Владика Петар за “Плусинфо”: Полицискиот час за Задушница е политичка одлука

„Станува збор за отворен, а не за затворен простор. Самите гробови се оддалечени повеќе од два метра еден од друг, па ако на поменот присуствуваат само најблиските членови на семејството на упокоениот, тогаш не би имало никаков проблем.

Мерките целосно би се почитувале и секој ќе биде принуден да носи заштитна маска на лицето. Исто така, поради ситуацијата, помените не би траеле повеќе од две-три минути.

Нема да има блиски контакти, а исто така нема да има ручеци по завршувањето на поменот“, истакна владиката Петар за „Плусинфо“ пред донесувањето на одлуката за полициски час викендов.

Целиот текст прочитајте го ТУКА

Владата синоќа ја прифати одлуката на Комисијата за зapaзни болecти и одреди полициски час за сите граѓани на Скопје, Куманово, Липково, Штип, Тетово, Боговиње, Теарце, Брвеница, Жилино и Јегуновце, од денеска со почеток од 21 часот до понеделник 5 наутро.

Во сите останати градови се забранува движење на граѓаните почнувајќи од четврток 21 часот до петок 5 часот наутро, соопшти министерот за здравство, а во продолжениот викенд полицискиот час ќе започнува од 16:00 часот до 5 часот наутро.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.