дома блог страница 2601

(Фото) Дaли aвтoмобилoт изгpeбан од мaчки и вpeден 600 000 eвpa ce пojaви на Boднo?

Прво кренaa паниka, потоа гopдо се возат во него, блиндиpaниот „Мерцедес“, за кој СДСМ твpдеше дека е набавен на kpиминален начин, денес заедно со нивен висок фyнкционep беше на гости во Вила Водно? – прашуваат од “Курир”

Според фотографиите може да заклучиме дека се работи за понов модел на марката „Мерцедес“, а јавно прашуваме, дали автомобилот на овие фотографии е истиот за кој СДСМ и Заев тврдеа дека е стекнат на криминален начин и за кој ветија дека кога ќе дојдат на власт истиот ќе го продадат и со парите ќе набават амбулантни возила? – прашуваат од порталот.

Пандемиjaта не е изговор за да се одржува формата: Еве зошто Пулексенија Јованоска од Прилеп е спортист на Македонија (Видео)

Пулексенија Јованоска беше активна дури и во карантин. На социјалните мрежи можевме да забележиме дека дури и во домот таа работеше на одржување на формата, а активно работела и индивидувални тренинзи на отворено.

Пулексенија во својата спортска кариера има петто место на Европскиот шампионат во Монпеље во Франција 2016 година, петто место на Европскиот шампионат во Гвадалахара во Шпанија 2019 година, како и бронзен медал во 2014 година на К1 Светскиот Куп во Ласко, Словенија.

Во нејзината ветрина на спорски успеси има и бронзен медал од Европскиот шампионат во Лисабон во 2014 година и медал за балкански првак во 2013 година.

Пулексенија беше избрана за најдобар женски спортист на Македонија за 2019 година, како и најдобар женски спортист на Прилеп.

Новинар до Заев: “Во Северна не сум бил, во Македонија сум бил” (Видео)

Репликата на денот доаѓа од претседателската вила на Водно, за време на изјавата пред медиумите на претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

Погледнете:

(Видео) И по 27 години прави проблеми: “Се започна кога Ескобар донесе два нилски коњи во хациендата”

Нилските коњи кои во последниве години неконтролирано се размножија во Колумбија претставуваат голем проблем. Животинското царство кое некогаш му припаѓало на Пабло Ескобар веќе не може никој да го запре.

Во 1980 година Ескобар донел четири нилски коњи од Африка за својата приватна зоолошка градина која се наоѓала во хациендата “Наполес”, сместена меѓу Меделин и колумбиската претстолнина Богота. Тој поседувал и ноеви, жирафи, антилопи и слонови.

Три женки и еден мажјак живееле на големото езеро. Ескобар им дозволувал на луѓето да доаѓаат и да ги гледаат животните. По неговата ликвидациja во 1993 година хациендата пропаднала, животните пронашле нов дом, но никој не сакал да ги згрижи нилските коњи.

Четири децении покасно, тие се огромен проблем во Меделин.

(Видео) Милијардерот изгради вистинско чyдо: Ова е тунелот на иднината

Компанијата во сопственост на американскиот милијардер Илон Маск, “Боринг”, го заврши ископувањето за вториот од двата тунели наменети за подземен транзитен систем.

Минатата година компанијата постигна договор за градење на тунел долг 1.6 километри. Трошоците изнесуваат 52.5 милиони долари. Ова претставува прв чекор за “Боринг” во комерцијален транзит.

Проектот е службено наречен “Convention Center Loop”, а ќе се пренесуваат патници под центарот Конвенш во Лас Вега и тоа со електричните автомобили Тесла. Системот е дизајниран така што во еден час може да се транспортираат повеќе од 4.000 луѓе. Проширувањата би требало да го поврзуваат познатиот Стрип, Меѓународниот аеродром и стадионот Лас Вегас.

Сега кога два тунели се завршени, компанијата ќе ја започне работата на надземните станици за патниците, на двете страни од тунелот.

Две сестрички, две славејчиња: Илина и Јована имаат ангелски глас, пејат како едно и ќе ви го направат денот прекрасен (Видео)

Илина и Јована Николовски се две сестрички на возраст од 9 и 8 години. Илина е четврто одделение во ОУ “Невена Георгиева-Дуња” во Скопје, а Јована второ.

Потекнуваат од музичко семејство и од многу рана возраст покажуваат интерес кон музиката. Исто така се и ученички во нижото музичко училиште “Илија Николовски-Луј”, каде Илина е трeто, а Јована прво оддeление

Досега имаат снимено дванаесет свои детски песнички. Првиот настап им беше на детскиот фестивал “Чунга лунга” во Охрид, во рамките на “Охридски трубадури”-2016 година со песничката “Лето”.

Во 2017 година настапија на детскиот музички фестивал “Тра-ла-ла” во Битола со песничката “Јаболчиња”, каде добија и награда како најмлади учеснички.

На детскиот музички фестивал “Јојо” во Струмица ја испеаа песничката со наслов “Часовник”. Исто така имаат и 2 празнични песнички, каде се опеваат најголемите христијански празници Божиќ и Велигден, “Божиќна” и “Велигденска” песничка.

Во пресрет на новогодишните празници 2018 год. излезе песничката “Дедо Мраз” која има и англиска верзија “Santa Claus“ .

Ја пејат и химната на ООУ “Невена Георгиева- Дуња”. Во 2018 год. по втор пат земаа учество на детскиот фестивал “Тра-ла-ла” во Битола со песничката “Цреши на уши“.

Имаат и една преработка на песничката “Mary had a little lamb” (“Мери има јагненце“ на македонски јазик)

За песната “Љубов“во која ги придружува оперскиот пејач Кристијан Антовски го снимија и првиот видеозапис.

Единаесетта песничка носи наслов “Елко елкичке”, а најновата е со наслов “Остани дома”.

Автор на текстовите на песничките кои ги пејат Илина и Јована е нивната мајка Кристина, а додека музиката, аранжманот и продукцијата се дело на нивниот татко Сашо, кој подолго време се занимава со музика и компонирање. Покрај музиката Илина и Јована веќе четврта годинa посетуваат и часови по глума.

Една чаша вода и ова pacтение е гapaнт за добpo здpaвje: Пpoбajте ќе се изненадите

Окра или бамја е едногодишно тропско растение кое потекнува од Африка и припаѓа на семејството слезови. Се одликува со големи жолти цветови.

Во источната медицина со векови се користи во лекување на разни заболувања, како дигестивни проблеми и цревни потешкотии, а исто така го регулира и нивото на шеќер во крвта, го намалува холестеролот, ја подобрува цревната флора и ја поттикнува правилната работа на црниот дроб. Освен тоа, му дава сила на организмот.

Токму поради сите тие благодети, бамјата е позната и како “билка од Божјата градина”. Таа е богата со јаглехидрати, магнезиум, протеини, влакна, фолна киселина и витамините Б6, А и Ц.

100 грама бамја содржи само 36 калории. Нејзината берба започнува кон крајот на мај или почетокот на јуни и трае до крајот на септември, односно почетокот на октомври.

Во продолжение ви претставуваме рецепт за лековита вода со ова моќно растение:

Потребни состојки:

– 4-5 плодови бамја со средна големина

– 1 чаша вода

– сол и бибер (по желба)

Начин на припрема:

1. Добро измијте ја бамјата под млаз вода.

2. Исечете ги двата краеви на плодовите и пресечете ги на половина. Можете да ја пробушите со нож секоја од страните.

3. Вака исечени, ставете ги плодовите во чаша вода или сад со вода и оставете да отстојат 8 часа (најдобро преку ноќ). По желба, можете да ги чувате во водата и до 24 часа.

4. Наутро истискајте ги плодовите и исцедете го преостанатиот сок од нив во водата.

5. Отстранете ја бамјата од водата и по желба додадете сол и бибер.

ВМРО-ДПМНЕ бара избори на крајот на летото, тогаш е најбезбедно за граѓаните

Крајот на летото е периодот предложен од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на лидерската средба како најпогоден за оддржување за избори.

Од ВМРО-ДПМНЕ брифираат дека овој период е предложен како најмалку опaceн по здравјето на граѓаните и очекуваното стабилизирање на кopoна kpизата до тогаш.

Со овој датум се избегнува стравувањето од нов бран од кopoна бидејќи сите најави се дека тоа ќе се случи почетокот на зимата, или доцна есен што го потврдува и Светската Здравствена Организација.

Како што дознаваме, крајот на летото е период кога најголемиот дел од луѓето се во земјава со што е присутна и можноста за кредибилни избори со висока излезност. Воедно ќе се има и појасна слика за ризиците и состојбата со кopoната во државата, а ДИК ќе има време за организирање на изборен процес кој ќе обезбеди заштита на здравјето на граѓаните.

Со ова ВМРО-ДПМНЕ јасно става до знаење дека не бега од избори на кои е фаворит, но воедно се грижи за здравјето на граѓаните.

Од друга страна видливо е на моменти нервозното однесување на Заев и пресметката за брзи избори со дваесетина посто излезност и огромен број на жpтви во услови кога сеуште има двоцифрени бројки на ново зapaзени.

На албанските партии не им се брза на избори: “Датумот за избори мора да се определи со консензус”

Лидерите на албанските партии речиси едногласни во одлуката дека не треба се брза со изборите, односно дека треба да се послушаат здравстените експерти, а датумот да се определи со консензус на сите партии.

– Здравјето на граѓаните треба да биде на прво место. Мојот предлог е повторно да се сретнеме откако ќе заврши вонредната состојба. Јас го прашав и премиерот и претседателот дали се сугурни дека по 30 мај ќе прекине вонредната состојба, тие не ми одговорија.

ВМРО-ДПМНЕ не е едниствената партија која не го поддржа предлогот на Зоран Заев за брзи избори, изјави Зијади Села.
Села додаде дека треба да се послуша и Државната изборна комисија која соопшти дека ќе и бидат потребни повеќе од 20 дена по завршувањето на вонредната состојба за да ги спроведе изборите.

Речиси идентичен беше и ставот на лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Тој смета дека со оваа ситуација не смее да се политизира и партизира. ДУИ исто така стои на ставот дека се потребни избори, но во моментот кога ќе се создадат услови за тоа и кога здравјето на граѓаните нема да биде ризикувано.

Верно ли Ви е: “Македонија без кал”- Сугарески со нов проект?

До крајот на овој месец ќе се распише тендер за новиот инфраструктурен проект на Владата, “Македонија без кал”, најави министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.

– Станува збор за 15 до 20 општини, согласно оние најспремни проекти коишто се, а потоа за месец до два ќе се распишува и вториот и третиот тендер. Значи сите активности очекуваме да почнат од следниот месец, со распишување на првите тендери се со цел да по завршувањето на нив да отпочне со изградба на улици и патишта, рече Сугарески.

На прашањето за изградбата на брана на река Отиња, Сугарески истакна дека не сака никој да му ги вади изјавите од контекст, бидејќи никаде во последната изјава дадена во штипскиот регион не спомнал ревизија на проектот. Според него, станува збор за проект на Општина Штип, за кој пред да се достави барањето за добивање на градежната дозвола, треба да се комплетира и оваа документација.

– Моите очекувања се штом целосно биде доставена документацијата од општината, ќе биде разгледана дали е се во ред и потоа да се издаде одобрение за градба, а во Министерството за транспорт и врски се предвидени средства за изградба на браната на река Отиња. Не сакам да бидам ваден од контекст никаде, изјави Сугарески