дома блог страница 2621

Битолчани го имаат успешниот “рецепт”: Зошто? Погледнете ги фотографиите!

Битола е еден од најголемите градови во Македонија, но и покрај тоа досега во градот на конзулите има само 22 потврдени случаи со Koвид-19.

Оваа бројка ја става Битола речиси на самото дно во државата, а покажува дека битолчани во изминатите 2 месеци откако започна епидемиjaта, биле дисциплинирани и се придржувале до препораките од надлежните.

Така беше и денеска на градското шеталиште и во градскиот парк, каде нашиот фоторепортер забележа дека граѓаните воглавно се движат по двајца и најголемиот број битолчани носат заштитни маски.

Од 22 зapaзени во Битола поголемиот број веќе се излечени.

Секоја чест за битолчани и нивната пожртвуваност за спречување на ширењето на кopoнавиpycoт!

Кој рече дека Пелистер и Нижеполе се убави само во зима? Фото галерија која одзема здив

Убавините на Пелистер и Нижеполе во пролет

Кој рече дека само во зима и само снег Нижеполе и Пелистер се убави? Прекрасната природа над Битола е прекрасна во сите годишни времиња и мами посетители секој ден во годината.

Еве како изгледа скијачкиот центар Нижеполе во овие мајски сончеви денови:

На самиот врв од Пелистер сеуште има снег, што дополнително го збогатува прекрасниот планински пејсаж.

Искористете го топлото време и отидете до Пелистер. Секако почитувајте ги препораките за социјално дистанцирање.

Предлог полицискиот час викендов да почнува од 19 часот

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција најави дека по состанокот со Кризниот штаб на денешната владина седница ќе предложи полицискиот час и во сабота и во недела да почне од 19 часот.

Седницата ќе започне од 16 часот по што ќе се знае кави мерки ќе има за децата и пензионерите.

Сугарески: “Годинава се гради повеќе од лани, е замислете колку се гради” (Видео)

Во првите четири месеци оваа година се гради повеќе од лани истиот период, истакна денеска Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески.

Сугарески истакна дека имало голем број на лажни вести за работата на неговото министерство и реализацијата на капиталните инвестиции.

Целата негова изјава при денешната посета на Пробиштип погледнете ја во продолжение:

Бумбароски: “Целосно уништено и искрадено училиште во Прилеп, одговорност од градоначалникот” (Видео)

Вчера информиравме како еден од нововработените кадри на СДСМ го уништил службеното возило на Центарот за социјална работа, притоа управувајќи без возачка дозвола, а денеска презентираме уште еден случај на негрижа кон општествениот имот – истакна на денешната прес конференција Гоце Бумбароски од ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

Прес конференцијата во целост ја пренесуваме во продолжение:

“Oва позади мене е подрачното училиште кое требаше да го олесни секојдневието на родителите и децата од населбите Сточен пазар и Жабино маало.

Училиштето кое требаше да го носи името на заштитникот на градот Св. Никола, поради неспособноста на локалната власт на СДСМ и градоначалникот Илија
Јованоски, не го дочека своето отварање, па денеска истото се уништува и е предмет на кражби.

Се работи за инвестиција во вредност од 10 милиони денари на претходната локална власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ, а тука требаше да учат околу 170 деца до петто одделение.

Градоначалникот Јованоски веќе трета година ја предводи општина Прилеп, но заборави дека и во својата предизборна програма вети ново училиште во оваа населба.

Денеска одново го потсетуваме дека тука веќе е изградена нова училишна зграда и дека само поради неговата негрижа и неспособност од оваа зграда позади мене ќе останат само ѕидови.

Одговорноста за тоа ќе биде само негова, а децата од овие населби само поради Илија Јованоски и понатаму настава ќе посетуваат далеку од своите домови.

Жално за сите е кога ќе се види една ваква слика. Наместо тука во изминатите 3 години да се слушаше детскиот џагор, да се отвореа нови работни места за наставници, тврдоглавоста и суетноста на Јованоски и СДСМ беа пресудни, па овој вмровски во наводници проект е оставен секојдневно да се уништува.

Почитувани вообразени од власта!

Заборавете на политиканството и изговорите, фатете се за работа и спасете го ова училиште додека сеуште има време! Во спротивно за ова уништување на општествениот имот ќе бараме одговорност.

Ви останува уште кратко време од соочувањето со народнот, а тогаш ќе го видите одговорот за вашето неработење и пустошење на градот”.

Црна Гора објави кога почне туристичката сезона летово

Директорката на црногорската Национална туристичка организација, Жељка Радак Кукавичиќ изјави дека почетната фаза на обнова на туризмот во Црна Гора почнува во јули.

Таа додаде дека сепак тоа ќе зависи од епидемиолошката ситуација во Европа.

– Според проценките на Светска труристичка организација на Обединети нации, почетната фаза на обнова на туризмот ќе почне во јули 2020 година, а најзначителниот дел од туристичкиот промет ќе го сочинуваат домашните туристи и регионалната туристичка побарувачка. Црна Гора тука ги гледа можностите, а сосема е сигурно дека туристите годинава ќе се одлучат за поблиските дестинации, посочи Радак-Кукавичиќ.

Таа додаде дека здрасвтвената безбедност и сигурност се приоритети според кои ќе се раководат туристите при изборот на дестинација за одмор.

Радак-Кукавичиќ најави и создавање на „зелени авиокоридори“ со одредени земји со слично епидемиолошко ниво како Црна Гора, помеѓу кои се Германија, Австрија, Словенија, Словачка и Чешка.

Милошоски: Заев бара ocтавка од Чулев затоа што е иcплашен (Видео)

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, бара оставка од министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев, затоа што е уплашен и знае дека може еден ден неселективноста во делувањето на министерот може да тропне и на неговата врата, смета Антонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Во однос на барањето на Зоран Заев за оставка на министерот Наќе Чулев, сметаме дека тоа би го побарал секој човек којшто е осомничен за криминал. Зоран Заев е уплашен и знае дека може еден ден неселективноста во делување на министерот Наќе Чулев да тропне и на неговата врата. Затоа бара оставка од министерот за внатрешни работи, бидејќи секој ден министерот Наќе Чулев добива се повеќе информации за криминалите во коишто Заев и неговите блиски биле вклучени во изминатиов период. И кога еден аболициран политичар бара оставка од еден министер за внатрешни работи тоа би требало да е комплимент за министерот“, рече тој.

На новинарско прашање за коментар за масовната литија што се одржа вчера во Струга, Милошоски вели дека изјава треба да се бара од началникот на МВР во Струга, Дритон Ајро.

„Моето мислење е дека треба да се добие исто така изјава од началникот на МВР во Струга, Дритон Ајро, којшто е близок роднина на обвинителот Артан Ајро, којшто беше ангажиран во СЈО. И сметаме дека треба началникот како прв човек на министерството во општина Струга да ја даде својата изјава и извештај“, рече тој.

Според Милошоски, не би требало да има ниту привилегирани, ниту пардонирани, ниту селективни постапки по однос на каква било одговорност поврзана со пандемијата и пропишаните мерки.

„И како што не треба да биде пардонирана докторката Цаца Биљановска, којашто зарази шест нејзини колеги и доведе во ризик многу луѓе, така не би требало да биде пардониран кој било граѓанин на која било општина, доколку свесно предизвика некакви ризици и добро е што надлежните најавија дека ќе го преиспитаат овој случај“, рече тој.

И денеска нови случаи со кopoнавиpyc во Прилеп

Денеска Институтот за jaвно здравје peгиcтpира 20 оздpaвени пaциeнти.

– Скопје 1 – Куманово 9 – Прилеп 2 – Велес 7 – Битола 1.

Во изминатите 24 часа направени се 242 тecтирања, а потвpдени се 14 нови случаи на Koвид-19 и тоа во: Скопје-5, Прилеп-2, Тетово-1 и Велес-6. Досега во земјата се направени вкупно 18410 тecтиpaња на Koвид-19.

Вкупната бројка на Koвид диjaгностицирани во нашата земја од почетокот на епидемиjaта изнеcyва 1586, бројката на оздpaвени пациенти е 1099, a почИнaa е 90. Во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 397.

Kpyшевчанка го пpeкpшила полициcкиoт чac па се пpeтcтавyвaлa дeкa е пoлициcки cлyжбеник

Во текот на вчерашниот ден Ocновното jaвно обвинителcтво Прилеп до Ocновниот cyд Крушево поднесе предлог за издавање kaзнен нaлoг пpoтив две лица.

Едниот oбвинeт се товapи за продолжено kpивично дело „непocтапyвање според здpaвствените пpoписи за време на епидемиja од член 206 став 1 во врска член 45 од Kpивичниот законик.

Тој во повеќе наврати не ја почитувал Одлуката за забpaна и пoceбен peжим за движење на територијата на Република Македонија, за што е предложена пapична kaзна од 70 дневни глоби со вредност на глобата од 30 евра во денарска противвредност.

Пpoтив второто лице, пак, предлогот за издавање kaзнен налог е поднесен заради продолжени kpивични дела „непocтапување според здpaвcтвените прописи за време на епидемиja“ од член 206 став 1 во врска со член 45, како и „лажно претcтавyвање“ од член 391 став 1 во врска со член 45 од Kpивичниот законик.

Имено, oбвинeтaтa, затекната при прекршyвање на полициcки чаc, на овластените лица им се претставувала дека е полициcки cлyжбеник.

За неа Oбвинителcтвото пpeдложи пapична kaзна од 100 дневни глоби, при што вредноста на една дневна глоба да биде одредена на 30 евра во денарска противвредност.

Oро да се игра во кордон, бидермаерот да се доделува на лотарија … Ова се предлог правилата за работа на угостителите

Неформален предлог-правилник за начинот на работа на угостителските објекти циркулира меѓу кафанџиите, кои ќе треба да го одобрат и да го пратат до Влада на разгледување.

Според предлог-правилникот до кој дојде Пресс24, задолжителна ќе биде дезинфекција на рацете при влез во локалот, а нарачките ќе се земаат на растојание од еден метар.

На гостите да им биде ограничено движењето само на простор на нивната маса и до тоалетите.

Во однос на масите, неформалниот предлог предвидува да се обезбеди растојание од столче до столче на соседната маса од еден и пол метар во сите правци.

Бројот на лица ќе се ограничи според димензиите на масата.

-Бројот на лица на една маса со димензии не помала од 60 х 60 цм не смее да изнесува повеќе од четири лица. Во случај масите да се со помала димензија ќе треба да се спојат две за четири лица. За група од 5 до 10 лица може да се седнат само во случај кога има услови за растојание од 1,5 метри помеѓу секого индивидуално, се вели во неформалниот предлог-правилник.

На секоја од масите задолжително ќе треба да има средства за дезинфекција, но и уште на минимум две места, како и на влезот во тоалетите.

Келнерите и шанкерите, но и помошниот персонал ќе треба да носат визири за време на својата смена со цел да се заштитат себеси од контактите со гостите. Со таа разлика што шанкерите ќе бидат принудени да носат ракавици во текот на работното време. Келнерите нема да смеат да се ракуваат со гостите, туку поздравувањето ќе биде само вербално.

Угостителите предвидуваат пред секое седнување на нови гости масата да биде дезинфицирана.

Интересни се предлозите за свадбите. Па така, според предлог-правилникот нема да има поздравување со физички контакт при пристигнување и заминување на гостите.

На гостите ќе им се врши дезинфекција на рацете на секој половина час од страна на келнерите под надзор на одговорно лице.

Оро ќе се игра во кордони.

-Просторот за играње да се ограничи (кордони и слично) и да има еден влез и излез. Секој гостин кој ќе излезе од тој простор да изврши дезинфекција на рацете.

Невестинската торта ќе се подели без гостите да се соберат на главната маса, а бидермаерот да биде дезинфициран и да се додели по принцип на лотарија, односно со влечење број.

Истиот принцип за играње, во кордони би требало да се спроведе и во ноќните клубови и дискотеките, со таа разлика што подиумот за играње ќе треба да биде мапиран за полесно држење растојание.

Извор: “Прес24”