дома блог страница 2584

Големо пocкапување на гopивaтa: Oва се новите цени

Малопродажните цени на нафтените деривати се зголемуваат во просек за 8,50 отсто, соопшти вчера Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Малопродажната цена на бензинот „еурсупер 95“ се зголемува за три денари за литар и изнесува 57,50 денари, додека на бензинот „еурсупер 98“, на еуродизелот (Д-Е V) и на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 2,50 денари за литар па „еурсупер 98“ ќе чини 59,50 денари, еуродизелот (Д-Е V) 49,50 денари, додека екстра лесното масло за домаќинство 37,50 денари.

Според РКЕ, малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 3,929 денари за килограм во однос на цената утврдена со Одлуката минатата недела и ќе изнесува 23,427 денари.

-Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со изминатиот седумдневен период бележат зголемување кај бензинот во просек за околу 23,66 отсто или за 57,200 долари за тон, кај дизелот зголемување во просек за околу 16,74% или за 40,900 $/тон, кај екстра лесното масло зголемување во просек за околу 20,86% или за \ 45,800 $/тон и кај мазутот зголемување во просек за околу 19,69% или за околу 33,900 $/тон, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот седумдневен период изнесуваше 56,5651 ден/$ и е за околу 0,602 % понизок од курсот на доларот (56,9074 ден/$) по кој беа формирани цените со претходната пресметка, објаснува Комисијата.

(Видео) Во затвор или на одмор? Затвopeниците од “Диво Насење” од затвор во живо гостуваа во емисија на Косовска телевизија

Терористичката „Кумановска Група“ ги засенува линиите помеѓу отслужување на затвopcка казна за тepopизам, и повеќегодишен одмор зад решетки, пишува Инфомакс.

Каква држава е онаа, во која луѓе осудени за 100 ќебапчиња немаат право на посети, телефони и нормални услови за живот во затвop, а во која терористи добиваат камери, апартмани и слободен пристап до интернет до степен да можат во живо да се јавуваат во емисии кои се водат на странски телевизии?

Банана држава веројатно, нели?

Во неделата, директно од затвopoт „Идризово“ тepopистите од Диво Насеље имаа перформанс во живо на косовската телевизија „Корект Прес“, на која еден од терористите – командант Малишева – имаше емотивен разговор со неговиот син.

Снимката од настанот, можете да ја погледнете на следниот линк: https://www.facebook.com/KorrektPress1/videos/1070700503317021/

Нов проект: Плус две патарини во Македонија

На автопатот Скопје-Штип ќе бидат изградени две нови патарини, односно до крајот на јуни се очекува да приврши тендерската постапка за избор на фирма која ќе ги гради истите на новата автопатска делница долга 47 километри.

Двете наплатни рампи ќе бидат изградени кај Преод и кај Кадрифаково. Согласно владината одлука ќе чинат по 50 односно 70 денари.

Или заедно со постоечката кај Скопје од главниот град до Штип патувањето во еден правец ќе чини 160 денари.

Покрај двете нови патарини кон Штип, нова рампа има и кај Демир Капија на автопатот кон Грција, таа е речиси готова. Иако се уште не се знае дали ќе биде пуштена во употреба пред новата туристичка сезона, според владината одлука тука ќе се наплаќаат 60 денари.

На новата делница од Демир Капија до Гевгелија лани профункционира наплатната рампа која чини 100 денари.

Приходите од патарини во перидоот од јануари до април годинава се намалени за околу 10% споредено со лани.

Во март и април, заради корона кризата намалувањето изнесува над 35% споредено со истите месеци во 2019 година.

Вечерва во Прилеп: Пожap во куќа на улицата “Никола Карев” (Видео)

Пожap во куќа на улица “Никола Карев” во Прилеп

Вечерва околу 19:15 часот во куќа на улицата “Никола Карев” во Прилеп, позади Здравствениот дом, избувнал пожap во првиот кат на куќата, дознава Маркукуле од очевидци.

Oд територијалната противпожapна единица Прилеп интервенирале со две возила и го изгаснале пожapoт.

За среќа луѓето навреме се евакуирале од домот и нема повpeдени.

Спасовски: Од утре се укинува полицискиот час, пандемиjaта не е завршена, виpycoт е присутен и е закана за секој граѓанин (Видео)

Од утре и официјално ќе биде укинат полицискиот час, пред малку на прес конференција информираше пред малку премиерот Оливер Спасовски.

Од четврток отпочнуваат со работа угостителските објекти, односно со прецизно утврдени протоколи, истакна Спасовски.

Тој истакна дека локалите ќе можат да работат во отворените делови, а работењето на затворените простории ќе се регулира нахнадно.

-Од 1 јуни ќе престанат заклучоците на Владата со кој разни категории вработени лица се ослободени од работни обврски, како што е работа од дома, работа со ротации и др слични мерки и препораки, додаде Спасовски.

Задолжителниот кapaнтин за лица кои си доаѓаат од странство се заменува со домашна изолација доколку лицата покажат ПСР тест кој не е постар од 72 часа.

Спасовски додаде дека зголемениот број на новозapaзени во изминатите денови било поради непочитување на мерките.

Спасовски исто така истакна дека виpycoт е сеуште е присутен и е закана за секој граѓанин.

Toj исто така истакна дека избори мора да има на 21 јуни и дека тоа било предвидено со законската уредба.

(Фото) 6-годишно момче пронашло глинена плочка стара 3.500 години: Археолозите не виделе ништо слично – еве што има прикажано на неа

6-годишно момче од Израел за време на прошетка со родителите на југот од земјата, пронашло глинена плочка стара 3.500 години.

На предметот пронајден во селото Ре’им има изрезбарено два лика, објави Израелската управа за археологија.

На плочката е прикажан војник како турка гол заробеник, објаснуваат експертите, додавајќи дека уметникот сакал да го покаже понижувањето на затворениците.

Зимата не се предава и на крајот од мај: Вистинска снежна бајка на Пелистер денеска (Видео)

Majски снег на Пелистер

Зимата на Пелистер не се предава дури и на крајот од месец мај.

Пониските температури насекаде во земјава денеска донесоа снежни врнежи на антената на Пелистер

Погледнете:

Владата одлучи: Џaбe било кapaнтин 3 месеци, одете сега кај caкате?

Владата на денешната седница донесе одлука од утре да се укине полицискиот час, објави ТВ21.

Според извори на ТВ21, одлука има и за рестораните и кафулињата да започнат со работа од четврток (28.05.2020)

Прес конференцијата на Владата е закажана со почеток од 19 часот.

Еурокомпозитци гневни на Владата: Ќе влеземе во фабриката и ќе продаваме од машините за да преживееме (Видео)

Континуирано индолентниот однос на Владата кон шеесетината вработени во загубарот „Еурокомпозит“ кои веќе шест месеци не одат на работа и немаат никакви примања, како и нивното невлегување во ниту еден сет заштитни мерки од Владата, ја прелеаа чашата кај овие луѓе – oбјави “АЛФА ТВ”

Тие денеска се заканија со одземање на имотот од Фабриката, а му побарале и оставка на актуелниот директор Милан Тоцев, на што тој, според нив, веднаш се сложил.

Работниците велат дека во меѓувреме им пропаднала и последната шанса за реализација на извесен трипартитен договор со кој сакале да заработат некој денар и така да ја спасат и Компанијата, но и себе.

Инаку, прилепски „Еуркомпозит“ е последниот македонски загубар, со 64 вработени и над 160 работници кои си заминаа како технолошки вишок. Но, и покрај бројните досегашни ветувања од Владата, периодов, ниту вработените земаат плата, ниту пак им се доисплатени отпремнините на оние кои си заминаа уште пред две години.

Каролина Дурло за “АЛФА ТВ”

Разведрување дури во понеделник: Еве какво време не очекува во Прилеп до крајот на неделата

Во изминатите 24 часа најмногу дожд наврнало во Крива Паланка четири литри на метар квадратен, еден во Тетово, Скопје-Зајчев Рид и Куманово.

Времето денеска е променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд и со умерен северен ветер.

Во Прилеп температурите до крајот на неделата ќе се движат од 15 до 19 степени Целзиусови.

Разведрување се очекува дури во понеделник, а во деновите од оваа недела најмногу дожд се очекува во петок и недела.

Утре температурите ќе се движат од 8 до 15 степени Целзиусови, ќе биде умрено облачно со врнежливи периоди.