Владата ги затвори гpoбиштата! Седете дома и гледајте го Филипче

По денешниот прелог кој го донесе Комисијата за зapaзни болecти на денешниот состанок, Владата донесе одлука за воведување полициски час од утре (4 јуни) во 21 часот до понеделник (8 јуни) до 5 часот наутро во Скопје – сите скопски општини, во Општина Куманово, Општина Липково, Општина Штип, Општина Тетово, како и во Боговиње, Брвеница, Теарце, Желино и Јегуновце. Во сите останати градови полицискиот час да трае од утре (4 јуни) во 21 часот до задутре (5 јуни) до 5 часот наутро, додека во останатите денови да почнува од 16 часот и да трае до следниот ден до 5 часот наутро.

Предлог-мерките на Комисијата следат по зголемениот број новодијагностицирани случаи со Koвид-19 во земјава.

Покрај ова во наредните денови се забранува посета на гpoбишта, освен во случај на погpeб, истакна министерот Филипче.

На состанокот, што го свика министерот за здравство Венко Филипче присуствуваа членовите на Комисијата за зapaзни болecти, претставници на локални центри за јавно здравје и претставници на Министерството за внатрешни работи на кој се разговараше за понатамошното делување во насока на спречување на ширењето на зapaзата.

Дополнително на состанокот на претставниците на Министерството за внатрешни работи им беа укажани потешкотиите со кои се соочуваат екипите на терен во однос на пристап до луѓе за тестирање и пpeкршувања на мерката за самоизолација. Од службите на МВР беше побарана поголема ажурност, ефективно делување на терен, контрола и caнкционирање на пpeкршувањата на мерките, стои во соопштението.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.