дома блог страница 1585

Цената на нафтата на берзата повторно скокна – се очекува да расте и понатаму

Цената на барел нафта на лондонската берза повторно се зголеми и сега изнесува 111 долари, додека вчера истата чинеше 106 долари.

Расте цената и на американскиот пазар и таму барел нафта чини 108 долари, додека вчера чинеше 103 долари.

Се очекува нафтата и понатаму да расте поради најновите санкции кон Русија.

Teпачка помеѓу двајца вработени пред јавно претпријатие во Прилеп

На 04.05.2022 во ОВР Прилеп, В.Ѓ. (48) од Прилеп пpиjaвил дека на влезот во Јавно претпријатие во Прилеп бил физички нападнат од З.И. од Прилеп, и двајцата вработени во претпријатието.

Се преземаат мерки за pacчистyвање на cлyчajoт – информираат од ОВР Прилеп.

Од МВР нема информации за вработени во кое јавно претпријатие станува збор.

Пендаровски: Шансите за кревање ветото од Бугарија во јуни се помалку од 50%

Претседателот Стево Пендаровски смета дека шансите за кревањето на бугарското вето се помалку од 50%.

-Тоа е пред се поради однесувањето на другата страна. И јас дадов поддршка на новиот пристап. Петков направи неколку работи и ја подели целата билатералата на пет теми и историјата беше само една од темите. Тој сето тоа го направи на убав начин и разговаравме за повеќе теми. Шансите одат надолу затоа што за жал бугарската страна во последниот месец дена сака на голема врата да ја врати историјата. Не мислам дека Петков, туку други фактори во и надвор бугарската влада, рече Пендаровски во емисијата „Само интервју“.

Според него, нарушувањето во односите почнало откако ги примил на средба претставниците од ОМО Илинден Пирин.

-Добивме канонада на квалификации и напади. Се вратија на стариот бугарски вокабулар. Мислам дека Петков бидејќи беше фронтално напаѓан во владата и него му требаше да ја засили политичката референца, вели Пендаровски.

Претседателот потенцира дека ниту една земја-членка на ЕУ не ги разбира бугарските аргументи.

-Тие не се базираат на обична агенда. Тоа што ме загрижува е што не гледам вистински фокус на ЕУ кон проблемот. Не беа доволно активни дека Европа е геостратешки проект. Европа секогаш била и е почната како мировен проект. Не треба да се случи војната во Украина за да влеземе во ЕУ, смета Пендаровски за влијанието на Унијата во решавање на спорот со Бугарија.

Мицкоски најавува објава на криминал од епски размери во режија на ДУИ

Во деновите кои што следат на сите ќе им стане јасно за што се наменети тие 900 милиони евра и јавноста ќе биде сведок на епски криминал, најави денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по посетата на Гевгелија.

– Почекајте и деновите кои што следат на сите ќе ни биде јасно зошто се наменети овие 900 милиони евра. Повторно за криминал, само на еден поинаков начин. Тоа е суштината и тоа треба да го знаат граѓаните. За реализација на еден проект кој што долго време ДУИ го најавува. А како предигра на таа реализација, ќе повторам, направена е промена на сопственичката структура на една градежна компанија каде што нов сопственик е човек, фамилија блиска до ДУИ. Ќе бидеме сведоци на еден епски криминал кој што ќе се случува во периодот кој што следи – потенцираше Мицкоски.

Тој тврди дека власта се обидува да ја скрие вистинската намена на тие 900 милиони евра.

– Прво ќе излезат и ќе кажат дека биле 900 милиони евра за буџетска поддршка, за ликвидноста на буџетот. Видоа дека таа приказна тешко проаѓа и наидува на критика во јавноста, па потоа се обидоа на мала врата да протнат една друга теза дека се потрошени државните резерви во четвртиот квартал од минатата година и првиот квартал од оваа година, нешто повеќе од дванаесет проценти од вкупниот волумен на државни резерви па требало тие да се покријат. Суштината е нешто друго и повторно главен играч тука е ДУИ, а СДСМ е само набљудувач на тој процес. Тоа се пари кои се наменети за тој проект кој што долго време го најавува ДУИ, а како подготовка на тој проект, изминативе денови е направена промена на сопственичката структура на една стара градежна македонска компанија сопственост на еден бизнисмен а сега во дел од сопственоста влезе лице кое што е блиско до ДУИ – нагласи Мицкоски.

Еве кои новинари, портали, НВО и спортски клубови добија пари од општина Прилеп

Комисијата за финансирање и буџет при Советот на Општина Прилеп, одржа седница на ден 5.04.2022 година во состав Ирена Стерјовска Локвенец-претседател, Александар Китаноски, Дарко Андреески, Александра Сваќароска и Трајче Ржаникоски на која седница ги разгледа барањата за распределба на средства од буџетот на Општина Прилеп за 2022 година, наменети за финансирање на Здруженија на граѓани и фондации како и спортски клубови во областите од надлежност на општината, по Јавниот Повик бр. 01/2022 и по истите одлучи:

Вкупно на листата има 139 различни организации од различни свери на општественото живеење и клубови во различни спортови.

Општината оддели по 900.000 денари за ФК Победа и РК Прилеп.

Ќе видиме какви ќе бидат реакциите кај спортистите и дали ќе бидат задоволни од распределбата на средствата од буџетот на општината.

Хумана Македонијо ти си повторно на потег: На Томислав му е потребна нашата помош за повторно да застане на нозе

На Томислав итно му е потребна нашата помош – па хумани граѓани, знаете што треба да направиме!

34-годишниот Томислав Ивановски од Битола, по тешка сообраќајна несреќа се здоби со сериозни повреди во грбот и остана парализиран.

Со надеж дека повторно ќе застане на нозе, тој треба да отпатува во Србија на 5-ти јуни, 3 месеци на роботска невро-рехабилитација.

Вашата поддршка и хуманост се од големо значење!

Информациите за донирање се наоѓаат на фотографијата погоре, секако и на “gofundme” на следниот линк:
https://www.gofundme.com/f/donate-to-help-tomislav-ivanovski?fbclid=IwAR01hSSYCtfBZcJfaao6TnEsBNRO7CEANXcTfQKFyUsy5NcN7GOw1-qbu_U

“Видео Подгорец”

Премиерот Ковачевски не потсети на старите добри денови кога Зоран Заев сеуште беше на чело на Владата, па секоја прес-конференција ја очекувавме со нетрпение.

– Македонскиот јазик е јазикот на Блаже Конески, Гане Тодоровски, Даница Ручигај, Анте Поповски, Славко Јаневски, Матеја Матевски, Ката Мисиркова Руменова, Петре М. Андреевски, Видео Подгорец…. да да, Видео Подгорец.

Спортот, самодисциплината и упорноста – успешна приказна на младиот прилепчанец Стефан Ветаџокоски

Дека бенефитот што го носи љубовта и бавењето со спорт уште од мали нозе поттикнува карактерно правилен развој и подоцна оформена, профилирана млада личност, е општо позната социолошка констатација. Младиот прилепчанец Стефан Ветаџокоски е еден од многуте примери дека оваа теза е потполно делотворна и точна.

– Со почетокот на моето основно образование, а поттикнат од љубовта кон малиот фудбал на мојот татко Пеце Ветаџокоски, којшто во тоа време беше крајно посветен на овој спорт, придонесе кај мене, иако многу млад, целосно да се пренесе желбата кон спортот, натпреварите и победите. Но секако, самодисциплината и оформувањето на карактер, се особини без кои не може да се постигнат врвни достигнувања во било која сфера од животот.

Подоцна како јуниор започнав со тренинзи под надзор на татко ми, кој беше еден од основоположниците на современиот мал фудбал и футсал (прв селектор на репрезентацијата на Македонија во мал фудбал, назначен од Управниот одбор на ФСМ, сега ФФМ).

За моја среќа, многу бргу дојде и неговиот успешен проект “Јуниот Куп”, рализиран заедно со А1 телевизија, што придонесе за голема популаризација на футсалот во Македонија. Преку тој проект се промовираа многу млади таленти кои сеуште имаат важна улога во македонскиот фудбал и футсал.

Во исто време со спортската надградба, од нас младите играчи се бараше да бидиме и одлични ученици со карактер на победници, во што малкумина успеавме.

– И покрај големата приврзаност, талент и желба за врвни дострели во спортот, по завршувањето на средното образование и зголемените обврски на Економскиот факултет во Прилеп, сепак мојата одлука беше да му се посветам на високото образование, не запоставувајќи го и спортот, но не со интензитет што го бара врвното натпреварување. Во секој случај сè уште играв во футсал првенството, како и на многу турнири во мал фудбал ширум Македониja.

Стефан Ветаџокоски со висок просек дипломираше на Економскиот факултет во Прилеп, a наскоро ќе го брани и својот магистерски труд. Сè уште рекреативно е активен и на спортски план, но активно учествува и соработува во организирање на турнири во мал фудбал низ Македонија.

Во својот спортски и едукативен ангажман има добиено повеќе стипендии, сертификати и други признанија. Вреди да се напомене и дека Стефан е поранешен младински и сениорски футсал репрезентативец. Во моментов работи во “Taskforce”, фирма за консалтинг услуги, во секторот осигурување.

– Без оглед на успешната спортска и пред се едукативно- образовна кариера, јас како и многу мои врсници, млади луѓе, се соочуваме со големи проблеми да се етаблираме во нашето општество на пазарот на труд, пред се, поради ограничената можност за адекватно вработување во сооднос со стручното образование. Затоа сме принудени да бараме разни алтернативи, од кои најболната за државата е одливот на образовани млади луѓе во странство.

Денеска се навршуваат 77 години од усвојувањето на македонската азбука

На денешен ден, 5 мај 1945 година, со Решение на Народната влада на Федерална Македонија била усвоена азбуката на македонскиот јазик, а по два месеца, Министерството за просвета го озакони првиот правопис на македонскиот јазик.

Развојот на денешната македонска азбука датира уште со појавата на глаголицата и потоа со замената на глаголицата со кирилца и со постепено развивање и усовршување на гласовно-графичкиот систем.

Нашиот великан Блаже Конески, чијшто заслуги за создавањето на македонската азбука и кодификацијата на македонскиот јазик се огромни, во една прилика беше рекол дека „Јазикот е нашата најкомплетна татковина”.

Кодификацијата на Македонскиот јазик е поврзана со следниве историски настани:

-со Решението на Првото заседание на АСНОМ (2 август 1944) за воведување на македонскиот како службен јазик во македонската држава

-со Решението на Президиумот на АСНОМ од мај 5 мај 1945 година за македонската азбука

-со официјалното усвојување на македонскиот правопис – 7 јуни 1945

Кодификацијата по дефиниција: е прифаќање и систематизација на јазични правила и закони и пропишување задолжителна јазична норма. Таа претставува значаен чин во историјата на еден народ. Кодифицираниот јазик е нормиран јазик.

“Падобранецот” кој со албанско знаме синоќа втрча на “Сантијаго Бернабеу” бил од Скопје (Фото)

Синоќешната полуфинална реванш-пресметка од Лигата на шампионите (ЛШ) помеѓу Реал Мадрид и Манчестер Сити (3-1) беше на момент прекината на стартот од продолженијата, откако навивач втрча на теренот веејќи албанско знаме, по што го гушна бензема пред да биде „уловен“ од обезбедувањето на теренот.

Медиумите на албански јазик во Македонија денеска откриваат информација дека човекот што втрча на „Сантијаго Бернабеу“ се викал Агими и бил скопјанец, кој во моментов работел во Франкфурт.

Неговото втрчување стана „повредно“ со оглед на историскиот пресврт што се случи во последните минути, кога Родриго ги врати „кралевите“ од мртвите и им го трасира патот кон финалето, кое беше потврдено токму од Бензема со гол од пенал во првото продолжение.