дома блог страница 2629

ВМРО-ДПМНЕ Прилеп: Сугарески, Талески, Јованоски и ОЈО молчат за криминалците од Еурокомпозит? (Видео)

Криминалната власт и кадри на СДСМ цели три години си поигруваат со судбината на вработените во Еурокомпозит. Во три години додека се на власт, Заев и Анѓушев именуваа цела низа неспособни директори, а сето тоа немо го следеа Сугарески, Талески и градоначалникот Јованоски, додека нивните сограѓани едвај врзуваа крај со крај и едвај успеваа да обезбедат леб за себе и своите семејства – истакна на денешната прес конференција Влатко Петкоски, портпарол на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

Прес конференцијата во целост ја пренесуваме во продолжение:

“Денеска прашуваме до каде е кривичната постапка во Основното Јавно обвинителство за поранешниот директор на Еуркомпозит, Граороски и неговиот советник од Струмица, кои се осомничени за злоупотреба на 80.000 евра, за испорака на производи за фирма во Република Гана?

Ќе има ли правна завршница за овој случај кој одекна во јавноста и ги згрози вработените во компанијата?

Дали Талески, Јованоски и Сугарески конечно ќе соберат храброст и ќе кажат нешто за криминалците во своите редови кои ја бетонираат судбината на нивните сограѓани, или можеби и тие се дел од тоа?

Наместо да глумат хуманитарци и да купуваат гласови со сомнителни пакети во време на пандемија, да излезат со трајни решенија и конкретна помош за граѓаните погодени од кризната состојба!

Почитувани,

Цели 5 месеци вработените во Еуркомпозит се оставени без ниту денар примања, без здравствено осигурување и без никаква надеж дека нешто би можело да се промени.

Фабриката е без струја, без чуварска служба, а во последно време зачестија и кражбите на делови од машини.

Власта им вели да седат дома, а не знаат од што да живеат. Се водат како вработени, а не земаат плата. Ова е жалната вистина за Прилеп, што СДСМ пробува да ја прикрие со пакети чие потекло на производите останува непознато.

ВМРО-ДПМНЕ и во наредниот период ќе продолжи да ги обелоденува лагите и криминалот на СДСМ, Зоран Заев и неговите извршители.

Ова е нивното лице и ова е нивното лажно блескање и чекорење по прав пат!”

СДСМ пред споменикот на Гоце Делчев: Погледнете на што личи Гоце во Градски парк – Срамота! (Фото)

СДСМ пред споменикот на Гоце Делчев

Партиска делегација на СДСМ во состав Дејан Павлевски претседател на Комсија за локална самоуправа на СДСМ, Снежана Калеска Ванчева, координаторка на Форумот на жени на СДСМ и Ивана Трајкова од СДММ, денеска, положи цвеќе пред ишараниот споменик на Гоце Делчев во Градскиот парк во Скопје и на неговото почивалиште во црквата Св. Спас.

Јавноста бурно реагира на социјалните мрежи за изгледот на споменикот на Делчев во Градскиот парк, кој целосно е нагрден, а никој ништо не презема за истиот да биде исчистен.

Граѓаните коментираат: “Го заслужуваме ли воопшто Гоце Делчев?”.

Цвеќе денеска пред гpoбот на Делчев положи и вицепремиерката и министер за одбрана, Радмила Шекеринска, но откако се обиде да даде изјава пред медиумите, беше прекината од поголема група граѓани кои скандираа: “Никогаш Северна, само Македонија”.

Тимот на Tpaмп во бopба против виpycoт: Милијардери, нобеловец и научници собрани околу Белата куќа

Тим на научници и милијардери во бopба против кopoнавиpycoт се собрани околу Белата куќа.

Американските медиуми овој тим го споредуваат со проектот “Менхетн”, тимот на научници од крајот на Втората светска војна кој бил задолжен за правење на нykлepaно opyжје, пишува “Вол Стрит Журнал”.

Тимот го предводи лекарот Том Кејхил, кој се занимава со претприемништво и живее далеку од очите на јавноста, но важи за човек кој има големи врски во Белата куќа. Во тимот има биохемичари, имунибиолози, неуробиолози, онколози, епидемиолози, нykлeapни физичари и други експерти.

“Јас сум најмлаку критикуван во тимот”, рече Мајкл Розбах, генетичар кој во 2017 година доби Нобелова награда за медицина.

Овој тим би требало да биде посредник меѓу фармацевските компании и американската администрација. Целта е да се филтрираат илјадници научни студии кои се спроведуваат во овој момент во бopбата против виpycoт и да се одберат оние кои се сметаат за најдобри.

14 KPИBИЧHИ ПPИJABИ за жители од Битола, Прилеп и прилепско

СВР Битола поднece 14 kpивични приjaви пpoтив Љ.А(26), К.Б.(26), В.Р.(30), И.А.(20), сите од Битола, А.Ц.(49), А.Ш.(39), Р.А.(32), С.Џ.(36), Е.Џ.(34), О.И.(22), Ф.Б.(23), сите од Прилеп, В.Б.(44) од с.Кадино, прилепско, М.П.(59) од Ресен, А.И.(41) од с.Житоше, прилепско, поради пocтоење ocнови на coмнение за стopeни kpивични дела „непocтапyвање според здpaвcтвените пpoписи за време на епидемиja“.

Пpиjaвените, во периодот од 31.03.2020 до 03.04.2020 година не се придржувале кон воведената мерка за ограничено движење.

Пpилепчанец ги пренеcyвал пocмpтнитe ocтaнки на Гoцe Дeлчeв: Пpoчитajте го целото cведоштво за овој иcтopиски нacтан

Според напис од весникот “Народен глас” од 1972 година

– Во сите градови од Пиринска Македонија, побудувавме голем интерес. Во Струмица, чинам целиот град беше на нозе. Веста дека низ овој град ќе помине колоната со коските на Гоце Делчев ги воодушеви и толку израдува граѓаните што едвам поминавме низ улиците – истакнал Иваноски

На 2 август се одбележа 116-годишнината од Илинденското востание. Ден кога македонскиот народ се потсетува на македонските револуционерни дејци меѓу кои и Гоце Делчев, кој бил убиен во борбата со турската војска, во зорите на 4 мај 1903 год. Соред историските податоци, неговите посмртни останки прво се чувале во Баница до 1917 година, кога се пренесени во Ксанти, а потоа во Софија. До 1923 година, ковчежето со коските се чува во домот на Михаил Чаков, а на него пишувало:

„Ги заколнуваме поколенијата што доаѓаат светите коски да бидат погребани во главниот град на независна Македонија. Август 1923, Илинден”.

Заветот е исполнет и на 11 октомври 1946 година се пренесени во Скопје, во црквата Свети Спас. Но малкумина знаат дека во пренесувањето на моштите на револуционерот учествувал прилепчанецот Илија Јованоски – Белото како возач. Според него носењето на саркофагот од Бугарија во Македонија се случило на 31 јануари 1947 година, а не како што се трдело во октомври 1946 година.

Тој, за тогашниот локален прилепски весник Народен глас, раскажал дека секаде колоната со возилото била пречекана од многу народ во сите градови од Пиринска Македонија, а во Струмица, речиси целиот град бил на нозе.

Во текстот од весникот ,, Народен глас”, бр. 222, на стр. 2, издаден во Прилеп, во петок на 11 февруари 1972 година, а на кој в.д. главен и одговорен уредник е Благоја Глигороски, пишува дека заветот на Гоцевите следбеници, коските на овој голем македонски револуционер да бидат пренесени во Скопје, се оствари непосредно по ослободувањето на татковината од фашистичките окупатори.

По една случајност во пренесувањето на саркографот учествувал еден наш сограѓанин. По една исто така случајност деновиве беше пронајдена и една автенична фотографија од овој пренос, што е направена во пиринскиот град Петрич.

Еве што тој раскажува за овој настан:

– Повеќе од една година беше тоа во 1946/47, како возач бев на работа во нашата амбасада во Софија. Кон крајот на јануари 1947 година во Софија дојде другарот Борко Темелковски – Лилјак. Се сеќавам добро утрото на 31 јануари 1947 година ми беше речено дека со придружба треба да појдам на едно место. Во џипот што го возев, беше ставен еден сандак, и заедно со придружбата од Софија веднаш се упативме за Скопје.

Шоферот Илија Иваноски, добро се сеќава на многу детали, од патувањето. Џипот се движел во средината, а напред и назад биле по една кола. Иако зимно време џипот бил отворен во која се наоѓала и голема фотографија на Гоце Делчев.

– Во сите градови од Пиринска Македонија, истакнува Иваноски, побудувавме голем интерес. Маса граѓани се собираа околу нас во Благоевград, Петрич и други градови. Насекаде се собираа граѓани не поздравуваа. Во Благоевград, Градскиот комитет на БКП, организира мала свеченост. Во Струмица, чинам целиот град беше на нозе.

Веста дека низ овој град ќе помине колоната со коските на Гоце Делчев ги воодушеви и толку израдува граѓаните што едвам поминавме низ улиците.

По долго патување, колоната во Скопје пристигна во попладневните часови на 31 јануари.

Бидејќи фотографијава е направена во Петрич, сега дефинитивно се знае и точниот датум на пренесувањето на саркографот, а не како што беше објавено во весникот Нова Македонија од 30 јануари 1972 година, дека тоа е сторено во 1946 година.

Фељтон за Гоце

Во истиот број на “Народен глас”, бр. 222 од 11.02. 1974г. има и Фељтон за Гоце Делчев – Идеолог и револуционер. Пишува Димитар Мицкоски. Станува збор за продолжение од минатиот број. Во него авторот пишува дека во 1901 година, Гоце Делчев пак ја обиколил речиси цела Македонија… Во еден свој говор, Гоце Делчев рекол: “… Зарем Македонците не се храбри и јунаци? Кој смее да каже дека Македонците не се способни да ја извојуваат својата слобода, да ги урнат тираните и да се очистат од крлежите”, пишува во фељтонот Мицкоски.

Нестор Алексиевски го изработил ковчегот за коските на Гоце

Славниот резбар Нестор Алексиевски го изработил ковчегот во кој се пренесени коските на Гоце Делчев од Софија во Скопје во 1946 година. Го изработил дрвениот ковчег за 21 ден, во што му помагал и неговиот син Миле, пишува Данило Коцевски во колумната на “Слободен печат” на 29/06/2019. Копаничарот потекнувал од една од најпознатите мијачки резбарски тајфи.

Најпрвин изработил цртежи како ќе изгледаат деталите изрезбани на ковчегот, а потоа преминал на нивната реализација во ореово дрво.. Ковчегот бил со димензии 0,6 х 0,6 х 0,75 метри, и лежи на четири лавовски шепи. Изрезбани се разни мотиви од кои главниот е ликот на Гоце Делчев со ловоров венец.

Претставени се и тогашните грбови на Македонија и Југославија. На задната страна стои пораката: „Смрт или слобода – од Револуционерниот комитет”. Во саркофагот била вградена и лимена подлога односно кутија, набавена од лимар во Старата скопска чаршија. Според сведоштвата, коските во сандакот биле обвиткани со црвена свила како симбол на Илинденското востание…

ОСТАТОКОТ ОД КОСКИТЕ СЕУШТЕ ВО БАНИЦА?!

Гоцевите потомци од неговите сестри, лично раскажале дека кога коските биле изложени во Софија во црквата „Света Недела” во август 1923 година, семејството се уверило дека внатре во сандачето се само рацете, нозете и главата, а трупот го нема. Коските од трупот на војводата засекогаш останаа во Баница.

Откако во 1906 година неговиот другар, војводата Чаков, заедно со Таската Серски го откопале гробот и ги зеле главата, рацете и нозете на Гоце Делчев, трупот го оставиле оти и по три години уште не бил распаднат. Потоа, никој никогаш не го зел остатокот од коските. Никаде, ама баш никаде нема доказ или сведоштво дека работата била завршена – со треперлив глас поради своите 82 години, но истовремено и со неверојатна сигурност и совршено сеќавање го почна своето сведоштво, скопјанецот Панде Ефтимов. Тој е еден од тие што лично ги пречекал неговите коски во Скопје во 1946 година, пренесуваат дел од медиумите.

Пренесувањето на моштите траело три дена, на 7, 8 и 9 октомври 1946 година, а тој чин бил проследен со огромна маса народ што му оддавал почит на великанот и на неговото испраќање од Софија и пристигањето во Скопје. Положувањето на коските во саркофагот во дворот на црквата „Св. Спас” било извршено на 10 октомври.

Извор: “НЕДЕЛНИК ЗЕНИТ”

За Шекеринска биле луѓе кои тераат политика, а тие ја “избркаа” од гpoбот на Гоце Делчев со “Никогаш Северна, само Македонија” (Видео)

„Комити“ и „Војводи“ скандираа „Никогаш Северна, само Македонија“ пред давање на изјава на Радмила Шекеринска за медиумите по положувањето цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“.

На денешното одбележување на 117-годишнината од cмpтта на Гоце Делчев во црквата Св. Спас, вицепремиерката Радмила Шекеринска се откажа од изјава за медиумите, откако голема група граѓани почна да скандира “Никогаш Северна, само Македонија”.

Шекеринска им рече на медиумите да се договорат за изјава нахнадно, бидејќи тука имало луѓе кои дошле да бркаат политика.

(Видео) Ова е нajoпacното место на планетата

Opди на огромни грабливци владееле на тлото, во реките и на небото на денешно Мароко пред 100 милиони години, покажа новата студија, пренесува во најновиот број американскиот весник “Популар сајенс”.

На местото на денешната пустина имало голем систем на реки кои течеле и низ денешен Алжир, езера и мочуришта.

Низ децениските истражувања научниците пронашле фосили на месојади диносауруси, како и остатоци на големи птици познати како “птеросауруси” и џиновски предци на денешните крокодили.

“Ова сигурно било најопасното место во историјата на планетата Земја, бидејќи било дом на толку многу различни видови грабливци со различни облици и големини”, вели Низар Ибраим, палеонтолог од американскиот Универзитет Детроит Мерси.

Нови цени на горивата од полноќ, бензините поскапуваат, дизелот поевтинува

Регулаторната комисија за енергетика ги соопшти новите цени на горивата кои ќе важат од полноќ.

Од вечерва на полноќ малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 1,00 денари за литар и ќе изнесува 50,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се зголеми за 0,50 денари за литар и ќе изнесува 52,50 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе се намали за 0,50 денари за литар и ќе изнесува 42,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 0,50 денари за литар и ќе изнесува 31,00 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,801 ден/кг и ќе изнесува 16,144 ден/кг.

Од 05.05.2020 година максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 50,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС -98 52,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 42,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 31,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 16,144 (денари/килограм)

Владо Јованоски: “Гоце Делчев е жив, хероите не yмиpaaт”

Фејсбук статус на актерот Владо Јованоски

“Една од нај големите лаги е дека Гоце Делчев умpeл на денешен ден.

Тоа е чиста невистина. Точно е дека го пpeдале и го стpeлале, ама тоа не значи дека умpeл!

Жив е Гоце, многу пожив е од порано. Хероите не умиpaaт!

Вечна Ти слава апостоле!”

Сопственик на компанија заработил 1.6 милиони долари на берза и одлучил да им ги подели на вработените (Видео)

Извршен директор на компанија во Америка заработил 1.6 милиони долари на берза и одлучил да им ги подели на вработените кои најмноуг биле погодени од кopoнавиpycoт.

Лери Конор е основач на компанијата “Конор Груп”. Тој им соопшти на вработените дека компанијата од секогаш ги ценела вистинските вредности и дека вработените се секогаш на прво место. “Сите овие 1.6 милиони долари ви ги давам вас. Според мене, тоа не е подарок. Тоа си го заработивте”.

Неговата компанија која се наоѓа во Охајо има 400 вработени, а поголем број од нив продолжија да работат и покрај заканата од виpycoт.

Реакциите на вработените беа различни: