дома блог страница 1583

21-годишна девојка од Битола огpaбила пpoдавница – Ја фатиле за 45 минути

Битолчанка со закана и физичка сила ограбила продавница, а после 45 минути била приведена во полициска станица.

Како што соопшти МВР, вчера во 15:15 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола ја лишиле од слобода М.Ј.(21) од Битола.

– Таа се сомничи дека околу 14:30 часот во продажен објект во Битола со закана и употреба на физичка сила кон вработената одзела повеќе производи. Одземените производи биле пронајдени и вратени на сопственикот, информираат од МВР.

По целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.

Мицкоски: Во Охрид се случyва градежна офанзива, со реализација на проектите ја покажуваме суштинската разлика помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, дека не се сите исти

Денеска сме во Охрид, продолжуваме насекаде низ Македонија онаму каде што се работи, каде што градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата работат, за разлика од овие од владата на СДСМ и ДУИ кои што крадат. Тоа е една голема и суштинска разлика која што граѓаните ја направија на локалните избори, а убеден сум дека таа разлика ќе ја направат и на следните предвремени парламентарни избори кои што многу брзо ќе се случат.

Од она што можам да го заклучам и видам од досега со градоначалникот Пецаков што разговаравме, но и што го видовме на лице место после пет месеци повторно Охрид започнува да се гради, да се движат работите и ќе продолжи во таа насока. Иако беше изминатиот период некако сето замрено и стопирано низ цела Македонија, вклучително и Охрид, сега од ова што можам да го видам овде градежната офанзива е дел од Охрид и проектите овде во Охрид.

Јас ја користам оваа прилика да им честитам и нему и неговиот тим од луѓе кои што се овде и сето тоа го работат, и да ги охрабрам уште позасилено да продолжат да работата во периодот кој што следи.

Знам дека можеби ќе биде малку посложено бидејќи доаѓаат месеците кога започнува туристичката сезона овде во Охрид, но пред и после тоа треба уште поинтензивно да им покажеме на граѓаните дека ние сме различни, што впрочем тоа и го покажува Пецаков и луѓето кои што се дел од неговиот тим овде во општината.

Јас сум задоволен од тоа што го гледам низ Македонија, низ градовите ќе повторам уште еднаш каде што се градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, и задоволен сум бидејќи правиме разлика, а тоа го гледам и на анкетите, тоа го гледам и во бројките, тоа е практично онаа повратна информација која што ја добиваме од граѓаните на 5-6 месеци од завршувањето на локалните избори.

Многу беше важно каков е првиот впечаток и можам да кажам дека во сите оние општини каде што имаме градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата впечатокот е навистина позитивен и многу подобар од колку тој кој што беше пред да се случат локалните избори, бидејќи знаете немате можност за прв впечаток втор пат да оставите.

Така што тука би завршил, одлично е ова што се работи и ги охрабрувам така да продолжат и во иднина во периодот кој што следи.

Фон дер Лајен: Сакаме Украина да победи во вojната

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен изјави дека воведувањето ембарго на руската нафта, објавено претходно оваа недела, нема да биде лесно, но дека ЕУ „не може долгорочно да и префрла пари на Русија, со оглед на нејзините вредности“.

Таа истакна дека ЕУ мора да ја намали својата зависност од рускиот гас, додавајќи дека „Русија повеќе не е доверлив партнер“.

Лидерите на ЕУ најверојатно ќе разговараат за нов пакет санкции против Москва, кои треба да вклучуваат забрана за увоз на руска нафта.

Фон дер Лајен нагласи дека војната на Путин во Украина и „многу потребните санкции“ наметнати кон Русија од ЕУ претставуваат „еден вид економски тест“.

Таа додаде дека ЕУ е на страната на Украина. „Сакаме Украина да победи во оваа војна“, рече Фон дер Лајен.

Запрашана од новинарите според кои критериуми ќе се одлучи дали Украина победила во војната, таа одговори дека од Украина зависи како ќе преговара со Русија за да се постигне прекин на огнот.

Крај на една ера: Челзи има нови сопственици

Инвестициска група на чело со Тод Боели ги договори условите со Роман Абрамович за преземање на клубот за вкупна сума од 4,25 милијарди фунти.

Заедно со Марк Волтер, Хансјоерг Вис и компанијата „Клеарлејк Капитал“, Боели ќе ја преземк раководната палка.

Роман Абрамович ќе направи голем гест, па парите од продажбата на клубот нема да ги земе за себе, туку ќе ги донира како помош на погодените делови во Украина. Русинот ќе го „прости“ долгот на клубот кон него во висина од над 1,5 милијарди евра.

На армискиот полигон “Криволак” почнува најголемата вoeна вежба во земјава – 4.600 вojници ќе бидат дел од “Брз одговор 22”

Со околу 4.600 војници од осум држави – Македонија, САД, Обединетото Кралство, Италија, Франција, Црна Гора, Албанија и Грција од денеска на армискиот полигон Криволак започнува „Брз одговор 22“, најголемата воена вежба што се реализира во земјава.

Министерката за одбрана на вечрашниот брифинг рече дека за МО и за Армијата е голема чест што се домаќини на ваква вежба. Таа изрази убедување дека припадниците на македонската Армија и на МО ќе го покажат тоа што најдобро го знаат и умеат.

На спортскиот аеродром Стенковец, пак, на 8 мај – недела во период од 10 до 16 часот, се организира отворен ден за граѓаните, каде ќе бидат изложени сите воздухолови кои учествуваат во вежбата, а тоа се 45 најразлични воздухоплови, авиони и хелкоптери. Ќе бидат изложени воздухопловите на Армијата и МВР. На 12 мај ќе биде отворениот Ден за високи гости.

ОЈО: Тројца гинеколози обвинети за тешки дела против здравјето на луѓето

По спроведена претходна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струга поднесе Обвинителен предлог против три лица за кривично дело – Тешки дела против здравјето на луѓето од член 217 став 3 во врска со член 207 став 1 и 3 од Кривичниот законик.

Како што информира ОЈО, првообвинетиот како лекар – специјалист гинеколог акушер, второобвинетиот како лекар – специјализант по гинекологија и акушерство и третообвинетата како лекар – гинеколог акушер, вработени во Јавната здравствена установа – Медицински центар – Струга, при укажување лекарска помош примениле очигледно неподобно средство и начин на лекување врз пациентка – родилка од Дебар, со што предизвикале влошување на нејзината здравствена состојба.

-Родилката била примена на 27.08.2020 година заради породување на гинеколошкото одделение, бидејќи била во 40-тата недела од бременоста. Ја примил првообвинетиот кој ја водел како пациент во текот на целата бременост и донел одлука породувањето да биде извршено со царски рез. При операцијата му асистирал второобвинетиот, но при изведувањето на царскиот рез тие ја оштетиле левата бубрежна артерија. Како резултат на ова оштетување дошло до влошување на здравствената состојба на пациентката, која била нестабилна, но и покрај тоа обвинетите не презеле никакви мерки за утврдување на причините за влошување на нејзината состојба. Со терапијата која и ја дале дополнително ја влошиле состојбата на пациентката и задоцниле со реакцијата, поради што кај неа настанала огромна загуба на крв и западнала во состојба на шок, соопшти ОЈО.

Во такви услови, се вели во соопштението, првообвинетиот со асистенција на третообвинетата се решиле да извршат нов оперативен зафат за да го спречат крварењето, да и ја отстранат матката и левиот јајник иако на овие органи немало никакви промени или повреди. Откако и по затворањето на пациентката крварењето не престанало, тие се решиле за уште еден оперативен зафат при што хирурзите откриле дека крварењето доаѓа од оштетувањето на бубрежната артерија предизвикано при царскиот рез. Заради неможноста да се реконструира бубрежната артерија, таа морала да се подврзе и да се отстрани левиот бубрег со цел да се спаси животот на оштетената.

-Кога тоа било направено и крварењето било запрено, пациентката била препратена на лекување на Државната клиника „Мајка Тереза“ во Скопје, прецизира ОЈО

Ковачевски: Инвестициите и растот на платите се доказ дека политиките на Владата се добри и даваат ефект

Димитар Ковачевски ја посети германската компанија од автомобилската индустрија „Маркарт” и заедно со амбасадорката Анке Холштајн и менаџментот на фабриката ја истакнаа важноста од нови инвестиции, иновации, технолошки развој и вработувања и во услови на најголемата светска криза со која светот се соочува во поновата историја.

Премиерот Ковачевски во изјава за медиумите рече дека компанијата „Маркарт” која постои на пазарот речиси еден век, е пример за успешна приказна која стартувала со двајца вработени, за денес да е глобална компанија со 21 локација, на 4 континенти, со повеќе од 10.200 вработени и продажба од 1.3 милијарди евра.

„Несомнено го кажувам ова, бидејќи сакам да дадам мотив до сите претприемачи, до сите наши млади и паметни умови и во услови на најголема криза во поновата историја, да вложуваат во своето знаење и да не се откажуваат од реализација на идеите и плановите. За време на обиколката на производството на компанијата „Маркарт” разговарав и со вработените кои произведуваат производи со висока додадена вредност, работат на најсовремена и најнапредна технологија со запазени услови за безбедност и здравје при работа. Дополнително тука се води грижа и за заштита на животната средина. И во услови на најголема светска криза бројот на вработени расте, така што во моментот тука, работат 670 наши сограѓани кои произведуваат делови за автомобили за реномирани брендови како БМВ, Мерцедес, Јагуар, Ланд Ровер, Опел, Порше, Ламбoргини и имаат просечна плата од над 500 евра. Тоа е и целта на Владата минимум 30.000 денари просечна плата, а статистика ги регистрира податоците и просечната плата во земјата се доближува до 30.000 денари. Паралелно со растот на просечната, ја зголемивме и минималната плата на 18.000 денари и воведовме методологија со која истата континуирано ќе расте”, изјави Ковачевски и додаде дека оваа компанија имплементира дуално образование кое Владата силно го поддржува.

Волфганг Аихер, генерален менаџер на „Маркарт”, изјави дека истовремено се соочуваме со три сериозни кризи, поминуваме низ тешка година, уште потешка од 2020 и 2021.

„Сега е многу важно да се одржи балансот на заштеди и инвестиции. Свеста за генерирање заштеди и подобрување на ефикасноста и ефективноста треба да се постават на највисоко ниво. Со гордост можам да кажам дека тука во „Маркарт” ги имаме вистинските луѓе за успех. Тоа се луѓе кои не случајно се дел од тимот. Одбрани луѓе кои растеле заедно со „Маркарт” или луѓе кои ги препознале своите вредности и култура со оние на компанијата и така се приклучиле кон тимот. Да работите во компанија во која е имплементирана најсовремена и најнапредна технологија, компанија која нуди обуки и кариерен развој, која се грижи за здравјето, безбедноста и благосостојбата на своите вработени претставува голема привилегија и задоволство за секој млад едуциран кадар. На мое големо задоволство денес имаме прилика да ја претставиме нашата компанија пред премиерот Ковачевски, да го запознаеме со производните процеси, производите и клиентите, начинот на функционирање, имплементирани технологии и програми и проекти. И секако, се надеваме дека ќе го испратиме со позитивни впечатоци и ќе оставиме простор за понатамошна меѓусебна соработката”, изјави Аихер.

Амбасадорката Холштајн истакна дека автомобилската индустрија е срцето на билатералната економска соработка помеѓу двете земји.

„Кога управувате со автомобил, голема е веројатноста копчето и сензорот кои ги притискате да се произведени со најсовремена и најнапредна технологија токму во Македонија”, рече Холштајн.

Првата и единствена деветорка во светот го прослави својот прв роденден (Фото)

Eдинствената деветорка во светот го прослави својот прв роденден

Нивниот татко Абделкадер Арби за “Би-Би-Си” вели дека сите девет бебиња лазат, а нивната мајка Халима Сисе (26) вели дека понекогаш е заморно, но чувствувала олеснување кога ќе ги видела сите здрави и среќни.

Покрај деветте бебиња, овие родители имаат и тригодишна ќерка. Нивната деветорка го собори Гинисовиот рекорд за најголем број родени и преживеани деца. Во пресрет на породувањето на 4 мај 2021 година, владата на Мали ја транспортираше Сисе во Мароко на специјализирана нега.

И млекото ќе ни се отпие: Преку ноќ поскапело за 10%

Домашните преработувачи на млеко, велат дека нивните цени по одмрзнувањето од март постепено се зголемуваат и просечно зависно од производот и неговата масленост пораснале за 10 отсто последните 3 месеци (март, април и мај) – објави “Плус инфо”

Граѓаните негодуваат дека и млекото поскапе преку ноќ во трговските објекти. Цената за некои видови трајно млеко од домашните производители достигна и до 69 денари за литар зависно од масленоста и дали има додатоци на витамини и калциум. Кај увезеното млеко, цената достигна и до 78 денари за литар.

Домашните преработувачи на млеко велат дека нивните цени по одмрзнувањето од март постепено се зголемуваат и просечно зависно од производот и неговата масленост пораснале за 10 отсто последните 3 месеци (март, април и мај).

Од Министерството за економија велат дека немаат добиено информации од млечната индустрија дека во моментот се планира раст на цените на млекото во малопродажба, но додаваат дека е битно дека континуирано се почитува висината на трговската (профитна) маржа.

Целиот текст прочитајте го ТУКА

Учениците од битолското училиште “Даме Груев” на Ѓурѓовден ја споија традицијата, културата и екологијата (Фото)

Во акцијата „Генерлка викенд“, која е поддржана од Општина Битола, се вклучија и ОУ „Елпида Караманди“, ОУ „Ѓорги Сугарев“, ОУ „Даме Груев“, ОУ „Стив Наумов“, ОУ „Д-р Трифун Пановски“, ОУ „Св. Климент Охридски“, а од средните училишта ОСМУ „Д-р Јован Калаузи“ и СОУ Гимназија „Јосип Броз Тито“.

Учениците во основното училиште „Даме Груев“ во населбата Јени Маале, денес, на големиот празник Ѓурѓовден, ја споија традицијата, културата и екологијата. Низ песна и игра, со поставување врбови гранчиња, во чест на пролетта, будењето на природата и на животот, организираа и акција за расчистување, во рамките на „Генералка викенд“.

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, го посети училиштето, каде учениците покрај чистењето, испратија и повеќе пораки за здрава и чиста животна средина, а беа и дел од работилницата во рамките на проектот „Знаење, заштита и вреднување на старите урбани јадра“, кој Општина Битола, го спроведува во партнерство со општини од Албанија и Франција. Учениците од ова училиште се таканаречени чувари и интерпретатори на Старата чаршија, кои истражуваат и подготвуваат презентација и интерпретација за 10 интересни точки, за кои Општина Битола подготвува сигналитика која наскоро ќе биде поставена. Со овие работилници, учениците се мотивираат и на активно делување за грижа на културното наследство кое го поседува Битола, но и негова заштита од вандализми и несовесност.