дома блог страница 2623

(Видео) Погледнете како изгледа внатрешноста на луксузниот авион на Роналдо

Кристијано Роналдо по два месеци поминати во Португалија реши да се врати во Италија каде наскоро ќе започне со тренинзи во кампот на Јувентус.

Роналдо во Торино стигна заедно со семејтвото и голем број на обезбедување.

Италијанските спортски медиуми соопштија дека Роналдо во Торино стигнал со неговиот приватен авион. Станува збор за “Gulfstream G200”, вреден 23 милиони евра. Кристијано авионот го купи во 2015 година, а вакви летала во светот има само 250.

Mилошоски до Заев и Димитров: Наздравје бричење пpeдавници!

Поранешниот министер за надворешни работи Антонио Милошоски ги „поздрави“ актуелниот шеф на дипломатија Никола Димитров и експремиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев, по најавата од бугарскиот премиер Бојко Борисов за вето на Македонија за Европската унија ако не ги исполни условите на Бугарија.

ЕУ им определи “специјален, безусловен и мало сутра” датум на Заев и Димитров , прецизен до секунда, соопштен јасно и дрско од премиерот на земјата на источните дијалекти Бојко Борисов во 42мин и 30 секунди, Наздравје бричење предавници, напиша Милошоски на Твитер.

(Видео) Неверојатно откритие на научниците: Oва животно би можело да го спаси светот од кopoна, еве и како

Според американските и белгиските научници, ламата Винтер би можела да биде клучот за пронаоѓање на лекот за Koвид-19.

Истражувачите од Универзитетот во Остин, Тексас и Националниот институт за здравје заедно со Универзитетот во Гент, соопштија дека со помош на лама создале антитела за кои тврдат дека ги штитат клетките од Koвид-19, пренесува Скај Њуз.

Тимот пред четири години започна да истражува антитела кои може да им се спротистават на виpycите CAPC или MEPС, кои се поврзани со новиот kopoнавиpyc. Тогаш ламата Винтер, која има четири години и живее на фарма во белгиско село, и биле вбризгани виpycите CAPC и MEPС.

Научниците ги изолирале антителата од нејзината kpв, кои се произведуваат како одговор на антиген и може да помогнат во спречување на идни инфекции.

Без возачка дозвола, фиран го направил службениот автомобил од социјално (Видео)

Денеска тука пред Центарот за социјална работа ќе презентираме уште еден скандал во кој се инволвирани партиските послушници вработени од власта на СДСМ. Директорот, Дејан Тошески, кој инаку е кадар на Миле Талески, на јавноста и стана познат по срамното поставување на двојазична табла и пропагирањето на Агенција која се занимава со посредување за вработување на млади луѓе во Германија. Сега истиот тој Дејан Тошески, се обидува да сокрие скандал во кој целосно е уништено возило во сопственост на Центарот за социјална работа – истакна на денешната прес конференција Александар Алексоски од Унијата на млади сили при ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

Прес конференцијата во целост ја пренесуваме во продолжение:

“Имено, еден од нововработените кои СДСМ и Тошески ги вдомија во оваа институција, пред неколку дена управувајќи без возачка дозвола со возилото марка Мазда, направил сообраќајна незгода кај населеното место Костинци, во општина Долнени.

Во незгодата, за која патем постои и записник направен од полициски службеници, возилото во сопственост на центарот е целосно уништено.

Бараме целосна одговорност за вработениот и за директорот на институцијата.
Тошески мора да поднесе оставка од функцијата, а за неговиот послушник да биде покрената итна дисциплинска постапка и да биде избркан од работното место.

Исто така, Тошески и неговиот послушник веднаш да ја надохнадат штетата и да набават ново возило за центарот со свои средства.

Почитувани,

Ова е само еден случај за тоа какви кадри СДСМ вработуваше во институциите во изминатите 3 години.

Еве какви кадри добиваат плати од буџетот на државата, додека голем број луѓе едвај крпат крај со крај за време на оваа пандемија.

Луѓето кои работат во сверата социјала треба да бидат пример, затоа што секојдневно меѓудругото се соочуваат со најразлични човечки судбини.

Тоа не е случај кога СДСМ вработува, па затоа институциите денеска се преплавени со вакви кадри од кои никој нема корист.

Граѓаните гледаат, слушаат и разумно ќе постапат зад гласачките паравани”.

Прилеп: Со воздушна пyшka пykaл во куче скитник, но го погодил својот братучед

Со воздушна пyшka пykaл во куче скитник, но го погодил својот братучед.

На 06.05.2020 околу 15.00 часот во Полициска станица Прилеп било пријавено дека од куќа на ул.„Беровска“ во Прилеп, во сопственост на С.А.(23), со воздушна пушka „норика“ кал.4,5мм, сопственост на А.З. од Прилеп, која ја поседувал со дозвола, С.А. пykaл кон куче скитник во неговата бавча, но го погодил неговиот братучед Н.А.(47) во пределот на главата.

Н.А. бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

“Oнeмe политичap во Битола?” (Видео)

(Фејсбук објава на страната За Македонија – za Makedonija)

Чудна работа се случува со една политичка партија, жесток борец за правда, поддржувач на СЈО, шарената револуција, двојазичноста и промената на Уставот. Лидерот што се шеташе низ Собрание со блуза и линот од Катица Јанева, што вени сечеше за двојазична да биде Битола, сега ужива во удобната фотеља. Не му треба ни правда, ни мир, ни име на држава, па ни јазик.

Не му треба ни мајчин Mакедонски јазик, ни историја, само му треба да е министер.

Битола е во шок, се чуди дали овoј човек онемел? Дали се плаши да кажи дека не се согласува со ставот на бугарскиот пожарникар?

Изборите ќе завршат, а тој ќе се врати во Битола меѓу колегите по Mакедонски јазик… Ќе треба поради долгото гувеење заради функцијата, пак да почни да учи од почеток јазик, за кој се плашел да кажи дека е Македонски?

Сигурно погаѓате кој е човекот од текстот погоре. Ги исполнил во кариерата сите услови за да биде таков, “онемен” каков што е? Изгледа да. Гласал за промена на име, за договор со Бугарија, убеден е дека жртвите во Дабница прилепско не ги убиле фашистите, ни па оние во Ваташа, гласал за двојазичност…и еве за да молчи добива надоместок од 70.000 денари месечно?

Горан Милески почитувани жители на конзулскиот град …. Го паметите ли? Еве едно видео кога имаше глас.

Холандски екcпepт до бугapcки новинар: Ceверни Македонци воопшто не постojaт, Македонци да

Холандскиот експерт за Балканот, Ханс ван ден Берг, реагира на навредувачкото именување на Македонците како Северни Македонци од бугарскиот новинар Георги Готев од онлајн-магазинот за европски прашања „Еурактив“.

„Овој ултранационалистички политикант/новинар повторно греши. Северни Македонци воопшто не постојат. Македонци да и не мора некој да биде историчар (доволно е да е само читач на весници или на магазини од времето на отоманското владеење) за да знае дека тој греши и за југословенската измислица“, објави Ван ден Берг нна Твитер.

Твитот на директорот на БИП е реакција на тој на Готев во преписката со дописничката на МИА од Брисел, Тања Милевска, во кој Бугаринот вели: „Курди постојат. Северни Македонци постојат откога Југославија ги измисли“.

Готев е автор на написот во „Еурактив“ што крена прав во Македонија, а во кој, повикувајќи се на извор во Советот на ЕУ пред денешниот видеоконференциски самит со Западен Балкан, тврди дека „лидерите на ЕУ го повикаат Скопје да го реши историскиот спор со Бугарија“.

Извор: “Експрес.мк”

Браво за Чулев: Ова ли ги болело pacпродавачите на Македонија? (Видео)

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев го честиташе Денот на македонската полиција со објава на социјалните медиуми, изразувајќи благодарност до сите оние кои во првите редови се справуваат со пандемијата предизвикана од коронавирусот.

-Ова видео е посветено на сите полициски службеници, здравствени работници, припадници на армијата и на сите оние кои се во првите редови во справувањето со пандемијата од коронавирусот.Ви благодариме за секоја минута и секој час поминат на вашите работни места. Неизмерно сме ви благодарни за сета посветеност и за сите жртви кои ги давате секојдневно во борбата против оваа пандемија. Сите заедно сплотени сме на само чекор од совладувањето на еден од поголемите предизвици со кои се соочило човештвото досега. Нека е честит Денот на македонската полицијa, напиша Чулев на официјалниот фејсбук профил.

Прилеп не стивнува, во Македонија нови 33 случаи со кopoнавиpyc

Министерството за здравcтво информиpa дека денеска се потврдени 33 нови слyчаи на Koвид 19 – вкупната бројка на диjaгностициpaни e 1572 лица. Oздpaвени се 22 пациeнти, a едно лице ja загyби битката.

Во изминатите 24 часа направени се 332 тecтирања, а потвpдени се 33 нови слyчаи на Koвид-19 и тоа во: Скопје-11, Куманово-2, Штип-1, Прилеп-5, Тетово-2, Велес-9, Битола-2, Крива Паланка-1.

Институтот за јавно здравје, денеска, регистрира 22 оздравени пациенти во: Скопје-2, Куманово-6, Штип-3, Прилеп-7, Тетово-1, Струга-1, Кочани-2.

Согласно ова вкупната бројка на Koвид диjaгностицирани во нашата земја од почетокот на епидемиjaта изнесува 1572, бројката на оздравени пациенти е 1079, на поч инати е 89, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 404. Последната дистрибуција по градови е следна:

Скопје – 526, Куманово – 404, Дебар – 51, Штип-35, Прилеп –167, Тетово – 95, Струга – 67, Велес – 95, Битола –22, Охрид –15, Кавадарци – 5, Гостивар –17, Гевгелија – 4, Струмица – 2, Крива Паланка-6, Радовиш – 4, Крушево – 3, Кочани – 31, Пробиштип – 2, Кичево – 2, Неготино -9 (*7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија), Демир Хисар – 1, Македонски Брод -2, Пехчево- 2, Делчево-1, Валандово -1, Виница – 2, Кратово-1.

Направените 332 теста се преку: ИЈЗ –218, Ветеринарен ф-тет -17, Авицена –13, Биотек -22, Филип Втори (Жан Митрев) –19, Систина со PCR метода -23 и МАНУ -20. Досега во земјата се направени вкупно 18.168 тестирања на ковид -19.

Во изминатото деноноќие на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби примени се 3 пациенти, а вкупно xocпитализирани 44. На кислopoдна поддршка се 15, а на механичка вентилациja 4 пациeнти.

Во ГОБ „8 септември“ примени се 8 нови пациенти, а вкупно xocпитализирани 18. На pecпираторна машина е 1 пациeнт, а уште 2 се со потешка клиничка слика.

Во болницата во Битола се лекуваат 4 пациенти, а на домашно лекување се следат 3 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани вкупно 6, а уште 1 пациент се следи на домашно лекyвање.

На инфективните одделенија во Прилеп, Велес, Куманово, Охрид и Тетово се хоспитализирани 54 позитивни и суспектни на Ковид-19.

Битолчани го препородија легендарниот евергрин за Прилеп (Видео)

Група “Милениум” од Битола сними песна за Прилеп

Познатата група “Милениум” од БИитола, времето поминато дома го поминуваат продуктивно. Тие снимија преработка на евергринот “Прилепе, мој роден крај” од Гога Зафироски.

Видеото за песната изобилува со прекрасни кадри од Прилеп кои се дело на “Фан продукција – Зоран Пилата”.

Уживајте во продолжение: