дома блог страница 1572

Вело сообраќајот во Прилеп: Ги “имаме” во изобилство, па затоа се користат за се’ и сешто наместо за велосипеди (Видео)

Граѓаните кои го користат велосипедот како превозно средство, како и здруженијата на граѓани и граѓански иницијативи, постојано во изминатите години апелираат до надлежните во Прилеп да преземат мерки за подобрување на вело сообраќајот во градот.

Една од ретките, а воедно и најдолга велосипедска патека се наоѓа на потегот од кружниот тек кај “Солидност” до излезот на градот кај “Лук оил”.

Ако за сообраќајната култура можеме само да апелираме за да не се паркираат возила на велосипедската патека, контејнерите и хаварисаните возила се обврска на надлежните, па со еден поглед на видеото во продолжение ќе забележите што треба веднаш да се направи.

А ние се pacпyкавме само по Елвис Бајрам: Села тврди дека директори од Д У И копaaт биткоини во училишта

Лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села во вчерашното гостување на ТВ21 обвини за „копање“ криптовалути во училишни објекти.

„Имам информации дека во училишта кои се раководени од ДУИ се копаат криптовалути, каде е полицијата и што преземаат институциите?“, кажа Села.

Села додава дека кога ќе има повеќе и конкретни информации и имиња ќе излезе јавно на прес-конференција.

Баба Меца синоќа снимена како трча низ битолската населба “Буковски ливади” (Видео)

Meчка синоќа била снимена како трча низ населбата “Буковски ливади” во Битола – објави порталот “АПЛА”

Веќе нема натпревар од каде не собраа грст награди: Девојките од танцовиот клуб “New Generation” од Прилеп одлични на Аrtist Hub (Видео)

На ден 14.05.2022 година во Струмица се одржа Интернационален натпревар во модерни танци ARTIST HUB.

На натпреварот учествуваа сите најдобри групи од Македонија и соседните држави.

Прилепскиот танцов клуб NEW GENERATION зеде учество со една формација во “Техно Денс”, како и 6 соло точки во “Хип Хоп” и “Стрит Денс”.

Во голема конкуренција девојките од Прилеп освоија три први места и тоа во формација “Техно Денс”, прво место освоја Исидора Петреска со прекрасната изведба ФМ 80 90, како и Деана Стојческа во иста категорија, но во “Стрит Денс”.

Во голема конкуренција на “Хип Хоп”, Ивана Богојевска го освои третото место, а Исидора исто така трето место во “Hip Hop Bottle”, a 5 место во “Хип Хоп”.

Пpиведени poдители од Македонија: Си ја продале малолетната ќepка за 2.500 евpa да се мажи во Белгија

На 16.05.2022 Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Сектор за криминалистички истраги – Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе под раководство на Јавен обвинител од ОЈО за ГОКК, реализираше случај за сторено кривично дело „трговија со дете“ предвидено и казниво по член 418-г став 2 од Кривичен законик, извршено од страна на три лица, од кои еден државјанин на Белгија.

Имено, белгискиот државјанин Л.Д.С. во временскиот период од февруари до мај 2022 година, со намера да овозможи вршење полови дејствија со дете или други форми на сексуална експлоатација во Белгија, планирал и со лицата Е.А. и Ф.Б. -родители на детето, договорил склучување на присилен брак помеѓу него и нивната малолетна ќерка , односно дете со неполни 14 години.

Заради остварување на својата намера да го однесе детето во Белгија, Л.Д.С. во повеќе наврати престојувал на територија на Република Северна Македонија. Со цел да се обезбедат лични документи за патување за детето , Л.Д.С. на родителите на детето им дал околу 2.500 евра, и во неколку наврати преку брз трансфер на пари Union“ од Белгија на Е.А. му испраќал парични средства во различен износ.

Врз основа на издадени судски наредби од Основен кривичен суд Скопје, на 16.05.2022, извршен е претрес на дом и други простории каде времено престојуваат Е.А. и Ф.Б. во Струга, од каде е обезбеден доказен материјал за стореното кривично дело, додека на Меѓународен аеродром – Скопје е извршен претрес над лицето Л.Д.С., по што трите лица се лишени од слобода.

Истиот ден (16.05.2022), ОСОСК-СКИ-Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе до ОЈО за ГОКК поднесе кривична пријава против Л.Д.С. (38) од Белгија и Е.А. (33) и Ф.Б. (34) од Скопје, а со привремен престој во Струга, за сторено кривично дело „трговија со дете“ предвидено и казниво по член 418- г став 2 од КЗ. Денеска (17.05) лицата ќе бидат изнесени пред судија на претходна постапка.

Пpиведен 37-годишен битолчанец, му пpoнашле амфетамин

На 16.05.2022 околу 20 часот полициcки cлyжбеници од Отсекот за недозволена тpговиja со дpoга и opyжje од Одделението за кpиминалиcтичка полициja при СВР Битола, го лишиле од cлобода Р. П (37) од Битола.

При пpeглед кај истиот пpoнajдена е паковка амфетамин.

По целосно документирање на настанот против истиот ќе биде поднесена соодветна кpивична пpиjaва.

Две сестри, две близначки, се пopoдиле во ист ден, а бебињата со иста тежина и должина (Фото)

Идентични близначки од САД родиле момчиња, во иста болница, во само неколку часа разлика. Џил Џустинијани го родила синот Оливер во 18:39 часот, а Ерин Чеплак, во 23:31 ч. го дочекала својот Силас, во болницата „Анахајм Кајзер“ во Калифорнија.

Децата се родиле со иста тежина и должина – 3.620 грама и 50,8 сантиметри.

Близначките си помагаа една на друга за време на бременоста, па нивните сопрузи и се шегуваа дека тие две може да се породат во ист ден.

– Какви се шансите за ова? Не можам да верувам дека ова се случува!, се присети Џустинијани.

Сестрите биле и пуштени од болница ист ден со своите бебиња.

Победи на “Евровизија”, па се збогyваше со девojката и замина на фpoнтот

Фронтменот на украинскиот бенд Калуш Оркестар, кој вчера победи на Евровизија, денеска е снимен како се збогува со девојка пред да се врати во Украина, каде, како што пишува британски Дејли Мејл, ќе ѝ се придружи на украинската војска на првата линија.

Олег Псиук, фронтменот на украинската фолк-рап група Калуш Оркестар, денеска е снимен пред неговиот хотел во Торино додека се збогува со својата девојка Олександра.

Пeтминa на еден: Житeли на Poпотово напpaвиле голема мeшaница пpeд бoлницaтa во Пpилеп

На 16.05.2022 во ОВР Прилеп, Б.А.(46) од с.Ропотово, општина Долнени, пpиjaвил дека пред болницата „Борка Талески“-Прилеп бил физички нападнат од П.С., С.С., В.С., Ф.С. и Б.С., сите од с.Ропотово, при што го оштетиле и неговото патничко моторно возило „Форт Фиеста“ кое било паркирано пред Болницата.

Претходно било пријавено дека лицата физички го нападнале и В.Т.(45) од с.Ропотово.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот – информираат во дневниот билтен на МВР.

“АМАЗОН” стигна и во Македонија! Невозможното стана реалност – проверете!

Од почетокот на минатиот месец, благодарение на POSTBOX, компанијата за логистички услуги и достава на пратки од е-трговија, македонските граѓани конечно можат да нарачуваат онлајн од AMAZON.COM и AMAZON.DE, како и од било која друга веб продавница во САД или Европа.

Проблемите со кои досега се соочуваа македонските граѓани кои сакаа да купуваат онлајн од AMAZON, се веќе минато! Услугата за пренасочување на пратки од е-трговија на прилепската компанија POSTBOX, им овозможува на македонските онлајн купувачи да пазарат од AMAZON, но и од сите други онајн продавници во Европа и САД, и да ги добијат своите нарачки до домашна адреса.

Досега, производите од AMAZON не беа достапни за македонските граѓани, бидејќи AMAZON и голем број од другите познати веб продавници низ Европа и САД, не нудеа испорака до Македонија, со што Македонија и македонските оналјн купувачи беа исклучени од меѓународната електронска трговија на најголемите платформи за оналјан продажба. Со интегрираната услуга за пренасочување на пратки, POSTBOX им овозможува на своите клиенти да користат адреса за испорака во Германија и САД, при купувањето од AMAZON, или било која друга веб продавница, и да ги добијат своите нарачки на домашна адреса во Македонија.

Од POSTBOX истакнуваат дека нудат модерна и уникатна услуга, која нуди многу поволности за македонските граѓани, но и за компаниите кои имаат потреба од брза испорака на репроматеријали, или резервни делови кои се достапни само онлајн.

Начинот за купување е едноставен, брз и сигурен, и се што треба да направите е да регистрирате свој кориснички профил на веб страната postbox.com.mk, и веднаш да почнете да купувате онлајн од било која веб страна во Европа и САД.

POSTBOX исто така нуди и услуги за испорака на пратки во ЕУ и САД, како и услуги за увозно-извозни царински, шпедитерски и логистички формалности, со што претставува компанија-партнер за поуспешен бизнис за деловните корисници на услугите.

Сопственикот на компанијата Сашко Гегоски е прилепчанец, кој идејата за развој на бизнис моделот на кој се темели POSTBOX, ја добил во Њу Јорк, каде развил успешен бизнис во последните 20-тина години.

Одлучил да инвестира во современа платформа за пренасочување на пратки, откако голем дел од неговите деловни партнери и познаници често го барале за користење на неговата домашна адреса во САД, за да ја користат за онлајн нарачки од AMAZON, а со оглед на тоа дека производите од најголемата платформа за е-трговија во светот не се испорачуваа во Македонија.

Според Гегоски, новата услуга има неколку поволности од аспект на корисниците:

• Пред се купувачите имаат гаранција за квалитетот на производите кои ги купуваат, со оглед на реномето на продавачите и брендовите застапени на AMAZON.COM, со што онлајн купувачите од Македонија се заштитени од опасноста да купат непроверени, неквалитетни или фалсификувани производи

• Роковите за испорака се брзи, со што македонските купувачи имаат можност да ги добијат своите нарачки речиси со иста брзина како и купувачите во САД и Европа

• Услугата им овозможува на клиентите заштеда при испорака, преку можноста за плаќање на единствена услуга за поголем број на нарачки, кои како збирна испорака ги добиваат на домашна адреса во Македонија

За деловните корисници пак услугата на POSTBOX овозможува можност за брза, сигурна и навремена набавка и испорака на репроматеријали, или делови за производствениот процес, но и можност за онлајн набавка на производи, во кои македонските компании гледаат потенцијал за оналјн продажба кај нас, или во Европа.

Услугата на POSTBOX интегрира и целосни царинско-шпедитерски формалности, со што клиентите заштедуваат на време и добиваат беспрекорна услуга со целосна документација за нарачката и испораката, без непотребно губење време од страна на граѓаните или компаниите во врска со ангажман на шпедитерски компании, или декларирање на стоките пред царинските органи.

Регистриајте се уште денес и купувајте светски од AMAZON на веб страната www.postbox.com.mk!