дома блог страница 2622

Kpyшевчанка го пpeкpшила полициcкиoт чac па се пpeтcтавyвaлa дeкa е пoлициcки cлyжбеник

Во текот на вчерашниот ден Ocновното jaвно обвинителcтво Прилеп до Ocновниот cyд Крушево поднесе предлог за издавање kaзнен нaлoг пpoтив две лица.

Едниот oбвинeт се товapи за продолжено kpивично дело „непocтапyвање според здpaвствените пpoписи за време на епидемиja од член 206 став 1 во врска член 45 од Kpивичниот законик.

Тој во повеќе наврати не ја почитувал Одлуката за забpaна и пoceбен peжим за движење на територијата на Република Македонија, за што е предложена пapична kaзна од 70 дневни глоби со вредност на глобата од 30 евра во денарска противвредност.

Пpoтив второто лице, пак, предлогот за издавање kaзнен налог е поднесен заради продолжени kpивични дела „непocтапување според здpaвcтвените прописи за време на епидемиja“ од член 206 став 1 во врска со член 45, како и „лажно претcтавyвање“ од член 391 став 1 во врска со член 45 од Kpивичниот законик.

Имено, oбвинeтaтa, затекната при прекршyвање на полициcки чаc, на овластените лица им се претставувала дека е полициcки cлyжбеник.

За неа Oбвинителcтвото пpeдложи пapична kaзна од 100 дневни глоби, при што вредноста на една дневна глоба да биде одредена на 30 евра во денарска противвредност.

Oро да се игра во кордон, бидермаерот да се доделува на лотарија … Ова се предлог правилата за работа на угостителите

Неформален предлог-правилник за начинот на работа на угостителските објекти циркулира меѓу кафанџиите, кои ќе треба да го одобрат и да го пратат до Влада на разгледување.

Според предлог-правилникот до кој дојде Пресс24, задолжителна ќе биде дезинфекција на рацете при влез во локалот, а нарачките ќе се земаат на растојание од еден метар.

На гостите да им биде ограничено движењето само на простор на нивната маса и до тоалетите.

Во однос на масите, неформалниот предлог предвидува да се обезбеди растојание од столче до столче на соседната маса од еден и пол метар во сите правци.

Бројот на лица ќе се ограничи според димензиите на масата.

-Бројот на лица на една маса со димензии не помала од 60 х 60 цм не смее да изнесува повеќе од четири лица. Во случај масите да се со помала димензија ќе треба да се спојат две за четири лица. За група од 5 до 10 лица може да се седнат само во случај кога има услови за растојание од 1,5 метри помеѓу секого индивидуално, се вели во неформалниот предлог-правилник.

На секоја од масите задолжително ќе треба да има средства за дезинфекција, но и уште на минимум две места, како и на влезот во тоалетите.

Келнерите и шанкерите, но и помошниот персонал ќе треба да носат визири за време на својата смена со цел да се заштитат себеси од контактите со гостите. Со таа разлика што шанкерите ќе бидат принудени да носат ракавици во текот на работното време. Келнерите нема да смеат да се ракуваат со гостите, туку поздравувањето ќе биде само вербално.

Угостителите предвидуваат пред секое седнување на нови гости масата да биде дезинфицирана.

Интересни се предлозите за свадбите. Па така, според предлог-правилникот нема да има поздравување со физички контакт при пристигнување и заминување на гостите.

На гостите ќе им се врши дезинфекција на рацете на секој половина час од страна на келнерите под надзор на одговорно лице.

Оро ќе се игра во кордони.

-Просторот за играње да се ограничи (кордони и слично) и да има еден влез и излез. Секој гостин кој ќе излезе од тој простор да изврши дезинфекција на рацете.

Невестинската торта ќе се подели без гостите да се соберат на главната маса, а бидермаерот да биде дезинфициран и да се додели по принцип на лотарија, односно со влечење број.

Истиот принцип за играње, во кордони би требало да се спроведе и во ноќните клубови и дискотеките, со таа разлика што подиумот за играње ќе треба да биде мапиран за полесно држење растојание.

Извор: “Прес24”

ИВЗ донесе одлука, се отвараат џамиите

Исламската верска заедница донесе одлука верските објекти, џамиите, за верниците да ги отвори на 12 мај. Одлуката е донесена на вчерашниот вонреден состанок на Ријасетот.

Џамиите беа затворени за верниците по воведувањето на мерките за превенција од ширење на вирусот Ковид-19 од страна на Владата.

Чулев: “Бараат да казнyвам бpyтaлнo, а народот нема да jaде…”

Техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев во своето гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“ на телевизија Алфа истакна дека изминативе неколку дена е мета на организиран и оркестиран напад од страна на СДСМ со цел негова лична дискредитација.

-Морам прво да кажам дека последниот период во контиунуитет има организиран и оркестриран напад од страна на сите ПР структури на СДСМ против моето функционирање и функционирањето на МВР се со цел замоја лична и професионална дискредитација.

Чулев посочи дека причината за ваквиот напад врз него е да се изврши притисок за да се казнуваат што повеќе граѓани за непочитувањето на ограничувањето на движењето и другите мерки кои ги носи Владата. Тој потенцираше дека ова нема да го дозволи бидејќи илјадници граѓани се оставени без работа, економската состојба е лоша, а психолошкиот притисок голем,

Чулев додава дека нема на никој начин дополнително да го оштетува буџетот на овие семејства.

-Јас кажав и на Влада и на социјалните медиуми, притисокот е безкурпулозно да ги казнуваме граѓаните за ограничувањето на движењето и за сите други мерки. Мојот принцип како министер за внатрешни работи е пред се да ги предупредуваме граѓаните, а ако го повторуваат делото тогаш да превземеме репресивни мерки. Значи репресивни мерки да, ама не по секоја цена. Најпрво со превенција, а потоа да се оди со репресија. Моментот е особено тежок за граѓаните тие се под голем психолошки притисок, економската состојба ние катастрофално лоша. Голем дел од граѓаните изгубија работни места, семејствата им се во тешка економска состојба, така да високите казни кои што би им се дале, дополнително би го оштетиле нивниот буџет и би влијаеле негативно врз благосостојбата на нивното семејство, вели Чулев.

Денеска е Марковден: Еве кои обичаи и народни верувања се поврзани со овој празник

Свет апостол и евангелист Марко е христијански апостол и светец, сопатник и помошник на Апостол Петар, којшто во своето Прво послание го нарекува син свој, не син по тело туку по дух. Така го напиша Светото Евангелие, коешто го виде и го посведочи за вистинито и самиот апостол Петар.

Тој го постави Марко за епископ и го испрати на проповед во Мисир. Така тој беше првиот проповедник на Евангелието и првиот епископ во Мисир. Мисир беше сиот притиснат од густиот мрак на незнабоштвото, гатањето и злобата. Со Божја помош Свети Марко успеа да го посее семето на Христовата наука низ Ливија, Амоникија и Пентапол.

Славење и обичаи

Неговиот спомен се празнува на 8 мај/ 25 април и не се смета за тежок празник. Во Гевгелиско мажите работеле, а жените го држеле за празник. Се празнувал за заштита од град. Се верувало дека ако работат град ќе го отепа полето. Поради тоа никако не влегувале во бавчата или во лозјето. Во селото Гореме, Светиврачко, овој ден бил празник на селото. Над селото имало мала височинка што се викала Кукувица и тоа место се сметало за свето место што е под заштита на светиот евангелист Марко. Не се знае од кога, но најверојатно од заселувањето на селото на овој ден, на тоа место се давало курбан за тој светител. Курбаните се колеле денот пред празникот, односно на 7 мај.

Пред да се заколеле курбаните свештеникот читал соодветни молитви. Кога ќе ги заколеле курбаните биела камбаната и престанувал секаква работа: орање, сеење, копање и др. Сите курбани се готвеле во големи селски котли под ридот Кукувица. За тоа време жените готват храна како: оризарник, баница, погача и др. Околу четири часот попладнето ја товареле храната на коњи и целиот народ одел на ридот Кукувица.

Таму свештеникот светел вода и сите ги попрскувал со неа. Потоа ги кадел трпезите по што ја ставале храната. Мажите седнувале на софрите, а жените раздавале од храната. Откако ќе јаделе започнувале со ора и песни. На стемнување се враќале во селото каде што продолжувала веселбата до доцна во ноќта. Утрото на 8 мај, на денот на св. евангелист Марко, се служела божествена литургија, а потоа се правела веселба со ора и песни што траела цел ден. Во селото постои и легенда за Св. Марко.

Легендата раскажува дека во турско време на селаните им било забрането на Марковден да одат во месноста Кукувица, и им било наложено вода да светат во селото. На местото Кукувица Турците направиле касарни и тука престојувала војската. Секоја ноќ на начелникот му се јавувал белобрад старец со бела капа на главата и на неа крст, во рацете држел патерица и многу го мачел неговиот син. Начелникот загрижен за страдањата на својот син пошол кај еден старец во селото и му ја раскажал својата мака.

Овој веднаш се сетил дека тоа е светецот кој му се озмаздува затоа што забранил на неговиот ден да одат на местото Кукувица и да светат вода. Потоа повикале и свештеник кој му го кажал истото. Тогаш Турчинот го замолил свештеникот да свети вода на Кукувица и да ги попрска касарните и војниците со светена вода. „Се поклонувам пред тој ваш свет обред“, рекол Турчинот.

Оттогаш веќе син му ништо не го мачело. Потоа на селаните им дозволил на ридот Кукувица да го изведуваат обредот и да светат вода како и порано. А кога се приближил празникот Турчинот подарил три овни да ги заколат за курбан на празникот Св. Марко.

Друго народно верување

Според народното верување ако на Ѓурѓовден некој го дочекал утрото во постела или тој ден некој му предал сон – значело дека во текот на целата година ќе биде дремлив, а можеби и болен – тој треба да отспие и на Марковден, зошто така ќе се „излечи“ од поспаност и болест.

Ако не сте дремнале на Св. Ѓорѓи, немојте ни на Марковден зошто цела година ќе бидете троми и поспани.

Значи, ако не сте го преспале Ѓурѓовден, вечерва легнете во некое нормално време, за да се разбудите наутро наспани и весели, а ако сте го преспале Ѓурѓовден вечерва легнете кога сакате и слободно преспијте го и Марковден.

(Фото) Ким Јонг Ун има двојник?! Се појавија фотографии кои покажуваат дека овој човек може да го замени “ако има потреба”

Лидерот на Северна Кореја, Ким Јонг Ун неодамна беше снимен како разговара со двајца “двојници”, облечени идентично како и него во црни одела.

Според некои теории, неговиот двојник е човекот кој беше неодамна фотографиран поради лошото здравје на Ким или можеби и cmpтта.

Видеото се појави во јавност по три недели откако Ким исчезна од јавноста, а со цел да се докаже севернокорејскиот лидер е во добра состојба.

Активистката за човекови права Џенифер Зенг забележа разлики меѓу неодамнешните и старите фотографии на Ким.
-Дали појавувањето на Ким на 1 мај е вистинско, праша таа на Фејсбук. Погледнете ги овие четири работи: забите, ушите, косата и сестра му, порача Зенг.

Вучиќ: “Нема да бидам повеќе претседател- се надевам дека ќе најдат подобар кандидат од мене”

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ госуваше во специјалната емисија “Кирилица” на “Happy”телевизија.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ во емисијата “Кирилица” рече дека нема да се кандидира на следните претседателски избори.

– За една година ќе бидат изборите, овие од опозицијата можат слободно да се кандидираат да ја водат државата. Јас не сум сигурен дека ќе се кандидирам, се надевам дека ќе најдат подобар кандидат од мене, рече Вучиќ.

– Почекав да заврши протестот за да дојдам. Некои повикаа на голем собир против мене како претседател поради мерките кои ги воведивме, како да не го штитевме здравјето на луѓето. Секогаш им се радувам на демонстрациите и протестите, бидејќи низ нив ќе пронајдете што луѓето гледаат дека не сте направиле добро и што треба да поправите, а негокаш не ја разбирате смислата на сето тоа.

Единствено ме загрижи што не ги почитуваат лекарите. Во демократија ги има оние кои се спртиствауваат на оној кој владее, но ова не е одговорно. Ги кршите препораките на лекарите. Овде сме сами во студиото, ги почитуваме мерките, рече Вучиќ.

Илија Димовски го “соголи” Каракачанов со факти

Трагедиите низ историјата го однеле Македонецот насекаде низ светот, но најмногу низ Бугарија. Ние тоа го знаеме и го почитуваме, иако најголем дел од тие преселби и не биле на драга желба на преселниците, но биле пропратени со масовни акции за демакедонизација, во што морате да признаете Бугарија била поуспешна од Србија и од Грција, пишува на социјалните мрежи Илија Димовски од ВМРО ДПМНЕ.

Почитуван господине Каракачанов,
Почитуван господине Ковачев,

За уцени од браќа сум слушал од кажувања, но тие уцени секогаш завршувале лошо, по судови, со кавги, со скршени фамилии.
На крај никогаш не било важно кој е прав, а кој крив, штетата ја носеле сите браќа.

Ако се броиме за браќа, а добро е да се имаме за такви, тогаш уцените не се за на маса, ни за во глава, ниту за зад врата. Заборавете ги и поставете се како браќа, а пак ако не сте спремни на таква големина тогаш не се претставувајте за браќа..

Денес во Софија и цела Бугарија живеат повеќе луѓе од Македонија од тоа што живеат тука кај нас, во овој мал дел на Македонија. Тоа навистина не прави блиски.

Трагедиите низ историјата го однеле Македонецот насекаде низ светот, но најмногу низ Бугарија.
Ние тоа го знаеме и го почитуваме, иако најголем дел од тие преселби и не биле на драга желба на преселниците, но биле пропратени со масовни акции за демакедонизација, во што морате да признаете Бугарија била поуспешна од Србија и од Грција.

Асимилацијата на Македонците во Бугарија денес и ја разбираме како насушна потреба за грдење на монолита бугарска нација, но верувајте, ги знаеме пописите, ги знаеме бројките, дури и бројките на попови, митрополити, даскали, државни службеници, офицери, студенти низ Бугарија кои се евидентирале како Македонци низ годините (замислете, некоја ваша државна служба имала потреба да ги има бројките на Македонци во вашите институции, а паралелно сте велеле дека сме биле и сме исто, чудно нели, исто како денес да броите и пребројувате Тракијци низ државната хиерархија на Бугарија на пример), а со тоа ги знаеме и причините на вашиот неодмерен однос кон Македонија.

Од друга страна свесни сме и дека македонската преродба и ставањето на темелите на македонската борба за сопствено дефинирање и државност се случува во рамки на припадниците на бугарската егзархија, за што повторно знаеме да почитуваме и да бидеме благодарни. Едноставна нашите луѓе мислеле дека Бугарите и бугарската егзархија ни се поблиски и посвои од Грците и грчката патријаршија и не згрешиле, но да знаеле дека еден ден ќе бидат користени во пропаганда против народот за кој се бореле сигурно би размислиле два пати.

Но, време е јасно да кажеме дека пак бугарската преродба и ставањето на темелите на бугарската борба за сопствено дефинирање и државност се случува, само неколку децении порано од македонската, во рамки на припадниците на грчката цариградска патријаршија.
Да, да, вашите преродбеници биле припадници на грчката црква, биле попишувани како Грци, учеле на грчки…

Ако за вас првото е доволен аргумент нас да не броите за Бугари, тогаш по логика на проста аналогија сами себе треба да се броите за Грци.
Ние тоа не ви го посакуваме, иако низ историјата неколкупати, а и денес, покажувате поголема љубов кон различноговорливите Грци од спрема нас, како што не нарекувате браќа.

Ајде да бидеме појасни.
Во рамки на Отоманската империја, христијаните, без исклучок, воопшто не биле идентификувани според нивната јазична или етничка припадност, туку спрема припадноста кон одредена верска заедница.
Се до формирањето на бугарската егзархија, сите ние, од овој дел на Балканот сме биле дел од Рум-милетот, оној под кој се воделе припадниците на грчката цариградска патријаршија.
А секако и вие Бугарите сте биле попишувани како Грци.

Неслучајно во многу пописи и патеписи се до почетокот и средината на 19 век, населението во цела Бугарија се евидентирало за грчко, проповедите се обавувале на грчки јазик, даскалите предавале на грчки јазик и грчкиот јазик се сметал за јазик на елитата на бугарското општество.

Да видиме што велат странските извори:
Во 1811 година англискиот патепис Џон Галт ја посетил Софија и го напишал следново: “Софија е мал и нечист град, заобиколен со ниски карпи…Поголемиот дел од куќите се бедни колиби, а калта по улиците е толку длабока, што ги правеше непроодни дури и за пешаците…Населението на Софија се проценува на 10.000 души, кои главно се Грци, што посакуваат да се спојат со Србите против Турците.”

Забавно нели? Ем Грци ем србомани…

Друг патеписец по име Адам Нил во 1805 година посетил неколку бугарски градови и пишувал на пример вака: “Разград е доста важен град…Сегашното население брои околу 10.000 жители, од кои една третина се грчки христијани, а останатите се Евреи и Турци”

Трагедија, ај во Софија, ама и насекаде низ Бугарија нема Бугари, така ли?

Ако ја следиме вашата негациска логика и однос кон македонскиот народ и неговата борба за сопствена засебност и ја примениме спрема бугарскиот народ, а искористиме десетици и стотици вакви написи и податоци од пописите низ Бугарија се до почетокот и средината на 19 век ќе дојдеме до следниот заклучок: МАКЕДОНЦИТЕ СЕ БУГАРИ ТОЛКУ КОЛКУ ШТО БУГАРИТЕ СЕ ГРЦИ. А навистина не сте тоа.

Затоа доволно се мачите и вие, не мачите и нас. Читате историја како ученик со оценка двојка. Преку четири страни, читате една.
Не е добро ова за нас, но најмалку за вас. Премногу жртви даде Бугарија низ историјата, а не доби ништо, освен што одработи за Атина и нејзините големодржавни стратегии.

П.С. Господинот Каракачанов иницирал заедно да го славиме Гоце Делчев во Баница, Серско. Убав призвук на една идеја.
Би сакал да му укажам дека ако ги почитуваме меѓудржавните договори како европски партнери (онака строго како што вие барате од нас), но и ја следиме вашата логика на толкување на историјата, тоа не смееме да го бараме од Грција.

Според Букурешкиот договор, Бугарија оддамна се откажа од територијата на егејска Македонија, што Република Македонија во историско-културна смисла, за жал, пак скоро го направи со Преспанскиот договор.
Бугарија кажа дека таа територија е грчка, а Македонија кажа дека целата историја и култура од таа територија е дел од хеленската култура и наследство.
Иронија на времето и зборот.

Ако повторно извлечеме заклучок по аналогија на вашата логика доаѓаме до следното: ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ Е РОДЕН НА ГРЧКА ТЕРИТОРИЈА И Е ДЕЛ ОД ХЕЛЕНСКОТО КУЛТУРНО-ИСТОРИСКО НАСЛЕДСТВО. А не е.

Господине Каракачанов, Бугарија го поддржа Преспанскиот договор, нели? За жал да.
Епа ова ќе е се почесто заклучокот кој ќе го гледаме, ако ја следиме вашата логика и употребуваме аналогии.
Другите ќе имааат корист, а ние Македонците и вие Бугарите само ќе ја продолжиме кавгата помеѓу нас, за жал.

П.П.С. Славниот кнез и цар на Бугарија Фердинанд Саксобурготски во 1896 година ќе го каже следното:
„Во Македонија, главната маса од населението ниту се Бугари, ниту Срби, туку Словени и христијани, кои зборуваат јазик подеднакво далечен или ако сакате подеднакво близок на српскиот и на бугарскиот јазик, но, јазик, кој е посебен дијалект, ако не и посебен јазик. Наместо да се караме околу тоа, дали тој е дијалект на српскиот или бугарскиот јазик, ние треба заеднички да работиме и тоа овде кај нашиот заеднички „татко“, кај Султанот, за да им даде на своите верни поданици во Македонија такви реформи кои ќе им осигураат човечки живот и културен развиток… Ако тоа се реши, културата на Македонците ќе го реши прашањето кое што никоја сила не може да го реши, па дури ако Србите и Бугарите поради тоа ја фрлаат на коцка својата државна егзистенција“.

Да ја следеше Бугарија оваа политичка мисла на тогаш младиот кнез Фердинанд, немаше да изгуби илјадници и илјадници жртви низ годините подоцна.
За жал сите ние на Балканот малку учиме од историјата, така и вие не сте исклучок, нам блиски пријатели Бугари.

Господине Ковачев, во цитатот погоре од вашиот кнез и цар Фердинанд денес сменете го само зборот “Султанот“ и на негово место ставете “Европската унија“, ќе добиете изјава која и денес би важела исто и би била актуелна и денес.

Почитувајте ја, ве молам, оваа мисла на вашиот кнез и цар, токму онака како што пак и тој не си ја почитувал, а со тоа ја однел Бугарија во повеќе национални катастрофи. Нема да згрешите ниту за вас, ниту за нас.

Со почит,
Илија Димовски,
Претседател на групата за соработка на Собранието на Република Македонија со Собранието на Република Бугарија.

(Фото) После брусењето на сонцето од Кутлеш, сега избришан и еден од најпознатите графити во Скопје

На кого му пречи најпознатиот македонски револуционер Гоце Делчев? Избришан графит со ликот на Гоце Делчев во екот на заканите од страна на Бугарија за нова блокада на Македонија во ЕУ доколку не прифатиме откажување од Гоце Делчев и македонскиот јазик – објави “Инфомакс”

Дали бришењето на графитот во Скопје спроти Холандската амбасада е дел од планот на власта за откажување од македонската историја, идентитет и јазик. Да се потсетиме дека претходно имаше директива од Владата за бришење на сонцето од Кутлеш. Ќе се бруси ли сега Гоце од срцата на Македонците? – прашуваат од порталот.

Трамп ја поддржа иницијативата на Путин

Претседателот на САД, Доналд Трамп, ја поддржува идејата на неговиот руски колега Владимир Путин, за самит со учество на петте постојани членки на Советот за безбедност на ОН, изјави синоќа Тим Суливан, американски амбасадор во Москва.

Суливан посочи и дека САД планираат да ги обноват преговорите со Русија за контрола на вoopужувањето.

Според него, Трамп неодамна му соопштил на Путин дека таа иницијатива е „добра идеја“. Сега се разгледуваат форматот и организацијата.

Во текот на посетата на Израел во јануари, Путин предложи лидерите на Русија, САД, Велика Британија, Кина и Франција, да свикаат годинава самит, истакнувајќи дека петте нykлеарни сили „имаат посебна одговорност да се сочува цивилизацијата“. Сергеј Лавров, министер за надворешни работи, во март изјави дека САД, Франција и Кина го прифатиле предлогот.

Суливан исто така изјави дека САД планираат да ги обноват и преговорите со Русија за контрола на вoopyжувањето, вклучително и историскиот Договор за ракети со мал и среден дострел кој беше обновен од претседателите Барак Обама и Дмитриј Медведев во 2010 година.

Рокот на овој договор истекува во фебруари 2021 година, со можност да се продолжи уште пет години по согласност на двете страни.

Администрацијата на Трамп засега одолговлекува со започнување на преговори со Русија, инсистирајќи дека во новиот договор треба да се вклучи и Кина.