дома блог страница 1587

Maкедонија крие еден куп неоткриено културно историско богатство: На локалитетот Долиште кај Прилеп откриена римска бања

Остатоци од градба на римска бања, најверојатно јавна, открија археолозите од прилепскиот музеј со најновите археолошки ископувања на античкиот локалитет Долиште, меѓу прилепските села Прилепец и Волково. Остатоците се од 3 и 4 век од римско време.

Според археологот од прилепскиот Завод и музеј, Душко Темелкоски наодите се ексклузивни и укажуваат и на системот на загревање, а димензиите се 11 на 9 метри што укажува на голема градба и најверојатно јавна бања од римското време. На истражувањата на тој дел од локалитетот се одлучиле откако забележале диви, нелегални копања.

– Со ископувањата увидовме дека има убаво сочувани ѕидови од градба. Во овие десетина дневни истражувања откривме градба од римско време, од тој град чие име сѐ уште не му го знаеме. Оваа градба има повеќе простории и ние имавме среќа да ја откриеме онаа каде била бањата. Римјаните во античкиот свет се изумители на бањите. Конкретно, системот за загревање, таканаречен хипокаустен систем кој се состои од две подни нивоа. На првото ниво се изѕидани керамички столбчиња од керамички тули, врз нив имало други керамички плочки за второто подно ниво. Меѓу двата пода во празниот простор струела топлата пареа и така се загревала просторијата од бањата, објаснува археологот Темелкоски.

Ова е втора бања откриена во Прилепскиот регион, но единствена која треба да продолжи да нуди ексклузивни наоди. Првата римска бања, која била на некој богат римјанин е истражувана во 1965 година на локалитетот Пештерица. Тоа биле заштитни истражувања, зашто таму сега е акумулацијата на Прилепското езеро.

На локалитетот Долиште кој до денес крие голем антички град кој егзистирал од 5-6 век пред нашата ера до 4-5 век од нашата ера, Музејот истражуваше на неколку пункта. Во 2016 година беа откриени погребувања на жителите, а наредната 2017 година и остатоци од стопански објект. Инаку, локалитетот Долиште е познат од 50-тите години на минатиот век кога се пронајдени над 200 сребрени монети на македонски и пејонски кралеви. Темелкоски се надева дека со наредни истражувања ќе го откријат името на градот кој егзистирал 800 до 1000 години. Се надева дека тоа може да биде градот Пелагонија.

– Се надеваме дека со следни истражувања ќе ја најдеме плочката со името на градот, зашто ако е јавна бања треба да пишува на кој град му припаѓа. Јас се надевам дека тоа ќе биде градот Пелагонија. Сѐ уште не е прецизирано каде градот се наоѓал. Нашиот сон, заеднички со колегите, е да го најдеме градот Пелагонија. Можеби е овде на локалитетот Долиште, а можеби на локалитетот Старо Бонче каде е монументалната, кралска гробница. Ќе покажат истражувањата, вели археологот од прилепскиот Завод и музеј Душко Темелкоски.

Музејот ги завршува истражувањата за годинава на античкиот локалитет Долиште што е дел од програмата која ја финансира Министерството за култура.

МВР со детали за cooбpaќajката во која се cyдpиja два автобуси во Прилеп: Вкупно повpeдени 40 лица

На 03.05.2022 околу 05.45 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на ул.„Браќа Миладиновци” во населба Точила во Прилеп се случила сообраќајна несреќа помеѓу автобус „Ман” со прилепски регистарски ознаки, управуван од Г.С.(60) од Прилеп и автобус „Мерцедес” со прилепски регистарски ознаки, управуван од Ц. Ц.(68) од Прилеп, двата превозници на работници од фирми, од кои едниот бил празен, а другиот бил со патници.

Во нecpeќата седум лица(К.Н., П.Т., М.И., М.Д., Б.П., Д.Ѓ. и А.М.) се здобиле со тешки телесни повреди, а 33 лица се здобиле со телесни повреди, констатирани во Општа болница Прилеп.

По овластување на јавен обвинител, увид на местото извршила екипа на ОВР Прилеп – информираат од дневниот билтен на МВР.

Блазе си им на битолчани, секој ден нешто ново: Коњановски во посета на новата фабрика за додатоци за спортови на вода (Фото)

Градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски, ја посети новооформената фабрика Брејнчајлд Продукција, лоцирана во Индустриската зона во Битола кај старата фабрика на Битолатекс, со цел да се запознае со новата инвестиција во градот, начинот на работа и производството.

Брејнчајлд Продукција е основана од страна на германски инвеститори, чија цел е да постават еколошко производство, базирано на рециклирани и одржливи материјали, или материјали кои не се штетни за животната околина., со што се намалуваат емисиите на јаглерод. Поставувањето на високите стандарди за еколошка свесност, појаснија од Брејнчајлд Продукција, ќе значи и користење на обновливи извори на енергија.

Од фабриката, за време на посетата на градоначалникот Коњановски, објаснија дека главен фокус во производството ќе бидат реквизити за спортови на вода, односно крила за „kite-surfing” и „wing-surfing”, но и други додатоци и аксесоари со водечки стандарди во однос на технологијата, квалитетот и ефикасноста. Се очекува фабриката да започне официјално со производство кон крајот на оваа календарска година.

Градоначалникот Коњановски им посака успешен подготвителен период и адаптација на инвеститорите, со желби понатаму оваа фабрика да донесе вработувања и економски напредок за локалното население.

Репертоар на прилепскиот театар “Војдан Чернодрински” – Три претстави оваа недела

Репертоар на театарот „Војдан Чернодрински“

среда, 4 мај 2022 – 19.30 ч. „Глембаеви“

Четврток, 5 мај 2022 – 19.30 ч. „Светулки“

Сабота, 7 мај 2022 – 19.30 ч. „Да инспекторе, претстава со грешки“

Влезници на тел. 076 442 378

Пингпонгарите на Младост 96 итаат кон одбрана на титулата, следува и европскиот настап во Романија, девојките вицешампиони

Во недела 08.мај, ќе се одржи последниот турнус од Супер лигата во пингпонт, и со тоа завршува регуларниот дел на првенството.

Актуелниот шампион екипата на Младост96 и оваа година, од плеј оффот ќе се бори за одбрана на шампионската титула. Во полуфиналето со Шампиони Фа, а во евентуалното финале со екипата на Крива Паланка 2007, ќе се стартува со почетни 0-0 без ниедна екипа да има предност.

Тоа се должи на по една победа на секоја екипа во регуларниот дел. Доколку Крива Паланка 2007 загуби од Телеком Нец, тогаш Младост96 ќе стартува со предност од 1-0.

Полуфиналето е закажано на 21 и 22 мај. Првата утакмица се игра во Прилеп, додека наредниот ден реваншот ќе се одигра во Штип. Доколку има трет натпревар мајсторката се игра во Прилеп.

Костадиновиќ, Лашкоски, Костовски, Рикалоски, Стомнароски и Рустемовски се спремни и со победничка енергија ќе го дочекаат полуфиналето.

Од 16 мај екипата ќе обави припреми во Прилеп, додека од 23 мај после полуфиналните натпревари екипата ќе отпатува во Суботица на одржување на формата за Европскиот настап во Романија.

Натпреварите во Романија ќе се одиграат во градот Одорхеи на 28 мај. Првиот натпревар ќе се игра во 11 часот со домаќинот Одорхеи, додека вториот натпревар е во 15.00 часот со екипата на Темерин од Србија.

Победникот ќе се пласира на Гранд финалето во Трофеј на Европа на која се пласираат 8-те најдобри од секоја од осумте групи.

За разлика од машката екипа на Младост96, женската екипа во дерби натпреварот за шампион на Македонија, загубија од Шампиони Фа со 4-1, и поради подобар меѓусебен скор противничката екипа се закити со шампионска титула.

Сепак второто место е одличен резултат, каде наредната година ќе се обиде Младост96 да се закити со шампионска титула и во женска конкуренција.

Кадетите на Младост96 имаа одличен викенд. Давид Јоноски го освои 3-то место, Мартин Ристески 4-то место и Трајче Маркоски го освоија 5-то место во машка конкуренција, додека МИла Гулеска го освои 5-то место во женска конкуренција на турнирот ТОП8-најдобрите 8 во таа конкуренција. Турнирот се одржа во Прилеп. На конечната Ранг листа Мартин Ристески е со највисок пласман 3-то место, а позади него на 4-то место е Давид Јоноски.

Македонија се поклонува пред “совеста на револуционерната организација”: 110 години од cмpттa на Пере Тошев

Пере Тошев – Лефтер (1865 – 4 мај 1912) е македонски револуционер, војвода и учесник во Илинденското востание. Тој е член и раководител на Македонската Револуционерната Организација, еден од најблиските соработници на Ѓорче Петров и Гоце Делчев, а подоцна близок на Народната Федеративна Партија.

Роден е во Прилеп во семејство на на богати и видни иселеници од Дебар.

Пере Тошев бил револуционер кој имал оформени идеи и ставови за револуционерната борба, како никој друг.

Иако Тошев не се согласил со решението за кревање на недоволно подготвено масовно востание, сепак зел активно учество во Илинденското востание. Тој дејствувал во прилепскиот крај кај Мариово, а по задушувањето на востанието, со помош на Петар Ацев, Ѓорѓи Пешков и Ѓорче Петров, работел на обновување на револуционерната мрежа на Организацијата во Прилепско.

“Се’ за Македонија”

Тој по востанието се залагал за реформи и децентрализација во Организацијата.

Неговите современици ќе забележат дека: „Меѓу најголемите македонски дејци, Пере Тошев е најмалку познат. Тој живееше во осаменост и умре незабележано. Неговиот тивок и меланхоличен лик, сепак е полн со редок и скапоцен шарм. Внатрешниот живот кај никој од соборците не беше така чисто фокусиран и изобилен со морално богатство како кај него“.

Cтатиja на “Њyjopк Tajмc” од 26-ти мaj 1903 година пишyва кој го пpeдал Гоце Делчев

Натпис во весникот “Њујорк Тајмс” од 26 мај 1903 година открива кој го предал Гоце Делчев, срцето на револуционерна Македонија.

CMPTTA НА МАКЕДОНСКИОТ ВОЈВОДА

Грчки шпион го предал Делчев на Турците

Лондон 26 мај, 1903 година – Детален извештај за cmpтта на Делчев познатиот македонски војвода, од дописникот на “Тајмс” од Софија. Извештаите покажуваат дека Делчев бил придружуван од четата и вojводата Кирчовски, заедно со поетот Таворов кога влегле во селото Баница во близина на Серез, а за неговото присуство во селото Турците разбрале од грчки шпион.

Голема вojска го опколила селото и сите припадници на револуционерната чета биле yбиени по долг отпор. Жителите на селото, кое Турците го запалиле, исто така биле yбиени.

Делчев имаше 32 години. Тој беше учител, и тој беше основач на Македонската организација којашто има разграноци низ целата држава.

Дописникот на “Тајмс” од Виена вели дека продолжуваат потрагата и апсењата во вилаетот Адријанопле. Приведени се голем број свештеници и даскали. Во шест села било најдено оружje. Машката популација е во бегство, а земјоделските работи се во прекин.

119 години од cмpтта на великанот

Македонија одбележува 119 години од cmpтта на револуционерот и борец за слобода Гоце Делчев.

Револуционерот Делчев на денешен ден во 1903 бил yбиeн од турската вojска во селото Баница, на пат кон Сер.

Визионерот кој пред повеќе од еден век го разбра светот како поле за културен натпревар на народите е роден на 4 февруари 1872 година во Кукуш, во семејството на Султана и Никола.

Се школувал во гимназијата во Солун и на Воената академија во Софија. Учителствувал во Штип, а како член на Централниот комитет на ТМОРО работел на создавање мрежа на бази, комитети и комитски чети на Организацијата. Учествувал на Солунскиот конгрес на ВМРО (1896), а до 1901 година бил задграничен претставник на ВМРО во Софија.

По убиството во 1903-та, неговите посмртни останки се чувале во Баница, до 1917 година, кога биле пренесени во Ксанти, а потоа во Софија. До 1923 година, ковчежето со коските се чувало во домот на Михаил Чаков. Останките на Делчев на 11 октомври 1946 година биле пренесени во црквата „Свети Спас“ во Скопје.

Прилепчанец “стави клуч” на обложyвалница од Моцарт: За 20 денари им лапна 2,4 милиони (Фото)

Прилепчанец викендов го направи невозможното. Со само 20 денари уплата погоди дури 30 парови и освои неверојатни 2.499.901 денари.

Натпреварите кои ги погодил се играле во петокот, саботата и неделата кога го заокружил и 28-от погоден пар. Синоќа последни два пара му биле Силкеборг-Олборг во данското првенство и Аталанта-Салернитана во италијанското Калчо.

Секоја чест мајсторе, кој и да си!

Младинците на Победа итаат кон шампионската титула и настап во Европа

Хит во македонскиот фудбал, посебно оној младинскиот, оваа пролет се младинците на ФК Победа.

Генерацијата фудбалери родени 2003-та година, со неколкумина и помлади – родени 2004 и 2005 година, едноставно гази се’ пред себе. Бројките сами по себе зборуваат за фантастичката пролет на генерацијата која ја предводи тренерот Филип Мирчески, во соработка со координаторот на младинската школа на Победа, Кирил Овезоски и тренерот Илин Ѓорѓиевски.

Младите црвено-бели оваа полусезона одиграа 11 натпревари на кои остварија 10 победи, и тоа сите десет по ред откако одиграа 0:0 на снежното невреме со Вардар, а сето тоа со импресивна гол разлика 43-4. Уште поимпресивен е фактот дека на последните 5 натпревари нашите јуниори забележаа 5 победи без примен гол, а постигнаа дури 26.

Фантастична генерација фудбалери, која претставува блескава иднина за прилепскиот фудбал. Растеа тивко и ненаметливо од година во година, созреваа и оваа година се наметнаа како екипа која несомнено игра најубав и резултатски најефективен фудбал во својата конкуренција.

До крајот на сезоната во Младинската лига остануваат уште 5 кола, а за разлика од конкурентите Победа има да одигра еден меч повеќе.

Моментално по 21-то коло младинците на Победа го делат првото место со Вардар со по 49 бодови, но до крајот треба да гостуваат токму кај Вардар, кај Шкендија и кај Македонија Ѓорче Петров, а во Прилеп ќе ги пречекаат Работнички и Њу Старс.