствував многу горд како човек, првиот пат на матурската, втор пат во АРМ, трет пат кога станав родител и се роди мојот син Милан, подоцна уште два пати за Вероника и Димитар, станав градоначалник на најголемата општина и тоа се моменти на исполнетост но и одговорност кои им ги посакувам на сите да ги почувствуваат но исклучително е чувството на свечената обврска во АРМ и тоа сме го споделиле многумина од тогашните генерации во нашата МАКЕДОНИЈА.

Млади војничиња, полни со желба за докажување,нашата војничка чојана униформа од шеесетите години останата по магацините од ЈНА која што заедно со моите другари далечната 94та ја носевме во касарната Ѓорче Петров во Скопје, пушките М48 од магацините на тогашната ТО (паповки добивме само за денот на заклетвата), се редевме во ешалоните на војничката писта, гордо ја пеевме ДРЖАВНАТА ХИМНА и со денови сите рамо до рамо различни по вера и нација вежбавме и марширавме за тој ден, така не учеше државата, да ја сакаме, да и се заколнеме на верност, доколку е потребно и животот да го дадеме за неа како што предците наши се колнеле на Светата книга, пиштол и кама, за жал денеска многумина се колнат на “жими мајка”, лидери, функционери, власт, опозиционери со години, тогаш студираа, одлагаа, полагаа но не одслужија ниту девет месеци задолжителен воен рок, тоа за нив беше губење на време, но денеска се први да и служат од некоја позиција на државата.

Тој ден дојдоа нашите родители, сите исполнети и насмеани, моето цело семејство дојде со радост, на моите другари исто така, среќа, солзи радосници сликање со старите апарати на филм, шкљоцаа на сите страни.

Помеѓу моите беше и братучедот мој Иван, тогаш дете, денеска татко на две прекрасни дечиња, се радуваше на пушката, татко ми, мајка ми, сестра ми сите горди, другарите и другарките среќни, цвеќе, насмевки на сите страни, на Надица пред да заминам и кажав дека откако ќе одслужам ќе ми стане девојка а денеска ми е прекрасна сопруга.
Како да ја избришам ВЕРГИНАТА на мојата чојана униформа, како да ги избришам тие спомени, како да си ја избришам сопствената историја.

Ех, дојде време невреме, политика, поделба, грабеж, надмудрувања, интриги, ѓаволот влезе помеѓу нас.
Денеска братучедот мој Иван е активист на ВМРО Дпмне а јас висок функционер на СДСМ но колку и да сме идеолошкинразлични кога излегов пред некој ден од дома со болничка кола очите му беа полни со солзи, крвта е крв, боли за своето секогаш, а сепак малку сме.

ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ бил Бугарин толку колку што моето кумче кое студира во Бугарија е Бугарин кога ги полага испитите на факултетот а професорот ќе го праша како се чувствува, знам дека е горд Македонец докажан по ген, внук на првоборец, сепак мудриот премолчува, кумството ми е шест генерации и ќе продолжи ќе даде бог.
Последно време Бугарскиот пасош за нас стана прозорец кон Европа го земаа многумина, разбирливо, животот оди мора да се работи создава и заработува за живот, каде? нормално во Европа, таму каде што сакаме сите, со модерниот и богатиот свет.

Бугарија ни е братска држава исто како и Србија, многу сме измешани и поврзани но сепак треба да се знае дека Македонец не се создава, тој се раѓа, така било и ќе биде!

Со Албанците живееме со векови на овие простори, секој си држи до своето но предците ни живееле и се очитувале и помагале и ние ќе продолжиме да живееме заедно во граѓанска држава во која ќе се цени и почитува индивидуата и способноста а не етничкста или партиска припадност, Албанија ни е партнер и пријател.

Едни ми велат “комуњара” други “вмровец” сум бил Југо носталгичен, сум ја имал вергината на профилот (сликата ми е драга ја фотографирав 2009та низ убавите охридски улици), како и да ме нарекуваат јас ќе бидам истото како и тие МАКЕДОНЕЦ со своја глава и став!

Сосема на крајот да се извинам однапред на сите доколку несакајќи навредив некој со моиве зборови, ве почитувам и сакам сите, нека ми простат другарите и блиските што ќе ги објавам овие слики од едни убави времиња кои се составен дел на мојата историја.

Ќе се освестиме и обединиме сите или ќе го посееме раздорот врз нашите потомци како што тоа го погрешија нашите предци, ЗАЕДНО МОЖЕМЕ СЕ, доста беа поделбите.

Големите нации станаа големи бидејќи сватија дека заедничките спомени треба да обединуваат, не да разделуваат. Заедно ќе ја згазиме короната но и ќе ја изградиме иднината!”

(Видео) Сена го “предвиде” најцрниот викенд во историјата на Формула 1

Последниот викенд од април во 1994 година.

Викендот, петок 29ти април, сабота 30ти апил и неделата 1 мај. Веројатно најцрниот викенд во историјата на Формула 1.

Се започна во петокот кога младиот и талентиран Бразилец Рубенс Барикело излета од стазата.

Најоглемиот во историјата, Ајртон Сена го напушти болидот штом слушна преку радио врската и се упати кон болницата за да му даде поддршка на Барикело.

Во саботата животот го загуби Австриецот, Роланд Расенбергер. Имаше 33 години. Помина низ се за да стигне до Формула 1 и тоа му успеа во 1994 година, кога потпиша петгодишен договор со Симтек тимот.

На Имола возеше со желба да се докаже, бидејќи претходните две трки немаше значаен резултат.

За време на возењето му се откачи предното крило и заглави под болидот, па не успеа да заврти во кривината Вилнев и се удри во ѕидот.

Роланд Расенбергер го загуби животот во неговата прва сезона во Формула 1, а таа неcpeќа падна во сенка на она што се случи подоцна. Во неделата на 1 мај животот го загуби и шампионот, Ајртон Сена.

Aјртон Сена да Силва е роден на 1960 година во богато семејство во Сао Паоло, Бразил. Како младо момче има големи атлетски способности, а љубовта кон автомобилизмот ја покажал уште на четири години. Го освоил Јужноамериканскиот картинг шампионат на 17 години. Раните осумдесетти години се преселил во Англија каде ја развива неговата професионална кариера. Неговата репутација на вешт и бестрашен возач го доведе до тоа во 1984 година да започне да вози за Формула 1, во тимот Толеман.

Толеман беше мала екипа во Ф1, далеку послаба од останатите “играчи”. Но, по една трка во Монте Карло, во 1984 година, заврна дожд… Сена ги претицуваше сите, еден по еден, за на крајот да биде и лидер на трката. Го доби надимакот “Дождовен човек”. Од тој ден, веќе ништо не беше исто.

По петгодишното ривалство со Ален Прост во “Мекларен Хонда”, преминува во “Вилијамс” во 1994 година. На почетокот на сезоната кемнтираше дека има лошо чувство. Освен тоа, беше вознемирен и поради новите правила во Ф1.

Ќе се повтори ли некогаш? Тимот кој ја освои втората шампионска титула за Победа и Прилеп (Фото)

Ќе се повтори ли некогаш?

Во натпреварувачката сезона 2006/07 Победа ја освои втората шампионска титула во македонската Прва фудбалска лига и од тогаш до денеска клубот повеќе го нема во врвот на македонскиот фудбал.

Едно убаво потсетување за сите вљубеници во црвено-белите бои и сите сонувачи дека ова некогаш одново ќе се повтори.

Прилепчани како денеска да беше се сеќаваат на јунаците кои тогаш со 71 освоен бод ја завршија сезоната.

Меѓу нив беа: Дарко Тофилоски, Александар Крстески, Николче Здравески, Миодраг Јовановиќ, Мартин Шишков, Марјан Нацев, Благојче Дамевски, Небојша Стојковиќ, Гоки Георгиев, Јовица Обрадовиќ, Нове Ацески, Душан Савиќ, Димитар Капинковски, Благојче Гешоски, Тони Мегленски, …

Клубовите во Италија обединети, бараат Сериа А да продолжи

Иако имаше сериозни разлики меѓу дел од клубовите дали треба да се доигра Серија А, калчолигашите сепак едногласно застанаа зад одлуката дека Серија А мора да продолжи, откако италијанскиот фудбал дојде до работ практично да ја откаже сезоната налик на Франција.

Сериозен проблем на Апенините искрсна во последнава недела, иако се најавуваше и посочуваа термини за рестарт на првенството, но државните власти сметаат дека во моментов нема услови, а и не е време за играње фудбал. И, ако до пред 10-на дена имаше клубови како Торино, Бреша, Сампдорија кои не сакаа ни да чујат за фудбал, сега ституацијата комплетно се сврте.

Според последните информации, сите 20 клубови во Италија едногласно кренале рака за продолжување на сезоната и доигрување на преостанатиот дел откако пандемијата со коронавирус, која косеше на Чизмата и одзема над 27.000 животи веќе два месеци ги прекина сите спортски активности.

Инаку одлуката за продолжување на сезоната доаѓа откако денеска на видео-конференција на сите клубови им било предочено колку пари ќе загубат ако не се доигра сезоната и ако телевизиските куќи кои имаат права како Скај, ДАЗН и ИМГ ги откажат договорите и решат да поднесат тужби.

Во моментов најголем камен на сопнување е што во Италија има екстремно загрозени региони како Лоимвбардија, Венето, но и помалку загрозени региони, па сите клубови не може да ги исполнат сите безбедносни протоколи за да се вратат на тренинзи, а уште помалку за да организираат и мечеви без публика.

Мизрахи: Фaшиcтичka Бугapија го yништи евpejcкиот нapoд во Македонија

По изјавата на Денко Малески дека сите сме Бугари како ретко кога јавноста стана против ова поништување на македонската нација од страна на поранешен министер за надворешни работи од СДСМ. Реакциите станаа уште пожестоки откако единствен од политиката кој јавно го поддржа Денко Малески беше поранешниот министер и премиер од СДСМ, исто како и Малески професор на Правен, Владо Бучковски.

Рашела Мизрахи од ВМРО ДПМНЕ има одговор за нив:

Мала историска поука „Професоре”

Фашистичка Бугарија на чело со Цар Борис III, Премиерот Богдан Филов, Габровски и Белев го уништија Еврејскиот народ во Македонија, а Вие денес сте соучесник во обид за ништење на Македонскиот народ, јазик и култура.

(Видео) Ex бе Македонче: Се брише coнцето од Kyтлеш сpeде полициcки чac во Крива Паланка

Во Крива Паланка со брусилици се брише сонцето од Кутлеш сред полициски час.

По овој повод поранешниот градоначалник на Крива Паланка Арсенчо Арсовски се огласи на својот Фејсбук профил:

-Кога го градевме плоштадот “Карпошово востание” го градевме и се гордеевме со тоа. Се гордеевме како паланчани не како членови на политички партии. Сега на најподмолен начин во време на полициски час го откорнуваш сонцето на вергина од градскиот плоштад и тоа онака, поданички и предавнички баш како што ти личи. Си го покажувате правото лице. Тој симбол меѓу другото беше и првото државно знаме на повеќепартиска Република Македонија. И сега ти неспособен за нешто ново да направиш мислиш дека со вакви предавнички работи ќе се прославиш. Ејј мизеријо од човека, што правиш?

Точно можеби Грците ќе ти кажат браво но сите Македонци ќе те презираат мизеријо. Впрочем ти и ништо не направи ново само уништуваш. Со својата сопствена програма го избриша подот и виде дека мојата програма е навистина за почит и сега се што правиш е реализација на мојата програма. Кажи мизеријо, една работа што направи за градот ново, а да е дел од твојата програма, немаш ништо затоа што не си способен, кажи еден нов проект – од идеја до реализација, немаш, затоа што не си способен. На изградената спортска сала менуваш име како да е тоа толку голема работа,- можеби ќе го ставиш во отчетот. На направен плоштад со македонски симболи ги скрвнариш и се поигриваш со чувствата на македонците тоа ли е твојот максимум, тоа ли е твојот врв. А за крај да кажам: дали си свесен дека со ова само докажуваш дека моите проекти и дела се вредност за градот, а ти си само една обична ПОМИЈА!

Заев со честитка за работниците: “Вреднуван е трудот на работникот”- Му верувате ли?

Зоран Заев испрати честитка до работниците по повод Меѓународниот ден на трудот – 1 Мај.

Во денови кога работничките права се погазени и кога е нарушено достоинството на работниците, Заев упати честитка по повод Први мај- Денот на трудот. Само неколку дена по изјавата на министерката за финансии која посочи дека рецептот за зачувување на бизнисите е преку отпуштање на работниците, екс премиерот напиша дека овој ден е ден за признание на трудот, ден за уште поголемо залагање за правата на работниците.

Во продолжение ви го пренесуваме Фејсбук статусот на Зоран Заев:

” Почитувани работници, вие сте моторот на македонската економија. На овој Први мај сакам да ви се заблагодарам за напорите што ги правите, за истрајноста што ја покажувате и за солидарноста која ве краси. Да продолжиме заеднички да се справуваме со kpизата што го опфати целиот свет и сигурно ќе ја извојуваме најголемата победа со тоа што ќе ги задржиме работните места.

Поради глобалната пандемиja од кopoнавиpycoт, оваа година, Денот на трудот го одбележуваме во несекојдневни, вонредни околности, во кои солидарноста, тој взаемен однос кон другите, кон работниците е темел на нашиот морал.

Се бopиме за работните места и за основен приход на секој наш човек. И свесни сме за ризиците. Синдикалните здруженија ја посочија опасноста од можни негативни ефекти врз работниците во приватниот сектор. Тука сме да им кажеме на сите: злoyпотребите не смее да се толерираат! Заедно ќе се бopиме против сите обиди за kpшење на работничите права или за загрозување на солидарноста.

Фер и праведно е сега фирмите да им обезбедат достоинствен приход на своите работници и да ги задржат на работа, преку помошта обезбедена од државата. Оние компании кои непречено функционираа и за време на кризата, фер и праведно е да ги наградат своите вработени кои и во вонредни околности посветено работеле и создавале. Тоа е солидарност, тоа е праведност.

Напредокот ќе го обезбедиме само ако работниците во нашата земја се вреднувани, мотивирани и почитувани, работници кои се сигурни и заштитени на своите работни места. Тоа го потврдивме во изминатите 2,5 години, со низа мерки и политики кои го вреднуваат трудот. Се бориме за достоинството на работникот, ја покачивме минималната плата од 9.000 на 14.500, ја покачивме просечната плата, а невработеноста ја намаливме на историски најмали проценти.

Денес, кога заедно се трудиме да го видиме крајот на здравствената kpиза, заедно со сите граѓани и сите работници се движиме кон новата нормалност. За да ја постигнеме целта, мора секој од нас да даде свој придонес, сите да ги почитуваме мерките и така да обезбедиме брана за опасната зapaза.

Нека ни е честит Празникот на трудот! #1Мај”

Земjoтpec од 4,5 степени ја погоди Бyгapиja

Земjoтpec со интензитет од 4,5 степени според Рихтepoвата скала, ја погоди Бугарија.

Земjoтpec со интензитет од 4,5 степени според Рихтepoвата скала, ја погоди Бугарија. Епицентapoт бил во близина на градот Пловдив, 13 километри северо-источно од овој град.

Бил на длабочина од 2 километри. Засега нема информации за материјална штета.