дома блог страница 1571

Уште малку па стотка: Регулаторна одлyчи, од полноќ ново големо пocкапyвање на бензините

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,80 % во однос на одлуката од 16.05.2022 година.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство не се менуваат, додека малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 2,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,903 ден/кг и сега ќе изнесува 54,339 ден/кг.

Од 19.5.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 94,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 96,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 86,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 84,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 54,339 (денари/килограм)

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 4,216%, кај дизелот за 0,650%, кај екстра лесното масло за 1,312% и кај мазутот зголемувањето е за 3,708%.

Си замина уште една култна личност: “Каде бе брате, само пред пет дена пиевме кафе кај мене у маало”

На 57-годишна возраст почина Сашо Пижевски – Пиже, познат скопски шоумен, пејач и угостител.

Пиже е роден е во Дебар Маало, каде го поминал своето детство, за потоа да се преселил во Влае, каде што и до денеска живееше. Тој е еден од главните творци на ноќниот и забавен живот во Скопје од крајот на 80-тите па со мали паузи сè до денес.

Заедно со Горан Атанасов – Зеко и Игор Џамбазов бил основач и член на култната група Хавана Бенд, која била своевидна атракција на македонската естрада во раните 90-ти, позната по хитовите Шток ми бејби, Нема спас, Дај ми, жити се и др. По нејзиното распаѓање, се посветил на својот бизнис – угостителството и само повремено, како гостин, учествувал во неколку музички проекти.

Во последно време актуелен беше со повторното обединување на Хавана Бенд и нивниот хит Балада за мајка ти и татко ти, плод на соработката со Александар Митевски и како сопственик на привлечниот кафе-бар Мајка ти и татко ти.

Пиже почина во ист ден со Зеко. Непосредно пред смртта, на социјалните мрежи спродели сеќавање на пријателот.

Тажната вест на социјалните мрежи прв ја објави Игор Џамбазов.

„Каде бе Пиже? Каде бе брате? Само пред пет дена пиевме кафе кај мене у маало. Ми збореше за Скјатос, а во очите ти светкаа тинејџерски искри на радост. Имаше повеќе живот во тебе од сите гости во бавчата. Ми рече: “Џамбаз, уште не и ме се дааме на копиљациве, така? Па шо бе, боље изглеаме од нив”. Довидување, другар мој. И сликни едно селфи од горе. Ја ќе го објавам, ти шерни го. Тага. Збогум брате…“, напиша Џамбазов.

Aмбасадopoт на Полска во посета на општина Битола

Амбасадорот на Република Полска, Војциех Тицињски, денес ја посети Општина Битола, каде имаше средба со градоначалникот Тони Коњановски. На средбата градоначалникот Коњановски, го запозна амбасадорот со планираните проекти и визијата за развој на општината која е насочена кон создавање на подобри услови за граѓаните и напредок на општината, како и со предизвиците кои локалната самоуправа успешно ги надминува. Градоначалникот Коњановски, информираше и за условите кои ги нуди Индустриската зона „Жабени“, како можност за економска соработка со Полска и потенцијални инвестиции во зоната од оваа земја.

Амбасадорот Тицињски, истакна дека во следниот период очекува зајакнување на соработката помеѓу двете држави, како на централно така и на локално ниво. Тој информираше дека, Националниот фонд на Полска ќе овозможи финансиска поддршка на проекти во Република Македонија, во областа на животната средина и влијанието на климатските промени.

Инвестициите во образованието, развојот и промоцијата на туризмот, спортската инфраструктура и културата, се исто така области за кои амбасадата на Полска, понуди можност за соработка со општина Битола, преку искористување на средства од повиците за мали грантови на амбасадата. Амбасадорот информираше и за добрите студиски програми и можностите за стипендирање на студенти кои ги нуди Полска, а нагласи и дека во иднина ќе биде разгледана можноста и за збратимување на Битола со град од Полска.

Воз yдpи во машко лице пред железничката станица во Прилеп

Утрово околу 9:30 часот воз кој сообраќал на релација Скопје-Битола yдpил во машко лице непосредно пред железничката станица во Прилеп.

Според неофицијални информации се работи за М.Ј.(66).

Очекуваме повеќе информации во текот на денот.

Независниот синдикат на професионални војници излегува на штpajк, шатори и вреќи за спиење во недела пред Влада

Независниот синдикат на професионални војници (НСПВМ) најавува дека од недела започнува штрајк пред Владата. На ваков чекор се одлучиле бидејќи, како што велат веќе два години Владата за дел од професионалните војници не презема никакви активности за префрлување во друга институција.

-Согласно член 40а од Законот за служба во Армијата, професионалните војници со наполнување на 45 години старост се префрлуваат во други сродни институции. Но веќе 2 години од страна на Владата за дел од професионалните војници не се превземени никакви активности за префрлување во друга институција. Затоа НСПВМ превзема активности со своите членови и на ден 22.05.2022 година пред Владата на РСМ ќе постави шатор и вреќи за спиење долж тротоарот пред Владата и таму ќе остане се додека не се исполни нашето барање, велат од Независниот синдикат.

Истакнуваат дека од основањето континуирано и интензивно работат за подобрување на стандардот на вработените во Армијата, на подобрување на односите Синдикат – работодавач – Министерство за одбрана, подобрување на условите за работа, инсистирање на зголемување на буџетот на МОРСМ, на подобрување на опремата за вработените, на корекции во Законот за служба во АРСМ за подобрување на условите за живот и работа на вработените.

Од НСПВМ ја повикаа министерката за одбрана Славјанка Петровска да им даде поддршка и да им се приклучи.

(Фото) Зошто “Google Earth” ја замагли оваа куќа? Кога ќе слушнете кој е сопственикот, се ќе ви биде појасно

Во една навидум нормална улица во Кливленд, Охајо, куќа со “црна” историја е замаглена за јавноста на мапите на Google.

Куќата се наоѓа во една обична улица во авенијата Сејмур 2208, во предградието на Охајо. Ако погледнете од птичја перспектива на сликите на Google Earth, може да го видите само покривот кој е заматен и со тоа позабележителен од другите куќи на улицата.

Куќата некогаш му припаѓала на насилникот Ариел Кастро, кој киднапирал три жени и ги држел заробени во куќата речиси една деценија.

Кастро бил силувач и насилник се додека една од трите заробени жени не побегнала кај соседот и повикала полиција. Кастро беше уапсен и се изјасни за виновен по сите обвиненија. Неговата куќа на авенијата Сејмур била конфискувана и демолирана.

Конечно достапни картите за Прилеп Фест 2022: Еве каде можете да ги најдете

Фестивалот ќе се одржи на 26ти Мај, во домот на културата „Марко Цепенков”.

Листата на учесници е најдобра гаранција дека на 26ти Мај ќе имаме незаборавна вечер. Картите се со цена од само 200 денари, а можете да резервирате на следниот телефонски број: 071 222 011

Само сложни Македонци градат ваков прекрасен храм: На ридот над Ропотово едно чудо народ направи прекрасна македонска веселба за Атанасоен (Фото)

Македонска традиција е изградбата на духовни храмови, така било низ вековите, така е и во денешно време.

Изминатите години на ридот над населеното место Ропотово во близина на Прилеп, се изгради уште еден храм кој полека, но сигурно се претвора во целосен манастирски комплекс посветен на Св. Атанасиј.

Изградбата на манастирот започна во 2016 година и благодарение на помошта од верниците, како и трудољубивоста, вредноста и умешноста на управата, денеска ова светилиште полека, но сигурно го добива својот конечен изглед.

Највесело е за Атанасоен, и за летениот и за зимскиот. Пред неколку дена за Св. Атанасиј кај народот познат како летен, во манастирот се собраа едно чудо луѓе. Имаше света литургија, веселба и празнична трпеза за која се погрижија домаќините Драган Стефаноски, Зоран Стојоски и Бојан Здравески.

Манастирот го краси прекрасен поглед кон плодното Пелагониско поле, како и живописно зеленило наоколу. Има висок јарбол со македонското знаме, трпезарија, а помош за негова целосна доизградба е се уште потребна.

Сите верници и добронамерници кои сакаат да помогнат можат да се обратат на телефонскиот број: 078 998 685. Ајде сите заедно, кој колку може, да помогнеме ова светилиште да биде целосно како што доликува.

ФОТО/ВИКТОР МИХАЈЛОСКИ

УХМР со пpeдyпpeдyвање: Вечерва не’ очекyва невpeме со пopoен дожд и гpмотевици

Денес, во попладневните и вечерните часови времето ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Во текот на ноќта локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, електрични празнења, засилен ветер и појава на град, најави УХМР.

Во делови од Скопската Котлина во вечерните часови и во текот на ноќта ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја, велат од Управата.

Во текот на утрешниот ден, претпладне времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Наместа во јужните делови врнежите ќе бидат поројни, проследени со појава на грмежи. Ќе дува засилен до силен ветер од северен правец, кој повремено ќе надминува брзина и над 60 км/час.

(Видео) Се случува ли нешто со рускиот претседател? Медиумите забележаа чудно однесување на претседателската средба

Долго време се шпекулира и се пишува дека рускиот претседател Владимир Путин е болен.

Шпекулациите за лошата здравствена состојба на рускиот претседател се зголемуваат од почетокот на руската инвазија на Украина.

Првично, медиумите објавија дека се претпоставува дека боледува од рак или Паркинсонова болecт, но нема официјална потврда за ниту едно од овие тврдења.

Сега во медиумите се појавија снимки од средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и таџикистанскиот претседател Емомали Рахмон, што Предизвика нови гласини дека можеби рускиот претседател е болен.

Во видеото што го споделија руските медиуми, а го пренесе украинската новинска агенција, Путин додека разговара со својот колега неконтролирано и нервозно ги движи нозете, а се шпекулира дека ова однесување е спротивно на нормалното однесување на претседателот, пишува Newsweek.