дома блог страница 1584

Учениците од битолското училиште “Даме Груев” на Ѓурѓовден ја споија традицијата, културата и екологијата (Фото)

Во акцијата „Генерлка викенд“, која е поддржана од Општина Битола, се вклучија и ОУ „Елпида Караманди“, ОУ „Ѓорги Сугарев“, ОУ „Даме Груев“, ОУ „Стив Наумов“, ОУ „Д-р Трифун Пановски“, ОУ „Св. Климент Охридски“, а од средните училишта ОСМУ „Д-р Јован Калаузи“ и СОУ Гимназија „Јосип Броз Тито“.

Учениците во основното училиште „Даме Груев“ во населбата Јени Маале, денес, на големиот празник Ѓурѓовден, ја споија традицијата, културата и екологијата. Низ песна и игра, со поставување врбови гранчиња, во чест на пролетта, будењето на природата и на животот, организираа и акција за расчистување, во рамките на „Генералка викенд“.

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, го посети училиштето, каде учениците покрај чистењето, испратија и повеќе пораки за здрава и чиста животна средина, а беа и дел од работилницата во рамките на проектот „Знаење, заштита и вреднување на старите урбани јадра“, кој Општина Битола, го спроведува во партнерство со општини од Албанија и Франција. Учениците од ова училиште се таканаречени чувари и интерпретатори на Старата чаршија, кои истражуваат и подготвуваат презентација и интерпретација за 10 интересни точки, за кои Општина Битола подготвува сигналитика која наскоро ќе биде поставена. Со овие работилници, учениците се мотивираат и на активно делување за грижа на културното наследство кое го поседува Битола, но и негова заштита од вандализми и несовесност.

Мицкоски и Николоски гости на настан во Прилеп

Ефективни зелени и економски политики на локално ниво-Создавање на модерни општини“ е темата на која викендов во Прилеп се одржува обука во организација на фондацијата Konrad Adenauer Stiftung и ПИАЦ „Љубиша Георгиевски“ на ВМРО-ДПМНЕ.

На настанот покрај повеќе градоначалници, присуствуваа претседателот и потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и Александар Николоски.

-Благодарност до Фондацијата “Конрад Аденауер” за знаењето и искуството кое го споделуваат со нашите градоначалници. Овие настани претставуваат одлична можност да видиме до каде сме, да научиме нешто и од тоа што ќе научиме да можеме да го примениме и да го адаптираме на спецификите кои ги има Македонија и општините во Македонија – напиша Мицкоски на ФБ.

Еве од каде да набавите карти за утрешниот натпревар на Победа: Без изговори, утре сите на стадион!

Победа утре (07.05) го игра последниот натпревар на домашен терен сезонава. Противник на црвено-белите ќе биде екипата на Кит-Го од Пехчево, а со триумф прилепчани ќе го осигураат пласманот во најелитното фудбалско друштво кај нас.

Ако на натпреварот со Беласица минатиот викенд имаше над 5.000 гледачи, утре се очекуваат дури и повеќе. Картите за натпреварот се пуштени од денеска на следните локации.

Победа на табелата е на првото место со еден бод повеќе од Слога Виница. Виничани утре ќе се соочат со Беласица, па доколку не успеат да триумфираат, а Победа запише нови три бода во Прилеп, тоа ќе значи сиигурно прво место за црвено-белите во пресрет на последното коло, кога Победа ќе и гостува на Слога.

Заборавете на непријатниот мирис од машината за перење: Еве како облеката секогаш да ви мириса на омекнувачот

Помислата на перење алишта многумина ги асоцира на мирис на чистота, но често се случува тоа да не е случај. Многу од вас веројатно се сретнале со непријатен мирис на перените алишта, иако штотуку ги извадиле од машината. За оној најлошиот мирис некои тврдат дека потсетува на „мирис на мокро куче“, кој останува и по неколку перења на алиштата на различни програми и речиси е невозможно да се ослободите од него.

Причини за непријатниот мирис

Причината за непријатниот мирис можат да бидат остатоците од нечисторија во гумата на машината, предолго оставање на алиштата во машината и габички односно мувла.

Понекогаш причината за лошиот мирис може да биде и лошата комбинација на детергент и омекнувач за алишта. Мувлата, пак, може да се храни со остатоците од пена од детергентот, особено ако сте склони кон обилно ставање на средства за перење алишта.

Можеби мислите дека од овие мириси можете да се ослободите само со „тешка хемија“, но не е така. Вообичаените куински средства можат да ви бидат од голема корист.

Како да се ослободите од непријатниот мирис

Мувлата сака темни и влажни места, а машината за перење спаѓа во овој опис. Постојат бројни методи со кои можете да ги исчистите несакани наслаги и нечистотија, а притоа повторно да имате миризливи алишта.

Алкохолен оцет – спас за машината за перење

Алкохолниот оцет е проверено природно средство за отстранување на сите причинители на непријатни мириси и за одржувањето на чиста машина за перење. Додавањето на алкохолен оцет при секое перење ќе ви заштеди многу маки и ќе ве ослободи од непријатните мирис. Тој ги убива бактериите, ја омекнува водата и делотворно ги отстранува тврдокорните наслаги, па и дамки на облеката.

Ако сакате да го избегнете мирисот на оцет можете да му додадете неколку капки етерично масло, така што вашите алишта ќе мирисаат прекрасно. Комбинацијата со етерично масло е одлична и како омекнувач. Комерцијалните омекнувачи ако се користат прекумерно предизвикуваат побавно сушење на алиштата, поради што тие се склони кон создавање на непријатни мириси.

Месечно чистење на машината за перење

Во преградата за омекнувач ставете една шолја оцет, а диретно во машината една шолја сода бикарбона. Пуштете ја машината на најкратката програма, а на најјака температура, и вклучете додатно плакнење.

Што да направите ако алиштата останат предолго во машината

Многумина ги мачи овој проблем, на сите им се случило ова некогаш, но без грижа има решение.

За алиштата да се ослободат од непријатните мириси, во машината додадете една шолја мешавина од сода бикарбона и оцет, ставете детергент во ппреградата за детергент и вклучете ја машината. Кога детергнетот ќе почне да пени, исклучете ја машината и оставете ја да одстои преку ноќ. Наутро повторно вклучете ја, алиштата нека се исперат уште еднаш на вообичаената програма, а после перењето исушете ги на отворено доколку имате можност.

Отстранување на нечистотијата со боракс

Бораксот е природно средство која ја уништува мувлата, било на облеката или во машината за перење. Можете и да го додадете на детергентот.

Пред перење растопете половина лажица боракс во врела вода. Додадете го растворот во преградата за детергент и со него исперете ги алиштата. Познат по своите антигабични дејства, воедно и ќе ја дезинфицира вашата облека.

Важна е и температурата на водата

Користењето на студена вода за перење на алиштата е во ред, но притоа е многу важно превентивното одржување на машината за перење. Ако често користите пониска температура или студена вода, нужно е темелно да ја чистите машината неколку пати во годината поради насобраните остатоци од детергент, маснотии, храна и други нечистотии.

Одржувајте ја вашата машина за перење алишта чиста и свежа. Самото испирање на машината со врела вода ќе ги реши вашите проблеми. Еднаш месечно дозедорирајте ја со оцет. По перењето секогаш оставајте ја врата од машината отворена, со што ќе се спречи појавата на бактерии и мувла. Бришете ги остатоците од детергент и омекнувач барем на секои две недели. Користете соодветен детергент за вашата машина. Не користете повеќе детергент и омекнувач од што е потребно. Почитувајте ги препорачаните дози. Секогаш перете ја облеката на соодветната температура. Не ја преполнувајте машината.

Eдна жpтва во пожap кој утрово избyвнал во висококатница во Битола

Утрово се запалил стан во висококатница во Битола, која се наоѓа во близина на црквата „Св. Богородица“, објави „Тера.мк“.

Пожарникарите интервенирале на терен, при што пожарот бил изгаснат, а неофицијално има една жртва.

Повеќе детали се очекуваат во текот на денот.

Пазарџика од Бања Лука го насмеа целиот регион: Скапо им било, а не им е скапо да платат 300-400 марки за да ги надујат усните (Видео)

Изјавата на една работничка на пазарот во Бања Лука предизвика лавина од коментари на социјалните мрежи.

Имено, репортерите на босанската телевизија правеле истражувања и анкети на пазарот.

Продавачката го коментирала однесувањето на одредени муштерии кои доаѓале на нејзината тезга.

– Најлоши се оние дами, знаете, со надувани усни и слично. Само викаат „ааа скааапо, скааапо“, а не е скапо кога даваат 300-400 марки да ги надујат усните и за јапонски веѓи и така натаму, изјавила оваа продавачка за „БХРТ“.

За денеска се најавени врнежи од дожд: Еве што според народните верувања значи ако за Ѓурѓовден врне дожд

Го славиме големиот празник Ѓурѓовден, а според народните верувања има посебно значење ако денеска загрми.

Овој празник се смета за граница меѓу зимата и летото и врзан е за здравјето на домашните, женидба на младите, плодност на стоката, добри посеви…

Се верувало дека ако на Ѓурѓовден е ведро, ќе биде плодна годината, а ако на овој празник врне дожд, летото ќе биде сушно.

Порано се верувало дека колку недели пред Ѓурѓовден ќе загрми, толку товари жито ќе има таа година.

Честит именден Ѓорѓи, Ѓурѓа, Ѓоре, Гоце….

Именден празнуваат: Ѓорѓија, Гоце, Ѓуро, Ѓурѓа, Ѓоре, Ганка, Ганчо, Гинка, Ѓурѓица и др.

Големиот црковен и народен празник посветен на светиот великомаченик Георгиј Победоносец маѓу народот познат како Ѓурѓовден спаѓа меѓу неподвижните празници или меѓу празниците со постојан датум.

Секоја година се паѓа на 6 мај според новиот, или на 23 април според стариот календар. Ѓурѓовден е најголем пролетен празник што го празнува не само христијанското туку и другото население, што од друга страна зборува за фактот дека во неговата основа лежи некој голем претхрстијански празник во чест на пролетта, на разбудувањето на вегетацијата и на животот воопшто.

Како голем празник Ѓурѓовден се поврзува со Велигден, па и во народната песна се пее за нивната поврзаност, за раззеленувањето на вегетацијата и за враќањето на животот по пасивниот зимски период.

На Ѓурѓовден се изведуваат многу и најразлични обичаи. Ниту за еден друг празник ги нема толку со магиско апотропејска цел како што е случајот со Ѓурѓовден. А сето тоа има цел да осигура напредок и плодност на стоката и полињата, здравје, среќа и напредок на луѓето.

Овој празник има многу сличности со други празници кај разни народи во разни периоди од развојот на човештвото воопшто. Така на пр. има многу сличности со римскиот празник Палилија (21 април) кога Римјаните ги кителе стоката и шталите со зелени гранки, а овчарите на богот Палес му принесувале жртви за тој да ги заштити и луѓето и стоката од разни несреќи и да обезбеди напредок.

Празници, според обичаите, слични на Ѓурѓовден можат да се сретнат и кај некои други народи. Така на пр. Литванците во 16 век на 23 април му принесувале жртви на богот на пролетта, растенијата и зеленилото.

Кај нашиот народ со Ѓурѓовден започнува летната половина од годината што трае до Митровден. Затоа во една македонска народна пословица се вели: „Дојде ли Ѓурѓовден, чекај си Митровден“. На овој ден се избираат селски одборници, протуѓери, полјаци, потоа се главуваат момоци, овчари, козари, говедари итн.

Заедно со тоа луѓето се подготвуваат за периодот што следува и што е исполнет со многу, пред сè, полски работи. Човекот му се радува на оживувањето на природата, никнувањето на есенските посеви, на разлистувањето на овошките на раззеленувањето на гората и на обновувањето на вегетацијата воопшто, бидејќи тоа значи и негова егзистенција.

Меѓу повеќето обичаи и песни поврзани со овој ден посебно значајно место заземаат оние т.н. билјарски обичаи и песни што се изведуваат при берењето на билките, вечерта спроти празникот и на самиот ден рано наутро.

Берењето на штотуку изникнатите и разлистени растенија е поврзано со обичајот запотнување, како и со обичајот крмење на стоката, а тие пак со верувањето во магичната моќ на билките. На билје се оди во блиските шуми каде што можат да се најдат разлистани некои билки за кои се верува дека поседуваат магиска моќ, како што се кукурекот, здравецот, вратиката, среќата, но и некои други растенија како леската, дренот и сл.

Девојките си ги намачкуваат косите со јајце за да им бидат полни и густи како јајцето и гатаат за да го дознаат идниот брачен другар.

Се изведуваат и обичаи за заштита на стоката особено од преземање на млекото зашто се верува дека на овој ден со магии можело млекото од една млечна крава да се пренесе на помалку млечна или дури и на жена доилка.

Цената на нафтата на берзата повторно скокна – се очекува да расте и понатаму

Цената на барел нафта на лондонската берза повторно се зголеми и сега изнесува 111 долари, додека вчера истата чинеше 106 долари.

Расте цената и на американскиот пазар и таму барел нафта чини 108 долари, додека вчера чинеше 103 долари.

Се очекува нафтата и понатаму да расте поради најновите санкции кон Русија.

Teпачка помеѓу двајца вработени пред јавно претпријатие во Прилеп

На 04.05.2022 во ОВР Прилеп, В.Ѓ. (48) од Прилеп пpиjaвил дека на влезот во Јавно претпријатие во Прилеп бил физички нападнат од З.И. од Прилеп, и двајцата вработени во претпријатието.

Се преземаат мерки за pacчистyвање на cлyчajoт – информираат од ОВР Прилеп.

Од МВР нема информации за вработени во кое јавно претпријатие станува збор.