-Продолжи да земаш пари од Заеви, а јас ќе продолжам да ја зборyвам вистината!, му рече Христијан Мицкоски, лидер на ВМРО ДПМНЕ на новинарот Саше Ивановски, познат уште како Саше Политико.
Нови производи од Кожувчанка за целосно уживање на жешкото сонце (Фото)
Кожувчанка ДОО е компанија која секогаш е во чекор со светските трендови, пласирајќи ги новитетите на нашиот Македонски пазар.
Нашата следна инвестиција е имплементација на комплетно нова производствена линија по најсовремена технологија за производство на лименки на која ќе се произведуваат сите наши брендови со исклучок на водите, па веќе од месец јули ќе може да се најдат на пазарот.
Оваа година компанијата може да се пофали со следните новитети за која што инвестиција се издвоени 715 000 евра.
Sinalco газираните пијалаци од ова лето ќе може да се консумираат и во лименка. Кожувчанка ДОО се одлучи на овој потег се’ со цел задоволувајќи ги потребите и барањата на своите потрошувачи кои се се’ во поголем број потрошувачи на газираните пијалаци Sinalco.
Sinalco Ice tea исто така сега е во нова амбалажа- лименка и негазираните природни густи сокови од палетата на Sinetta, додека и понатаму останува со производство и енергетскиот пијалак Energi’s.
Со овој проект Македонија е прва во светот консументи на Sinalco која што ќе има производство на Ice Tea и Sinetta во лименка, факт на кој што сме особено горди.
Новитет исто и за љубителите на алкохолните пијалаци поточно пивото сега ќе имаат можност да го консумираат новото непастеризирано, ладно филтрирано Lifer Beer во лименка , како и Наше Македонско Светло пиво.
Кожувчанка ДОО се труди и работи, најавува новитети и поставува стандарди на нашиот пазар грижејќи се секогаш за своите потрошувачи и нивните потреби.
Жешко и запурно време до 38 степени и УВ индекс 9
Времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 21, а максималната ќе достигне од 30 до 38 степени. УВ=9
Во Скопје, сончево и многу топло со мала локална облачност и со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 35 степени.
Во Прилеп температурата ќе се искачи до 31 степен.
До среда ќе биде сончево и многу топло со дневни температури кои насекаде ќе бидат над 30 степени. Потоа во четврток и петок ќе има појава на попладневна локална нестабилност, а поинтензивна нестабилност со врнежи пороен дожд проследен со грмежи ќе има за време на викендот. Тогаш и дневните температури ќе бидат за неколку степени пониски.
(Фото) Ова е Зоран, а во Германија го викаат херој: Спасил девојче од kиндaпиpaњe во парк
Оваа е Зоран, сопственик на продавница во берлинскиот парк, а Германците го нарекуваат херој.
Да не бил тој и неговата храброст, кој знае што би се случило со девојчето кое непзнат маж се обидел да го kиндaпиpa во паркот. Непознатиот човек го искористил невниманието на мајката и го земал детето со себе.
Ова се случило на 18 јуни на игралиштето на еден берлински парк, преполн со родители и деца. Очевидец е една девојка (27) која на излегувањето од паркот видела како девојчето било одведено од постар човек, додека неговата мајка разговара со некои пријатели. Kиндапepoт го искористил моментот на невнимание…
– Како некој глас да ми говореше дека нешто не е во ред. Потоа се’ се случи пребрзо: го фати девојчето за рака и тргна, а детето едноставно го следеше. Ми беше јасно дека морам нешто да преземам- вели девојката, опишувајќи го човекот како висок маж во средни години со неуредна коса и брада.
Кога видела што се случува, девојката веднаш се упатила до продавницата на Зоран која била во близина. Зоран, како што вели и самиот, не размислувал ниту момент. Веднаш потрчал кон човекот кој веќе го кренал девојчето. Зоран истовремено го снимал целиот настан.
– Бев овде, дојдов со велосипед, вели Зоран за тиражниот германски весник Билд. Дојде жената и викаше:”Зоране, Зоране, мислам дека овој човек киндапиpa дете. Веднаш појдов и го прашав дали е тоа негово дете. Одма рече дека не е. Се согласи да се вратиме и се’ се заврши добро. Многу сум горд и му благодарам на Бога што бев во вистинско време на вистинско место.
Македонец пред трансфер вреден речиси 1 милион евра
Младиот фудбалер на Работнички, Давид Тошевски, е пред спектакуларен трансфер во Русија, во екипата на Ростов. Трансферот ќе биде вреден околу 900 илјади евра, со што Тошевски ќе стане еден од најскапите македонски фудбалери во историјата.
Тошевски е 18-годишен напаѓач, кој повеќе од 10 години е член на младинската школа на „романтичарите“. Важи за еден од најталентираните напаѓачи во својата возраст во Македонија.
Ги мина сите национални селекции и на прагот на полнолетството доби и повик за настап во репрезентацијата до 21 година.
Сезонава одигра 21 натпревар за Работнички во првенството, а постигна и пет голови.
Со реализација на трансферот, Тошевски ќе направи огромен скок во кариерата, со оглед на тоа што Ростов во моментов се наоѓа на третото место во руското првенство, коешто носи место во квалификациите за Лигата на шампионите.
Мачка спасила маж кој паднал во канал во Јапониja
Во јапонскиот град Тоиома, маж пропаднал во канал, односно се повpeдил полесно, но неговата нecpеќа не би била толку необична да не му помогнала мачка, јавуваат јапонските медиуми.
Имено, една мачка упорно гледала во каналот за наводнување во кој паднал мажот, па така заинтересираните граѓани застанале да проверат што се случува.
Тогаш во каналот гледале тело на маж кое не се поместувало, па го извлекле.
Мажот поминал со полесни повpeди и гpeбнатинки, а мачката за тој потфат е наградена со пофалница која и е врачена од властите на градот
(Фото) И Џон Вејн остана без споменик: Бришењето на американската историја стигна и до “вестерн иконата”
Како последен потег во редефинирањето на погледите на американската pacистичка историја, лидерите на демократите во округот Оринџ, Калифорнија, се заложија за отфрлање на името и статуите на филмската легенда Џон Вејн од окружниот аеродром, поради неговите pacистички ставови.
Лос Анџелес Тајмс извести дека минатата недела била усвоена итна резолуција во која биле ocyдени неговите “pacистички и нетрпеливи ставови” во интервјуто од 1971 година, а потоа бил повикан Окружниот одбор на супервизори да го отфрли неговото име и статуите од меѓународниот аеродром.
Во резолуцијата се бара од одборот да го обнови името на аеродромот, одосно “Аеродромот на округот Оринџ”, пренесува Гласот на Америка.
“Дали Миле побара затвop за својот градоначалник и неговите кадри функционери?”
Претседателот на ОО СДСМ Прилеп и кандидат за пратеник, Миле Талевски, вчера пред Основниот cyд го повтори изборното ветувње на СДСМ и Зоран Заев од 2016 година за ветинг во cyдството и обвинителството.
На тоа реагираа од ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп, од каде велат:
“Смешни и трагични се секојдневните прес конференции на Општинската организација на СДСМ и нивниот кандидат за пратеник, Миле Талевски, на кои деновиве ги повторуваат буквално истите ветувања кои ги даваа и пред 4 години.
Талевски денеска застана пред Основниот суд во Прилеп каде само во изминатите 2 месеци се поднесени 3 кривични пријави за директори од неговата партија, кои патем се осомничени за тежок криминал и злоупотреба на службената положба и овластување.
По примерот на неговиот ментор Зоран Заев, Талевски ветува ветинг на судството и проверка на имотната состојба на сите судии и обвинители. Ветува право и правда, а целата јавност беше сведок на “трас-трус” судството на Заев и како тој нарачувал пресуди и се пресметувал со своите неистомисленици.
Сите се виновни, само Заев е невин и најдобар! Ете така размислува и Талевски кој секојдневно повторува се’ што ќе му сервираат од централниот штаб.
Го прашуваме Талевски, дали ќе побара истото тоа судство и обвинителство пред кое стои, да ги забрза и истражи сите сомнежи за криминал и злоупотреби кои секојдневно ги презентираме пред јавноста?
Дали Талевски со неговиот настап за реформи во судството и обвинителството побара затвор за неговите кадри функционери и градоначалникот Илија Јованоски, кој во повеќе наврати е фатен во милионски сомнежи за сторен криминал?
Му порачуваме дека нивното време заврши. Дојдовте со лаги и со лаги ќе си заминете, а одговорност за се’ што правевте и правите со сигурност ќе има!
После 15-ти јули секој што се огрешил пред законот ќе одговара!”
(Фото) Тој ужива, а секоја недела на сметката му “легнува” вистинско богатство: Знаете ли колку му плаќаат за да седи на трибините со чадор?
Уште една промашена сезона на Арсенал. Навивачите на лондонскиот клуб повторно немаат причина за славење, бидејќи нивниот клуб ја има поразителната деветта позиција на табелата и едвај чекаат сезоната да заврши.
Многу пари вложени во играчи кои воопшто не допинесуваат на теренот. Особено иритира ситуацијата околу Месут Озил.
Германскиот фудбалер во последно време повеќе седи на трибините, отколку на клупа. Арсенал сака да се ослободи од него, но нема заинтересирани купувачи. Меѓутоа, Месут не се грижи премногу. Него оваа ситуација сосема му одговара.
Тој седи на трибините, а платата уредно му легнува на сметка. Тој оваа сезона одигра 23 утакмици, а од моментот кога продолжи првенстовто, Озил нема одиграно ниту една минута. Неговата плата е 350.000 фунти неделно.
Од тука потекнува највкусниот буковец, а убавината на куќите целосно ќе ве освои (Фото галерија)
Селото Буково се наоѓа во јужниот дел на Општина Битола, на оддалеченост само од 5 километри од градот Битола на источните огранки на Пелистер.
За славното минато на село Буково сведочи архитектурата во ова село, односно некои од куќите се во ист стил како и оние на Широк Сокак.
За потеклото на името на Буково, најверојатна е претпоставката дека тоа потекнува од името на дрвото бука, кога е го има во изобилство на падините на Пелистер околу самото село Буково.
Се работи за прекрасно автентично село, а пред се живо село, каде според последниот попис биле попишани 3.494 жители.
Куќите во селото се која од која поубави, како разгледници за кои треба денови за целосно да ги разгледате сите детали.
Во Буково се снимаа и сцени од телевизискиот серијал „Сенките над Балканот“ по концепт и во режија на Драган Бјелогриќ.
Во село Буково и неговата околина во XIX и почетокот на XX век се обновени и подигнати голем број на христијански храмови.
Црквата „Св. Димитриј“ е изградена при крајот на XIX век и е главна селска црква сместена во центарот на селото. Објектот е трикорабна базилика со камбанарија од западната страна.
Занимливост за оваа црква е што има катна галерија само над јужниот кораб на црквата, што е реткост.
Поради изобилството од бистра вода и плодна почва, во ова село успева и се одгледува црвениот пипер надалеку познат под името буковец токму поради името на ова село. За квалитетот на црвениот буковски пипер како и за трговијата која се одвивала за него во Буково уште во XIX век сведочат и записите на странски (бугарски) дипломати и патописци. Буковецот е споменат и од македонскиот револуцонер Ѓорче Петров кој во својата книга Материјали по изучувањето на Македонија од 1896 година, пишувајќи за земјоделството и плодородноста на котлината Пелагонија во делот за полиња во одделот орографија, запишал дека пипер се добива од издробени (мелени) пиперки во селото Буково, по кое што се нарекува „Буковски пипер“ кој насекаде е многу познат и е неопходна состојка на секоја трпеза.
Истражете ја Македонија, затоа што крие еден куп скриени убавини!


























































