ССМ ги објави пратениците кои не гласаа за повисоки плати: Од утре администрацијата ќе штрајкува

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) со име и презиме ги објави пратениците кои гласале „за“ и „против“ зголемување на платите на вработените во јавниот сектор.

-Работниците во јавниот сектор мора да знаат дека за амандманот за зголемување на нивната плата гласаа: Бојан Стојаноски, Тони Јаревски, Зоранчо Јованчев, Жаклина Пешевска, Дафина Стојаноска и Рашела Мизрахи.

Против работниците, против зголемување на нивната плата, против амандманот на ССМ гласаа: Лолита Ристова, Марија Кочовска, Панчо Минов, Марија Георгиевска, Драгица Ѓавочанова, Жаклина Лазаревска и Бајрам Кадрија. Истовремено еден од пратениците Исмаил Јахоски не гласаше никако, соопштија од ССМ.

Според нив, „гласот против работниците е уште еден глас против политичката партија која ја претставуваш и уште еден глас за генерален штрајк, кој поради овие 7 пратеници од владеачкото мнозинство започнува на 22.06.2022 година“.

-Ги повикуваме сите работници кога ќе ги сретнат во партија овие 7 пратеници да ги прашаат како да преживеат и зошто се против нивната егзистенција и егзистенцијата на нивните деца и семејства, стои во соопштението од ССМ.

Синдикатот бара зголемуваење на платите во јавниот сектор од 2806 денари во нето износ согласно зголемувањето на минималната плата.

Целото соопштение на ССМ прочитајте го ТУКА




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.