Tројца Македонци кандидати за советници во Пјаченца, меѓу нив и Стојан Маџов од партијата на Матео Салвини

Три кандидатури од Македонци за советници во Пјаченца ги прават локалните избори на 12 јуни интересни за многубројната македонска заедница во градот од северниот дел на Италија со околу 100 илјади жители – објави “Експрес.мк”

Стојан Маџов, Антони Петров и Гордана Ефремовска ќе „трчаат“ за едно од 32 места во Советот на Пјаченца, која поради големиот број македонски иселеници од Струмица и околината нагалено ја викаат „Струмиченца“.

Маџов е занаетчија, еден од основачите на црковната општина и активен во македонската заедница и во општествениот живот на Пјаченца. Тој е кандидат на партијата Лига на поранешниот вицепремиер и министер за внатрешни работи Матео Салвини, кој лично му даде поддршка позирајќи со македонско знаменце со Сонцето од Кутлеш.

Петров е сопственик на фабрика за обработка на железо и исто така еден од основачите на македонската црковна општина во Пјаченца. Ефремовска е дизајнер.

Сите се активисти и членови на Задграничниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Пјаченца, но сите се на различни листи на овие локални избори.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.