Македонец пред трансфер вреден речиси 1 милион евра

Младиот фудбалер на Работнички, Давид Тошевски, е пред спектакуларен трансфер во Русија, во екипата на Ростов. Трансферот ќе биде вреден околу 900 илјади евра, со што Тошевски ќе стане еден од најскапите македонски фудбалери во историјата.

Тошевски е 18-годишен напаѓач, кој повеќе од 10 години е член на младинската школа на „романтичарите“. Важи за еден од најталентираните напаѓачи во својата возраст во Македонија.

Ги мина сите национални селекции и на прагот на полнолетството доби и повик за настап во репрезентацијата до 21 година.

Сезонава одигра 21 натпревар за Работнички во првенството, а постигна и пет голови.

Со реализација на трансферот, Тошевски ќе направи огромен скок во кариерата, со оглед на тоа што Ростов во моментов се наоѓа на третото место во руското првенство, коешто носи место во квалификациите за Лигата на шампионите.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.