(Фото) Адвокатот Менкиновски со уникатна маска во Kpивичниот cyд

Адвокатот Тони Менкиновски на денешното рочиште во Кривичниот cyд за предметот „Шпански скали“

На денешното рочиште на предметот „Шпански скали“, адвокатот Тони Менкиновски се појави со заштитна маска со сонцето од Кутлеш.

Иако за изгледот на неговата маска имаше реакции на социјалните мрежи, преовладуваа тие кои го поддржаа.

Менкиновски за тоа на својот Фејсбук профил напиша:

“Денес бев мета на многу критики и напади но истовремено и на пофалби!До оние кои ме критикуваа би им препорачал да си земат ваква маска за да ја подржат домашната економија во овие тешки времиња,а оние кои ме подржуваат сакам да им порачам дека борбата за Македонија и Македонците е секојдневна…Отпорот продолжува!Ќе победиме!”




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.