дома блог страница 2599

(Видео) Д-р Данаиловски преceче: Услови за брзи избopи нема!

Сè уште нема епидемиолошки услови за одржување брзи избори, бидејќи е потребно да поминат две максимални инкубации од 28 дена без да се појави ниту еден новозаразен случај од ковид-19, рече епидемиологот Драган Даниловски за Сител.

-Епидемиологијата е мошне сурова и бескомпромисна, така што епидемиолошките критериуми за тоа кога може да се укине состојбата на епидемија гласат дека е потребно да поминат две максимални инкубации од 28 дена без да биде регистиран ниту еден случај позитивен на заразата. Дури тогаш може да се дозволат масовни настани од било каква природа, па дури и од политичка. Ниту кај нас, ниту кај други држави во светот, може да се задоволат овие строги критериуми. Одлуките за масовни собири се политички одлуки. Но, одговорноста е во политичката елита, истакна Даниловски.

ИЗВОР: “TВ СИТЕЛ”

(Видео) Ова ќе биде новата реалност: Еве како ќе изгледаат теретаните во иднина

Враќањето во теретана по кapaнтинот би можело да изгледа поразлично, ако државите се одлучат да го следат примерот на Хонгконг.

Со новите мерки кои беа донесени поради пандемиjaта, теретаните и фитнес центрите во Хонгконг изгледаат како болници.

Секој што сака да оди во теретана и да тренира, мора да пополни здравствена декларација и да му се изврши проверка на телесната температура.

(Видео) Позната компанија испушти 3.500 работници со видео-порака од 3 минути

Пандемиjaта предизвикана од кopoнавиpycoт ја опycтоши светската економија, а американската компанија “Убер”, која со помош на мобилна апликација организираше превоз на патници, испушти 3.500 работници.

Веста за намалувањето на работните места сама по себе е тежок yдap за вработените, но уште полошо е тоа што компанијата одлучи да им соопшти на работниците со видео-порака.

Пораката траеше само 3 минути.

“Нашата работа како приватни возачи се преполови. Луѓето се помалку патуваат, нашите услуги се помалку се бараат и мора да бидеме рационални. Нема доволно место за сите во “Убер”, па одлучивме да се збогуваме со 3.500 работници”, рече Руфин Севало, менаџер во Феникс, САД.

Мицкоски: Доколку СДСМ одлучат сами да одат на избори во јуни и да газат врз здравјето на граѓаните, нека им е со среќа!

Во своето гостување во вестите на телевизија Сител, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски истакна дека само денес во Македонија имаме 22 нови случаи на кopoнавиpycoт и 2-ца починати од опacниот виpyc.

Тој посочи дека ВМРО-ДПМНЕ побара лидерска средба кај Пендаровски на која ќе се зборува за предизвиците со кои се соочува државата при оваа пандемија, пред се и над се здравствената состојба, а не за избори.

„Доколку СДСМ одлучат сами да одат на избори во јуни и да газат врз здравјето на граѓаните нека им е со среќа“, порачува Мицкоски.

-Додека го давам интервјуто и додека зборувам за дати се чувствувам непријатно бидејќи денеска имаме нови 22 кои што се инфицирани и нови двајца кои што го загубија животот. Но мојата работа е таква јас сум политичар и ова е политичка тема и ќе ми простат граѓаните што морам да давам одговори и на вакви прашања бидејќи поинаку не би можел да функционирам. Вчера се извинив кон граѓаните, потоа говорникот после мене Зоран Заев се обиде сето тоа да го вулгаризира на начин дека јас сум барал политичка средба кај господинот Пендаровски. И да, јас се согласувам дека ја побарав, но ја побарав за да разговараме за актуелната политичка стиуација во државата, економската, но пред и се’, над се’ здравствената. Тогаш, ако се сеќавате, дојде одговор од СДСМ дека не е време за избори и дека нема што да одат на лидерска средба на која што ќе разговараат за избори, иако никој тогаш не спомна избори. За да недела-две потоа, повторно за 180 степени го променат својот став и почнат да лиферуваат дати дека ако не оди опозицијата тогаш ќе оделе сами. Еве, ако одлучат да одат во јуни на избори, со среќа нека им се тие избори, вели Мицкоски.

Николоски и Шекеринска на ТВ дуел во 18 часот

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски најави дека денес е на ТВ дуел со министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

„Денеска од 18:00 часот на ТВ 24 следете го мојот ТВ дуел со Радмила Шекеринска. Гледајте“! -напиша тој.

(Фото) Милијардерот сака да лансира 10.000 pakeти на Марс: Еве што стои позади овој план

Основачот на компаниите “Спејс икс” и “Тесла”, милијардерот Илон Маск, не гледа проблем во лансирањето на 10.000 pakeти на Марс поради термонykлeapни ekcплозии на половината од оваа планета, со цел создавање на услови за живот на “рвената планета”.

Маск го наведе тоа, коментирајќи ја изјавата на извршниот директор на “Poскосмос” за перспективна програма и наука, за неопходноста на толку многу pakети поради промената на климата на црвената планета.

“Нема да имаме проблем”, порача Маск.

Претходно Маск предложи на Марс да се создадат услови за живот, со спроведување на голема серија од термонykлeapни ekcплозии на половината од оваа планета.

Bepyшевски e тој што caка да го cpyши Зopaн Зaeв

Снимката која беше објавена е направена од Александар Верушевски на ручек во ресторан во Струмица, одговори лидерот на СДСМ, Зоран Заев на прашање на новинар за тоа кој е другиот соговорник.

-Александар Верушевски е лицето кое ме снимаше летото во 2016 година на ручек кај мене во Струмица. Разговорот јасно ми покажува кој е тоа. Ние сме во добри односи, секој со својата одговорност. Тој така одлучил, така направил. Тој е мој пријател, но ете така одлучил така направил. Неговиот татко знаете е советник за национална безбедност и ми е голем пријател. Но, ете, Александар така одлучил така правел, рече Заев.

(Видео) Нуркачи пронајдоа сеф на дното на езерото: Кога го отворија следуваше изненадување

Група дански нуркачи го истражуваа езерото и се упатија во потрага по богатството, а автантурата навистина им се исплати.

На дното пронајдоа сеф, а беа прилично изненадени кога видоа дека не е празен. Кога го извлекоа на брегот, веднаш сакаа да го отворат и да видат што има внатре.

Пронајдоа пластична кеса во која имаше пари, кредитни картички и предмети како џебен часовник, прстени и нараквици.

(Фото) Се сеќавате на малиот Мишо од “Жикина династија”? Сега има 45 години и заработува повеќе од сите актери

Михајло Јевтиќ го играше ликот на Мишо Павловиќ во култната серија “Жикина династија”, во делот “Каков дедо, таков внук”.

Михајло за време на снимањето имал само 5 години, а публиката беше воодушевена од сцените со неговиот дедо Жика, кој го играше актерот Драгоми Бојаниќ Гидра.

Иако по “Жикина династија” се појави уште во неколку серии и претстави, Михајло денес не е повеќе актер.

Тој има 45 години и се занимава со музика, дизајн и изработка на веб апликации и веб страници.

Како што пренесуваат во српските медиуми, тој е многу успешен во неговата работа и заработува повеќе од некои актери.

Чибишев: Ситуацијата е лоша, избори не смее да има

– Ситуација во државата почнува да се комплицира и политички и здравствено-епидемиолошки. Изборите кои требаше да се одржат на 12 април 2020 година се одложија заради кopoна kpизата и државата почна да функционира со техничката влада и во вондредна состојба која веќе по трет пат беше продолжена од Претседателот на државата, напиша на Фејсбук др. Андон Чибишев.

Во продолжение ви го пренесуваме целиот статус:

“Деновиве сме сведоци дека неодговорни и несериозни политичари бараат изборите да се одржат во јуни 2020 година односно за нешто повеќе од еден месец од денес. Со оглед на тоа дека во текот на последните неколку дена бројот на новозapaзени граѓани со Koвид 19 вирусот се зголемува, се зголемува и бројот на починати, а ние треба да мислиме и да се подготвуваме за избори.

Не ми е јасно како замислуваат да се спроведе предизборната кампања, контактите со гласачите, како да се пренесат пораките до електоратот а да не зборуваме за денот на изборите кога повеќе стотици гласачи ќе тргнат кон гласачките места каде повеќе од 12 часа треба се грижат за регуларноста на изборите голем број на членови на избирачки одбори и овластени набљудувачи на партиите кои ќе учествуваат на изборите.

Во последните неколку дена епидемиолошката состојба е крајно неповолна и наликува на онаа од пред еден месец. Наместо да се подобрува, таа има елементи на влошување. Затоа, барањето изборите да се одржат во јуни е обид да се наметне мислење дека во јуни Македонија треба да изведе организирано самоybиство, односно граѓаните да играт ,, pycки pyлет,, со најдрагоценото, со своето здравје.

Избори мора да има, мора да се изберат преставниците на народот и последователно на тоа да се формираат релавантни и легитимни институции кои во наредниот период ќе ја водат државата. Меѓутоа, мислам дека сега треба да се сконцентрираме на сузбивање на епидемијата на која за жал не и се гледа крајот, а за избори според мене треба да мислиме кон крајот на летото, некаде во првата половина на септември. Дотогаш да се потрудиме да ја стабилизираме епидемиолошката состојба, да им дадеме време на здравствените авторитети да го стават под контрола неконтролираното ширење на болеста.

Моето богато клиничко искуство ми дава за право да кажам дека според мене избори може да има најрано во септември 2020 година. СЕ друго ќе биде голема грешка која може да не воведе во ,, италијанско,, сценарио кое нашиот кревок здравствен систем нема да може да го издржи”.