По шести пат во амфитеатарот на Могила ќе се одржи фестивалот на краток филм “Winter Apricots”

Фестивалот на краток филм “Winter Apricots”, кој веќе 6 години се одржува во градот Прилеп, овој викенд организира филмски проекции во Паркот на Револуцијата.

Во амфитеатарот на “Могила“, овој петок и сабота со почеток од 20:30 часот ќе биде прикажана колекција од најинтересните филмови од претходните две изданија.

Во Петок на 24-ти, ќе бидат прикажани филмови од 5-тото издание на фестивалот, кое за жал се одржа само во онлајн формат во 2020-та година, а во сабота ќе биде прикажана селекција на филмови од ланското, 6-то издание на фестивалот.

За крај на настанот, во сабота после филмските проекции, со почеток од 22:00 часот ќе се одржи концерт на битолскиот изведувач и кантавтор Дејан Марковски.

Карактеристично за настапите на Дејан се неговата несекојдневна енергичност, како и изведувањето на композиции на повеќе странски јазици.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.