дома блог страница 2600

Повторно голем број на регистрирани случаи од Koвид-19, а Заев ќе правел избори? Ова се бројките

Во изминатите 24 часа регистрирани се 22 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-8, Штип-2, Прилеп-2, Тетово-3, Струга-1, Велес-4, Свети Николе-1 и Гостивар-1. Направени се 533 тестирања, а досега во земјата се направени вкупно 22255 тестирања на Koвид -19.

Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 203 теста се во рамките на скринингот во градинки во Велес и Скопје и сите се негативни. Од досега направените 908 тестирања на вработените во градинките во Битола, Скопје и Велес потврден е само еден позитивен случај на Koвид-19 во Битола.

Во ГОБ „8 септември“ почина пациент од Скопје (78г) примен на 7 мај и пациент од Тетово (77г), на болничко лекување од 14 мај.

Тестирањето за Koвид-19 нема да биди задолжително за влез во Грција од овој датум

Грчкиот министер за туризам најави дека од 1. јули нема да биде задолжително тестирањето за Koвид-19.

-За сега идејата е сите да бидат тестирани, но 1. јули е далеку, така што најверојатно нема да биде задолжително, соопшти министерот за туризам Харис Теохарис.

Според него, протоколите и правилата најверојатно ќе претрпат измени, но напомена дека здравствените власти од регионот допрва ќе разговараат на оваа тема.

-Мерките се уште до крај не се дефинирани. Тие ќе бидат договарани на билатерално ниво. Се Очекува наскоро да има разговори на сите нивоа и ќе се најде решение за сите земји од Балканот, порача Теохарис.

А од домашните хотелски капацитети велат дека се подготвени за туристичката сезона, но проблемот е што се уште не се знае кога хотелите ќе смеат да се отворат, и под кои правила.

Нивна надеж оваа летна сезона ќе бидат домашните туристи.

УХМР предупредува: Попладне поројни дождови и грмежи – од петок очекувајте нова промена на времето

Времето ќе биде умерено облачно и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, поизразен вдолж Повардарието.

Во попладневните часови ќе биде нестабилно со локална појава на пороен дожд, грмежи и услови за изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 18, а максималната ќе достигне од 26 до 31 степен. УВ=7

Значителна промена на времето ќе има во среда, кога ќе биде променливо облачно и нестабилно на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има услови за изолирана појава на град. Облачно, посвежо и ветровито со повремени врнежи од дожд ќе биде во четврток. Од петок ќе има стабилизирање на времето.

Нејзините видеа имаат стотици милиони прегледи: Оваа девојка гарантира како да дојдете до цврсти стомачни мускули за кратко време (Видео)

Клои Тинг е поранешна статистичарка која се претворила во Јутјуб ѕвезда со 7,6 милиони следбеници.

Бројот на следбеници драстично се зголемил за време на изолацијата, кога остатокот од светот гледаше во фрижидерот, јадеше и се дебелееше, а Клои внимателно вежбала и ги одржувала своите завидливи стомачни мускули.Клои Тинг е поранешна статистичарка која се претворила во Јутјуб ѕвезда со 7,6 милиони следбеници.

Бројот на следбеници драстично се зголемил за време на изолацијата, кога остатокот од светот гледаше во фрижидерот, јадеше и се дебелееше, а Клои внимателно вежбала и ги одржувала своите завидливи стомачни мускули.

Оваа 34-годишна девојка од Мелбурн, карантинот го поминува во Лос Анџелес, а секојдневно на Инстаграм објавува нови вежби.

Најпопуларната снимка ја нарекла ‘Создадете стомачни мускули за само две недели’ и е прегледана 103 милиони пати. После неа следи ‘Правете го ова секојдневно за да ги тргнете вишокот килограми’ – снимка која е прегледана 43 милиони пати.

Страницата „Social Blade“ пишува дека во последниот месец собрала 2,9 милиони следбеници, 223 милиони прегледи и можеби дури 1,2 милиони долари.

“Комити” повикуваат на мобилизациja: Mapш за спac на Bapдap

Како што веќе е познато, Сергеј Самсоненко повеќе нема да го финансира ФК Вардар и клубот го врати на Град Скопје.

Навивачката група Комити преку својата фејсбук страна објави текст во кој повикува за мобилизација на навивачите на Вардар и најави марш за кој дополнително ќе биде објавен терминот.

„Тешки денови доаѓале и поминувале. Најлошото го надминувавме, излегувавме како победници, но во суштина и не постои сценарио со кое ние би изгубиле. Дали може да да биде победено или уништено нешто што трае вечно? Низ призма на времето, Вардар ги надживеал сите кои му предвидувале или посакувале пропаст или успеси. Вардар бил тука и пред да бидеме родени, Вардар ќе остане и откако ќе заминеме од овој свет.

Љубовта кон клубот секогаш останува, и се пренесува од татко на син, од колено на колено.
Се менувале низ историјата многу управители. Акционерски друштва, Фирми, Бизнисмени, Колективни членови, Градски татковци, се од почетокот…

Вардар е основан од Собранието на Град Скопје, повеќе од две третини од својот животен век од 1947-ма па наваму е под патронат на својот татко основач – Град Скопје и Јавното Претпријатие за Стопанисување со Станбен и Деловен Простор – “ПУИГ”.

Од денес официјално и Вардар се раздели со својот досегашен времен Управител и концесионер – Сергеј Самсоненко.
Му Благодариме за се што направи за Вардар, можеби нашите патишта повторно ќе се вкрстат во иднина !
Денес и официјално формално правно Фудбалскиот Клуб Вардар е вратен, пред истекот на концесијата, кој своите основачи и сопственици Градот Скопје и “ПУИГ”.

Многу градски татковци досега биле горди што на своите плеќи ја носеле одговорноста да бидат предводници на Симболот на Градот, љубовта на Скопје и Македонија – ФК Вардар !

Успесите од своето владеење ги врзувале со успехот на настапите на своето чедо – ФК Вардар.
Вардар е над сите партии, Вардар е најголемата спортска институција и големина која го надминува надалеку спортот, допира до Македонскиот идентитет.

Не знаеме дали кај Градските власти и ПУИГ, постои желба и волја да го превземат клубот, трајно или времено до пронаоање на нов финансиер и времен сопственик и управител, но тоа е обврска и нужност, а се надеваме и љубов и страст, затоа што Вардар е Скопје, Вардар е и Македонија !

Во меѓувреме упатуваме Апел до досегашните и старо-новите управители, итно да изнајдат взаемно прифатливо решение, на бенефит на сите страни а пред се на навивачите на Вардар, граѓаните на Скопје и народот, за Вардар да го фати последниот воз за Европа преку обезбедувањето на лиценца !

Играчите и стручниот штаб пред и над се, со својата несебична пожтвуваност и однос кон клубот, не задолжуваат да реагираме час поскоро, да не чекаме, затоа што секој час и минута значат !

Ја информираме цела Црвено Црна Армија да се мобилизира, наскоро ќе организираме голем Марш За ВАРДАР низ улиците на Скопје ! За времето и агендата ќе бидеме благовремено информирани. За Вардар нема компромис ! Еден живот, една љубов!”

Во конкуренција на 210 девојки, Македонка избрана за најубава на првиот “Mис карантин” (Фото)

На првиот интернационален онлајн избор за убавина „Мис карантин“ на светот 2020 победи нашата убавица Кристина Димитријевска (24) од Тетово.

Димитријевска овој огромен успех го направи во конкуренција на 210 пријавени девојки од околу 50 држави од светот. Речиси едногласно од целото жири таа беше прогласена за најубава. Кристина успеа да освои уште една титула, за најдобро претставување.

И втората наша претставничка, Бисера Цуцулова од Скопје успеа да освои титула, Мис Интелегенција.

Фото/Инстаграм/

(Видео) He очajyвajте, за ce’ денecка има “чape”

За се’ во светот денеска има “чаре”

Интересен метод на репарација на попаднатата коса без болна трансплатација и третмани.

Според коментарите под видеото овој вид на перика која цврство стои на главата чини од 2.000 до 4.000 евра.

Погледнете:

(Видео) Нов вид на риба се одомаќини во водите на Охридското Езеро

Од неодамна Сончарките живеат и во водите на Охридското Езеро

-После подолга обсервација на овој интересен вид риба кој природно не припаѓа во ендемичниот екосистем на Охридското Езеро забележавме многу интересни моменти особено во нејзиното однесување за време на мрестење – велат од нуркачкиот центар “Амфора”.

-Тие главно се хранат со инсекти и ларви, а широко распространетите перки во текот на нејзиното движење претставуваат одбранбена функција. Како што може да се забележи и на видео инсертот, најгресивното и најчесто однесување е “фронтална закана” карактеризирана со брзо нафрлување, удирање и бркање на рибите кои се во непосредна близина, а во крајни случаи проследено со благо каснување, со цел да ги заштитат границите на својата територија, додаваат од “Амфора”.

-Доколку сончарката се чувствува инфериорна во обидот да ја одбрани територијата најчесто бојата и потемнува од страните. Сезоната на мрестење е обележана со присуство на мажјаци на плитки, кружни гнезда кои истите ги бранат од другите сончарки од причина што најчесто ги градат овие гнезда во групи, а и мрестилиштата им се во непосредна близина.

По завршување, групата сончарки ја напушта локацијата на мрестот. Најчесто ги има во плитки води на длабочина од 3-5 метри, но забележавме и повеќе јата на длабочина од 10-15 метри во присуство на други риби.

Целокупното однесување може да се забележи во текот на неколку наврати на видео инсертот – додаваат од “Амфора” центарот за нуркање.

Ангеловска не се откажува од ставот дека платите на администрацијата мора да се намалат

Министерката за финансии, Нина Ангеловска, при своето гостување на телевизија Телма јасно покажа дека не се откажува од идејата да се намалат платите на администрацијата.

-Јас останувам на ставот дека сите треба да сносиме дел од товарот. Останувам на ставот дека економијата треба да препознава продуктивност и работа, а работата треба да се цени и наградува. За жал нашиот систем на јавна администрација тоа не го прави, ете започна реформата во јавната администрација, се надевам дека тоа наскоро ќе биде овозможено бидејќи од една страна јас многу често пробувам да се ставам во позиција на луѓето 15 во кризниот штаб деноноќно работата додека гледаат дека 80 проценти, дел поради мерките на Владата, дел поради тоа што ротираат секој втор ден и не доаѓаат на работа, а сите добиваат иста плата, вели Ангеловска.

Претходно Ангеловска посочи дека администрацијата нема каде да ги потроши парите, тоа е едниот аспект поради кој треба да им се намали платата.

(Фото) Адвокатот Менкиновски со уникатна маска во Kpивичниот cyд

Адвокатот Тони Менкиновски на денешното рочиште во Кривичниот cyд за предметот „Шпански скали“

На денешното рочиште на предметот „Шпански скали“, адвокатот Тони Менкиновски се појави со заштитна маска со сонцето од Кутлеш.

Иако за изгледот на неговата маска имаше реакции на социјалните мрежи, преовладуваа тие кои го поддржаа.

Менкиновски за тоа на својот Фејсбук профил напиша:

“Денес бев мета на многу критики и напади но истовремено и на пофалби!До оние кои ме критикуваа би им препорачал да си земат ваква маска за да ја подржат домашната економија во овие тешки времиња,а оние кои ме подржуваат сакам да им порачам дека борбата за Македонија и Македонците е секојдневна…Отпорот продолжува!Ќе победиме!”