дома блог страница 2543

Нов светски тренд: Торти за прослава на развод (Фото галерија)

Во случај да не сте слушнале или наишле на новиот тренд на социјалните мрежи – овие денови се слават и разводите.

Реално, зошто уживањето во тортите да биде ограничено на вообичаените свечени настани? Разводот за многу луѓе е добар чекор напред, кон поинаков живот. Па, зошто тогаш да не се прослави почетокот на новото поглавје?

Сега кога знаете дека тортите за разводи се вистинска работа, време е и да фрлите поглед колку луѓето биле креативни и колку, всушност, сакале да го обележат овој стресен настан, па сепак, да го претворат во нешто позитивно.

Можеби делува смешно, но доколку вие поминувате ни развод, или некој ваш близок, обележувањето на овој настан може да ви донесе се што ви е потребно: неопходен заклучок, растоварување, момент кога ќе исфрлите сѐ од себе, радување за новата фаза во животот, наздравување и за лошите и за убавите работи што ги оставате зад себе… а, сето тоа со омилениот десерт.

Затоа, погледнете ги овие неверојатни торти за развод, кои ако ништо друго, барем ќе ве насмеат.

(Фото) Oва cлaткo девojче денecка е бaлкaнcкa sвeздa: Пoглeднeтe за кoja мaкeдoнcка пejaчка cтанyва збop

Изминатиот период во време на кapaнтин и полициcки час, на социјалните мрежи имавме можност да видиме многу ретро фотографии на познати личности, од нив, нивните најблиски, или еден времеплов низ годините со фотографии кои досега не сме имале можност да ги видиме.

Така и поп-дивата Калиопи објави фотографија од себеси кога била мала.

Многумина едвај ја препознаа, но сите ѝ напишаа само убави коментари под фотографијата.

(Видео) Користејќи стапови и кал направија базен сред џунгла

Џунглата е навистина прекрасно место за оние кои се навикнале да живеат во неа. Преживувањето воопшто не изгледа тешко, кога се гледа од страна. Имено, овие момчиња со помош на стапови и кал направија куќарка со базен за целосно уживање.

И тоа не е прв пат. Овие момци прават чуда во џунглата, како базени, подземни соби, поземни базени само со користење на растенија и кал.

Нивните видеа станаа вирални, а луѓето не можат да престанат да се воодушевуваат на нивната работа:

Зa бaкнеж kaзнa од 400 евpa, ќе се казнуваат и мајките кои ги гушкаат децата: Ова се мерките кои ги измачyвaaт Италијанците (Фото)

Дали во Италија можете да бидете kaзнети поради бакнеж на јавно место или затоа што мајката го прегрнала своето дете? Или затоа што ви се скинал ластикот на маската, па ви испаднала баш во тој момент кога пред вас поминува полиција? Одговорот е да. И тоа е пocледица на апcypдните мерки за социјална дистанца кои и понатаму се применуваат.

Маските се задолжителни во Ломбардија. Така ќе биде до 30 јуни. Во автомобилите може да се возите само со еден член од семејството, а доколку тоа не е член на семејството, тогаш тоа лице мора да седи на задното седиште со маска.

Не се дозволени гушкања или бакнежи на јавно место со луѓе кои не се членови на вашето семјство, а растојанието од еден метар е задолжително.

Голем број на правила кои ги збунуваат луѓето, особено поради тоа што Италија има 21 регион и секој донесува самостојни одлуки.

Денеска поднесена кpивична за втop диpeктор од СДСМ Прилеп: Го лажеле да вработува без согласност од Министерство? (Видео)

Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп денес ќе поднесе кривична пријава во Основното јавно обвинителство Прилеп, против Орце Тодоровски, директор на Јавната општинска установа за деца Детска градинка „Наша иднина“-Прилеп, ова денеска преку изјава за медиумите го истакнаа Влатко Петкоски, портпарол на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

“Имено, Орце Тодоровски, како одговорно лице кое раководи со институција со помалку од 300 вработени во ЈОУДГ „Наша иднина“- Прилеп, без обезбедена согласност од Министерство за финансии, ангажирал повеќе од 3 лица за вршење на интелектуална работа и склучил договори за дело како и анекси за нивно продолжување на 40-тина лица, со што постои основано сомнение дека истиот постапил спротивно на Законот за трансформација во редовен работен однос во кој закон се предвидени и казнени одредби. Наместо кадрите на СДС, да ги почитуваат преземените мерки и активности од владата во борба со коронавирусот, преку уредби со законска сила, одлуки и заклучоци кои важат за време на вонредната состојба, истите тие кадри побрзаа предизборно да ги задоволат апетитите на партиските војници, во период на епидемија, кога беше ставен клуч на градинките и беше прекинат воспитно-образовниот процес. Очигледно за директорот на ЈОУДГ „Наша иднина“ нема никакво влијание заклучокот од Владата со кој се забрануваат нови вработувања, нови ангажирања преку агенции за привремени вработување и нови договори на дело, освен за ангажирања на соодветен кадар во здравствениот сектор и во други сектори кои се во насока на справување со последиците од коронавирусот”, потенцираат од партијата.

Од таму додаваат дека очекуваме Основното јавно обвинителство во најбрз можен рок, да постапи согласно законските овластувања, како би ја утврдило фактичката состојба и би ги потврдило наводите од оваа поднесена пријава.

“Никој не е и не смее да биде над законот! Одговорност и правда ќе има! Ве уверуваме дека секој што се огрешил пред законот, ќе одговара. После големиот пораз на СДС на претстојните парламентарни избори, доаѓа обновата на Македонија!”, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ ОК Прилеп.

Прилепско, а светско: Првата песна на Филип Николоски е прекрасно музичко дело кое ќе допре до секој (Видео)

Слушнете ја првата песна на Филип Николоски од Прилеп, насловена како “Teбе те нема”

Ова е прва песна на Филип кој со музика се занимава од своја 7-годишна возраст, кога се запишал во основното музичко училиште на пијано.

“До песната дојде сосема спонтано, во разговор со Рубин Димкоски решивме да ја направиме. Во иднина секако планирам уште мои авторски песни, па и концерт здравје Боже”, вели Филип кој посебна благодарност истакнува до Гоце Илиески Балада и Рубин Димкоски.

Инаку текстот за песната и музиката се дело на Гоце Илиески Балада, аранжманот е на Рубин Димкоски, а видео спотот го снимија од “Фан продукција-Зоран Пилата”.

Уживајте во продолжение:

Тука биле засолнети вojcките на Антантата во Првата светска вojна: 200-годишна историја во пазувите на Баба Планина кај Битола (Фото галерија)

Падините на Баба Планина и битолскиот регион кријат еден куп убавини во себе. Недопрена, прекрасна природа, чист воздух, но и голем број знаменитости, манастири и историски места.

Едно такво вековно светилиште е манастирот „Св. Христофор“ или познат како Крстоарски манастир кој се наоѓа недалеку од селото Крстоар.

Селото Крстоар се наоѓа во подножјето на Баба Планина во Битолското Поле (Пелагонија), оддалечено 5,5 километри јужно од градот Битола.

Манастирот се наоѓа 1 км југозападно над селото Крстоар и околу 6 км од Битола. До манастирот може да се пристигне и од соседното село Буково од каде преку црквата „Воведение на Пресвета Богородица“, води пешачка патека.

Црквата во манастирот е подигната во 1837 година, а била обновена во 1926 година. Таа е еднокорабна градба, со петстрана апсида на исток и влезови во наосот од запад и север, а има и директен пристап во олтарниот простор од југоисток.

Сепак дел од историчарите сметаат дека ова светилиште датира од многу порано.

Над северниот влез е поставена мермерна плоча со кратка историја за храмот. На западниот влез е насликан медалјон со Св. Христофер кој го држи малиот Христос на рамо.

Претставува прилично голема еднокорабна градба, со петстрана апсида на исток и влезови кон наосот од западната и северната страна, а директно во олтарниот простор може да се влезе преку посебната врата на југоисточната страна.

Историјата на храмот е испишана на мермерната плоча на фасадата над северниот влез.

Во храмот нема сочувано ѕидно сликарство од изградбата на црквата. Оној живопис што може да се сретне во апсидата на црквата и на темето од сводот, насликано е за време на нејзината обнова во 1926 година.

Во Крстоарскиот манастир „Св. Христофор“, кој бил и сеуште е посакувана дестинација за излет во близина на Битола, за време на Првата светска војна била сместена војската на Антатата за што сведочат повеќе фотографии.

Посетете го ова живописно место и допрете дел од историјата.

Историски фотографии од присуство на сојузничките војски за време на Првата светска војна

Дали спиете боси или со чорапи? Тоа кажува многу за вашата личност

Освен поради физичките причини и топлината на телото, постојат и психички причини зошто некои луѓе спијат со чорапи, а некои не.

Психолозите тврдат дека тоа е така затоа што, телесната температура во текот на ноќта опаѓа, а најниска точка достигнува околу 4 часот наутро.

Постои теорија дека одредени луѓе никако не можат да заспијат, доколку имаат чорапи на нозете, бидејќи им станува премногу топло.

Мислењето на доктор Бранислава Чилиќ од Хрватска е дека, ладните нозе пред спиење се непријатно чуство и не допринесуваат до побрзо заспивање. Многу подобро би се чуствувале кога стапалата би ни биле доволно стоплени. Секое непријатно чуство, како студ, премногу топлина, чуство на загриженост и останатите емоционални пореметувања навечер, допринесуваат до потешко заспивање.

Разлика помеѓу луѓето кои спијат со чорапи и оние кои спијат без нив

Постои теорија дека разликата помеѓу овие два типа на луѓе, се наоѓа во психичкиот дел на личноста.

Луѓето кои спијат со чорапи го прават тоа затоа што им е навистина студено, иако во просторијата не е. Тоа може да биде поврзано со најразлични физички аспекти, како што е дебелината на кожата и бавниот метаболизам. Но, спиењето со чорапи е исто така и одраз на психата. Луѓето кои не можат да заспијат без чорапи, често имаат потреба да бидат заштитени, сакаат да одмараат на удобни места и често настојуваат да воспостават длабоки и интимни врски со луѓето.

Но, оние кои спијат без чорапи, психички гледано се многу независни и заштитнички настроени кон луѓето кои им значат. Нивниот личен простор им значи многу и ќе се дружат со останатите, само доколку се расположени за тоа, но не секогаш. Многу се чесни и искрени. Од физички аспект, ова значи дека имаат брз метаболизам, добра циркулација и дебела кожа.

(Фото) Пицата “Маргарита” слави 131. роденден: Еве како настанал познатиот наполитански специјалитет

Иако рецептот за пица која има исти состојки како и Маргаритата спомнува и еден кувар од 1866 година, еден друг настан- кој и ја донел славата, се зема како повод за нејзиното настанување.

На почетокот, тоа било слично на “погача со домати” која се продавала на улиците и плоштадите на Неапол и главно било храна за сиpoмашните. Во 1889 година куварот Рафаеле Еспозито од пицеријата “Бранди” добил повик да подготви пица во “Палацо Каподимонте”- летниковецот на кралското семејство.

Постојат две приказни зошто Рафаеле го добил повикот: првата е дека кралицата Маргарита сама побарала да проба од пицата која ја јаделе луѓето на плоштадите; а втората – дека пицата била направена поради доаѓањето на кралицата.

Рафаеле пицата ја направил во боите на италијанското знаме: црвено(домати), бело (моцарела) и зелено (босилек).

Од 2009 година рецептот и начинот на приготвување на пицата Маргарита е заштите од ЕУ со ознката “Specialità Tradizionali Garantite:.

(Видео) После езepaта во Гepманија и Франциja, Владата пpoмовира домашен тypизам со фотогpaфии од Индонезиja и Тajланд

Аздисаната и забегана Влада на СДСМ наместо домашен туризам, го рекламира Тајланд. Покрај Германија, Франција и Бали во Индонезија, сега и Тајланд се најде на нивната платена апликација за поддршка на домашниот туризам, истакна денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

Тој покажа фотографија од апликацијата каде рекламираат 6.000 денари за домашен туризам.

-Ова е оригиналната фотографијата од езерото Чо Лан во Националниот парк Као Сок во Тајланд. Е па почитувани за забеганото СДСМ дома си е дома ,секаде низ светот, само не во Македонија. Во својата намера за поткуп, со посебен владин документ за борба со короната, во четири очи дадени се 20 илјади евра за апликација, за рекламирање на предизборен поткуп на граѓани од по 6.000 денари, со фотографии од цел свет, а наводно за домашен туризам. Забеганата власт на СДСМ смета дека граѓани со примања под 15 илјади денари, сега ќе ги излаже дека ќе можат со 6,000 денари поткуп да одат во Германија, во Франција, на Бали или можеби во Тајланд. Места каде што само една ноќ, само едно спиење чини од сто до неколку илјади евра, вели Стоилковски.

Портпаролот на ВМРО-ДШМНЕ вели дека на лагите и лажните вести, на лагите и лажните ветувања на оваа забегана власт им нема крај.

-Прво како партија се фалеа со крадени фотографии, за наводни нивни проекти, сега делат пари од буџетот, во четири очи, за да со фотографии од странство го лажат народот со пари за летувања. А притоа за тоа ја задолжуваат државата и истовремено бараат пари, внимавајте солидарност од граѓаните. Лично министерката за финансии, во време кога смртоносната епидемија избега од контрола, десетици починаа, а има стотици, илјадници новозаболени има во само неколку дена. Вакво понижување од своја власт не заслужиле ниту Македонија, ниту граѓаните. Ќе ја поразиме короната и ќе го поразиме вториот вирус, Заев и СДСМ. Изборот е Обновата којашто ќе ја донесе ВМРО-ДПМНЕ или измама којашто веќе ја имаме од Заев и СДСМ. Македонија не заборава, народот ќе ја направи разликата, вели Стоилковски.