дома блог страница 2586

(Видео) Нова снимка на Мајк Тајсон: Еве кога ќе биде објавен неговиот противник

Mајк Тајсон направи неверојатна трансформација на телото и е во одлична форма откако тренира со Витор Белфорд, пред неговото враќање во рингот.

“Челичниот Мајк” откри дека има намера да му се врати на боксот и да се натпреварува во неколку хуманитарни борби.

Тајсон продолжи да ги забавува фановите со фотографии и видеа на социјалните мрежи во изминативе неколку недели.

Tajсон направи неверојатна трансформација, но нема боксувано од неговата последна борба со Дени Вилијамс.

MMA легендата Тито Ортиз неодамна откри дека постои можност да се соочи со поранешниот шампион во тешка категорија. “Имав телефонски повик и некој започна да ме прашува дали сум заинтересиран за борба против Мајк Тајсон? Бев изненаден. Но ова е можност која ја сакам. Прифаќам”.

Мицкоски: Третиот пакет на мерки на Владата е магла, зборуваат за пари кои ги немаат и не можат да ги исплатат

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во своето интервју за телевизијата Клан Македонија, истакна дека третиот пакет мерки на Владата за помош на економијата не може да се испорача поради низа на причини. Она што е клучно според него е што во буџетот на Република Македонија нема доволно средства за исплата и помош на македонското стопанство. Покрај фактот што нема доволно средства тој потенцираше дека доколку се распишат избори, вонредните исплати ќе бидат незаконски.

-Еве да речеме дека на 30-ти мај завршува вонредната состојба и ние имаме избори во следните 60 дена, тоа значи околу 30 јули отприлика. Изборниот законик е јасен, ова се вонредни плаќања, члено 8А стапува на сила и тука никој нема дилема. Што значи дека секоја исплата вонредна која ќе се случи во рамките на тие 60 дена, пред денот на гласање, или во случајот распуштање на парламентот, што тогаш се бројат во нормални услови, сега ќе биде по завршување вонредната состојба. Самата уредба вели се суспендира членот 8А со завршување на вонредната состојба престануваат вонредените исплати. Не само што тие не можат ова да го испорачаат туку е и незаконски, вели Мицкоски.

Гарантирањето на долгот на приватните компании кон приватните банки, мерка која е дел од третиот пакет исто така е незаконска, додаде тој посочувајќи дека и самата министерка е свесна дека оваа мерка не е во согласност со законите.

-Ресорниот министер го добива ова прашање и го вели она ја што сега го велам „да свесна сум дека не може ова сега, но ќе направиме одредени закоснки измени“. Тие нудат нешто што не можат законски да го испорачаат, вели тој.

Македонијо, преубава Македонијо! Задолжително место за посета на пат за Охрид, прекрасниот храм Св. Козма и Дамјан (Фото галерија)

Црква „Св. Кузман и Дамјан“ над населеното место Опеница кај Охрид

Опеница е село во Општина Охрид кое се наоѓа пред селото Косел од левата страна на патот Ресен-Охрид.

Селото е ридско, на надморска височина од 770 метри, а од градот е оддалечено само 13 километри.

Во опеница има два свети храмови кои морате да ги посетите на патот кон Охрид.

Еден е прекрасниот црковен храм Св. Никола, а вториот кој се наоѓа над селото е црквата Св. Козма и Дамјан.

Камен темелник за храмот бил осветен на 25 октомври 2008 година, а иницијатор за изградбата бил свештеникот Димче Ѓорѓиески, парох варошки од Охрид, со потекло од селото. Градбата била поддржана и од другите селани.

Освен за изградбата на манастирот, протоерејот Димче е заслужен и за изградбата на новиот манастирски конак, за кои неуморно и целосно се вложил.

Храмот е завршен со изградба и осветен на 14.11.2015 година, на самиот ден кога се празнува празникот Св. Козма и Дамјан.

На 25.04.2014 година пак бил поставен камен темелник за преубавиот конак кој денеска го краси црковниот храм.

Во рамки на црковниот храм има и голема и средена трпезарија.

Место кое исполнува срце и душа, каде се ужива во мирот и спокојот, чистиот воздух, погледот…

Посетете ја Опеница и посетете ги двата свети храмови, нема да зажалите.

Црна Гора ги отвора границите на 1 јуни, но не и за Македонија: Нашата земја не ги исполнувала условите

Црна Гора од 1 јуни ќе ги отвори своите граници за граѓаните од Хрватска, Словенија, Австрија, Германија, Полска, Чешка, Унгарија, Албанија и Грција.

Премиерот Душко Марковиќ рече дека се отвараат граници за државите што ги исполнуваат критериумите на Институтот за јавно здравје во првите денови од јуни.

На прес-конференцијата во Подгорица, Марковиќ рече дека критериум би бил најмногу 25 заразени на 100.000 жители, пренесува РТ ЦГ.

Тој истакна дека Црна Гора ја доби битката со коронавирусот и стана првата „без круна“ земја во Европа.

Извор: “Експрес.мк”

Бyгapинот го издaдe Зaeв: Пocтигната е coглacност за Caмоил и за cвeтитe бpaќа Кирил и Методиj

Известувачот за Северна Македонија во Европскиот парламент г-дин Илхан Ќучук во „10 Минути“ на ТВ21 посочи дека постигнат е договор за светите браќа Кирил и Методиј и Самоил, и додаде дека грешка е што комисијата престанала со работа.

Тие разговори се тешки и ќе продолжат да бидат. Од една страна треба да бидат решение тешките историски проблеми кои се отворени, од друга страна треба да се гледа и за иднината. Мојот апел е следен. Да ги оставиме тие историчари во комисијата која не постигна малку во овој период, постигна согласност за Самоил, постигна согласност за светите браќа Кирил и Методиј. Според мене беше грешка поради предизборната ситуација во Северна Македонија комисијата да не функционира, да ја остави својата многу важна работа во втор план. По завршување на изборите двете комисии да седнат на едно место и да направат рамка за работа.

(Видео) Водителката ќе пропаднеше во земја од cpaм

Синоќешната емисија на српската телевизија РТС – “Ја волим Србију” долго ќе се памети, само поради еден одговор.

Имено, на еден од натпреварувачите му ја постави загатката “Во пета нишани, во нос гаѓа”, a тој ја замоли уште еднаш да го прочита прашањето. Откако не успеа да одговори, водителката мора ше да му го каже одговорот:

Чулев: Иџе е спортист кој го сака својот народ и својата држава (Фото)

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев го поддржа настанот на кој најдобриот македонски автомобилист возеше низ Скопје во чест на докторите и полицајците

„Медицинарите и полицијата се нашите херои“ оваа порака денес ја пренесе најдобриот македонски автомобилист Igor Idze Stefanovski. Преку промотивната трка насловена ,,ќе брмчи Иџе“ тој дава поддршка на медицинските лица, полицијата, армијата кои се на првата борбена линија во справувањето со коронавирусот.

Во изминатиот период полициските службеници покажаа високо ниво на професионалост, одговорност, но и подготвеност да се справат со сериозни предизвици. Министерството за внатрешни работи покажа високо ниво на организираност и е столбот кој ја обезбедува здравствената сигурност на граѓаните.

На барање на организаторите Министерството за внатрешни работи со своите ресурси даде поддршка на овој настан и со тоа уште еднаш искажуваме голема благодарноста за придонесот кон секој оној кој безпоштедно даваше се од себе во оваа борба.

На денешниот настан упатив благодарност до Иџе за овој гест кој е уште една потврда дека тој е спортист кој го сака својот народ и својата држава. Заеднички посакавме оваа состојба да заврши што поскоро и улиците повторно да бидат полни со луѓе – напиша Чулев на Фејсбук.

Секоја чест мајсторе! Иџе вози низ Скопје во чест на полициjaта и доктopите (Видео)

Најдобриот македонски автомобилист, Игор Стефановски-Иџе, во моментов со неговиот тркачки автомобил вози од населбата Лисиче до Карпош

“Ова се мигови кои би сакал никогаш да не се повторат. Улиците низ градовите на нашата држава, никогаш повторно да не бидат празни. Токму затоа, мудро да се вратиме во секојдневието. Нашите медицински лица, полицијата, армијата и сите наши сограѓани кои се НАШИТЕ ХЕРОИ ВО ОВОЈ ПЕРИОД, со свој придонес направија полека, но сигурно, да излеземе победници од оваа битка. Затоа во нивна чест, јас и мојот тим ќе им дадеме поддршка, но и почит како големо признание за нивната пожртвуваност”, напиша Иџе најавувајќи го настанот на својот Фејсбук профил.

Сцена која го разбecни Балканот: Kpaдец спречен во неговиот обид (Видео)

На социјалните мрежи се појави видео од главниот град на Србија, на кое се гледа како kpaдец се обиде да ограби една госпоѓа.

Имено, на видеото се гледа како kpaдецот полека се приближува до жената и се обидува да и го отвори ранецот.

Девојката која ја снимаше целата ситуација во тој момент викна и жената се заврти, а kpaдецот не успеа да ја оствари целта.

“Го следев овој крадец, бидејќи знаев дека приближува кон мојата торба. Чувајте си ги торбите”, напиша девојката на Фејсбук.

WOMEN IN TECH Македонија најавува 24 часовна онлајн конференција со над 150 светски познати говорници од 60 земји!

Women in Tech® глобалното движење најавува 24-часовна виртуелна конференција за сите заинтересирани во технологија овој Четврток, 28 мај 2020 година со почеток од 13 часот. Темата „Заземи простор“, има за цел да претстави глобално заземање на просторот што им е потребен на сите девојки и жени да напредуваат во нивниот професионален и приватен живот.

Конференцијата ќе започне во 13 часот попладне во Париз (CET) и ќе продолжи со непрекината програма 24 часа во живо од различни локации. Повеќе од 150 говорници од целиот свет, вклучително и нашата земја, Северна Македонија, Австралија, Канада, Чиле, Франција, Гана, Иран, Израел, Тајланд, Португалија, Холандија, Нов Зеланд, Норвешка, Перу, Обединетите Арапски Емирати, САД, Саудиска Арабија, Велика Британија, Косово, Јужна Африка, Шведска, Швајцарија, ќе презентираат успешни приказни, клучни теми, решенија, преку панел дискусии, презентации, интервјуа и работилници.

Ајуми Мур Аоки, основач на Women in Tech – глобално движење, вели: „Живееме во невидени времиња, каде нашиот физички простор е оспорен и ограничен, без оглед на полот, возраста или националноста. Затоа имаме за цел да охрабриме разговор со жените од целиот свет за тоа како човештвото може да заземе простор на земјата и пошироко, на поодржлив и инклузивен начин за нашата иднина“.

Ајде да зголемиме можности за жени и девојки во технологија!

Со 15.000 членови низ целиот свет, Women in Tech е меѓународна организација со двојна мисија: да се затвори родовиот јаз и да им се помогне на жените да прифатат технологија. Родовата еднаквост е во центарот на нашата мисија, при што имаме за цел да ги зајакнеме жените и девојчињата со овозможување на потребните вештини и самодоверба за да успеат во сите СТЕМ кариери. Преку нашата мисија предводена од целите, тесно поврзана со Одржливите нации на ООН Развојни цели, ние се фокусираме на спроведување на нашата стратегија преку напредок и фокус на четирите главни столба: Образование, претприемништво, социјално вклучување, наука и иновации.

Горди сме што оваа конференција е носител на врвни и светски инспиративни жени како Д-р Кристил Џонсон, заменик директор за технологија и истражувачки инвестиции во НАСА „Годард“ Центарот во Гринбелт, почесен претседател на Women in Tech, која ќе ја предводи Вселенската панел дискусија каде ќе се разговара за „Како можат вселенските технологии да го подобрат животот на Земјата“. Други панелисти се: д-р Холи Гилберт, директор на одделот за хелиофизика (НАСА Годард) и д-р Криста Питерс-Лидар, главен научник (НАСА Годард) и д-р Лори Глаз, директор на планетарна дивизија (НАСА, Вашингтон.)

Покрај странските познати говорници, од нашата земја, говорници, ментори и модератори ќе бидат локалните Амбасадори – Катерина Трајчевска која ќе оддржи работилница за претприемништво и започнување на свој бизнис, Моника Ризовска ќе води панел дискусија за млади претприемачи и лидери и министерката за финансии на Република Северна Македонија – Нина Ангеловска ќе збори на панел дискусијата со светски лидери министри за како може да се овозможат повеќе услови на сите девојки да го доразвијат својот потенцијал.

Во текот на оваа виртуаелна тура, Women in Tech глобалното движење ќе лансира и 7 нови поглавја на жени во технологија во: Ангола, Канада, Перу, Израел, Тајланд, САД и Јужна Африка. Присутните на конференцијата ќе имаат можност да слушнат светски лидери, модели на пример и жени во технологија што ќе го промовираат својот домен од индустрии од вештачка интелигенција до Blockchain, FemTech, климатски промени и HealthTech. 

Сите заинтересирани може да се регистрираат онлајн тука.

Повеќе за говорниците и менторите тука.

Повеќе за програмата и агандата тука.