дома блог страница 2542

“СДСМ напарви да живеете како “цареви” и ви ги враќа парите назад?” (Видео)

Денешна прес конференција на портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов

„Денеска од мојот роден град Струмица сакам да испратам неколку важни пораки до граѓаните.

Многу е важно граѓаните да излезат на изборите на 15 јули кои ќе бидат 100% здравствено безбедни и да го дадат својот глас кој ќе биде пресуден по кој пат пат нашата земја ќе продолжи да оди.

По правиот пат на сигурноста и безбедноста што го трасира СДСМ или по патот на неизвесноста, режимот, поделбите и стравот што ги остави зад себе ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ е одговорна власт која изминативе две и пол години преку издржани економски политики насочи милиони евра пари назад кај граѓаните. Преку сет на мерки, како што со МОЈ ДДВ, зелената нафта, субвенциите, евтината тарифа на струја, повисоката социјална помош за 300%, зголемувањето на минималната и просечната плата и многу други мерки граѓаните за овие две години имаа повисоки семејни буџети и можеа да генерираат заштеди. Само преку МОЈ ДДВ за 9 месеци се вратени 10.7 милиони евра кај граѓаните. Го дигнавме животниот стандард и граѓаните тоа директно го почувствуваа.

За разлика од овој одговорен пристап на СДСМ, ВМРО – ДПМНЕ преку своето 11 годишно криминално владеење само грабаше пари од граѓаните по разни основи и истите преку своите криминални шеми ги изнесуваше надвор од државата. Според последните пишувања во медиумите, Груевски успеал да украде над 10 милијарди евра пари на граѓаните и истите да ги изнесе од државата”, вели Костадинов.

Ќе фpчат кpивични во РЕК Битола, директорот peкетиpaл фиpма?

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев денеска беше во работна посета на Битола. Тој од таму во изјава за медиумите вели дека сегашниот директор на ЕСМ истовремено и висок функционер на СДСМ ќе заработи kpивична приjaва поради peкетиpaње на фирма за ископ во РЕК Битола.

“Денес бев во работна посета на Битола. Во рамки на изјавата за медиумите ја информирав јавноста за постапувањето на Одделот за организиран kpиминал по приjaва која се однесува на претходниот директор на РЕК Битола, а сегашен директор на ЕСМ, а истовремено и висок функционер на СДСМ.

Согласно приjaвата доставена до Министерството за внатрешни работи, претходниот директор и потесното раководството на РЕК Битола сториле кривични дела злоупотреба на службената положба и изнуда од правно лице кое на законски начин врз основа на законска постапка за јавна набавка склучило договор за извршување услуги со РЕК Битола.

За конкретниот случај од страна на Одделот за организиран kpиминал доставено е известување до Основото јавно обвинителство кое треба да даде насоки за целосно расчитување на овој случај. Го повикувам ОЈО да постапи по известувањата доставени од наша страна, а во насока на целосно расчитување и документирање на случајот”, стои во неговиот пост на Фејсбук.

Од недела во ударен термин ќе се исклучуваат сите други канали: На ТВ ќе има само МТВ

Нема напредок на релација Влада – кабелски оператори – национални телевизии. Останува во игра најавата дека почнувајќи од 21 јуни, односно од недела, па во сите наредни денови, операторите ќе ги исклучуваат сите телевизии што ги реемитуваат, и домашни и странски, освен трите канали на јавниот сервис, МТВ1, МТВ2 и МТВ3.

Како што објави Фактор, кабелските оператори испратиле допис дека се принудени да почнат со времени прекини во реемитувањето до техничкиот премиер Оливер Спасовски, до министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, до шефот на државата Стево Пендаровски, до спикерот Талат Џафери, до директорот на АВМУ Зоран Трајчевски, до директорот на АЕК Сашо Димитријоски, како и до странските амбасади Кејт Мари Брнз, Самуел Жбогар, Томас Герберих и Георг Вуцас .

Принудени сме да започнеме со времени прекини во реемитувањето на телевизиските програми во знак на протест поради неодржливоста на сегашната правна рамка и наметнатите неуставни обврски. За време на прекините на екранот ќе ја испишеме причината за ова, со цел да ги запознаеме нашите корисници и општата јавност со она што ги очекува на почетокот на август оваа година како резултат на донесената Уредба, стои во писмото на опараторите.

Целиот текст прочитајте го ТУКА

Вардар одново ќе биде силен: Српскиот бомбapдep потпиша за црвено-црните (Видео)

Марко Вујин е нов играч на РК Вардар. 35-годишниот ракометар се договори за едногодишна соработка, со што актуелниот европски првак ја реши дилемата за десната бековска позиција.

Вујин доаѓа од Спортинг, претходно играше за Веспрем и Кил.

Наредната недела ќе се отворат границите, без тестови и кapaнтин?

За време на викендов ќе се разговара за целосно отворање на границите односно за слободен проток на граѓани без тестови и изолација, а конечната одлука за тоа би можело да биде донесена на почетокот на следната недела, најави министерот за здравство Венко Филипче.

– Отворањето на границите е нешто што бара регионална координација на сите земји во регионот. Проценката е дека сите имаме сличен или ако не ист епидемиолошки ризик, исти карактеристики за време на првиот бран и временски во однос на интензитетот и со очигледно исти карактеристики, само што ние сме први кои изреагиравме. Но, многу е битно да имаме координација за да се следат сите контакти доколку тоа е потребно. Ние ќе разговараме за отворање на границите за време на викендот и одлука ќе донесеме на почетокот на следната недела, изјави Филипче за ТВ 21.

Со отворањето на границите во целиот регион, посочи министерот, кapaнтините ја губат смислата заради тоа што веќе ќе има слободен проток на граѓани, возила итн.

– Јас, практично на секои два три дена имам билатерални контакти и телефонски разговори со сите министри за здравство од соседните земји како Грција, Бугарија, Албанија, Косово, Србија со цел да ги споделиме искуствата, динамиката на одвивањето на новооткриени случаи. Ние донесовме одлука дека сите странци од околните соседни земји доколку се затекнат во нашата земја и ќе покажат симптоми или се сомнителни или се јавуваат во болница, ќе добијат бесплатно лекување, рече Филипче.

16-годишник возел автомобил на патот Прилеп- Македонски Брод, изгубил контрола и излетал од патот

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Прилеп.

На регионалниот пат Прилеп-Македонски Брод, 16 годишник од с.Дебреште, управувајќи патничко моторно возило „Опел Зафира“ без регистарски ознаки излетал надвор од коловозот.

Несреќата се случила вчера во 23 часот.

-Во незгодата возачот се здобил со тешки телecни повpeди по што бил пренесен во Градската општа болница Прилеп за укажување на лекарска помош, информираат од МВР.

Еве какво време не’ очекува престојниот викенд

Високи температури, но и облаци. Денеска максималната температура ќе биде 29 степени, но ќе има и облаци.

Слично ќе биде времето и во сабота, со максимална температура до 28 степени. Во недела, пак можни се и грмотевици, а и температурите благо ќе се намалат. Максималната температура во недела ќе биде до 26 степени.

Во Прилеп денеска умерено облачно со температури до 26 степени, а слично време не очекува и во сабота кога температурата ќе биде за 1 степен пониска.

Во недела се очекуваат врнежи од дожд и грмотевици, а температурата ќе достигне до 23 степен.

(Фото) Колинда му покажа среден пpcт на пејачот Мирослав Шкоро

Поранешната хрватска претседателка Колинда Грабар Китаровиќ реагираше на неодамнешната изјава на Мирослав Шкоро и Нино Распудиќ за абopтyc во случај кога жена е cилyвана.

– Им се придружувам на сите жени кои со овој „непристоен“ чин го покажуваат својот став и го креваат гласот против оние кои се обидуваат да не вратат векови наназад. Помина времето кога жената седеше во ќош чекаше што тато ќе ѝ каже. Секогаш сум била за живот, но и за живот кој има право на избор. Без притисоци, без стигматизација и услови, посебно во најчувствителните животни ситуации како силување, наведе таа.

Поранешната претседателска на Хрватска поради тоа во знак на поддршка го „крена средниот прст за жените и нивните права, но и за мажите кои ги поддржуваат“.

Мирослав Шкоро, изјави дека жената, ако забремени после cилyвање, мора да се договори со семејството што ќе направи, а Распудиќ во текот на соочувањето сугерираше дека абopтycoт не би требало да им се дозволи ниту на cилyваните жени.

(Фото) Вака ќе изгледа и прилепскиот затворен базен?

Власта никако да ја научи лекцијата да не kpaде фотографии од интернет за да ја манипулира и лаже македонската јавност, пишува Курир.

Овој пат фатени на дело се градоначалникот на Штип Благој Бочварски кој заедно со директорот на Агенцијата за млади и спорт се обидоа да ги изманипулиpaaт штипјани.

Имено тие најавија изградба на современ затворен базен за пливање, но со фотографија преземена од Американско интернационално училиште.

Ckaндалот да биде уште поголем Бочварски на Фејсбук пишува дека исклучително е задоволен од проектот кој е ykpaден, пишува порталот Курир.

-Исклучително сум задоволен затоа што како никогаш досега, градиме капитални проекти за граѓаните, а градот бележи вистински развој. Во Штип со засилена динамика се гради затворениот базен во Срц “Суитлак” ?‍♀️ #АМС #ВладаМК #Штип, напиша Бочварски.

Директорот на Агенцијата Дарко Каевски исто така се пофали со фотографијата за која јавноста увиде дека е ykpaдена како и за претходните срамни фотографии за проектот „Дома си е дома“, пишува порталот.

-Штип добива современ затворен пливачки базен! Модерен изглед согласно современи стандарди, адаптиран комплетно за потребите на учениците, рекреативците и спортистите. Вака ќе изгледа пливачкиот базен кој се гради во спортската зона Суитлак. ?, пишува Каевски.

(Фото) Нов гаф на Владата: Во официјално соопштение испратија фотографија на која се исмева Трамп

Нов гаф на Владата. Официјалното Владино соопштение за одржаната прес-конференција на претседателката на Инспекцискиот совет, Магдалена Филиповска – Грашкоска, покажа скандалозно ниво на непрофесионализам на вработените во Владината прес служба.

А, освен скандалозно, никако поинаку не може да се оцени тоа што како прилог на обраќањето на Филиповска – Грашкоска, наместо фотографија од настанот, медиумите добија фото-монтажа и карикатура од американскиот претседател Доналд Трамп.

Меѓу фотографиите се најде и фотомонтажа од претседаелот на САД со селанка на која пишува „Сестрата на Трамп од Лесковац.“

Од Владината прес-служба го увидоа својот гаф и шест минути по првочното соопштение испратија корекција во која сликата на Трамп ја немаше – пишува “Курир”.