Ангеловска не се откажува од ставот дека платите на администрацијата мора да се намалат

Министерката за финансии, Нина Ангеловска, при своето гостување на телевизија Телма јасно покажа дека не се откажува од идејата да се намалат платите на администрацијата.

-Јас останувам на ставот дека сите треба да сносиме дел од товарот. Останувам на ставот дека економијата треба да препознава продуктивност и работа, а работата треба да се цени и наградува. За жал нашиот систем на јавна администрација тоа не го прави, ете започна реформата во јавната администрација, се надевам дека тоа наскоро ќе биде овозможено бидејќи од една страна јас многу често пробувам да се ставам во позиција на луѓето 15 во кризниот штаб деноноќно работата додека гледаат дека 80 проценти, дел поради мерките на Владата, дел поради тоа што ротираат секој втор ден и не доаѓаат на работа, а сите добиваат иста плата, вели Ангеловска.

Претходно Ангеловска посочи дека администрацијата нема каде да ги потроши парите, тоа е едниот аспект поради кој треба да им се намали платата.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.