Прилепско, а светско: Првата песна на Филип Николоски е прекрасно музичко дело кое ќе допре до секој (Видео)

Слушнете ја првата песна на Филип Николоски од Прилеп, насловена како “Teбе те нема”

Ова е прва песна на Филип кој со музика се занимава од своја 7-годишна возраст, кога се запишал во основното музичко училиште на пијано.

“До песната дојде сосема спонтано, во разговор со Рубин Димкоски решивме да ја направиме. Во иднина секако планирам уште мои авторски песни, па и концерт здравје Боже”, вели Филип кој посебна благодарност истакнува до Гоце Илиески Балада и Рубин Димкоски.

Инаку текстот за песната и музиката се дело на Гоце Илиески Балада, аранжманот е на Рубин Димкоски, а видео спотот го снимија од “Фан продукција-Зоран Пилата”.

Уживајте во продолжение:




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.