дома блог страница 2569

Извеcтyвање до вepниците од пapoxиското cвeштенство во Пpилеп

Известување до православните верници од Прилеп по повод Духовденската задушница

“Се известуваат православните верници од град Прилеп, дека по повод претстојните празници Задушница и Духовден, а поради забраната од страна на Владата за одење на гробишта, помените за починатите ќе се извршуваат во храмовите (Св. Благовештение, Св. Петка, Св. Кирил и Методиј-Параклис и Св. Преображение) ВО ТЕКОТ НА ЦЕЛИОТ ДЕН (петок, сабота и недела) почнувајќи од 7:00 – 15:00 часот (верниците ќе бидат услужени веднаш по доаѓањето во храмот во било кое време). Се замолуваат верниците да ги почитуват мерките за превенција и заштита пропишани од Владата на Р. Македонија”, стои во известувањето упатено од од парохиското свештенство при град Прилеп.

(Фото) Милошоски објави интересна фотографија од Дурловски и од Шекеринска

Дурловски во Битола, поклон пред споменикот на загинатите македонски бранители Благојче Силјанов, Влатко Миленкоски и Пеце Матичевски!

Фејсбук статус на Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ.

Peкopден бpoj на новозapaзени од Koвид-19 во Македониja

Во последново деноноќие регистрирани се 127 новозapaзени од Koвид-19, пренесува Алсат.

Ако бројката биде и официјално потврдена ова ќе биде најголем пик од почетокот на епидемиjaта во нашата земја. Досега највисокиот пик изнесуваше 107 заболени лица, регистрирани за 24 часа.

Инаку, во текот на изминатото деноноќие на 435 лица им се издадени решенија за изолација, а 75 лица потпишале изјави за самоизолација. Исто така, по однос на мерката за не носење лична заштита на лице регистрирани се 641 пpeкршоци.

Владика Петар за “Плусинфо”: Полицискиот час за Задушница е политичка одлука

„Станува збор за отворен, а не за затворен простор. Самите гробови се оддалечени повеќе од два метра еден од друг, па ако на поменот присуствуваат само најблиските членови на семејството на упокоениот, тогаш не би имало никаков проблем.

Мерките целосно би се почитувале и секој ќе биде принуден да носи заштитна маска на лицето. Исто така, поради ситуацијата, помените не би траеле повеќе од две-три минути.

Нема да има блиски контакти, а исто така нема да има ручеци по завршувањето на поменот“, истакна владиката Петар за „Плусинфо“ пред донесувањето на одлуката за полициски час викендов.

Целиот текст прочитајте го ТУКА

Владата синоќа ја прифати одлуката на Комисијата за зapaзни болecти и одреди полициски час за сите граѓани на Скопје, Куманово, Липково, Штип, Тетово, Боговиње, Теарце, Брвеница, Жилино и Јегуновце, од денеска со почеток од 21 часот до понеделник 5 наутро.

Во сите останати градови се забранува движење на граѓаните почнувајќи од четврток 21 часот до петок 5 часот наутро, соопшти министерот за здравство, а во продолжениот викенд полицискиот час ќе започнува од 16:00 часот до 5 часот наутро.

Оревите се најздравите јатки: Еве зошто треба секојдневно да ги конзумирате

Оревите се најздравите јатки. Богати се со многу драгоцени материи и антиоксиданси неопходни за основните функции на организмот како целина.

Јадете по 6-7 ореви на ден и збогувајте се со лошиот холестерол. Оревите содржат многу висока концентрација на полифеноли – антиоксиданси кои ја штитат компактноста на клетките и ткивата.

Освен тоа, оревите се богати и со растителни влакна, ненаситени масни киселини и уште многу други полезни елементи.

Заменете го чипсот и останатите грицки со ореви што ќе се одрази многу позитивно на вашето здравје и изгледот на кожата, а освен тоа енергијата од оревите полесно се троши и не се натрупува како масни резерви, за разлика од грицките.

УЖ заврши две тури со велосипед во еден ден. Атмосферата одлична

Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ го одбележа Светскиот ден на велосипедизмот.

-Денес е Светскиот ден на велосипедизмот. По тој повод првата утринска тура на УЖ ОК Прилеп, од Прилеп – С.Коњари помина во прекрасно расположение, напиша на Фејсбук претседателката на УЖ ОК Прилеп, Ирена Стерјовска.

– И попладневната рута на УЖ ОК Прилеп, на релација Прилеп – Лагово придонесе за позитивна енергија и ведрина која не задолжи за повторно дружење со велосипеди. Денешниот Светски ден на велосипедизмот дефинивно придонесе за менување на менталитетот во интерес на здравјето, животната средина како и добар избор за спортување и рекреација.

Владата ги затвори гpoбиштата! Седете дома и гледајте го Филипче

По денешниот прелог кој го донесе Комисијата за зapaзни болecти на денешниот состанок, Владата донесе одлука за воведување полициски час од утре (4 јуни) во 21 часот до понеделник (8 јуни) до 5 часот наутро во Скопје – сите скопски општини, во Општина Куманово, Општина Липково, Општина Штип, Општина Тетово, како и во Боговиње, Брвеница, Теарце, Желино и Јегуновце. Во сите останати градови полицискиот час да трае од утре (4 јуни) во 21 часот до задутре (5 јуни) до 5 часот наутро, додека во останатите денови да почнува од 16 часот и да трае до следниот ден до 5 часот наутро.

Предлог-мерките на Комисијата следат по зголемениот број новодијагностицирани случаи со Koвид-19 во земјава.

Покрај ова во наредните денови се забранува посета на гpoбишта, освен во случај на погpeб, истакна министерот Филипче.

На состанокот, што го свика министерот за здравство Венко Филипче присуствуваа членовите на Комисијата за зapaзни болecти, претставници на локални центри за јавно здравје и претставници на Министерството за внатрешни работи на кој се разговараше за понатамошното делување во насока на спречување на ширењето на зapaзата.

Дополнително на состанокот на претставниците на Министерството за внатрешни работи им беа укажани потешкотиите со кои се соочуваат екипите на терен во однос на пристап до луѓе за тестирање и пpeкршувања на мерката за самоизолација. Од службите на МВР беше побарана поголема ажурност, ефективно делување на терен, контрола и caнкционирање на пpeкршувањата на мерките, стои во соопштението.

“Збecна” фонтаната во центарот на Прилеп, исто како и сметките кои се за 60% повисоки? (Видео)

Фонтаните во Прилеп деновиве се предмет на препукување помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и директорот на ЈКП Водовод и канализација

Деновиве од опозициската ВМРО-ДПМНЕ излегоа со прес конференција дека ЈКП Водовод склучило договор во вредност од близу 1 милион денари за одржување на фонтаните, но истите не се во функција.

Директорот на претпријатието, Емил Јанески, три дена после прес конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ, излезе со реакција дека локалната власт во минатото плаќала повеќе за одржување на фонтаната пред Комерцијална банка.

Во меѓувреме најголемата фонтана во центарот на Прилеп беше ставена во функција, но денеска граѓаните беа сведоци дека истата е во дефект и исфрла вода наоколу.

Тие се нем сведок за времињата низ годините: Прилепските убавици од кои дел молат да им се врати стариот сјај (Фото галерија)

Прилеп е град со најмалку 1.000-годишна историја, барем така зборуваат најстарите пишани извори за историјата на градот под Марковите Кули.

Низ вековите тука се менувале власти, се менувале уредувања, градот минувал низ различни окупации, но и времиња на победа и издигнување.

Една прошетка низ Прилеп е доволна да се забележи дека тука низ годините имало различни култури. Дел од тие стилови на градба се резултат на надворешни влијанија, но постојат куќи и градби кои имаат сопствен македонски и прилепски белег.

Голем број од куќите кои се градени во минатиот век постојат и денеска, а дел од нив за жал се руинирани и оставени на забот на заборав на времето.

Сите овие куќи имаат посебна убавина, посебен раскош, сведочат за едно време и се посебни споменици на културата.

Во продолжение низ фотографии ќе ви претставиме неколку од така наречените прилепски убавици, од кои дел молат за реконструкција и враќање на нивниот поранешен сјај.

Куќата на Бектешовци

Куќата на Бектешовци, која е изградена во 1923 година и има културно и историско значење, беше целосно реставрирана во рамките на проектот на Министерството за култура за обнова и конзервација на повеќе фасади во значајни градски јадра во 2013 година.

Фасадата на грандиозниот објект сега е украсена како што била некогаш. На главниот влез се декорирани античките столбови и мермерните широки скали, а дворот е ограден со железна кована ограда, обработена од уметничките раце на прилепските ковачи. За реализацијата на проектот за обнова на фасадата, Министерството за култура издвои 3 милиони денари.

Куќата на Жеревци

Староградската куќа на прилепското семејство Жеревци, која е заштитена со закон и стара 120 години, комплетно беше реновирана во 2015 година. За обнова на куќата на Жеревци се издвоени 3,8 милиони денари. Куќата на Жеревци, според сегашниот сопственик Александар Жеревски е градена од неговиот дедо Даме во 1900 година.

Куќата од Башевци

Куќата на Башевци е една од многуте автентични градби која заслужува да биде реставрирана.

Куќата од Тоде и Марика, покрај Градската река

Катастарот во Прилеп

Куќата каде што во 1942 година, при посетата на Прилеп, отседнал Бугарскиот цар Борис III

Стара куќа во централното градско подрачје

7 дневна диета со јаболка која е хит за слабеење

Јаболковата диета ќе ви помогне да ги нормализирате и корегирате метаболните пореметувања и да ја намалите телесната тежина.

Пектините кои ги има во јаболкото абсорбираат во цревата различни токсини, тешки метали, радионуклиди и други опасни материи.

Диетата трае 7 дена и вклучува секојдневна консумација на 1 – 1,5 килограми јаболка распределени на 5 оброци, а на секој оброк се додава и чаша јогурт.

Докажано е ако редовно се консумираат јаболка значително намалува ризикот од појава на малигни карциноми во организмот. Јаболковиот екстракт активно го намалува растежот на раковите клетки.

Освен тоа јаболкото делува на метаболизмот на тој начин што го намалува усвојувањето и складирањето на маснотии во телото. Ако сакате да продолжите со слабеењето, тогаш додадете уште седум дена во кои вечерата и доручекот ќе ги замените со по едно јаболко и чаша јогурт.