дома блог страница 1569

Вардар донесе големо зacилyвање за следната сезона

За следната сезона нов играч во Вардар ќе биде и португалскиот интернационалец Жилберто Дуарте кој потпиша договор со актуелниот македонски првак. Тој игра на позицијата лев бек а доаѓа од екипата на Монпелје од Франција.

Дуарте (197 см. 31 год.) е првиот Португалец што ќе настапува за Вардар. Со Монпелје играше сезонава во Лигата на шампионите и постигна 24 гола. Претходно има настапувано и за екипите на Порто (Португалија), Висла Плоцк (Полска) и Барселона (Шпанија).

Заедно со шпанскиот тим играше и на Ф4 турнирот во Келн во 2019 година кога Вардар ја освои втората и во финалето ја победи токму Барселона.

Покрај во напад Дуарте игра и во одбрана, со што ќе се засили и одбраната на „црвено-црните”. Дуарте има 91 настап за репрезентацијата на Португалија и постигнато 283 гола. Сезонава во францускиот шампионат постигна 34 погодоци, а лани постигна 50 гола. .

Дуарте играше и на ЕП 2022 година за Португалија и постигна осум гола. Португалците не ја минаа првата фаза откако од нив подобри беа Холандија и Исланд.

За новата сезона Вардар веќе ги потпиша средниот бек Божо Анѓелиќ од Црна Гора и десниот бек Нејц Цехте од Словенија.
Вардар веќе го освои Купот на Македонија, а има уште две кола до заверка и на 15-та титула во домашното првенство.

Стоилковски: Нема тepaпиja за зaбoлeни од кapцином, тендepoт не е по мepка на ДУИ-СДСМ?

Власта на СДСМ и ДУИ повторно ги доведува животите на пациентите во опасност, овој пат пациентите со карцином. Неодговорноста на СДСМ и ДУИ веќе цел месец ги остави без терапија пациентите со колоректален, оваријален и цервикален карцином. За појаснување, биолошката терапија за пациентите болни од карцином е од животно значење за нив, а оставањето без терапија е животно загрозувачки, изјави денеска за медиумите портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

Тој посочи дека во ризик се доведуваат и пациентите со рак на бели дробови, рак на бубрег и рак на дојка, за коишто резервите на терапија ги има само за кус период од неколку месеци.

– Терапија нема затоа што Власта на СДСМ и ДУИ, Министерството за здравство и Беким Сали не извршиле и не прават набавка Потребно е најитно решавање на проблемот со тендерот за набавка на биолошка терапија. Можеби овој тендер не е по мерката на СДСМ и ДУИ, но тој е неопходен за животот на многу пациенти. Со секој поминат ден без решена набавка на биолошка терапија за различни видови карцином, СДСМ и ДУИ на душа носат десетици човечки судбини и се директно одговорни за последиците, појасни Стоилковски.

Тој додаде дека и еден ден повеќе поминат со СДСМ и ДУИ е премногу!

Еве зошто полуматурантите најмногу се интересираат за упис во Гимназијата – ова се смеровите

Наставниот план за гимназиско образование е структуиран од 3 организациско-содржински компоненти:

Задолжителни предмети

Задолжителните предмети го сочинуваат заедничкото програмско јадро и тие се заеднички и задолжителни за сите ученици во гимназиското образование. Тие се претпоставка за обезбедување на општообразовен стандард кој овозможува хоризонтална и вертикална проодност на учениците. Опфаќаат содржини од современото општо образование коишто во прва година се распоредени во 10 (11) наставни предмети, за постапно да се намалат во четврта година на 5 (6) наставни предмети. Оваа компонента на Наставниот план ја сочинуваат 12 (13) наставни предмети распоредени во четирите години. Тоа, во основа, се поголемиот дел од наставните предмети кои во континуитет продолжуваат од основното образование. Програмите за овие наставни предмети ги изготвува Бирото за развој на образованието во соработка со соодветните факултети и наставници од училиштата, а ги донесува министерот за образование и наука.

Изборни предмети

Изборните предмети се групирани во три изборни подрачја: природно-математичко, јазично-уметничко и општествено-хуманистичко подрачје. Ваквата глобална групираност донекаде соодветствува на групираноста на науките во високото образование, а претставува и прегледно групирање на програмските содржини врз основа на што ќе се определуваат учениците.

Училиштата се должни да обезбедат услови за реализација на воспитно-образовна работа во најмалку две изборни подрачја. Во помалите места училиштата треба полека да создаваат услови за реализација на воспитно-образовната работа во сите три подрачја.

Ученикот, од најмалку двете изборни подрачја што му ги нуди училиштето, се определува за едно во втора година, најдоцна до крајот на наставната година. Со оглед на тоа што во втора година постои разлика само во еден изборен наставен предмет, ученикот може да го смени изборното подрачје и/или училиштето најдоцна до крајот на втората учебна година (30 август во тековната година), ако за тоа постојат услови во училиштето.

Изборните предмети имаат функција на продлабочување и проширување на знаењата на учениците. Изборноста е застапена преку наставни предмети кои се јавуваат под ист назив како дел од задолжителните предмети и преку наставни предмети под различни називи од називите на задолжителните предмети кои претставуваат делови или изводи од научните дисциплини. Изборните предмети се програмирани со по 2 и 3 часа неделен фонд од втора до четврта година. Наставните програми за изборните предмети ги подготвува Бирото за развој на образованието во соработка со соодветните факултети и наставниците од училиштата, а ги донесува министерот на образование и наука.

Од наведената листа на изборни предмети секое училиште е должно, според интересот и желбите на учениците, како и според своите кадровски и просторни можности и услови, да понуди најмалку три предмети од кои ученикот избира еден.

Училиштето ги запознава учениците со листата на изборните предмети во текот на првата година, а ученикот се определува за еден предмет од листата најдоцна до крајот на првата наставна година. Ученикот може да го смени изборниот предмет најдоцна до крајот на првата учебна година (30 август во тековната година) доколку за тоа постојат услови во училиштето.

Бројот на учениците за кои може да се организира настава за одделен избран изборен предмет изнесува најмалку 17.

Училиштето е должно да ги информира учениците за можните комбинации на изборни предмети во текот на втората година на школувањето, а ученикот треба да се определи за една комбинација на изборни предмети на крајот на втората наставна година. Ученикот може да ја смени комбинацијата на изборни предмети најдоцна до крајот на втората учебна година (30 август во тековната година), доколку за тоа постојат услови за училиштето.

По определувањето за одредена комбинација на изборни предмети, секој предмет од таа комбинација за ученикот станува задолжителен и влијае врз неговиот општ успех и правото за напредување.

Најмалиот број на ученици за кои може да се организира настава за една изборна комбинација изнесува 17 ученици или половина од дозволениот број на ученици во една паралелка.

За секоја комбинација на изборни предмети, со посебни – изведбени наставни планови се дефинираат бројот, називот, распоредот и фондот на часовите на изборните предмети по години.

Прва година: Во прва година не постојат изборни програми, што значи наставата во прва година е иста за сите ученици во гимназиското образование.

Предмети во прва година:

Македонски јазик и литература, Математика, Aнглиски јазик (прв странски јазик), Германски јазик (втор странски јазик) или Француски јазик (втор странски јазик), Историја, Географија, Физика, Хемија, Биологија, Информатика, Ликовна уметност, Музичка уметност, Спорт и спортски активности

Втора година: Во втора година сите ученици ги ги учат задолжителните предмети, но ученикот избира уште по еден предмет од листата на изборни предмети:

Предмети во втора година:

Задолжителни предмети: Македонски јазик и литература, Математика, Aнглиски јазик (прв странски јазик), Германски јазик (втор странски јазик) или Француски јазик (втор странски јазик), Историја, Географија, Биологија, Физика, Хемија, Социологија, Ликовна уметност, Музичка уметност, Спорт и спортски активности

Изборни предмети: Информатичка технологија, Елементарна алгебра и геометрија, Елементарна алгебра, Латински јазик, Етика

Трета година: Во трета година учениците избираат едно од следните изборни подрачја наведени во наставниот план: HАСТАВЕН ПЛАН ЗА ГИМНАЗИСКО ОБРАЗОВАНИЕ

–Изменување и дополнување на наставниот план за гимназиско образование, природно-математичко подрачје – комбинација А

–Измена и дополнување на наставните планови за воспитно-образовната дејност во четиригодишното средно образование 2015/2016 (за средно стручно, гимназиско, уметничко и спортска гимназија)

Честит 20 Мај – Денот на пожарникарите во Македонија! Нашите херои заслужуваат многу повеќе!

Денескa е 20. мај – Денот на пожарникарте во Македонија. Во таа прилика сакаме да им го честитаме нивниот ден – празник.

И воедно сакаме да упатиме апел до надлежните институции да обрнат повеќе внимание и почит кон оваа професија од која зависат многу животи и фамилијарни добра.

Нашите локални херои од ТППЕ Прилеп опслужуваат три општини: Прилеп, Кривогаштани и Долнени т.е. околу 120.000 жители.

Па затоа сите ние треба да се залагаме се повеќе оваа професија и овие луѓе да го добијат заслуженото место под сонцето.

ЧЕСТИТ ПРАЗНИК ХЕРОИ!

Секоја чест! Конечно нешто светско и кај нас (Видео)

Магичен перформанс во East Gate Mall. Најубава најава за Европското Првенство во ХипХоп во Скопје кое ќе се оддржи од 01.07.2022 до 05.07.2022.

Во прекрасниот настап учествуваа над 500 танчери и танчерки од AQUA DANCE CLUB, Eat The Beat – Dance Studio и Studio Dansa Latina Stefi.

Конечно нешто светско и кај нас! УЖИВАЈТЕ!

? Nenad Smiljkovik – Videography and Photography

Внимавајте што пишувате: Скопјанец доби кривична пријава за кометар на Фејсбук

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Б.К.(23) од Сарај, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“.

Тој, на 09.12.2021 година, по објавен текст од интернет портал на социјална мрежа Фејсбук, напишал коментар со кој поттикнал омраза и насилство.

Прилепските пожарникари ги запознаваат учениците со нивната професија и противпожарната заштита (Фото)

Денеска од страна на припадници од Територијалната противпожарна единица Прилеп беше посетено основното училиште “Рампо Левката”.

Пожарникарите Блаже Јовески и Томе Стеваноски им ја претставија професијата пожарникар на децата. Ги запознаа со основните работи од противпожарната заштита и со дел од опремата што ја користат пожарникарите при нивните интервенции.

Исто така децата имаа шанса да постават и по некое прашање и одблиску да се запознаат со противпожарното возило, нешто што за нив преставуваше огромно задоволство и разви голема љубопитност.

Учениците имаа прилика да се фотографираат, а ќе имаат и што да раскажат дома на своите родители. Ова е одлична едукација која заслужува секаква пофалба. Се надеваме дека и останатите училишта и наставници ќе покренат вакви иницијативи, не само за воспитување на децата за противпожарната заштита, туку одлично би било да се вклучат и други институции, на пример полицијата, брзата помош и слично.

Започнува плеј-оф разврската: Младост 96 тргнува во одбрана на титулата, а потоа прво припреми во Србија, па на европска сцена

Во сабота на 21.05.2022, пингпонгарите на Младост96 ја започнуваат разврската за одбрана на титулата. Стартува плеј-офот каде во првиот полуфинален натпревар ќе се сретнат со екипата на Шампиони ФА од Штип.

Натпреварот ќе се одигра во пингпонгарската сала на “Партизан” со почеток во 12.00 часот. Екипата напорно тренира два пати дневно и спремни ќе го дочекаат противникот од Штип.

Наредниот ден, односно на 22.05. се игра возвратниот натпревар во Штип. Доколку некоја од екипите слави во двата натпревари, ќе се пласира во финалето.

Евентуалниот трет натпревар, доколку резултатот биде 1-1, ќе се одигра во Прилеп, во термин кој накнадно ќе се дефинира, бидејќи терминот предвиден за третиот натпревар се совпаѓа со терминот на одигрување на натпреварите во Трофеј на Европа.

Веќе на 23.05 екипата заминува во Суботица (Р.Србија), на дополнителни припреми за учеството во Европските купови.

Младост96 ќе се обиде да го освои првото место во Романија и со тоа да избори учество на Гранд финалето предвидено за јуни во Хавиров-Чешка.

Раководството на ППК Младост96 позитивно го оценува самото учество во Европските купови и секоја победа извојувана во Европа е голем резултат за екипата.

Koњановски во посета на МЗТ Инженеринг – Се подготвува документација за реконструкција на улица “Индустриска”

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, денес ја посети фирмата МЗТ Инженеринг, каде имаше средба со директорот Иван Ангелин и раководителката на одделот „Ролформинг“, Билјана Ангелин.

Од страна на раководството на фирмата, која е основана во 1984 година, градоначалникот беше детално информиран за процесот на работа, кој од 1998 година опфаќа сопствено производство, пред сé на метални отпресоци и метални елементи и склопови, по пат на длабоко извлекување и метал штанцање, а врши и покривање и санација на кровови. Фирмата, произведува и електрична енергија од мали хидроцентрали, а наскоро производството ќе биде проширено и со фотонапонски панели.

Од страна на раководството на МЗТ Инженеринг, беа посочени проблемите со кои се соочуваат повеќето фирми лоцирани на просторот на старата Индустриска зона, а кои се директно поврзани со потребата за подобра инфраструктура и пристапност до деловните објекти.

Градоначалникот Коњановски, потврди дека проблемот е видлив и токму поради тоа, општина Битола, преку програмата за економски развој е во фаза на изготвување на проектна документација за реконструкција на улицата „Индустриска“, со што значително ќе се подобри патната инфраструктура во овој дел на Битола.

Матурантите од прилепската гимназија го кренаа цел град на нозе (Видео)

Матурантите од Гимназијата “Мирче Ацев” денеска го прославуваат завршувањето на четиригодишното средно образование.

Со зурли, тапани и песна, го кренаа на нозе цел Прилеп.

Немаше кој не застана и не се развесели заедно со нив. Ние им посакуваме среќна матура и успеси во понатамошното образование.