дома блог страница 1588

Матурантите излегуваат на протести?

Денес во македонските училишта главна тема се проблемите на матурантите, откако веќе СОНК ги “продаде” интересите на наставниците и воспитувачите.

Неофицијално собрани се повеќе од 6.000 потписи кои ќе бидат доставени до Министерството за образование со барање да НЕ СЕ ПОЛАГА МАТУРА?

Местото и времето на тие протести дополнително ќе биделе соопштени од матурантите.

Се договорил да ѝ ја реновира куќата, зел пapи и иcчeзнал

СВР Штип поднесе кривична пријава против 54-годишниот Р.С. од с.Стајковци, скопско поради сомнение за сторени кривични дела „измама“ и „посебни случаи во фалсификување исправи“.

Пријавениот во период од август до ноември 2021 година измамил жена од Штип за сума од 90.000 денари.

„Тој се претставил дека е сопственик и управител на градежна фирма од Скопје, која во тоа време била избришана од трговскиот регистар, и со неа се договорил да ѝ изврши градежни работи на нејзината куќа. Р.С. земал аванс од 90.000 денари, но не ја завршил договорената работа“, откриваат од СВР Штип.

(Фото галерија) Започна крпењето на улиците во Прилеп

Општина Прилеп објави дека е започнато санирањето на ударните дупки по улиците низ градот

-После завршувањето на постапката, а согласно Договорот за јавна набавка за одржување на улици и општински патишта, веднаш после пуштањето на асвалтните бази се отпочна со работа на затварање на ударни дупки и прокопи на територијата на општина Прилеп.

Градежните активности за сите предвидени проекти со засилено темпо ќе продолжат во наредниот период и целосно ќе бидиме насочени кон реализација на сите барања на граѓаните на општина Прилеп – напиша градоначалникот Јовчески на ФБ.

Папата Фрнциско: “Орбан ми кажа – Путин ќе ја заврши вojната на 9-ти мај”

Папата Франциско изјавил дека унгарскиот премиер Виктор Орбан му рекол кога се сретнале кон крајот на април дека рускиот претседател Владимир Путин планира да стави крај на инвазијата на Украина на 9 мај, кога Русија го одбележува Денот на победата над фашизмот во Втората светска војна.

„Орбан, кога го сретнав, ми рече дека Русите имаат план дека сè ќе биде готово на 9 мај. Тоа би ја објаснило и стапката на ескалација деновиве. „Затоа што сега не е само Донбас, тоа е Крим, Одеса, заземањето на црноморското пристаниште Украина, тоа е сè“, рече папата во интервју за „Кориере дела сера“, пренесува Си-ен-ен.

„Јас сум песимист, но мораме да ги преземеме сите можни чекори за да ја запреме војната“, изјави поглаварот на Римокатоличката црква.

Тој повтори дека е подготвен да отпатува во Москва и да се сретне со Путин, споредувајќи ја војната во Украина со геноцидот во Руанда.

„Сè уште не добивме одговор и сè уште инсистираме, иако се плашам дека Путин не може и не сака да ја имаме таа средба сега. Но, толкава бруталност, како да ја спречиме? Истото го доживеавме и со Руанда пред 25 години“, рече папата.

Тој додаде дека засега нема да патува во Киев, туку ќе испрати свој претставник.

„Прво треба да одам во Москва, прво да се сретнам со Путин. Но, јас сум и свештеник, што да правам? Ќе направам сè што можам. Ако Путин ја отвори вратата“, рече папата.

Западните власти веруваат, како што претходно денеска објави Си-ен-ен, дека Путин би можел формално да ѝ објави војна на Украина на 9 мај, што ќе му овозможи целосно да ги мобилизира резервните сили и да регрутира регрути.

Boeн ранец падна од небото во Неготино (Фото)

Ранец слетал во двор од куќа во Неготино, објави политичката партија Левица на својата страна на социјалните мрежи. Се уште не се знае како ранецот завршил на ова место. Претпоставките се дека испаднал од некој воздухоплов.

Горивата пак одат кон 90 денари, Владата вели добро се живее

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на РепубликаМакедонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,73 % во однос на одлуката од 28.04.2022 година.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 2,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 1,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 1,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,510 ден/кг и сега ќе изнесува 52,294 ден/кг.

Од 4.5.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 86,00 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 88,00 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 87,00 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 85,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 52,294 (денари/килограм)

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 2,350 %, кај дизелот за 2,503%, кај екстра лесното масло за 2,674% и кај мазутот намалување е за 0,222%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 1,225%.

-Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 4.5.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени, велат од Регулаторна.

Седница на Советот на општина Прилеп: Советниците ќе одлучуваат за Јавното претпријатие за гасификација на Прилеп

На 04.05.2022 година (среда) со почеток во 12 часот, во големата сала на Општина Прилеп, ќе се одржи 11-та седница на Советот на општина Прилеп.

Советниците ќе одлучуваат по следниве точки:

1. Предлог-Одлука за измена и дополнување на Одлуката за основање на Јавно Претпријатие за енергетски дејности.

2. Предлог-Решение за разрешување и именување на членови во Управниот одбор на Јавно претпријатие за енергетски дејности “Енерго-Прилеп“ Прилеп.

3. Предлог-Решение за разрешување и именување на членови во Надзорниот одбор на Јавно претпријатие за енергетски дејности “Енерго-Прилеп“ Прилеп.

4. Предлог-Одлука за давање согласност на Годишен план за измена и дополнување на Годишниот план за вработување во 2022 година на ЈКП ,,Пазари” Прилеп.

5. Предлог-Одлука за давање согласност на тримесечниот извештај за финансиското работење на ЈКП ,,Водовод и канализација“-Прилеп за период од 01.01.2022 година до 31.03.2022 година.

6. Предлог-Одлука за давање согласност на тримесечниот извештај за финансиското работење на ЈКП ,,Комуналец“-Прилеп за период од 01.01.2022 година до 31.03.2022 година.

7. Предлог-Одлука за определување на ширина на крајбрежен појас во водотеците во плански опфат на УПС Крстец, КО, Крстец Општина Прилеп.

Обвинител нареди да се извршат разговари со сите повредени патници од автобусот во Прилеп

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Прилеп, заедно со полициски увидни екипи, утрово извршија увид во населбата Точила каде се случи сообраќајна незгода меѓу 2 автобуса.

Според првичните сознанија, во едниот автобус освен возачот немало други патници, додека во другиот се превезувале 20-тина работници кои се пожалиле на полесни повреди.

Дежурниот јавен обвинител издаде наредби за фотографирање и скицирање, како и за прибирање на траги од лице место, по што ќе биде издадена наредба за нивно вештачење.

Исто така, издадена е наредба да се извршат разговори со сите патници со цел да се утврдат причините за несреќата.​​

(Фото) 20 жени повpeдени утрово во Прилеп откако се cyдpиja два автобуси

Повредени се околу 20 патници во судар на два автобуси што се случил утрово во прилепската населба Точила. Повредените веднаш се упатени на лекарски преглед во Болницата во Прилеп.

Според првичните информации од прилепското Основно јавно обвинителство кое со полицијата направи увид, до сударот дошло околу 6 часот изутрината.

Едниот автобус бил без патници, а другиот, кој се удрил во бандера, бил полн со работнички кои требало да ја започнат првата смена во текстилна фабрика во Прилеп.

Повредените се на лекарски преглед во прилепската болница и се утврдува со какви повреди се здобиле.

Максим Димитриевски до Али Ахмети: Сè додека постои последниот Македонец, Македонија ќе постои како што постоела отсекогаш

Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски во вечерашното гостување во централниот Дневник на телевизија Сител во однос на отворањето на спомен кулата на загинатите борци на ОНА во Слупчане истакна партијата ДУИ којашто на последните парламентарни избори се декларирала како зелена и реформирана партија со нови политики којашто ќе гради добри меѓуетнички односи, позитивно расположение во државата, олеснување на состојбите, денеска ја гледаме повторно во исто светло, многу слично како во 2001 година.

„Во неколку наврати имам кажано, таа партија сè уште се води и се управува од Мала Речица. Сè додека е така мислам дека одиме во погрешна насока. Но, можам да му порачам на господинот Ахмети се додека постои последниот Македонец во оваа држава и граѓани коишто ја сакаат во целост државата без разлика на својата етничка, верска или било која друга припадност Македонија ќе постои како што постоела отсекогаш“, рече Димитриевски.

Тој потенцираше дека овој споменик не ги спојува Македонците и Албанците.

„Еве погледнете ги реакциите на граѓаните на социјалните мрежи и јавните коментари, направете јавна анкета и ќе видите дека споменикот не не обединува. Дури и во втор план го стави најголемиот муслимански празник, токму денеска во државата. Кога сте партија кога немате што да понудите на граѓаните и кога повеќе од 21 година сте на власт безидејни тогаш мора да одите со вакви проекти, кои се на тенка линија со законитоста и се пркосат со законот и едноставно му го нудите популизмот и национализмот на граѓаните. Не сум изненаден ништо од нив, бидејќи самата реторика во рамки на локалните избори беше една негативна со црна кампања и повторно не успеаа да направат ништо без разлика што вршеа огромен притисок кај сите нивни членови, активисти. Дистрибуираа негативен, црн материјал против мене со овие исти тези, дури во некои моменти велеа „Максим ќе го исклучи езонот“, демек како јас да сум оџа, а не политичар и градоначалник. Спротивно на тоа, ако ја погледнете мојата официјална Facebook страница ќе видите дека голем број на објави и пораки кои ги испраќам до граѓаните се токму мултијазични, Македонски, Албански, Српски, Ромски и другите етнички заедници кои се во Куманово. Дополнително, деновиве организиравме еден голем број на ифтарски вечери. Ги почитувам сите и така сум се однесувал и така ќе се однесувам, а тоа се потврди и на последните избори, бидејќи добив значителен број на гласови кои доаѓаат од другите помали етнички заедници, вклучувајќи ги Албанците и останатите етнички заедници“, изјави Димитриевски.

Во централниот Дневник, Димитриевски посочи дека национализмот излегува токму од устата на тие кои почиваат на национализам и ја градат својата политичка кампања и своите политички рејтинзи токму на таков начин.

„Ако ја направите анализата дека господинот Ахмети да учеше годишно по еден збор Македонски сите овие 20 години денеска ќе знаеше барем најмалку 20тина реченици да се обрати на своите сограѓани Македонци. Но, тоа е тоа, ние ќе работиме на некои попозитивни политики за да промовираме реален соживот, тоа за што ние суштински се боревме некогаш и верувавме. Се уште верувам дека Македонија може да биде еднакво и исто општество за сите, да даде еднакви можности, но притоа не можам да се чувствувам националист ако ме обвинуваат дека сакам да им изградам споменик. Тоа е иницијатива која доаѓа од Синдикатот на полицијата на Македонија и здружението на пензионираните воени старешини и полициски ветерани, овие две здруженија буквално се мултиетнички и тие имаат за цел да им оддадат почит и признание на паднатите борци кои се бореа за Македонија, а да не зборувам за 2015 и сите знаеме многу добро што се случи. И сега, ако правиме паралела, на она што денеска се случи во Слупчане и она што сакаме ние да го направиме во Куманово и токму тие кои всушност градат споменик на УЧК којашто мора да признаеме и реално и искрено да говориме пред Македонската јавност дека ние Македонците УЧК ја чувствуваме 2001 година, онака како окупациона сила, а впрочем и меѓународниот фактор на самиот почеток, самиот Џорџ Роберсон го потврди тоа и кажа дека тоа не се борци, туку се организација милитантна, терористичка која се бори против Уставниот поредок на државата. Подоцна се сменија работите, заврши војната. Се донесе законот за амнестија, беа амнестирани сите, почнавме да градиме заедничка држава, да ги забораваме работите од минатото и одеднаш се случува ова во Слупчане. Искрено, жалам, но за тоа треба да дадат одговор повисоките истанци на власта и дополнително да влезат во легитимитетот и спроведената одлука, бидејќи едно е да градите спомен обележје, а друго е да градите споменик“, додаде Димитриевски.