Историчарот Чепреганов: Договорот со Бугарија не е за пријателство, туку за непpиjaтелство

Уште кога се потпишуваа договорите со соседите Грција и Бугарија, оценките беа дека некако ќе се договориме со Грција, но со Бугарија ќе оди потешко, и еве тоа се покажува дека било точно. Договорот со Бугарија не е договор за пријателство, туку за непријателство, гледаме какви се барања стигнуваат оттаму. Но, ова не е случајно ова. Во последните 142 години бугарскиот политички врв ја нема сменето својата реторика, а таа е дека тие не го признаваат македонскиот народ, јазик, култура, рече историчарот Тодор Чепреганов на гостувањето на телевизија Алфа.

Според него за каква политика со Бугарија може да зборуваме кога тие пред 142 години велеа дека нема Македонци.

-Тоа само што сега го бараат од нас е да направиме самоубиство, откажувајќи се од се. Ако сте пријатели тоа значи си помагате, сега имаме условено пријателство. Сега ние треба да го прифатиме тоа што тие го бараат. Во позадината на целата оваа работа е политиката, историјата е во втор план и треба да им послужи на политичарите. Ова не е пријателство, да бараат да се откажеме од се и како ќе влеземе таму без име, без јазик, како ќе не ценат таму така обезличени, како какви ќе бидеме во таа Европска унија, посочи професорот Чепреганов.

Според него многу е јасно „пријателство е кога ве признавам такви како што сте“.

-Кој разговара сега во комисиите Бугари меѓу себе?! Според официјална Софија тоа е така, зборуваат Бугари, зошто и ние според нив сме нели Бугари. Ако тие се сметаат дека се Бугари е нивно право, но не може со селективност во историјата да велат дека за Македонците дека се Бугари дека не се Македонци, вели професорот Чепреганов.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.