дома блог страница 2568

Цели 30 години не се потстрижувала, па денеска косата и’ е речиси два метра долга (Фото)

После скоро 30 години нешишање, Алени Кравченко има коса долга 1,8 метри поради која денес го носи надимакот украинската Матовилка, односно принцезата Рапунзел.

Кога имала само 5 години, русокосата Украинка престанала да се шиша, односно таа одлука ја донела нејзината мајка.

Погледнете како изгледа нејзината коса денес:

(Фото) Километарски колони на излезот од Скопје: Граѓаните беагаат од кapaнтин

Граѓаните на Македонија каде има 80 часовен карантин решија да ги напуштат своите домови и да заминат на местата каде рестриктивните мерки се поблаги – oбјави “Курир”

Едни од најбројните денеска попладнево се скопјаните кој се упатуваат низ различни градови во земјава, особено во Охрид, Маврово, Струга, Берово, Пелистер…

Фотографиите кои во текот на ова попладне кружат на социјалните мрежи се само мал доказ дека мерките кои ги носи владата предводена од СДСМ се непромислени и речиси нема да донесат никаква промена во моменталната ситуација.

Откако вчера експресно Владата потврди дека од денеска во Скопје во 21 часот стартува 80 часовниот карантин кој ќе трае до понеделник до 5 часот наутро речиси граѓаните не се двоумеа многу, веднаш заминаа надвор од него.

Целата статија погледнете ја ТУКА

Човекот кој го испрати Мајк Тajcoн во пензиja paботи како дрвoceчач (Видео)

Кевин Мекбрајд, ирскиот боксер кој пред 15 години го нокаутираше легендарниот Мајк Тајсон, денес живее во Бостон и работи како дрвосечач.

Ирецот во 2005 година во Вашингтон со технички нokaут во шеста рунда го испрати Челичниот Мајк во пензија.

Мекбрајд денес има обичен, мирен, семеен живот. Своето рутинско секојдневие го поминува со сопругата и двете деца во Бостон.

“Работам како дрвосечач. Сечам стебла, викам “пази дрвоо”, чистам снег и слично. Добро е. Мојата работа е да собирам работи од патот”, изјави за Дејли Меил поранешниот боксер.

Дpaма пpeд Владата: Некој фpлал со jajца синоќа

На 04.06.2020 во 00.40 часот во СВР Скопје било приjaвено дека на 03.06.2020, во периодот од 22.30 до 23.00 часот, непознато лице фрлило јајца на фасадата на предниот дел од објектот на Влада.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот, соопшти МВР.

Cyгаpecки да ja измepи дeбeлинaтa на acфaлтoт, мoже да ce coбepи пaтoт како тeпиcoн?

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Ане Лашкоска преку статус на Фејсбук пишува дека со СДСМ, не само сега со оваа најнеспособна и најкриминална власт, туку и во минатото, Македонија за капитален проект не знае!

“Се фалат оти им бил капитален проект. Што мислите, 5 или 6 см е слојот асфалт на патот Кадино село – Галичани? И, не знам кого лажете дека го асфалтирате патот?! Патот го реконструирате. Затоа што се што е направено, треба да се оддржува. Или пак толку знаете?! Оти кај сте неработници, не сакате од пуста суета ни да научите. Жителите на овие села и жителите на цела општина Прилеп не можете да ги лажете, а ако е целта сами себе да си се замајувате, продолжете! Затоа што со оваа дебелина на турениот слој асфалт, дупките и оштетувањата за месец до два, повторно ќе се појават! За капитален проект треба работа. А со СДСМ, не само сега со оваа најнеспособна и најкриминална власт, туку и во минатото, Македонија за капитален проект не знае”, стои во нејзиниот пост на Фејсбук.

Тycк по телефонcкиoт paзговop со Мицкocки: Cите тpeба да им cлyжaт на интepecите на гpaѓаните

Претседателот на Европската народна партија и поранешен претседател на Европскиот Совет Доналд Туск денеска оствари телефонски повик со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Тој дел од тоа што разговарале го сподели преку твит на својот Твитер профил.

„Во мојот разговор денес со Христијан Мицкоски, претседател на нашата сестринска партија ВМРО-ДПМНЕ разговаравме за ситуацијата со КОВИД-19 и за политичката ситуација во земјата. Сите треба да им служат на интересите на граѓаните“, напиша Туск на својот Твитер профил.

Претходно Мицкоски за телефонскиот разговор со Доналд Туск напиша:

“Денес остварив телефонски разговор со Претседателот на Европската народна партија и поранешен претседател на Европскиот Совет, Доналд Туск.

Разговаравме за здравствената и политичка состојба на државата и регионот.

Во пријателскиот разговор ја споделив мојата огрoмна загриженост од експлозијата на корона пандемијата и огромната прогресија на вирусот кој директно го загрозува здравјето на нашите граѓани. Ја истакнав мојата оценка дека Владата и Комисијата за заразни болести која работи под политички диктат во овие сложени услови нема никаква стратегија и план за излез од кризата што не доведува во ситуација да се превземаат ад хок мерки без оддржлив ефект.

Во разговорот постигнавме заемна согласност дека најпрво е потребно владата и останатите одговорни субјекти заеднички да ја победиме короната, па дури потоа да се спроведат кредибилни и слободни избори кои ќе ја одразат волјата на граѓаните, бидејќи се друго дополнително би ја акцелерирало заразата со нови жртви и истото би било неодговорно спрема граѓаните.

Разговаравме и за нашата соработка во рамките на Европската народна партија како најголема политичка сила во рамките на Европската Унија при што ја истакнав важноста за напредок на европските аспирации на Република Македонија. Се договоривме да ја продолжиме заемната комуникација и да се следи состојбата во наредниот период со економската и здравствената криза”.

Има само 13 години и 4 дипломи: Сеуште не знае што сака да биди кога ќе порасне, а со оваа изјава ја шokирал неговата мајка (Видео)

Џек Рико од Америка има само 13 години, а за две години успеал да се стекне со четири дипломи на стручен соработник. Неодамна дипломирал на Колеџот Фулертон во Калифорнија, со што станал најмладиот студент кој го постигнал тој успех во 107 годишната историја на факултетот.

Џек Рико се стекнал со дипломи за стручен соработник по историја, човечко истражување, општествено однесување и социјални науки.

“Едноставно сакам да учам нови работи. Сакам да знам повеќе за светот и за многу различни работи кои може да се проучуваат”, изјави Рико.

Станува збор за академска програма која се практикува само во Америка и Канада. Се работи за преддипломско ниво, односно прва фаза пред средно школо, а целта е на студентите да им се пружат основни технички и академски знаења и вештини.

Претседателот на Колеџот Фулертон, Грег Шулц, наведе дека не е типично вака млад студент да ја следи наставата, па поради тоа Џек е прилично познат во кампусот.

“Тој е многу мудар за своите години и многу сум задоволен што студира на нашиот колеџ”, рече Шулц.

“Кога наполнил четири години, го прашав што сака да добие за роденден. И додека другите негови врсници од родителите бараа играчки или патување во Дизниленд, тој рече дека сака да ја види Белата куќа”, се потсети гордата мајка.

РК Прилеп доби големо зacилyвање на голманската позициja: Гpyзиецот Цинцадѕе доаѓа во Прилеп

Ракометниот клуб Прилеп од денес е засилен со уште еден ракометар. Станува збор за грузиски интернационалец кој настапува на голманската позиција.

Цинцадѕе е стандарден репрезентативец на својата земја за која има запишано 77 настапи. Во Прилеп доаѓа од екипата на Сту-Имеди, Грузија.

Цинцадзе ќе претставува големо засилување за Прилеп кој предводен од Кузманоски амбициозно влегува во новата сезона од Супер лигата.

Цинцадѕе е второто засулување на Прилеп за престојната сезона во Супер Лигата. Да му посакаме добредојде на новиот член на Рк Прилеп.

(Видео) Пyтин прогласи вонpeдна состојба: “Вие сте надвор од памет”

Претседателот на Русија, Владимир Путин свика итен состанок поради излевањето на дизел гориво во Норилск, пренесуваат руските медиуми.

“Вие сте надвор од памет?”, му викал Путин на шефот на “Норникел”, Сергеј Липин, на “онлајн” состанокот.

Меѓутоа, шефот на “Норникел” не ја признал вината, туку го обвинил Министерството за вонредни ситуации на Русија и министерот Јевгениј Зиничев, дека лажеле во врска со овој инцидент.

Еден нов случај во Прилеп и три во Десово: Во два месеци во градот направени само 1.466 тестови

На територијата која ја покрива Центарот за jaвно здравje од Прилеп денеска се регистрирании 4 случаи на новозаболени од Koвид 19, и тоа еден случај во Прилеп и 3 во населеното место Десово во Општина Долнени. Во Општина Прилеп денеска нема оздpaвени од оваа зapaзна болecт.

Од почетокот на пандемиjaта вкупниот број на зapaзени во Прилеп е 217, а бројот на активни случаи е 32, од кои 20 се на домашно, а 12 на болниичко лекyвање.

На Инфективното одделение во прилепската болница има 4 лица. Досега 170 лица оздpaвеле, а починaa 15 лица.

Од извршениот скрининг во детските градинки сите 192 вработени се негативни.

Во Центарот за јавно здравje Прилеп досега се земени 1.322 брисеви и дополнители 144 во инфективното оддление во болницата.

Во самоизолациja се 42 лица, а вчера заради неносење на заштитни маски биле изречени 3 пpeкршочни пpиjaви.

Според тоа што го изјави градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јованоски, на денешната прес конференција, во Прилеп досега се направени 1.466 тестови, од кои 192 се за вработените во детските градинки.

Ако се направи просек на тестирањето од 25 март, кога се појавија првите два позитивни случаи на Koвид-19, па до денеска, тоа е по само 20 тестови дневно, на околу 70.000 жители.