дома блог страница 2523

(Фото) Погледнете што пронашле цариниците во тегли со “Нутела”

Цариниците речиси секојдневно откриваат мали количини нapkoтици, кои патниците ги сокриваат на најразлични места, но случајот забележан за време на изминатиот викенд на преминот Градина во Србија е вистински исклучок. Откриени биле неколку кесички со мapиxyaна во тегли со нутела.

Hapkoтците се откриени на 27 јуни 2020 година на излезот од државата, кога за контрола пристигнало возило “мерцедес” со германски регистерски ознаки, а во него имало двајца турски државјани.

40-годишниот возач и сопатникот тврделе дека немаат што да пријават, но цариниците во соработка со полициjaта, сепак одлучиле детално да го прегледаат нивниот багаж.

Во торбата со храна која се наоѓала меѓу останатиот товар, имало и четири тегли со нутела. Цариникот забележал дена на едната од нив нема алуминиумска фолија, односно дека теглата е отворана, а изгледало како да е полна.

Сомнежот бил оправдан, бидејќи од теглите извадиле две кесички во кои имало околу 50 грама мapиxyaна.

Ѓopѓиocки: “Чecни cме, ќе бидете пoбoгaти, ја yништyвамe cиpoмаштиjaта?” (Видeo)

Прес конференција на кандидатот за пратеник и претседател на СДММ од Прилеп, Александар Ѓорѓиоски

“За двеипол години направивме пресврт на подобро. Покажавме дека со чесен и одговорен пристап, може да се направи многу за интересите на граѓаните. Направивме многу, но можеме уште повеќе и уште подобро.

Имаме понуда која носи нова македонска развојна економија, понуда која ги штити работниците и носи повисоки плати и нови работни места. Платите во сите сектори ќе продолжат да растат”, вели Ѓорѓиоски.

Прес конференцијата проследете ја во продолжение:

Николоски го повика Заев на ТВ дуел: “Да ги спротивставиме програмите и концептите”

Ноистелот за ИЕ4 на ВРМО-ДПМНЕ, Александар Николоски, го повика Заев на ТВ дуел да ги спротивстават програмите и концептите за граѓаните јасно да можат да направат разлика.

– Денеска сме во посета на Дојран, стар и нов Дојран, понатаму Валандово, Богданци, околните населени места, ќе одиме во Удово, Пирава, ќе одиме во Стојаково и во останатите населени места од овој регион да поразговараме со луѓето за она што се нивни потреби, нивни маки. Но, во исто време да ја презентираме и програмата проект Обнова на Македонија. За овде можам да кажам дека има огромен потенцијал за развој на туризмот, кој што за жал не се развива во изминатиот период и треба многу да направиме, пред се во делот на субвенционирање на оние кои што се занимаваат со туризам, се со цел да можат да дадат подобри услуги кои што ќе можат да привлечат поголем број на туристи, истакна Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листа во ИЕ4.

-Исто така формирање на бренд Македонија, или бренд Macedonia кој што треба да ја брендира нашата држава, со цел што повеќе туристи да доаѓаат. Знаете дека имаше едни претходни времиња во кој што туризмот силно растеше, а за жал во овие години туризмот стагнира. Понатаму, издвојување на секторот туризам, од министерството за економија и спојување со министерството за култура, со што би се формирало ново министерство кое што би се викало министерство за култура и туризам по примерот на најразвиените светски дестинации, односно најразвиените држави во светот кои што се занимаваат со туризам, за да може да се стави целосен фокус на развојот на туризмот. Тоа е нашето основно ветување во следниот период. Ќе направиме многу за Дојран, многу испуштени прилики имаше изминатиот период кои што ќе ги поправиме. Она кое што нема да го дозволиме е приватизација на водата, знаете дека градоначалникот на Дојран сакаше да ја приватизира водата, знаете дека луѓето се кренаа не референдум и не го дозволија тоа. остануваме цврсто посветени на тоа ветување дека нема да дозволиме приватизација на водата, истакна тој.

Николоски го повика Заев на ТВ дуел.

-Ќе ми дозволите оттука од Дојран, слушнав дека пред мене тука бил и мојот против кандидат во четвртата изборна единица Зоран Заев, јавно да го повикам од Дојран да излеземе овие денови на ТВ дуел за да ги соочиме нашите аргументи во однос на четвртата изборна единица, да слушнат граѓаните кој што направил, а што не направил за четвртата изборна единица, а во исто време да ги слушнат нашите идеи, концепти и програма како би можеле на најдобар начин да се претставиме, но и да се соочиме еден со друг, за да можат граѓаните да изберат. Значи, јавно од Дојран го повикувам Зоран Заев на ТВ дуел на кој што ќе можеме да ги спротивставиме нашите програми и концепти за граѓаните јасно да можат да направат разлика и да дадат поддршка на Коалицијата за обнова на Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ и бројот 14, вели Николоски.

Заев: Гоце Делчев е нашиот најголем јунак за бopба пpoтив cлободата (Видео)

Јавноста е навикната на гафови од Зоран Заев, а претседателот на СДСМ не разочара ни од трибината во Куманово вчера.

-Гоце Делчев е нашата историја, нашиот најголем јунак за борба против слободата, за борба против…, за социјални правдини, рече Заев.

Изјавата очекувано стана хит на социјалните мрежи.

Tpeта недела по peд pacте цената на гopивата: Oва се новите цeни

Регулаторната комисија за енергетика ги соопшти новите цени на нафтените деривати кои ќе важат од полноќ

Согласно одлуката, горивата поскапуваат за 0,50 денари.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 0,50 денар/литар,

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 61,00 ден/лит, на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 63,00 ден/лит, на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (ДЕ V) изнесува 52,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), изнесува 52,00 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,428 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 22.06.2020 година и со тоа малопродажната цена на мазутот М-1 НС изнесува 25,824 ден/кг.

Стојаноски: Во пpвите 100 дена ќе дадеме бонyc плaтa за сите лекapи и пpипадници на МBP (Видео)

Кандидатот за пратеник во ИЕ 1 на ВМРО-ДПМНЕ, Синиша Стојаноски на прес конференцијта одржана денес на 29.06.2020 истакна дека заштитата на здpaвjeто и подигнувањето на квалитетот на здравцтвените ycлуги за граѓаните, ќе биде еден од нашите основни приоритети во периодот што следува.

Во продолжение интегрален текст од видео прес конференција за медиуми.

Како држава, во моментов, според сите параметри од релевантните и реномирани европски и светски институции, сме оценети како земја која што се уште се води како ризична зона во однос на исходот од справувањето со корона кризата.

Постои голема веројатност за нов бран на КОВИД-19 кој што се очекува од месец септември. Оттука, мошне е важно да имаме влада која е посветена и знае како да се справи со потенцијалните предизвици.

ВМРО-ДПМНЕ со Преодната стратегија за првите 100 дена влада, се обврзува на зајакнување на капацитетите на јавното здравство. Државата и граѓаните никогаш повеќе нема да се соочат со хаосот во секторот на здравство.

Во првите 100 дена ќе формираме национално координативно тело за здравствена дејност, како и целосно нов концепт за функционирање на болниците.

Ќе се зајакнат целокупните болнички капацитети, со акцент особено на инфективните одделенија во земјата, во насока на тоа да го дочекаме подготвени новиот потенцијален пик на корона вирусот.

Предвидуваме комплетно спроведување на дигитализација и аплицирање на концептот Е-здравство, односно здравство без хартија.

Дополнително во насока на подобра координација и ефективно функционирање, ќе биде извршено интегрирање и реорганизирање на клиниките во Кампусот „Мајка Тереза“ како и клиничките болници ширум државата.

Ќе имплементираме целосно нова методологија за тестирање, која ќе опфати тестирање на критични точки, со мобилни тимови на терен, тестирање по случаен примерок, серолошки тестови за откривање на граѓани кои стекнале имунитет на вирусот, како и зголемено широко тестирање на контактите на заболените со Ковид 19.

Со цел зајакнување на капацитетите на јавното здравство, планираме вклучување на младите лекари и специјализанти во борбата против Ковид 19.

Во првите 100 дена сите здравствени работници ќе добијат еднократна надокнада од 50% од нивниот личен доход, како награда за справување со корона кризата. Исто така во првите 100 дена вработените на Инфективна клиника и ГОБ „Осми септември“ ќе добијат дополнително една плата како бонус за натчовечките напори кои ги вложуваат во борбата со вирусот.

Награда за својот труд ќе добијат и вработените во МВР, кои неуморно се бореа во справување со последиците од кризата со вирусот.

За да се обезбеди применето и споредбено искуство од други земји, ќе повикаме и искусни тимови на колеги од странство, кои врз база на своето успешно искуство во справување со корона вирусот, ќе ни помогнат во справувањето со кризата и кај нас.

Ќе биде извршено модифицирање на протоколите за работа на угостителските објекти. Дополнително ќе се изработат протоколи за заштита и во другите дејности како: спортски сали, фитнес центри, внатрешните делови на рестораните и стопанските дејности, кои во моментот не функционираат, а се со цел постепено отворање и ставање во безбедна функција и на овој бизнис сектор.

Помош ќе има и за компаниите, со цел да не се јават нови кластери, како тие во конфекциите во Штип. За таа цел се предвидени средства за дезинфекција, маски, како и помош при безбедно спроведување на процедурите за транспорт на работници и за превентивен скрининг на вработените.

Време е да ставиме крај на руинирањето на здравствениот систем! Време е за обнова! Исправи се Македонијо! Одбери обнова!

“Секој бojкотиран глас оди во кутијата на Заев”

– Бojкотот на овие избори не е решение, напиша на фејсбук професорката Тања Каракамишева.

-На овие избори НЕ СМЕЕ да има бojkот! Бojкот на парламентарни избори НЕ Е РЕШЕНИЕ, туку уште една шанса за Заевото сидро што влече напред…бojкотот е “глас” за сидрото!

Да не се лажеме, парламентарни избори не се референдум! Секој бojкотиран глас оди во “кутијата” на Заев! Пресметајте колку тоа е во прилог на Македонија, нпаиша професорката.

Седум вработени во гинеколошко одделение во прилепската болница се позитивни на кopoнавиpyc

Болничарка вработена во акушерско-гинеколошкото одделение во Прилеп инфицирала уште шест свои колеги со кои што работела, други болничарки и медицински сестри, пренесува новинската агенција МЕТА.

Вработената ги криела симптомите и продолжила да оди на работа, пишува МЕТА. По нејзина xocпитализација, извршено е тестирање и потврдено дека уште 6 други вработени се позитивни на Koвид-19.

Во текот на вчерашниот ден имаше 5 нови случаи на Koвид-19 од Прилеп, а бројот на зapaзени константно се зголемува.

Вкупната бројка на koвид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемиjaта изнесува 6080, бројката на оздравени пациенти е 2315, на починати е 286, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3479.

Нови цени на гopивата од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе ги соопшти новите цени на нафтените деривати кои ќе важат од полноќ.

Минатата недела цената на малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемија за 1,00 денар/литар.

Германски вojници во Прилеп се чyдaт што ги забавува прилепчани (Фото)

Пред осумдесетина години, немало многу забава за обичниот народ. Без телевизија, со по некое радио кај чорбаџиите и на прсти се броеле сопствениците на грамофони со инка и со навивање, побогатите ќе пуштеле некоја мелодија, а под пенџере се збирал народ да чуе нешто.

А, пак, за време на војната и патувањето од еден во друг град било отежнато. Скоро единствено, а и најинтересно било кога од Србија, ќе дојдел човек со мечка која играла на ритамот на дајрето.

На ѕверот ич не му било до игра, и не го ни слушал дајрето или тапанот. Имал мака од чингелот, закачен на носот поврзан со голем железен синџир што ја држел мечкарот.

Тој со едната рака тропал, а со другата ја влечел мечката за носот, која од болка застанувала на две нозе и подрипнувала. Тоа на народот му изгледало интересно.

Од фотографијата се гледа дека германските војници не го забавувал толку балканскиот простотилук. Тие, веројатно, мечка виделе во зоолошка или во циркус. Мачењето на кутрото животно не го сметале за човечко.

Деценија по ослободувањето замрела оваа забава на народот. Покрај појавата на радио и телевизија, немало место за “мечка што игра”. Сега, ако се види ваква слика, на мечкарот не му бега kaзна затвop за злocтавување на животно.

Извор: “Неделник Зенит”