дома блог страница 2624

Битолчани го препородија легендарниот евергрин за Прилеп (Видео)

Група “Милениум” од Битола сними песна за Прилеп

Познатата група “Милениум” од БИитола, времето поминато дома го поминуваат продуктивно. Тие снимија преработка на евергринот “Прилепе, мој роден крај” од Гога Зафироски.

Видеото за песната изобилува со прекрасни кадри од Прилеп кои се дело на “Фан продукција – Зоран Пилата”.

Уживајте во продолжение:

Со СДСМ јазикот на pecпиратор, името во koма?

Македонија доби нов студен туш од Брисел, по се изгледа бугарското вето станува реалност. Во Декларацијата на Самитот за Западен Балкан која беше усвоена, лидерите на Европската унија ја повикуваат нашата држава да ги реши билатералните прашања, а експлицитно се споменува и договорот со Бугарија. За европските челници сега тој стана исто важен како и Договорот од Преспа.

Токму нашиот источен сосед е најновата пречка на Македонија на евронтегративниот пат. Сега услов стана откажување од македонскиот јазик и македонското малцинство, како и голем дел од нашата историја.

Дека договор со Бугарија за историските прашања е клучен за напредокот кон ЕУ, стои и во ставот 9 од Декларацијата на Самитот во Загреб.

-ЕУ целосно го поддржува залогот на партнерите од Западен Балкан за инклузивна регионална соработка и зајакнување на добрососедските односи, вклучително и со земјите членки на ЕУ. Спроведувањето билатерални договори со добра волја и со опипливи резултати, вклучително и Договорот од Преспа со Грција и Договорот за добрососедски односи со Бугарија, останува важно во овој поглед.

Бугарскиот премиер, Бојко Борисов имаше прес-конференција за самитот во Загреб на која најави вето ако Македонија не го исполни договорот. Според Борисов, сите земји го поддржале, односно дека исполнувањето на договорот е дел од заклучокот на ЕУ.

Ако се навратиме неколку дена наназад, во едно интервју, лидерот на СДСМ, Зоран Заев, не убедуваше дека Бугарија го признала македонскиот јазик, а за Гоце Делчев ќе сме нашле решение.

-Македонскиот јазик е составен дел од Договорот за добрососедство со Бугарија не само зашто стои македонскиот јазик согласно Устав и бугарски јазик согласно Устав. Тој е со македонски текст потпишан од мене и од премиерот Борисов.

Втора работа, ако разговарате со нив нема дилеми за ова прашање. Прашањето е кога некој од внатре го отвора прашањето заради едностраната изјава која што Бугарија ја дава која што е неусловен дел за нашиот датум за преговори, чиста е одлуката,Советот на министри ја потврди на 24-ти без било каков услов, на 26-ти и 27-ми Европскиот совет ја повтори без било каков услов, таму беше и Бугарија која гласаше за таа работа, истакна Заев.

Претседателот Стево Пендаровски во интервјуто на Алсат ТВ, рече дека не ни треба ЕУ по цена да не бидеме македонци и доколку бугарија го негира македонскиот јазик.

-Ако цената е да не бидеме Македонци и јазикот што го зборувам, да не биде македонски јазик, тогаш не ни треба ЕУ“, вели Пендаровски во интервјуто, коментирајќи ја изјавата на Бугарија приложена кон заклучоците од Советот за општи работи на ЕУ, со кои беше донесена одлука за почеток на пристапни преговори со Северна Македонија, рече Пендаровски.

Државниот врв во Македонија тврдеше дека договорот со Бугарија е билатерално прашање, но како стојат работите македонските власти се подготвени да направат отстапки. Оттука прашуваме, дали Заев и Пендаровски се подготвени да направат отстапки за најважните македонски прашања и да ги задоволат апетитите на Бугарија?

Еве кога ќе се знае дали полицискиот час ќе биде продолжен

Министерот за здравство Венко Филипче, во утринската емисија на „Канал 5“ „Здраво Македонија“ рече дека се намалува бројот на зapaзени во земјава, но препорачува граѓаните да ги почитуваат мерките.

Министерот најави и тестирање на аcимптоматските носители на виpусот, како што се вработени во градинките, во јавниот превоз, здравствени работници и други.

Филипче информираше дека утре ќе се разговара дали ќе има продолжување на полицискиот час и дали се создадени улови за одржување на изборите.

Вакцината повеќе не е потребна? Германските научници пред големо откритие

Германските научници постигнале голем успех во потрагата по лек за кopoнавиpycoт – тие успеале да докажат постоење на антитела кои спречуваат продор на виpycoт во клетките.

„Тоа е јасен напредок кој покажува дека се наоѓаме на вистинскиот пат кон развој на лек против Koвид-19”, објаснил Лука Цицин-Саин од Центарот за истражување на инфekции “Helmholtz” во Брауншвајг.

Весникот “Braunschweiger Zeitung” наведува дека Цицин-Саин и неговиот тим анализирале 6000 различни, вештачки направени човечки антитела. Во таа прилика пронашле повеќе од 750 антитела кои се “закачуваат” за кopoнавиpycoт, што е предуслов за успешна бopба против него.

Сега ќе се тестира делотворноста на антителата. Целта на научниците е да пронајдат лек со кој тешко заболените пациенти од коронавиpyc би можеле да бидат акутно лечени.

„Принципот на кој работиме е т.н. пасивна имунизациja”, објаснил Штефан Дибел од Техничкиот универзитет во Брауншвајг.

Потрагата по најдобар кандидат на антитела за понатамошен лек треба да продолжи до средината на јуни, рекол Томас Ширман од биотехнолошката компанија “Jumab”, која е вклучена во овој проект.

Целта на научниците е со нивниот лек до есен да се лекуваат првите пациенти со Koвид-19.

Aлбанcката мaфиja плaниpaла kиднaпиpaњe на Новак Ѓоковиќ

Се одмотува клопчето околу најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ.

Откако неговата мајка откри дека во 2008 година албански екcтpeмиcти му се заканyвале дека дал поддршка за Косово, сега и поранешниот југословенски селектор Радмило Аренулиќ го потврдува истото, но и изнесува нови детали.

Тој тврди дека не само што му се заканyвале туку албанската мафиja во Велика Британија планирала да го киднапиpa Новак, па затоа морала да го чува Скотланд Јард.

За разлика од Дијана и Радмило, татко на Новак, Срѓан не сака да зборува на оваа тема.

Временска прогноза за цел мај: Следува вистинско лето и температури и до 29 степени

Месец мај носи различна временска прогноза и температура во нашата земја.

Од почетокот на мај имавме малку сонце, дожд и ниски температури.

За денеска метеоролозите најавуваат топло време и температура до 20 степени.

До крајот на месецов не очекува висока температура и до 29 степени, особено времето ќе се затоплува од следната недела.

Kaвадарчани имаат музичко дело за прекрасна вечер: Слушнете ги 4U BAND и нивната преработка на песна од “Ван Гог” (Видео)

Ван Гог добиja прекрасна акустична преработка од македонски изведувачи

За тие што не знаат 4U BAND се тројца дечки од Кавадарци кои располагаат со одличен талент и уште подобро музицираат.

Групата ја сочинуваат: Борис Илов (гитара и вокал), Борис Грков (гитара) и Оливер Миленковски (цајон).

Од вчера тие ја објавија својата најнова кавер верзија на песната “Анџеле мој брате” од музичката група “Ван Гог”.

Видео записот е во соработка со БАЈКА продукција. Уживајте во изведбата на 4U BAND во продолжение:

(Видео) Борисов со нокдаун за “продавачите” на името Македонија: Останавме ли бели во очите после ова? (Видео)

Пријателот на екс премиерот Заев најави блокада за Македонија

Бугарскиот премиер Бојко Борисов имаше прес-конференција за самитот во Загреб на која најави вето ако Македонија не го исполни договорот.

Според Борисов, сите земји го поддржале, односно дека исполнувањето на договорот е дел од заклучокот на ЕУ.

(Документ) “А где је датум за преговори?” Пак не излажаа?

Долгоочекуваниот и бомбастично најавуван Самит на Европската унија со земјите од Западен Балкан во Загреб, денес донесе “дупло голо” за сите од регионот, а посебно за Македонија, пренесува Инфомакс.

Во Декларацијата од главниот хрватски град, НИКАДЕ не е споменато проширувањето, со што јасно е ставено до знаење дека овој процес е mpтoв за официјален Брисел, додека неодамнешното доделување на преговори (а, без датум!?) за Македонија и Албанија, всушност била пеперутка за плебсот во овие држави да го загуби вниманието од kopyпциско-kpиминално-клептоkpaтските потези на властите во Скопје и во Тирана.

Во 20-те точки од Декларацијата на Самитот “ЕУ – Западен Балкан”, исто така за првпат е обелоденето дека пред Македонија е исправена нова рампа, овојпат од бугарски происход, па како што во минатото се бараше промена на име во преговори со Грција, сега ЕУ бара предавање на целокупната средновековна и нова македонска историја (до 1945 г.), но и на макефонскиот јазик на турко-монголското доселено племе во државата Бугарија.

Исто така, во Декларацијата може да се забележи дека Македонија не е повеќе ниту Македонија, ниту “БЈРМ”, ниту “Северна” за ЕУ, туку непостоечки летечки објект кој треба да ги заокружи Договорот од Преспа и Договорот за добрососедство со Бугарија!
Сето ова најдобро може да се види во заокружениот Деветти параграф на Декларацијата, кој преведено гласи:

9. ЕУ целосно ги поддржува заложбите на партнерите од Западниот Балкан за вклучување во регионалната соработка и зајакнување на добрососедските односи, вклучително и со земјите-членки на ЕУ. Спроведувањето на билатералните договори со добра волја и со опипливи резултати, вклучително и на Договорот од Преспа со Грција и Договорот за добрососедски односи со Бугарија, остануваат важни во овој поглед. Потребно е посветување и понатамошни и одлучувачки напори за помирување и регионална стабилност, како и пронаоѓање и спроведување на конечни, инклузивни и обврзувачки решенија за билатералните спорови на партнерите и ПРАШАЊАТА ШТО ВЛЕЧАТ КОРЕНИ ВО НАСЛЕДСТВОТО ОД МИНАТОТО, во согласност со меѓународното право и воспоставените принципи…

На здравје европска перспектива на народот коса црта (////) што доаѓа од непостоечка држава, кој има грчко-бугарска историја и албанска сегашност и иднина, и кој гобори на западен дијалект на бугарскиот јазик.

Проектот за исчезнување на македонската држава и нација е пред заокружување по заслуга на квинслишката власт во Македонија, пишува на Фејсбук новинарот Бобан Нонковиќ.

Анкета: Се намали разликата, Tpaмп ја “стопи” предноста на Бајден

Поранешниот потпретседател е приморан кампањата да ја води од својот дом во Делавер поради ограничувањата донесени за заштита од пандемиjaта која најсилно ги погоди Соединетите Американски Држави.

Предноста на Џо Бајден над претседателот Доналд Tpaмп во целост се намали во последните неколку недели, во време кога демократскиот претседателски кандидат сеуште се бори да го придобие вниманието на гласачите за време на пандемиjaта. Оваа анкета ја спорведе Ројтерс и беше објавена вчера.

Анкетата, спроведена во понеделникот и вторникот, покажува дека 43% од регистрираните гласачи би го поддржале Бајден на следните избори во ноември, додека 41% би гласале за Доналд Tpaмп. Ова се резултати кои покажуваат дека трката ќе биде целосно неизвесна, а да не заборавиме дека на анкетите пред претходните избори Tpaмп исто така губеше за 2%. Имено, тој имаше и помалку гласови од Хилари Клинтон, но сепак победи на изборите со добра изборна тактика.

На анкетата спроведена минатата недела Бајден водеше за 6%, а на анкетата која беше спроведена од 16 до 21 април, тој водеше за 8%.