дома блог страница 1568

Денеска се слави Св. Апостол Јован Богослов: На овој ден од неговиот гpoб излегyвала пpaшина од која оздpaвyвале болните

Празник во чест на чудата на Свети Јован Богослов

Со името на светиот апостол и евангелист Јован се поврзани два празника. Празникот на 21/8 мај, е востановен во чест на чудата што се случувале над неговиот гроб. Имено, покрај многуте чуда што ги направил за време на животот (воскреснал мртви, исцелил болни, ја скротил бурата на морето, а кога патниците на бродот немале вода за пиење солената вода ја претворил во слатка итн.), секоја година на 8 мај (с.с.) од неговиот гроб излегувала прашина од која оздравеле многу болни. Песните што на тој ден се пеат во црквата во негова чест главно се составени од Јован Дамаскин и од цариградскиот патријарх Герман во VIII век.

Роден е во Витсаида, град на брегот на Галилејското Езеро и е помлад брат на апостолот Јаков, според татко му наречен Заведеев. Татко му се викал Заведеј, а мајка му Саломија и била ќерка на Јосиф, старателот на Богородица, кај кого што живеела по напуштањето на божјиот храм.

Јован бил рибар и заедно со брат му и со татко му ловеле риби на езерото. Еднаш кога ги крпеле мрежите кај нив наминал Исус и ги повикал Јована и Јакова. Тие веднаш го напуштиле татка си, бродот и мрежите и му се придружиле. Исус му бил посебно наклонет на Јована поради што овој присуствувал на сите поважни настани од неговиот живот. Заедно со Јаков и Петар присуствувал на Преображението на Исус на планината Тавор, тројцата биле заедно и кога Исус ја воскреснал Јаировата ќерка, а близу до Исус биле и кога тој се молел во Гетсиманската градина непосредно пред страдањата. Исус му укажал посебна чест кога на Тајната вечера го седнал до него и токму нему го претскажал предавството на Јуда. Кога Исус кажал дека ќе биде предаден од еден од апостолите само Јован се осмелил да го праша кој ќе биде тој што ќе го предаде.

Кога Исус бил фатен сите ученици се разбегале само Јован одел по него и додека го воделе кај првосвештениците и подоцна кон Голгота. Присуствувал и на распнувањето и сочувствувал при овој чин, заедно со Богородица и Марија Магдалена. По погребот на Исус и по воскреснувањето кога жените соопштиле дека го нема телото во гробот Јован прв се сетил дека Исус е воскреснат. Сепак, најголема чест Исус му направил кога во претсмртниот час му ја оставил мајка си да ја чува. „А Исус, штом ја виде мајка си и ученикот кого го љубеше, како стои, и рече на мајка Си: ʼЖено ете ти син!ʼ Потоа му рече на ученикот: ʼЕте ти мајка!ʼ И од тој час ученикот ја зеде при себе“. (Јован 19/26,27) Јован ја зел Богородица кај себе и се грижел за неа како за вистинска мајка сè до нејзиното успение.

По Вознесението на Исус, додека била жива Богородица тој проповедал во Палестина, а потоа низ Мала Азија. Најдолго престојувал во Ефес. И подоцна Исус му се јавувал на Јована, а еднаш му раскажал за иднината на неговата црква. Според ова јавување Јован го напишал своето дело „Откровение“ со коешто завршува Светото писмо (Библијата). Напишал и други дела, а најпознати се трите посланици. Од неговите дела се гледа дека бил талентиран писател и дека имал моќ да ги разјасни најдлабоките тајни на Христовата наука, поради што е наречен Богослав. Со своите проповеди многумина пагани обрнал кон христијанство поради што од царот Домицијан бил многу мачен. Му дале да испие отров, потоа го фрлиле во жешко масло, а кога и од тоа немал никакви последици плашејќи се дека е бесмртен царот го протерал на островото Патмос до брегот на Мала Азија.

Кога на римскиот престол дошло до значајни промени, кога бил убиен Домицијан, а на негово место дошол Нерво, христијаните добиле извесни слободи. Тогаш и Јован се вратил во Ефес од прогонство каде што минал 25 години. Христијаните го пречекале со голема радост и со зборовите: „Благословен е оној што доаѓа во името Господово“. Кога се појавиле разни ереси што го нагрдувале вистинското христијанско учење овдешните епископи го замолиле тоа што го проповедал усно и да го напише. Еден ден го зел со себе ученикот Прохор се искачиле на една висока планина и, по три дена минати во пост и молитви, Јован по волја на Светиот Дух започнал да зборува, а Прохор да запишува: „Во почетокот беше Словото и Словото беше во Бога, и Бог беше Словото…“ Бидејќи ги знаел содржините на трите евангелија според Лука, Марко и Матеј, Јован ги запишал оние моменти од животот на Исус што не биле опишани или доволно објаснети. Така настанало евангелието напишано според Јован Богослов. Има различни мислења за времето кога е напишано ова евангелие. Според едни тоа е напишано околу 90-95 година, а според други многу порано, околу 40-65 година.

Евангелието по Јован започнува со зборовите: „Во почетокот беше Слоовото и Словото беше во Бога и Бог беше Словото.“ (Јован 1:1) Ова евангелие е многу поразлично од другите три, како според материјалот што го вклучува, така и според неговата обработка. Исус е претставен како месија уште од самиот почеток

Според божјата волја доживеал длабока старост. Починал на 105 годишна возраст и е единствен од дванаесетте христови апостоли што умрел од природна смрт. Кога си го почувствувал крајот зел со себе неколкумина од своите ученици меѓу кои и неговиот постојан придружник Прохор, ги одвел надвор од градот, ги замолил да ископаат гроб, а потоа, откако им ги дал последните упатства легнал во гробот и ја предал душата на Бога. Споменот на смртта на Светиот апостол и евангелист Јован Богослов се празнува на 26 септември по стариот, (или на 9 октомври по новиот) календар.

Татран патека за битолчани – Заложба на општина Битола и Атлетската федерација на Македонија

Атлетичарите од Атлетскиот клуб „Олимп“ од Битола, со силна лична волја и поддршка од тренерот Демир Даутовски и покрај тоа што немаат идеални услови за тренинзи, како многу други клубови, од самиот почеток на новата сезона, бележат одлични резултати.

Успешното отворање на сезоната го започнаа кон крајот на април на Националното првенство во планинско трчање каде настапија учесници од повеќето македонски атлетски клубови, а битолските атлетичари беа на пиедесталот. Успесите продолжија да се нижат на Националното првенство за средни училишта кое се одржа во Куманово, каде битолчани понесоа три медали. На Митингот, “Светски ден на атлетиката”, на 14 Мај на Градскиот стадион во Скопје, Атлетскиот клуб „Олимп“ од Битола се претстави со шест натпреварувачи, освојувајќи четири медали.

Претседателот на клубот, Никола Димитровски на средбата со Градоначалникот Тони Коњановски, ги претстави постигнатите резултати на битолските атлетичари, кои во овој период се покажаа како атлетски машини за медали и места во горниот дел од табелата.

На средбата на која присуствуваше и претседателката на Атлетската федерација, Александра Војнеска Зикова, беше заеднички констатирано дека постигнатите успеси, јасно говорат за потенцијалот кој го има Битола за развој на оваа дисциплина, поради што е многу важно да се овозможат соодветни услови. Градоначалникот Коњановски, веднаш изврши консултација со стручните служби од секторот за урбанистичко планирање, со цел разгледување на можностите за изградба на тартан патека во Битола. Овој проект е во насока на реализација на еден од главните приоритети на градоначалникот Коњановски, кој се однесува на создавањето соодветни услови за развој на спортот во Битола и поддршка на спортскиот и натпреварувачки дух, кај младите луѓе и спортистите.

Идејата, Битола да добие тартан патека, претходно беше иницирана од страна на Димитровски и Зикова, за време на нивната средба со раководството на претходната локална самоуправа и истата беше поддржана како реална потреба на Битола, што дополнително беше потврдено и со минатогодишното одржување на Балканското Атлетско првенство во склоп на градската атлетска трка „Трчај бе“ во Битола, на кое учествуваа 10 држави членки на Балканската федерација.

Оти бе не кажувате вакви работи? Македонија имала вицепремиер за политики за добро владеење

Пример ние не знаевме, а вие ако знаевте што не кажавте досега?!

Македонија имала вицепремиер (Заменик на Претседателот на Владата) задолжен за политики за добро владеење. Да не беше новинарот Јанко Илковски да сподели на својот ФБ профил, пак немаше да знаеме…

Еве ви во продолжение, бело на црно од веб страната на Владата:

Проплакаа парковите во “Димо Наредникот” – што од негрижа, што од несовесни сограѓани (Фото галерија)

Жителите од населбата “Димо Наредникот” бараат од надлежните да се обноват парковите околу зградите. Игралиштето за баскет е целосно уништено и руинирано. Искорнати огради, искршени кошеви, дупки во асфалтот…

Во оваа населба веќе неколку години не функционираат ниту фонтаните, а за асфалт плачат и малите улички покрај зградите.

Надлежните мораат да најдат начин да воведат мониторинг во парковите, затоа што залудно се трошат пари секоја година на обновување, а потоа одново се уништуваат општите добра од несовесни граѓани.

Ковачевски: Малку кој веруваше дека ќе имаме просечна плата од 30.000ден. – сега изнесува 31.080ден.

Покачувањето на платите и вложувањето во стандардот на граѓаните е политика на која останавме доследни. Благодарение на првичните политики и одговорното владеење, ветувањето на СДСМ од 2017 година е целосно реализирано!, објави на својот фејсбук профил премиерот Димитар Ковачевски.

– Малку кој веруваше дека ќе имаме просечна плата од 30.000 денари. Ова ветување беше мета на критика и потсмев од опозицијата која силно се противи на растот на платите, но и покрај честите опструкции од нив – успеавме. Во време на голема економска криза сфаќаме колку се значајни овие политики. Со покачувањето на платите ги штитиме граѓаните од големиот раст на цените, а буџетот го насочуваме онаму каде е најпотребно, да обезбедиме повеќе приходи, да ги намалиме ценовните шокови и заеднички полесно да ја надминеме кризата, објави Ковачевски.

Тој изразува благодарност на сите членови на Владата во овој и минатиот мандат кои, како што напиша, доследно и посветено работеа на остварување на ова ветување.

– Силно верувам дека граѓаните ќе ги препознаат и наградат овие политики на СДСМ, напиша Ковачевски.

“Aрмор Плус” и хрватската амбасада обезбедија опрема од 50.000 евра за доброволните противпожарни друштва (Фото)

На 18.05.2022 се одржа донаторски настан во организација на “Армор Плус” – Скопје заедно со Амбасадата на Република Хрватска и xрватскиот деловен клуб.

На настанот беше донирана опрема во вредност од 50.000 евра на доброволните противпожарни друштва.

-Голема благодарност до стручниот тим на АРМОР ПЛУС Скопје и Амбасадата на Република Хрватска за одлично организираниот настан и донираната опрема од страна на ДПД Маркови Кули-Сонце Прилеп и останатите ДПД од Македонија – напишаа од доброволното противпожарно друштво од Прилеп.

Tренерот-херој Кузманоски го напушта РК Прилеп – заминува во европски ракометен бренд

Утревечер со почеток од 18:30ч. во спортската сала на СОУ “Ристе Ристески – Ричко”, РК Прилеп против Струга ќе го одигра претпоследното коло од плеј-аут сегментот на ракометната Супер лига.

Ова е последен натпревар пред своја публика сезонава за прилепчани, а ќе биде последен и за тренерот Горан Кузманоски-Таста на клупата на РК Прилеп.

Таста кој две години го водеше клубот и оваа година успеа да обезбеди опстанок на екипата во најелитното ракометно друштво кај нас. За својата иднина тој се очекува да одбере од трите понуди во државава и странство.

Пред утрешниот натпревар против стружани РК Прилеп се наоѓа на третото место на плеј-аут табелата, а со триумф утре ќе го преземе второто место токму од РК Струга.

Вака се честита Денот на пожapникapите: Штипскиот гpaдоначалник покажа како треба (Фото)

20 мај е Денот на пожapникapите во Македонија

Градоначалникот на Штип, Иван Јорданов, на најдобар можен начин им го честиташе денот на припадниците на територијалната противпожарна единица во неговиот градот, обезбедувајќи ново возило.

-Општина Штип обезбеди возило за Територијалната противпожарна единица во износ од 7.100.000 денари, со капацитет од 6.000 литри, а пожарникарите добија висококвалитетна опрема, соодветна за гаснење шумски пожари.
Нека е среќен денот, им посакувам успешна работа и помалку пожари! Денот на пожарникарите го одбележавме на најдобриот можен начин
– напиша Јорданов на ФБ.

Промоција на книгата “Стори нешто…” – Во чест на животот и делото на примариус Д-р Трајче Бошкоски

На 21.05.2022/сабота/ од 19.00 часот во големата сала од ЦК „Марко Цепенков“ ќе се одржи промоција на книгата „Стори нешто…“

Книгата „Стори нешто…“ е омаж за животот и делото на примариус д-р Трајче Бошкоски (1943-2010). Доктор Бошкоски има значаен придонес во здравството како доктор ортопед, но и во општествениот живот во градот. Беше хуманитарец и вљубеник и во естетиката и уметноста.

За целокупниот негов придонес како примариус, хуманист, автор е на 30-ина графики и слики во масло на платно, на промоцијата ќе говорат д-р Никола Настоски, примариус Илија Јованоски, доктор Весна Пацаноска, писателката Мирјанка Селчанец, доктор Соња Зоговиќ и Слободан Беличански во името на ДНУ.

Делото „Стори нешто …“ е публикувано постхумно благодарение на посветеноста и заложбите на неговата сопруга, Љубинка Бошкоска, со поддршка на ентузијасти од стручната јавност во Прилеп.

Вардар донесе големо зacилyвање за следната сезона

За следната сезона нов играч во Вардар ќе биде и португалскиот интернационалец Жилберто Дуарте кој потпиша договор со актуелниот македонски првак. Тој игра на позицијата лев бек а доаѓа од екипата на Монпелје од Франција.

Дуарте (197 см. 31 год.) е првиот Португалец што ќе настапува за Вардар. Со Монпелје играше сезонава во Лигата на шампионите и постигна 24 гола. Претходно има настапувано и за екипите на Порто (Португалија), Висла Плоцк (Полска) и Барселона (Шпанија).

Заедно со шпанскиот тим играше и на Ф4 турнирот во Келн во 2019 година кога Вардар ја освои втората и во финалето ја победи токму Барселона.

Покрај во напад Дуарте игра и во одбрана, со што ќе се засили и одбраната на „црвено-црните”. Дуарте има 91 настап за репрезентацијата на Португалија и постигнато 283 гола. Сезонава во францускиот шампионат постигна 34 погодоци, а лани постигна 50 гола. .

Дуарте играше и на ЕП 2022 година за Португалија и постигна осум гола. Португалците не ја минаа првата фаза откако од нив подобри беа Холандија и Исланд.

За новата сезона Вардар веќе ги потпиша средниот бек Божо Анѓелиќ од Црна Гора и десниот бек Нејц Цехте од Словенија.
Вардар веќе го освои Купот на Македонија, а има уште две кола до заверка и на 15-та титула во домашното првенство.