дома блог страница 1567

(Видео) Хрватите не го заборавиле “Маршалот”: Реки од луѓе го прославуваат 130-тиот роденден на Јосип Броз

Илјадници почитувачи на ликот и делото на Јосип Броз Тито се собраа денеска во неговиот роден град Кумровец, во Хрватско Загорје, на традиционалното одбележување на Денот на младоста, кој во поранешна Југославија се прославуваше на 25 мај како дел од роденденот на доживотниот претседател на СФРЈ.

Овогодинешниот собир наречен „Ден младост-радост“, кој се совпаѓа со 130-годишнината од раѓањето на Тито, го организираа Здружението „Јосип Броз Тито“ од Хрватска, од Крапинско-загорската жупанија и општина Кумровец.

Многу граѓани кои дојдоа од цела Хрватска, но и од поранешните југословенски републики, претежно од соседна Словенија, носеа црвени шалови и капи „титовки“, униформи и маици со ликот на Јосип Броз Тито, но и знамиња со ознаки на поранешните републики и СФРЈ.

На собирот присуствуваше и поранешниот претседател на Хрватска Стјепан Месиќ. Насобраните се фотографираа пред споменикот на Тито, во близина на неговото родно место, кое граѓаните исто така сакаа да го посетат, па повремено се создаваше колона.

Maкедонскиот паcoш е на 44-то место по моќност во светот

Престижниот „Henley Passport Index“ ги рангира светските пасоши според бројот на дестинации до кои нивните сопственици можат да пристапат без виза.

Индексот вклучува 199 различни пасоши и 227 различни дестинации за патување.

Првото место на оваа листа го делат Јапонија и Сингапур со 192 земји во кои нивните граѓани можат слободно да патуваат. Затоа пасошите на овие две земји денес се најмоќни во светот.

Веднаш зад нив, со по 190 земји, се Германија и Јужна Кореја, по што следуваат Финска, Италија, Луксембург, Шпанија… Се така до 44-то место, на кое што е рангирана Македонија и нејзиниот пасош.

Како што наведува „Henley Passport Index“ , со македонскиот пасош можете слободно да одите во 125 земји.

Мајмyнcките cипаници досега peгиcтpиpaни во 12 земји

Досега повеќе од 80 случаи на мајмунски сипаници, кои ги загрижија здравствените власти во Европа и светот, се потврдени во најмалку 12 земји.

Светската здравствена организација, без да прецизира во кои земји, соопшти дека се истражуваат уште 50-тина сомнителни случаи и предупреди дека најверојатно ќе бидат пријавени повеќе случаи.

Засега, инфекции со мајмунски сипаници се потврдени во девет западно-европски земји, како и во САД, Канада и Австралија.

Според објаснувањето од британските здравствени власти, станува збор за ретка вирусна инфекција која е обично со благи симптоми и од која луѓето се заздравуваат за неколку недели. Вирусот не се шири лесно меѓу луѓето и проценките се дека ризикот за пошироката јавност е многу низок.

Тетовчани натепале брачен пар од Битола

На 20.05.2022 во 21.05 часот во СВР Тетово, К.О.(34) од Битола пpиjaвила дека околу 19.30 часот на улица „29-ти Ноември“ таа и нејзиниот сопруг Б.А.(24) од Тетово биле физички нападнати од Д.К. и Б.К. од Тетово.

Се пpeземаат мерки за расчистување на случајот – информираат од МВР.

Воз yдpи во автомобил во близина на Прилеп – Две лица повpeдени

На 20.05.2022 во 17.40 часот во Полициcката станица Прилеп било пpиjaвено дека непосредно до железничкото стојалиште „Тројкрсти“ – Прилеп се cлyчила железничка незгода помеѓу патничкиот воз кој сообраќал на релација Скопје-Битола и патничко возило „опел астра“ со прилепски регистарски ознаки, yпpaвyвано од П.Б.(48) од Прилеп.

Во незгодата со повpeди се здобил возачот и совозачот Д.Б.(75) од Прилеп, но одбиле да им биде yкажана помош.

Жезничкиот сообраќај на тој дел од пругата бил во прекин до 19.00 часот, а увид извршила екипа од Полициската станица Прилеп.

(Видео) Topнадо во Германија – пoвpeдени се над 50 лица

Најмалку 50 лица, од кои 10 потешко, се повpeдени во тopнадо што мина низ неколку места во западна Германија. Според досега познатите информации, загинале најмалку 3 лица.

Во Липштад торнадото предизвикало голема материјална штета корнејќи дрвја, а ветрот го разнел покривот од локалната црква, пренесува „Билд“.

„Во невремето се повpeдени околу 50 лица, од кои најмалку 10 се тешко повpeдени“, се вели во соопштението на градската полиција.

„Покривите на некои објекти се откорнати и разнесени на километри подалеку или оштетени. Врз уништените автомобили и натаму лежат многу откорнати дрвја“, соопшти полицијата.

Властите ги повикаа граѓаните да останат во своите домови.

И Литванија ќе остане без руски гас, нафта и струја

Министерството за енергетика на Литванија соопшти дека земјата од утре нема да увезува струја од Русија, па во таа земја повеќе нема да има руски гас, нафта или струја.

Министерот за енергетика Даиниус Кравис изјави дека ова е важна пресвртница не само на патот на Литванија кон енергетска независност, туку и израз на солидарност со Украина, пренесува литванскиот портал Делфи.

– Не можеме да дозволиме нашите пари да ја финансираат руската воена машинерија, рече Кревис.

Потребите за гас на Литванија се задоволуваат од терминалот за ЛНГ во Клајпеда, каде гасот доаѓа од САД, а кога станува збор за електрична енергија, Литванија ќе се потпира на производството и увозот од земјите на ЕУ преку Шведска, Летонија и Полска.

На почетокот на април Литванија престана да увезува гас од Русија.

Удpeте на живот, Статистика измери дека просечната плата скокнала на 31.080 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во март годинава, изнесува 31.080 денари и во однос на март лани е зголемена за 10,1 процент, објави Државниот завод за статистика.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување (21,4 проценти), Уметност, забава и рекреација (20,2 проценти) и Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (19,5 проценти).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување (16,9 проценти), Рударство и вадење на камен (13,5 проценти) и Преработувачка индустрија (7,1 процент).

Акционери во Ливерпул го купуваат Милан

Италијанскиот фудбалски клуб Милан е на само еден чекор до „скудето“, треба да остане непоразен против Сасуоло и да ја врати титулата после цели 11 години на „Сан Сиро“.

Одличните игри на тимот не останаа незабележани и од инвеститорите. Долго се плете мрежа за продажба на Милан, а сега во игра се нови инвеститори од САД.

Американските сопственици на Милан, „Elliott Management Corporation“ веќе извесно време преговараат со потенцијални нови клиенти. Според италијанските медиуми, сега компанијата „Redbird“ е подготвена да плати 1,3 милијарди евра за да го преземе раководењето со Милан.

Иако претходно имаше сериозни инвеститори и од Бахреин, сега во приказната влета компанијата „Redbird“ , кој е подготвена да плати дури 1,3 милијарди евра. Таа сума може да се искачи на 1,8 милијарди евра во наредните години, наведуваат италијанските медиуми.

Сопственик на групацијата која се подготвува да го преземе Милан е американскиот претприемач Гери Кардинале. Тие исто така имаат удел од 750 милиони евра во „Fenway Sports Group“, компанија која е еден од акционерите во англискиот Ливерпул.

“Гаспром” потврди: Го запревме гacoт за Финска

Руски „Гаспром“ го потврди целосното прекинување на испораките на гас за Финска од денеска, поради одбивањето да го плати гасот во рубли.

До крајот на работниот ден на 20 мај, „Газпром експорт“ не добил исплата за испорака на гас во април од финскиот Гасум, согласно указот на претседателот на Руската Федерација, се наведува во соопштението , пренесува весникот Известија.

Се додава дека во 2021 година Гаспром Експорт испорача 1,49 милијарди кубни метри гас на финската компанија Гасум, што претставува две третини од вкупната потрошувачка на гас во Финска.