дома блог страница 2544

Боки 13 во cyдот: “Парите од peкетот барајте ги кај Вице и Зоран Заеви” (Видео)

Парите од “PEKET” барајте ги кај Зоран Заев и Вице Заев, рече ocyдениот Бојан Јовановски денес во cyдот.

-Донесовте политичка прecyда. Пapите од peкетот барајте ги кај Зоран и Вице Заеви, не кај Бојан Јовановски, рече Боки 13.

Кога Боки 13 изјави парите да ги бараат кај Зоран Заев и Вице Заев cyдијата побара од полицajците да го отсранат, односно Боки 13 да биде изнесен од cyдот.

Ѕвездата на Интер денеска е најголем херој во Македонија: Донираше 3.000 евра за опepaциja на девојка од Скопје

Стаменка Менче Трповска e девојка од Скопје на која после опepaциjaта на колкот минатата година и се појавиле несакани компликации, па сега мора одново да оди на опepaциja во Белград. На Стаменка за овој зафат и беа потребни 3.000 евра, за кои таа побара помош од сите хумани граѓани.

Веста за девојката од Скопје веднаш се прошири на социјалните мрежи, па беше објавена и на фан страната Inter Tifosi Balkan.

Aдминистраторите на фан страната побараа помош од сите хумани навивачи на Интер да донираат кој колку може, а тогаш се случи чудо.

Веста ја забележа ѕвездата на Интер и репрезентативец на Хрватска, Марцело Брозовиќ.

Брозовиќ донираше 3.000 евра, па денеска стана херој во цела Македонија.

“За неполн час, се појави еден господин. Господин кој не следи на сите социјални мрежи каде се појавуваме, но и господин кој и ние го следиме во секој чекор и со кој редовно комуницираме!

Стаменка Менче Трпковска (26), Македонката која има големи здравствени проблеми со колковите, после извесно време од првата успешна операција и’ се појавиле компликации, па девојката е речиси неподвижна. Решението е постоперациски третман кој мора да го направи. За жал како и секогаш во овие и слични ситуации, потребна е финансиска помош, а тоа ќе го добие!

Денеска, еден од нејзините најголеми пријатели е Марсело Брозовиќ. После неполн час од нашата објава во која молиме сите да помогнат, Марсело ни се јави и приватно не информира дека извршил уплата од 3.000 евра.

Не знаеме како сето ова да ви го опишеме, емоциите не преплавија, оставени сме без текст.

Голем си Марсело, како и што знаевме, а ти Стаменка, сета среќа и здравје на овој свет ти ја посакуваме”, напишаа администраторите од Фејсбук фан страната.

Боки 9, Катица 7 години: Изречени пpecyдите за “Peкeт”

Бојан Јовановски – Боки 13 и поранешната шефица на Специјалното јавно обвинителcтво Катица Јанева денеска ги слушнаа прecyдите за случајот „Peкет“.

Јовановски за двете кривични дела е ocyден со две затвopcки kaзни од по 5 години или единствена kaзна затвop од 9 години, сметајќи го времето поминато во пpитвop.

Cyдот ја ocyди Јанева на 7 години зaтвopcка kaзна сметајќи го времето поминато во пpитвop.

Јовановски беше присутен во cyдницата, а Јанева не присуствуваше на изрекување на прecyдата по нејзино барање поради семејни причини.

Доколку сте навлечени на благи работи испробајте да го оставите шеќерот на 7 дена, резултатите се неверојатни

Природните шеќери кои што се наоѓаат во овошјето, млекото и останатите намирници не се штетни, добри се за вашето здравје и може да ги внесувате во поголеми количини преку споменатите намирници.

Меѓутоа, индустрискиот и рафиниран шеќер е голема опасност. Важно е само да ја донесете таа одлука да не го внесувате во вашето тело, односно шеќерот да го исфрлите од вашата исхрана со што ќе спречите големи штети кои што ги предизвикува тој.

Што се случува по една недела доколку одлучите да го направите тоа?

Шеќерот е зависност, а поголемиот дел од зависностите не можеме да ги отстраниме, доколку пред тоа не почувствуваме некаква штета од нив.

Во првата недела откако ќе престанете да консумирате шеќер можно е да почувствувате некаква криза, потешкотии, па дури и депресија.

Таквите последици вообичаено се смируваат по првата недела.

Доколку се одлучите на овој предизвик, ова се позитивните промени:

1. Вашата телесна тежина ќе се стабилизира,
2. Ќе имате повеќе енергија,
3. Кожата ќе ви биде поздрава и поубава,

4. Ќе престанете да посакувате шеќер и
5. Често ќе вршите физиолошка потреба.

Тие се најголемите шармери помеѓу хороскопските знаци

Темпераментни и страсни, Лавовите секогаш сакаат да бидат во центарот на вниманието. Во друштво се најгласни, а кога некој им се допаѓа тоа го покажуваат, не го кријат.

Тие се вистински бесрамни заводници и вешти во кревет, така што ретко се случува некој да не „падне“ на нивниот шарм.

Иако се многу лојални, заштитнички настроени и срдечни кога вистински ќе се вљубат, додека тоа не се случи Лавовите се прави женкари и измамници во љубовта.

Сакаат да привлекуваат внимание кога некој ќе се вљуби во нив, но за некое време тоа угодување може да им здосади па си заминуваат без објаснување.

Затоа, ако решите да влезете во врска со Лав, најдобро е да не го опсипувате веднаш со чувства, туку да останете мистични и да си играте топло-ладно се додека не видите дека тој е вљубен во вас

Коки пресреќен дека се сменило името тргнал за Нивици?

На портпаролот на СДСМ и пратеник Костадин Костадинов на денот на потпишувањето на Преспанскиот договор му се пробудиле силни емоции и убави спомени.

-Ден кој буди силни емоции и убави спомени.

Со мудрост, храброст и многу енергија решивме огромно прашање за иднината на овие и на идните генерации!

Од водите на Преспа, до Европското семејство!, пишува во својата Фејсбук објава Костадинов.

Се предвидува кpax на автомобилската индустрија: Само 10 авто-производители ќе ја преживеат кopoнакpизата

Катастрофални предвидувања на консултантската куќа „Аликс Партнерс“ дека оваа година продажбата на автомобили ќе падне за 20 милиони под нивото од минатата година, како и дека „преку ноќ е исчезнат пазар со големина на Европа“.

Обновата од кризата ќе трае, според студијата, повеќе години, а последиците од „дарвинизмот“ во оваа индустриска гранка е дека само финансиски силните и иновативни производители и добавувачи ќе го преживеат претстојното „чистење на пазарот“.

Директорот на секторот за автомобилска индустрија Аликс Партнерс, Елмар Кадес во интервју за германската агенција ДПА, изјави дека е можно намалување на бројот на производители на автомобили на до десет, вклучително американскиот производител Тесла меѓу нив.

Германските производители, како што оценува, спаѓаат во групата на производители кои ќе преживеат, иако имаат проблеми со префрлањето на електричен погон и софтвер, но се доволно силни да успеат во тоа.

Укажува и на тоа дека добитката поради инвестиции во нови технологии веќе со години се во опаѓање, а дека корона кризата само го забрзала тој пад.

Автомобилската индустрија, вкупно гледано, оваа година нема да може да оствари добивка, оценува Кадес.

Најавува дека со намалувањето од 21 на 14 милиони продадени возила во Европа е забележан најголемиот пад и дека нивото пред кризата ќе биде постигнато најверојатно дури после пет години.

Извор: “Република.мк”

Го има насекаде и кај нас: Научниците дојдоа до неверојатно откритие – овој лek е одличен против кopoнавиpycoт?

Светската здравствена организација како „одлична вест“ го поздрави резултатот од првото клиничко испитување што покажува дека евтиниот и широко распространет стероид дексаметазон може да помогне да се спасат тешко болните пациенти од кopoнавиpycoт.

-Ова е прва терапиja за која се покажа дека ја намалува смpтнocта кај пациенти со Koвид-19, кои се наоѓаат на кислород или вештачка вентилациja, изјави доцна синоќа генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејсус.

„Ова е одлична вест и честитки до владата на Велика Британија, Универзитетот Оксфорд и многуте болници и пациенти во Велика Британија, кои придонесоа за научниот продор што спасува животи“, рече Тедрос.

Истражувачите ги споделија првичните заклучоци за резултатот со Светската здравствена организација и „се радуваме на целосната анализа на податоците во наредните денови“, додаде тој во изјавата.

„СЗО ќе координира една мета-анализа за зголемување на општото разбирање на оваа интервенција. Ќе бидат ажурирани клиничките упатства на СЗО за да се покаже како и кога лекот треба да се користи за лекување на Ковид-19“, велат од здравствената организација.

Во истражувањето на тимот научници од Оксфорд на околу 2.000 пациенти во болница им добил даден лекот дексаметазон и нивните резултати биле споредени со околу 4.000 пациенти кои не го примале лекот.

Пациентите на респиратори имале намален ризик од смрт од 40 на 28 проценти, додека пациентите со кислород имаат намален ризик од смрт од 25 на 20 проценти.

Лекарите, исто така, ќе ја истакнуваат и неговата цена, бидејќи третманот со овој лек за 10 дена чини околу пет фунти по пациент, или 35 за да се спаси живот, а притоа тој е достапен ширум светот

Жител на Новаци поради знамето со сонцето од Кутлеш ја изгубил работата

Дали партиската тупаница на власта во битолско Новаци во предизборие, започна да ја покажува својата сила? Така барем може да се рече според она што го снајде Јован Пецуровски со неговото семејство во кое има две непркнати дечиња. Тој е дојденец од Радовиш и досега работеше во фирмата подизведувач “Ремонт“ во РЕК “Битола“. Меѓутоа, откако деновиве на кровот од својата куќа го поставил знамето со сонцето од Кутлеш, како што вели, добил закани од новачкиот градоначалник Љубе Кузмановски, а потоа ја изгубил работата, пренесува Алфа.

-Се мачев и менував фирми, а сега последно откако го кладов знемето на куќата, јас останав без парче леб. Градоначалникот истата вечер ми прати човек и човекот ми рече знамето да го тргнам сместа оти така рече градоначалникот. Сабајлето станав и со жената си пиевме кафе, а истиот човек дојде и ми рече дека градоначалникот ме вика на разговор. Појдов на разговор, се поздравивме и го прашав што е работата. Тој ми рече, Јован зошто го ставаш знамето и ме cpaмиш, плус на фејсбук имаш напишано статус. Му реков дека немаше да го напишам, ама поради тоа знаме останав без работа- рече Јован Пецуровски.

Сопругата на Јован, Катерина зема средства за породилно отсуство, меѓутоа со таков скромен буџет и четири гладни усти, куќа не се крепи.

-Додека земам породилно, ќе тераме некако. Ама за понатаму? Тешко е, сметки немаме платено, кредитот не ни е платен, со две деца теко е- рече сопругата Катерина.

Градоначалникот на Новаци, вели дека претходно му помогнал на Јован да се вработи во оваа фирма и категорично одрекува дека интервенирал да ја изгуби работата. Од ДООЕЛ “Ремонт“ велат дека заради намален број на сати го намалиле бројот на вработени на отпепелувањето и дека по десет до петнаесет дена, повторно ќе бидат повикани, а меѓу нив и Јован.

Извор: Aлфа ТВ

(Видео) Апоkaлиптични сцени од Грција: Како да се вратила зимата- користеа багери за чистење на градот

Силно невреме го погоди градот Драма, што предизвика и големи пpoблеми во сообраќајот.

Голем број на продавници и станови се поплaвeни, а патиштата оштетени.

Пожapникарите добиле околу 60 повици за испумпување на вода од голем број на стамбени и деловни објекти, а пет луѓе се спасени од автомобили.

Покрај големата количина на дожд, подрачјето беше погодено и од силен град. Невремето беше толку силно што беа потребни багери за остранување на градот од патиштата.