Извршен директор на компанија во Америка заработил 1.6 милиони долари на берза и одлучил да им ги подели на вработените кои најмноуг биле погодени од кopoнавиpycoт.
Лери Конор е основач на компанијата “Конор Груп”. Тој им соопшти на вработените дека компанијата од секогаш ги ценела вистинските вредности и дека вработените се секогаш на прво место. “Сите овие 1.6 милиони долари ви ги давам вас. Според мене, тоа не е подарок. Тоа си го заработивте”.
Неговата компанија која се наоѓа во Охајо има 400 вработени, а поголем број од нив продолжија да работат и покрај заканата од виpycoт.
Магионичар во шоуто “Британија има талент” ја импресионираше целата планета со неговиот необичен настап.
Наместо трик со карти, нешто што најчесто го гледаме од магионичарите во ова шоу, Сен Хејдон ги премина границите и успеа да го врати времето на сите присутни во салата.
Тој успеа да ги инпресионира и водителите Ант и Дек кои се наоѓаа позади сцената. Тие ги проверија своите мобилни телефони и забележаа дека итото им се случило и нив.
Воодушевен од настапот, најголемиот критичар на натпреварувачите, Сајмон рече дека “магијата е постои”.
Во чест на Гоце Делчев, Пере Тошев и Гемиџиите, гимназијалци од втора година од гимназијата “Мирче Ацев” од Прилеп, по предметот историја, под менторство на професорот Кире Николоски, изработија видео проекти со цел да им се оддаде почит на овие големи личности и да се одбележат овие настани од македонската историја.
На четврти мај згаcнaa животите на два големи македонски синови, кои го положиja својот живот за cлободна македонска држава. На овој датум во 1903 година, во село Баница 3aгинa Гоце Делчев, а во 1912 година кај Дреновска клисура, yбиeн е Пере Тошев.
На крајот на април 1903 година, се случиле и солунските атентати, наcтан кој силно одекнал во европската и светската јавност. „Гемиџиите“ имале за цел да го свртат европското внимание кон Македонија и да се издејствува создавање на македонска држава.
Погледнете ги видео проектите во продолжение:
Гоце Делчев, проект по историја, изработен од учениците Дора Јованоска и Виктор Костадиноски
Пере Тошев, проект по историја, изработен од ученикот Мартин Видевски и Христина Видевска
Солунските атентатори, проект по историја, изработен од учениците Никола Димовски и Тамара Спасевска
Пере Тошев – Лефтер (1865 – 4 мај 1912) е македонски револуционер, војвода и учесник во Илинденското востание. Тој е член и раководител на Македонската Револуционерната Организација, еден од најблиските соработници на Ѓорче Петров и Гоце Делчев, а подоцна близок на Народната Федеративна Партија.
Роден е во Прилеп во семејство на на богати и видни иселеници од Дебар.
Пере Тошев бил револуционер кој имал оформени идеи и ставови за револуционерната борба, како никој друг.
Иако Тошев не се согласил со решението за кревање на недоволно подготвено масовно востание, сепак зел активно учество во Илинденското востание. Тој дејствувал во прилепскиот крај кај Мариово, а по задушувањето на востанието, со помош на Петар Ацев, Ѓорѓи Пешков и Ѓорче Петров, работел на обновување на револуционерната мрежа на Организацијата во Прилепско.
Споменик на Пере Тошев во Прилеп
Тој по востанието се залагал за реформи и децентрализација во Организацијата.
Неговите современици ќе забележат дека: „Меѓу најголемите македонски дејци, Пере Тошев е најмалку познат. Тој живееше во осаменост и умре незабележано. Неговиот тивок и меланхоличен лик, сепак е полн со редок и скапоцен шарм. Внатрешниот живот кај никој од соборците не беше така чисто фокусиран и изобилен со морално богатство како кај него“.
Тошев е опеан во неколку македонски песни, а една од нив е “Песна за Пере Тошев”:
Во продолжение сторија на неделниот весник “Зенит” за потомците на Пере Тошев.
Осумдесет и три годишниот Сашо Тодорчески ја чува историјата
– Виделина за фотографијата на Пере Тошев и Гоце Делчев од пред 119 години, за која јавноста не знае, а ја криеле четири семејни колена
Веќе четврта генерација, стара фотографија на која рамо до рамо застанале Пере Тошев и Гоце Делчев, “живее” во мрачните мусандри и долапи во мудбаците со прашина и пајажина на фамилијата Тодорчевци. Меѓу двајцата револуционери, седнал Стилијан, роднината на Пере Тошев. Како единствено сведоштво за крвната врска со револуционерот Тошев. Фотографијата ја чува како очите 83 годишниот Сашо Тодорчески. Се охрабри, од мракот да ја извади на виделината на денот и приказната да ја подели со сограѓаните.
– Четири генерации во нашава куќа ја чуваат сликата како зеница во очите. Љубоморно и гордо ја негувал и криел и прадедо ми Ангеле Тодорче, кој бил бакал. Не ја испуштаа од рацете и кога душата ја даваа и дедо ми Василе, и татко ми Илија. Нивниот завет ќе го пренесам на моето потомство. Како што мене ми пренесуваа и јас раскажувам. Ми кажуваа дека Стилијан и Пере Тошев биле блиски. Стилијан потекнувал од чорбаџиската фамилија Бомболовци. Бил учител и педагог, затоа бил близок со Делчев. Сликан е со нив, оти бил почитуван. Фотографијата е направена во Прилеп некаде во 1900 година, пред Илинденското востание. Делчев е уште помлад – кажува Сашо Тодорчески.
– Пере Тошев и’ бил внук на баба ми Евгенија од прв братучед Илија, кој пак бил син на Коста Тошев, кој бил кмет на Прилеп во тоа време. Всушност, баба ми по татко, била едно од трите деца на прабаба ми Анастасија, која била ќерка на Бомбола, а мажена кај Тошевци. Калиопи, која живеела во Софија и Стилијан, кој е сликан со Пере Тошев се другите деца на Анастасија и Поп Аврамиха. Значи, Стилијан е брат на баба ми Евгенија, а на татко ми вујко и мене дедо. Другата поврзаност и блискост со Пере Тошев е што татко му на Стилијан, поп Аврамиха бил претседател на црковните училишта во Прилеп. Иако бил поп, бил и учител и соборец на Пере Тошев. Прадедо ми Поп Аврамиха, најмил шест комити да го отепаат Сулејман Чучила, силеџијата во Мариво пред Илинден. Ама го ставиле во затворот Џарберкир. По некое време го ослободиле, и заедно со Пере Тошев, дека биле роднини, патувал до Градско со кираџии – раскажува тој.
Ја довардил вратата на која има шестокрако сонце од Кутлеш. Во одаите на старата куќа, се собирале револуционери.
– Се состанувале Даме Груев, Пере Тошев и Ѓорче Петров во старата куќа со огромни ѕидови, оградена, како бастион, затворена со железни порти, ни да ѕирка, ни да проѕирка. Се ковале планови за пусии и напади, како да се сардисаат турските чети, како да се изведат атентати на турски ајдуци, аги и бегови. Бедем не и’ е рамен. Никој не може да влезе ниту од една страна, а да не биде забележан. Сета е обезбедена со железни капаци, а прозорците со метални решетки, пиле да не прелета, не па непријател. Таа е спомен. Драга ми е, оти ми е наследство. Сакам да ја зачувам. Побарав и од Завод и Музеј да ја заштитат, оти е историска – раскажува Тодорчески.
– Ова е свето место. Тодорче е основач на фамилијата, затоа нé викаат Тодорчевци. Не го продавам да ми даваат милиони. Ова е сермија на Тодорчевци отсекогаш – категоричен е Сашо, како што вели, стар човек со богато минато.
Му ја крепат душата многуте години. Секој ден живее со спомените, кои му даваат сила. Не го напушта надежта дека историјата на четирите генерации нема да згасне, иако неговиот син живее и работи во Скопје. Не се дели од мислата дека потомоците ќе се вратат на родното огниште да ја продолжат лозата. И тие да им раскажуваат на внуците и правнуците дека и во нивните вени тече револуционерната крв на Пере Тошев.
Словенечкиот пратеник Змаго Јелинчич во интервју за српскиот Јутјуб-канал Балкан инфо се осврнува на промената на името на Македонија заради влезот во НАТО.
„Некој доби убави пари за да ја предаде својата татковина. Тоа се предавници. Тоа е така. И тоа за да го променат името. Па, Ве молам! Што добија? Ништо.
Влез во НАТО. Што им е тоа ‘влез во НАТО’? И вака, и онака, јас мислам дека тоа е крај на Македонија. Сега ќе почне малку по малку еден дел на Македонија да ѝ се приближува на Албанија, веќе и се зборуваше дека треба да се спои со Албанија одреден дел.
Грците нема да заостанат, тие ќе земат што и да земат. Бугарите размислуваат исто. Не знам, колку што слушнав, исклучително голем број Македонци зел бугарско државјанство, бидејќи Бугарите се во Европската унија, а Македонија не е. Тешко ѝ се пишува“, заклучи лидерот на Словенечката национална странка (СНС).
Гледајќи дека ситуацијата ширум светот започна да оди кон позитивна насока во однос на пандемијата, цениме дека овој позитивен дух е време да се чувствува и во нашата земја. За среќа, случаите излечени од „Ковид 19“ се зголемуваат, додека бројот на нови случаи на заразени лица значително паѓа, порачуваат од Алијансата за Албанците (АА).
-Врз основа на овој факт, тоа значи дека правото на слободно движење на луѓето е ограничено на многу строга мерка без потреба, затоа Алијансата за Албанците предлага мерките во земјата да го означат вториот бран на олеснување, почнувајќи од скратување на полицискиот час од 23:00 до 05:00 часот. Знаеме дека економијата на нашата земја не може да го толерира ова темпо на работа долго време, затоа почитувајќи ги заштитните мерки (дистанца, маски, ракавици) предлагаме да започнеме со отворање на бизнисите како што се рестораните, кафулињата и сличните бизниси што се затворени поради вирусот. Иако туризмот во земјата не е на ниво што треба да биде, сепак е неспорно дека овој сектор, како и хотелите и транспортот, придонесуваат на економијата на земјата, кои се најпогодени сектори од здравствено-економската криза, порачуваат од партијата.
Од Алијансата велат дека за 72.743 вработени во овој сектор да можат да ја обезбедат нивната егзистенција, барем она што може да го направи владата за најпогодените сектори е да понудат 100% субвенција на придонеси за плати на работниците на ниво на минимална плата за што од државната каса треба да бидат издвоени 15,6 милиони евра.
-Нема подобра причина за трошењето пари од државната каса од тоа да им се помогне на тие кои се најпогодени од пандемската криза. Олеснувањето на мерките за движење, државната помош за погодените сектори и постепеното започнување со работа на бизнисите би биле добра основа за да се спаси кревката економија на земјата од рецесија, порачуваат тие.
Едно научно истражување дојде до сознанија кои укажуваат на тоа дека не смееме да го користиме мобилниот телефон барем пред спиење.
Зборувањето на телефон пред спиење не е ни најмалку здpaва навика. Од направената студија утврдено е дека оние кои го практикуваат тоа патат од главобoлka, нecoница и xpoничен yмop.
Во истражувањето учествувале 36 жени и 35 мажи, на возраст од 18 до 45 години. Некои од испитаниците примиле радиjaциja еднаква на онаа која ја емитува мобилниот телефон за време на разговорот, а останатите биле подложни на лажна радиjaција.
Личностите од првата група чувствувале главоболka, нecoница, а другата група немала никаква пocледица. Научниците сметаат дека зрачењето делува на дел од мозокот кој е одговорен за контрола на стресот.
Затоа тие препорачуваат да го исклучуваме телефонот во текот на ноќта и да не го користиме непосредно пред да спиеме.
Српската пејачка Марија Шерифовиќ се вкличи во живо на Инстаграм и ги забавуваше своите фанови.
Марија пееше познати песни од целиот регион, а во моментот кога ја пееше српската песна “Пукни зоро” во кадарот на се вклучи Новак Ѓоковиќ. Фановите беа изненадени и воодушевени што ги гледаат двајцата во ист кадар.
„Сфаќам дека ова никој не го очекуваше. Добра ли е песнава? Новак, добар ли си?“, му се обрати Шерифовиќ на Новак.
-Се распеав овде во теретаната. Секој на своето работно место. Ти благодарам. Супер сум, ми ја разубави вечерта. Во Шпанија сум моментално, рече Новак.