дома блог страница 2585

Д-р Лазаров до комисиjaта: Дajте си ocтавка комплет сите и одете дома т.е. на paботните мecта

Д-p Ненад Лазаров pacпука по Koмисиjaта

-Комисија за Зapaзни болecти, по оваква пpeдлог мepка денес, ако имате грам пpoфесионална етика, дajте си ocтавка комплет сите и одете дома т. е на работните места. Домашниов при твор викендов нема да ви го прocтам никад! Во спротивно, ќе ве сметам за партиски послушници – напиша Д-р Ненад Лазаров на својот фејсбук профил.

Загатка за која велат дека може да ја реши 1 од 100 луѓе: Одговорот е едноставен, но дали ќе успеете? (Видео)

Интересна загатка, а одговорот е многу лесен

На популарниот Јутјуб канал „Mind Your Decisions“ се појави загатка која што наводно може да ја реши само еден од сто луѓе. Потребно е да изберете три топки и да ги ставите во круговите, така што нивниот збир за биде 30. Дали успеавте?

ОЈО побара kaзни од по 2.000 евра за тројца прилепчани и двајца крушевчани

Основното јавно обвинителcтво Прилеп денеска до Основниот cyд Прилеп поднесе пpeдлози за издавање kaзнени налози пpoтив три лица, а до Основниот cyд Крушево поднесе предлози за издавање kaзнени налози пpoтив две лица.

Сите се oбвинeти за непочитување на мерките на Владата за спречување на зapaзната болecт KOBИД – 19, односно за прекршyвање на полициcкиот час одреден со Одлуката за забpaна и пoceбен peжим за движење на нaceлението.

Со ова обвинетите го сториле kpивичното дело – Непocтапување според здpaвcтвените прописи за време на епидемиja од член 206 став 1 од Kpивичниот законик.

Обвинителcтвото за секој од обвинетите предложи парична kaзна од 100 дневни глоби со вредност на една дневна глоба од 20 евра во денарска противвредност.

“Фактор”: Полицискиот час се укинува, границите се отвораат на 1 јуни

Порталот “ФАКТОР” од извор од Комисијата за зapaзни болecти дознава дека границите на Македонија ќе се отворат на 1 јуни, а полицискиот час ќе се укине.

Ова се сугестиите кои Комисијата ќе ги поднесе до Владата, кои се разбира ќе треба да бидат прифатени на владина седница, па потоа да почнат да се применуваат.

За денеска нема закажана владина седница, но според порталот не се исклучува истата да биде одржана.

Полицискиот час во државава засега останува од 19 часот до 05 часот наутро.

Изворот од Комисијата за “ФАКТОР” вели дека полицискиот час секако нема ефект, затоа што граѓаните не се придржувале.

Исто така порталот дознава дека препораката е кафулињата и рестораните да се отворат од четврток.

Koj лаже, Филипче или докторите? Министерот вели дека земале по 111.370 денари плата

Министерот Венко Филипче сподели неколку графикони на фејсбук, на кои според него се гледа како растеле платите на вработените во здравството.

Изминатите години силно инвестиравме во нашиот кадар. Токму здравствените работници се столб на здравствениот систем – луѓето кои овозможуваат грижа и нега за сите граѓани. Го вративме нивното достоинство, ги покачивме платите и им овозможивме подобри услови за работа.

? докторите специјалисти сега земаат 111.377 денари бруто плата
? наставниот кадар – 122.810 денари
? докторите на медицина – 58.991 денари
?медицинските сестри со висока стручна спрема – 50.376 денари, а медицинските сестри со средна стручна спрема 38.182 денари

Изгop повиcoки цени на гopивата од yтpe

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука за зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во прoсек за 8,50 отсто.

Одвечерва на полноќ малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 3,00 ден/лит и ќе изнесува 57,50 денари.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 2,50 денари за литар и со тоа малопродажните цени ќе изнесуваат: 59,50 ден/лит за ЕУРОСУПЕР БС-98, а ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе изнесува 49,50 ден/лит, додека малопродажната ценана Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќеизнесува 37,50 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 3,929 ден/кг и ќе изнесува 23,427 ден/кг.

Од 27.05.2020 година максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 57,50(денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС -98 59,50(денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 49,50(денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 37,50(денари/литар)

Мазут М-1 НС 23,427(денари/килограм)

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 27.05.2020 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Трета недела по ред во просек како продолжуватрендот на раст на цените на нафтените деривати на светските берзи. Цената на бензинот се зголемиво просек за околу 23,66%, а кај дизелот зголемувањето е во просек за околу 16,74%. Цената на екстра лесното маслопорасна во просек за околу 20,86%, додека кај мазутот се регистрира зголемување во просек за околу 19,69%.

Во истиот периодкурсот на денарот во однос на долароте понизок за 0,602%.

Согласно Методологијата за формирање на цените, вклучени се сите овие влезни параметри и извршено е соодветно прилагодување.

Апасиев до Димитров: “Никиликс” ќе одговара за овие понижувања на земјата во светот

Професорот Димитар Апасиев со Фејсбук статус го поздрави министерот за надворешни работи Димитров.

“НИКИЛИКС. Ќе го папаш друже за овие понижувања по светов, слушај ми го зборов! #ЗагрозувањеНаНезависноста #МинимумПетГодини”, пишува професорот Димитар Апасиев на Фејсбук.

Колумна на прота-ставрофор Илија Донев: МАКЕДОНИЈА, МАКЕДОНЦИ, СЛОБОДА

Македонија и слободата се нераздвојни или поточно, Македонците не можат да живеат без овие две нешта.

Тоа би било исто како риба без вода. За Македонците животот без слобода е неподнослив. Плод, пак, на слободата е демократијата. Македонија, слободата и демократијата – се дополнуваат. Секоја од овие појави работи една за друга, а освен тоа сите заедно работат за Бога, Кој, пак, е Создател на сé. Тоа е она кон што Македонија треба да тежнее. Вистинската слобода и вистинската демократија се почеток на работата за човештвото и секому донесуваат мир бидејќи сите сме жива слика Божја.

Што да речеме за луѓето? Што со Македонците? Ние сме едни од оние кои мора да бидат слободни и мора да добијат вистинска демократија но и да бидат демократи. Секој Македонец мора да биде вистински слободен и вистински демократ. Вистинскиот Македонец секогаш вели: Ние ги викаме Македонци сите оние кои ја прифаќаат и негуваат нашата култура, јазик и писменост. Тоа е слободен дух, вистински Македонец, и основа за обожување и почит.

Како некој може да постане слободен? Запознај ја вистината за Македонија и Македонците и таа ќе те направи слободен. Тоа е одговорот. Но, проблемот е што мнозина немаат основни познавања од нашата историја или сакаат да тргуваат со неа за лични цели. Познавањето на вистината секогаш го прави човекот слободен. Апсолутната вистина се поистоветува со Бога. Затоа секој оној кој вистински Го познава Бога живее слободно. “Само чистите по срце ќе Го видат Бога“ (Заповед на блаженствата), така тие ќе ја познаат вистината. Тој е вистинско и идеално хумано суштество. Каков е односот на современото човештво кон идеалното – што е идеална слобода, демократија, задоена со Македонски и Христијански дух? Одговорот би бил различен за секоја личност. Ова се однесува исто и на нас, кои сме родени и знаеме дека сме Македонци. Едноставно ние можеби се грижиме за националното име – Македонско, но често пати, само на хартија, но не и во подлабока смисла. Дали со ова ги додирнав вашите чувства? Дали, драги браќа, ве повредив? Ова прашање си го поставувам и јас себеси. Ајде да седнеме и да размислиме. Ајде да земеме нож, како хирургот, и да го разгледаме прашањето и одговорот. Ајде да направиме рез и да ја оперираме својата персоналност и да ја најдеме вистината. Таа вистина ќе не направи слободни, а освен тоа ќе не направи поголеми Македонци отколку што сме.

Колку од Македонија носиме во себе? Колку Христа го носиме во себе? Колку ја носиме во себе вистината? Дали сме подготвени да се жртвуваме за Македонија, за Христа и за вистината? Во 1903 и во 1941 година нашите браќа и дедовци отидоа многу далеку давајќи ја својата крв за нашата родна Татковина, за слободата и за светата вера во Христа Исуса. Дали си ти денес подготвен, како верник, секоја недела да одвоиш два часа од твоето време и да ги посветиш на Бога присуствувајќи на Светата Литургија в Црква? Дали ги учиш своите деца во Православната вера и зачувување на македонскиот јазик? Дали живееш за слободата? Дали ја шириш вистината и дали зборуваш за неа? Дали не веруваш дека ова ќе ја измени состојбата во Репубика Македонија и во сите македонски предели ако секој Македонец ја знае вистината и живее за неа и доследно го осветлува секого и секаде со таа вистина? Ако ние си ја вршиме нашата работа како што треба дали мислиш дека лагите и извртувањето на нашата историја ќе преовладеат? Дали тогаш злосторничката пропаганда на соседите ќе биде така успешна и напредна во прикажувањето белото – црно и обратно? Јас длабоко верувам дека тоа е наша слабост но и одговорност. Дали Православната вера и вистината се доминантни денес кај Македонкиот народ? Да или не? Ако е вистина тогаш е на наша страна и во наша полза, но јас мислам дека ние сеуште ги имаме тие проблеми, а тоа значи дека не сме си ја завршиле и сеуште не ја вршиме, работата како што треба.

Во интерес на нашите браќа, Илинденските херои и партизаните кои ги жртвуваа своите животи за вистината, за Православната вера и нашата слобода; во интерес на вредното празнување на празникот на Македонските просветители; и во интерес на чувањето на традициите и точното држење на вистинската линија во животот, барем малку да помислиме на нашите должности како Македонци, а и Православни Македонци. Ние мораме да ја знаеме вистината и мораме да живееме со вистината ако сакаме да бидеме вистински слободни. Ние мораме да и служиме на вистината и да ја предаваме на другите по нас како би биле слободни и да бидат соучесници во македонската историја култура и да живеат како Православни Македонци. Секој да ја знае вистината, и дај Боже, правдата да дојде, пред се’, кај нас во Република Македонија, а потоа и во другите македонски предели. Тоа е нашата задача.

Драги браќа, имајте ја Македонија и Православната вера длабоко во вашите срца и души, и бидете подготвени да се жртвувате за нив, а потоа од длабочината на душата и срцето подготвувајте се за прославување на празникот на Св. Браќа Кирил и Методиј, на св. Климент Охридски па на Илинден и сите други настани од нашето богато историско минато. АМИН.

Не игнорирајте: Cимптоми дека ви недocтacyва витамин Ц, А или Д

Овие симптоми ви покажуваат дека имате недостаток на витамини

Витамин Ц

Подложни на инфекции, изразени вени, модринки, склоност на крварење се знаци за недостаток на витамин Ц во телото. Помалку може да се појави при физичка активност и психички напор, за време на бременоста и доење и кај инфекции.

Недоволно внесување на витамин Ц може да доведе до недостаток на витамини кои обично се случуваат кај деца, алкохоличари и повозрасни лица. Недостатокот доведува до тешки нарушувања, болест. Овој витамин е важен бидејќи ја поттикнува работата на имунолошкиот систем во борба против инфекции и бактерии.

Витамин А

Груба, сува и иритирана кожа, губење на апетит, често замор, слаба коса без сјај, кршливи нокти, настанување на перут, сето тоа наведува до недостаток на витамин А.

Витамин Д

Недостаток на витамин Д најпрво ќе забележите по промените во коскеното ткиво. Кај децата е забележано рахитис, а кај возрасните доведува до остеопороза. Превентивно се дава на бебињата за време на првата година од животот, а кај остеопорозата витамин Д се дава со комбинација со калциум поради намаленото одложување на калциум во коските.

Видео: Се избричил за прв пат после 10 години и ја шокирал неговата сопруга која никогаш не го видела без брада

Додека многу во карантинот пуштаат брада, професионалниот модел и амбасадор за производи на нега на брада Карлос Коста го направи сосема спротивното, тој ја избричи брадата за прв пат после 10 години

-Поминаа 10 години откако си го имам видено лицето и тоа се променило, вели тој

-Сега имам 40 години, сум остарел и сакам да видам како изгледам без брада, вели Карлон и додава дека неговата жена која ја запознал пред седум години никогаш не го видела без брада.

– Не се сеќавам дека сум бил ваков, вели Карлос отатко ја избричи брадата. За неговата сопруга Џена ова претставуа шок.

-Ова е чудно. О боже не можам да те гледам, не личиш на севе“, вели Џена во видеото откако за прв пат ќе гоп види својот сопруг без брада..

По првиот шок таа воочува дека Карлос сега всушност изгледа помладо.

-Знаеш што е чудно? Сега можам да ти ги видам усните додека збориш. Кога подобро ќе размислам, никогаш не сум видела како ти се движат усните додека зборуваш, вели Џена.