дома блог страница 2628

Нацрт Декларацијата од Загреб за самитот ЕУ-Западен Балкан: “Унијата ветува поголема помош, но проширување никаде не се спомнува”

Самитот во Згареб кој требаше да се одржи оваа недела поради коронавирусот ќе се одржи алтернативно на 6 мај преку видео конференција, пишува Еуроактив, Јутарњи,хр.

Иако амбицијата на хрватското претседателство беше овој самит да биде пресвртница во процесот на проширување на ЕУ и перспективите на членство на земјите од регионот, исходот ќе биде под овие очекувања.

Загреб се надеваша на силна политичка порака со која би се одбележале 20 години од првиот самит на ЕУ во главниот град на Хрватска, но сечини од тоа нема да биде ништо. Тоа е видливо од нацртот на „Делкарацијата од Загреб“ која ќе биде усвоена и во чија содржина Јутарњи лист имал увид.

Никаде во текстот не се споменува проширување, членство ниту интеграција во ЕУ. постои само неодредена реченица за „европска перспектива“ и за силно поврзување. При тоа може да се рече дека оваа Декларација во својата содржина нуди многу помалку отколку онаа пред 20 години. Причината за тоа, како што дознава Јутарњи лист од дипломатски извори, е инсистирањето на некои држави, како Франција и Холандија, но до некаде и Германија, ова да не биде самит за проширување.

Во текстот не се споменува ниту најголемиот успех во тој процес во текот на хрватското претседавање-одлуката за пристапни преговори со Албанија и Македонија. Но, дипломатите сметаат дека сепак е добро што сето ова, без оглед на околностите, овој самит ќе се одржи и што се повторува потпората за „европска перспектива“ на регионот, колку да не се заборави на тоа.

Од текстот на нацрт декларацијата видливо е дека кризата со Ковид-19 имаше влијание и на сегашните и на идните односи кон регионот. Притоа таа може да послужи во јакнење на соработката која ЕУ постојано ја бара (познатиот проект „мини шенген“ кој го развиваат Албанија, Србија и Македонија), но и јакнење на врските со ЕУ.

Целиот текст на следниов линк.

75 години од усвојувањето на македонската азбука: Денеска е Денот на македонскиот јазик

На денешен ден, 5 мај 1945 година, со Решение на Народната влада на Федерална Македонија била усвоена азбуката на македонскиот јазик, а по два месеца, Министерството за просвета го озакони првиот правопис на македонскиот јазик.

Развојот на денешната македонска азбука датира уште со појавата на глаголицата и потоа со замената на глаголицата со кирилца и со постепено развивање и усовршување на гласовно-графичкиот систем.

Нашиот великан Блаже Конески, чијшто заслуги за создавањето на македонската азбука и кодификацијата на македонскиот јазик се огромни, во една прилика беше рекол дека „Јазикот е нашата најкомплетна татковина”.

Кодификацијата на Македонскиот јазик е поврзана со следниве историски настани:

-со Решението на Првото заседание на АСНОМ (2 август 1944) за воведување на македонскиот како службен јазик во македонската држава

-со Решението на Президиумот на АСНОМ од мај 5 мај 1945 година за македонската азбука

-со официјалното усвојување на македонскиот правопис – 7 јуни 1945

Кодификацијата по дефиниција: е прифаќање и систематизација на јазични правила и закони и пропишување задолжителна јазична норма. Таа претставува значаен чин во историјата на еден народ. Кодифицираниот јазик е нормиран јазик.

Решението на АСНОМ

Важна информација за оние на кои им истекуваат пасошите и личните карти

Вонредната состојба донесе нови мерки и во поглед на личните документи.

Ако поминала важноста на личната карта или пасошот, сепак документот е валиден за времетраењето на вонредната состојба бидејќи Владата донесе уредба со која го продолжи нивното траење поради вонредната состојба во државата.

Откако ќе заврши вонредната состојба, граѓаните ќе имаат рок од 30 дена да ги обноват документите чија важност поминала. Работното време за вадење лични документи е секој работен ден од 8 до 16 часот.

Проблемите со обрасците за пасоши се надминати и секој граѓанин може да аплицира и тоа преку телефонскиот број 072 92 92 92 или електронски, преку интернет страницата на МВР.

Создавање на Месен комитет на Тајната македонско-одринска peволyциoнepна организација во Прилеп

Се позасилените притиcoци и нekaзнуваните зyлyми на турската потисничка власт во градовите и селата на Македонија, од една страна и се побезобзирните настапи на разбивачките странски пpoпаганди што го цепеле толку потребното единство на македонскиот народ, од друга страна, му наложивале на веќе прилично наголемениот број напредни сили во Македонија да вложат напори за изнаоѓање поефикасни мерки и средства.

Кон крајот на 1893 година во Солун собраните неколку македонски интелектуалци, главно учители, откако ја констатирале влошената состојба во Македонија, решиле да удpaт темели на една тајна македонска револуционepна организација во која ќе се здружат сите незадоволни, без разлика на нивната верска и национална припадност, за да се бopaт за исполнувањето на член 23 од Берлинскиот договор. Иницијатор за оваа акциja бил недамнешниот учител во Прилеп, Даме Груев од Смилево, а во дадениот момент коректор на печатницата во Солун. Сосема краткиот престој од 9 месеци во Прилеп не му дал можност тоа да го стори токму таму. Во средината на гимназиските професори во Прилеп под раководство на богатиот земјопоседник и скоро вратен од Франција директор Јордан Бомболов, не можел да најде приврзаници за својата идеја што долго време ја носел тајно во себе. Единствено можел да се разбере со своите колеги од гимназијата Пере Тошев и Ордан поп Костадинов. Другите учители во Прилепстранеле од него, особено кога разбрале дека е исклучен од Софискиот универзитет поради своите идеи. За краткиот престој од 9 месеци Груев успеал да се запознае само со побујните младинци од прилепската еснафска средина.

По заминувањето од Прилеп, во Солун се запознал со уште неколку прилепски ученици во завршниот клас на гимназијата. Во некои од нив открил доста неопходни елементи за една peволуционepна активност, зацврстувајќи ги во верата за посреќна иднина со примањето во организацијата. Тие ученици биле Алекса Панов и Тодор Станков, членови на првиот Месен комитет во Прилеп. Меѓутоа, самото создавање на Месниот комитет на тајната организација Груев го извршил сам во Прилеп при својата прва позната обиколка на Македонија во јули и август 1894 година.

Создавањето на првиот Месен комитет на Тајната македонско-одринска peволуционepна организација, подоцна позната со кратенката ВМОРО, во Прилеп е поврзано со името на основоположникот на самата организација Даме Груев. При својата спомената обиколка Груев го посетил и Прилеп и по запознавањето со целите и задачите на организацијата го формирал првиот Месен комитет во кој влегле: Алекса Панов, Тодор Станков, Атанас Иванов, Јордан поп Костадинов и Јордан Гавазов. Со оглед на тоа што во Уставот се предвидувало и создавање на тepopистичка група, месниот комитет го задолжил Јордан поп Костадинов да ја формира и да раководи со неа.

Не ни се познати првите чекори на организацијата во Прилеп, поради нерасполагање со писмени документи. Со оглед на тоа дека Статутот предвидувал ширење на идеите на организацијата за да ги подготви своите членови за подолготрајна бopба против турската потисничка власти нејзините агенти, како и против орудијата на странските пропаганди во градот, првите чекори на организацијата биле ограничени на најтесен круг од проверени и од порано познати со својата конспиративност луѓе.

(Фото) Во Сицилија се забранети љубовните состаноци и бакнежите до октомври

Градоначалникот на сицилијанскиот град Месина, Катено Де Лука, познат по своите недипломатски и остри пораки, ги предупреди граѓаните во најновото видео-обраќање од својот кабинет, да ги почитуваат ограничувањата и забраните донесени од Владата. Ги потсети дека не е дозволено собирање во групи, но и дека “романтичниот риболов” што е локален израз за љубовните состаноци, е забранет.

“Пазете се ако ве откријам дека се бакнувате, гушкате, а ни она другото не е дозволено”, рече градоначалникот.

За сега на љубовен план мора да се држиме до целосна апстиненција, порача тој, а потоа се зakaни: “да се разбереме, тешко на оние кои ќе го пpekршат правилото. И повторувам уште еднаш, до 31 октомври на сила е целосна апстиненција”.

Де Лука беше првиот градоначалник во Италија кој донесе дронови за да ги контролира граѓаните на Месина.

Kинезите измислија наочари кои покажуваат колкава температypa имаат луѓето околу вас (Видео)

Нов кинески стартап нуди производ во борбата против Ковид-19 што изгледа како да е изваден од научнофантастичен филм – очила кои може да ја мерат температурата на сѐ околу вас.

Компанијата наречена „Рокид“ развива производи со проширена реалност (АР) за играње игри, но сега направи нешто ново за да помогне во борбата против глобалната пандемија. Компанијата со седиште во Хангџоу ги развила очилата за само две недели.

Потпретседателот на „Рокид“, Сјанг Венѓе, вели дека побарувачката за очилата наречени Т1 е голема. Компанијата веќе им продала околу 1.000 на влади, индустриски паркови и училишта.

– Освен фиксирано мерење на температурата, Т1 можат да овозможат и преносна, далечинска и брза проверка на температурата, што би било одлична помош – објаснува Сјанг.

Очилата можат да ја забележат температурата на луѓе оддалечени до три метри и не само што им помагаат на луѓето да дознаат колкава е температурата на оние околу нив, туку можат и да прават фотографии и да снимаат видеа без да ги допирате.

Како Т1 ја забележуваат температурата? Користат инфрацрвен сензор кој ја мери блиската температура со помош на камера и потоа таа информација ја пренесува до дисплејот.

Компанијата објави дека ги усовршува очилата за да можат во исто време да мерат повеќе температури. Тоа ќе ги направи совршени за употреба во места каде што има многу народ, како што се трговски центри и аеродроми, за да помогнат во борбата против Ковид-19.

Cпpeма ли CДCM и понатамy кpaтeњe на плaтитe? Mиниcтepката вели тpeбало да има

Министерката за финансии, Нина Ангеловска на денешната прес конференција даде свој став на новинарско прашање за кратење на платите во јавната администрација, поради ситуацијата со корона вирусот во земјава.

„Сите треба да сносиме дел од товарот. Мислам дека треба да има намалување на платата во јавната администрација. Може да се каже дека луѓето од приватниот сектор се најпогодени, а од финансиски аспект веќе се спроведе кратење на платите“, истакна Ангеловска.

Економската активност во државава годинава ќе се намали за 3,4 проценти како последица од кризата со Ковид -19, а стапката на инфлација ќе има надолна ревизија и ќе изнесува 0,2 проценти, покажуваат денеска претставените проекции за економијата на Министерството за финансии според кои, оценува министерка Нина Ангеловска, засега работите се одвиваат подобро од очекувањата со попретпазливото сценарио на овој ресор за справување со кризата.

Реализацијата на Буџетот покажува дека во април годинава се остварени буџетски приходи од 14,2 милијарди денари, што претставува пад од 20 проценти споредено со април лани. Даночните приходи во април изнесуваат 7,2 милијарди денари и се намалени за 31 процент споредено со април лани, а се реализирани придонеси од 5,5 милијарди денари, на исто ниво со ланскиот период. Реализиацијата на другите буџетски приходи (неданочни, капитални и донации) изнесува околу 1,5 милијарди денари и кај нив има пад од 20 проценти на годишна основа.

“Основното сценарио на Министерството за финансии предвидува забавување на економската активност за -3,4 процент со тоа што ефектите од корона кризата врз економијата, се очекува да бидат најголеми во второто тримесечје, во третото се очекува забавување на контракцијата, додека во четвртото закрепнување на економијата и раст”, рече денеска на прес-конференција министерката за финансии Нина Ангеловска.

Со вакви дечиња можеме секогаш да бидеме годри: Ученици од ООУ “Гоце Делчев”-Прилеп со кратки видео пораки по повод патрониот празник (Видео)

Учениците од ООУ “Гоце Делчев” – Прилеп по повод патрониот празник

Учениците од “4Г” одделение во ООУ “Гоце Делчев” од Прилеп, по повод патрониот празник под менторство на наставничката Даниела Котеска, упатија кратки видео пораки за револуционерот и херој кој е симбол на македонската државност.

Видеото е во реализација на “Фан продукција – Зоран Пилата”.

Проследете го во продолжение:

Кафулињата и рестораните во Македонија наскоро започнуваат со работа

Рестораните ќе работат само надвор, со одржување на потребната дистанца.

Дозволете ова да го финализираме и официјално да го објавиме, навести на денешната прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.

-Рестораните и кафичите за почеток ќе работат само надвор, се разбира со одржување дистанца, во јавниот превоз ќе биде задолжително носењето заштитни маски, а ќе се спроведе и систем за контрола, рече Филипче и додаде:

„Но дозволете сето тоа до крајот на неделава да се финализира и да се објави од страна на комисијата, па некаде од почетокот на следната недела и да биде во функција.“

ВМРО-ДПМНЕ Прилеп: Сугарески, Талески, Јованоски и ОЈО молчат за криминалците од Еурокомпозит? (Видео)

Криминалната власт и кадри на СДСМ цели три години си поигруваат со судбината на вработените во Еурокомпозит. Во три години додека се на власт, Заев и Анѓушев именуваа цела низа неспособни директори, а сето тоа немо го следеа Сугарески, Талески и градоначалникот Јованоски, додека нивните сограѓани едвај врзуваа крај со крај и едвај успеваа да обезбедат леб за себе и своите семејства – истакна на денешната прес конференција Влатко Петкоски, портпарол на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

Прес конференцијата во целост ја пренесуваме во продолжение:

“Денеска прашуваме до каде е кривичната постапка во Основното Јавно обвинителство за поранешниот директор на Еуркомпозит, Граороски и неговиот советник од Струмица, кои се осомничени за злоупотреба на 80.000 евра, за испорака на производи за фирма во Република Гана?

Ќе има ли правна завршница за овој случај кој одекна во јавноста и ги згрози вработените во компанијата?

Дали Талески, Јованоски и Сугарески конечно ќе соберат храброст и ќе кажат нешто за криминалците во своите редови кои ја бетонираат судбината на нивните сограѓани, или можеби и тие се дел од тоа?

Наместо да глумат хуманитарци и да купуваат гласови со сомнителни пакети во време на пандемија, да излезат со трајни решенија и конкретна помош за граѓаните погодени од кризната состојба!

Почитувани,

Цели 5 месеци вработените во Еуркомпозит се оставени без ниту денар примања, без здравствено осигурување и без никаква надеж дека нешто би можело да се промени.

Фабриката е без струја, без чуварска служба, а во последно време зачестија и кражбите на делови од машини.

Власта им вели да седат дома, а не знаат од што да живеат. Се водат како вработени, а не земаат плата. Ова е жалната вистина за Прилеп, што СДСМ пробува да ја прикрие со пакети чие потекло на производите останува непознато.

ВМРО-ДПМНЕ и во наредниот период ќе продолжи да ги обелоденува лагите и криминалот на СДСМ, Зоран Заев и неговите извршители.

Ова е нивното лице и ова е нивното лажно блескање и чекорење по прав пат!”