Сите детали за одронот на патот Росоман – Прилеп

Од 05:55 часот рег. пат Росоман- Прилеп, кај м.в.„Трите ленти“ е затворен за сообраќај поради одрон на патот. Според информациите кои ги добивме од СВР Кавадарци, се работи за голем одрон на патот помеѓу Росоман и Прилеп кај месноста „Трите ленти“ . Изведувачот на новиот пат работи со механизација на расчистување на патот. Претпоставка е дека сообраќајот ќе биде во прекин 5-6 часа.

Од Центарот за управување со кризи информираат дека и во текот на денешниот ден, како резултат на очекуваните локални интензивни врнежи, можни се локални појави на течење на вода низ градските улици (доколку таму се сконцентрирани врнежите), локални појави на брзо зголемување на водостојот на помалите реки и суводолиците, како и можни појави на свлечишта и одрон.

„Предупредуваме на претпазливо движење покрај помалите реки и суводолиците во текот на денешниот ден“, додаваат оттаму.

Повеќе детали и информации во кој правец ќе се движи актуелната ситуација на регионалниот пат Росоман- Прилеп ќе следат во текот на денот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.