дома блог страница 1558

Ќе замине ли стотка бензинот денеска?

Цената на суровата нафта на светските берзи ја достигна највисоката цена по пикот веднаш по стартот на руските напади во Украина.

Во моментов барел нафта за испорака во јули се продава по околу 120 долари што е највисока цена по 8 март кога мајските испораки се тргуваа и по 127 долари за барел. За нас тоа најавува ново рекордно ниво на малопроджаните цени на горивата.

Во однос на минатиот понеделник кога беа формирани актуелните цени, барел нафта е поскап за речи си 8 долари. Без значајни промени во курсот на доларот и денарот можно е од утре да имаме литар гориво кое ќе чини и над 100 денари. Во моментов бензините се продаваат за 97 односно 95 денари по литар, а дизелот чини 85 денари.

(Фото) Нов трговски бренд наскоро во Прилеп

Прилеп наскоро ќе го добие првиот супер маркет “Кипер”. Се работи за ланец на супер маркети во повеќе градови низ државата кој сигурно ќе ја зголеми понудата и конкуренцијата на пазарот.

(Видео) Ќе го облече ли црвено-белиот дрес? Нигериец го запознава Прилеп и ФК Победа

Удома Чакс Келвин е Нигериецот кој деновиве е во Прилеп. Се запознава со градот, со начинот на живот, а според информациите и со фудбалскиот клуб Победа.

Удома игра на позиција полушпиц, а зимоска беше најавен и како засилување во битолски Пелистер.

Го начекавме низ Прилеп, а тој порача: “Никој како Победа Прилеп и читајте Маркукуле”.

Победа следната сезона ќе биде прволигаш, па повеќе имиња веќе се поврзуваат со клубот. Удома Келвин е само едно од тие имиња.

Уживање и натпреварување на Крушевското Езеро: Се одржа ревијалната дружба во Фидер дисциплина (Фото)

На Крушевското Езеро денеска се одржа ревијалната “Фидер дружба” во организација на ЗСРК Мрена-1987 Крушево.

Ревијалната Фидер Дружба која се одржа денес (29.05.2022) ни донесе многуу нови пријателства, запознавме одлични професионалци во дисциплината Фидер и реализиравме одличен настан во тешки временски услови. На многу од учесниците им беше прва посета на Крушевско Езеро и се надеваме дека со нив понесоа убави спомени од убавините на езерото и неговата околина.

Најдобрите на оваа Дружба се:

Мартин Здравковски – ПРВО МЕСТО со вкупен улов од 22,835 килограми, Нико Чонески – ВТОРО МЕСТО со вкупен улов од 20,990 килограми и Марјан Ристич – ТРЕТО МЕСТО со вкупен улов од 4,205 килограми

Во натпреварувачкиот дел од Дружбата учествува вкупно 14 учесници со вкупен улов од 50 килограми. Огромна благодарност до нашите поддржувачи: Риболовна опрема Рики Струга Марти Спорт – Скопје, Влатко Максимов, Fishing Carp industry Mk, Enigma Fishing Macedonia, Оld School Krusevo, Tagas Balkan

Се надеваме дека нашето гостопримство, успешниот улов, прекрасното езеро и неговата атрактивна околина ќе бидат главните елементи за повторна посета на учесниците на дружбата, како и за останатите љубители на спортскиот риболов.

Ви благодариме на вашата посета и одличната дружба. Бистро до следно видување – пишуваат од клубот Мрена од Крушево.

Повеќе фотографии од дружбата ТУКА

Прогласени најуспешните 20 жени менаџерки во Македонија – Помеѓу нив и Даниела Перканоска од “Aвто Контрол” Прилеп

Агенцијата „Марили“ вчеравечер ги врачи статуетките „Жена водилка“ на најуспешните жени менаџери за оваа година. На свечената манифестација „Избор на најуспешни жени менаџери 2022“ што се одржа во хотелот „Инекс Олгица Хотел & Спа“ во Охрид беа прогласени за најуспешни 20 менаџерки од нашата држава и од регионот и беа наградени за нивното успешно менаџирање со компани, пред се, од приватниот бизнис сектор.

„Избор на најуспешни жени менаџери“ која агенција „Марили“ традиционално веќе 26 години по ред ја организира како поддршка на жените и нивните заложби за водење успешен бизнис. Меѓу најуспешните од Македонија и регионот е Даниела Перканоска, генерален менаџер на Авто Контрол Прилеп, која со контиунуиран успех ја води и развива компанијата, и е една од ретките менаџерки што ќе се закити со ова престижно признание, а работи надвор од главниот град.

Меѓу наградените, беше и гувернерката на Народната банка на Р.С.Македонија, Анита Ангеловска-Бежоска која доби специјална награда за успешно водење на монетарната политика во државата во услови на кризи.

Macoвна тепачка во центарот на Прилеп (Видео)

До нашата редакција пристигна видео од масовна тепачка што се случила синоќа околу 01:00ч. во центарот на Прилеп.

Според видеото се работи за млади лица околу 30тина на број кои кpвнички се тепaaт меѓусебе. При крајот на видеото се гледа дека доаѓаат екипи на полицијата и приведуваат неколку лица.

Не е позната причината поради која дошло до ваква масовна пpecметка.

Во дневниот билтен со активности на МВР има една пријава за физички напад, но засега не знаеме дали пријавата е поврзана со истиот настан.

-На 29.05.2022 во 05.30 часот Л.М.(19) од Прилеп пријавил дека околу 01.00 часот пред угостителски објект во Прилеп, додека бил заедно со неговиот другар Д.М., биле физички нападнати од повеќе лица од с.Лажани. Се преземаат мерки за расчистување на случајот – стои во дневниот билтен на МВР.

Како е ова можно? Снимка од Бугарија го стаписа Балканот – наврна град од 15 до 20цм

Покривка со висина од 15 до 20 сантиметри е формирана денеска во бугарскиот град Златоград на југот од земјата, е објавено на страницата Метео Балканс на Фејсбук.

Човек би помислил дека е тоа снег среде зима, но граѓаните кои се движат во кратки ракави и кратки панталони потсетува дека е мај и дека сме пред прагот на летните месеци.

Златоград е најјужниот град во Бугарија и се наоѓа на границата со Грција.

Видеото погледнете го ТУКА

“Напишав 10 објави со поддршка за владеачката коалиција на ФБ”: Доктор на науки го правда хонорарот во извештај

Напишав десет објави на социјалната мрежа „Фејсбук“ за поддршка на коалицијата „Можеме“ во предизборната кампања, напишав два агитациони текста на профилот на Партијата на пензионерите.

Ова се само две од точките кои проф. д-р Темелко Ристески ги напишал во својот Извештај за извршената работа доставен до Државниот секретар во Министерството за одбрана, каде бил ангажирал со договор на дело.

Скандалозниот Извештај за неговата „изцрпна“ работа во Министерството во текот на јули 2020 година, беше објавен вчера, по што следеа остри критики од јавноста, но засега министерката Славјанка Петровска и институцијата со која раководи останаа глуви и слепи на прозивките и не најдоа за сходно да го искоментираат овој скандал.

MВР мереше јачина на бучава во Битола: Санкционирани пет објекти за прегласна музика

Во текот на 28/29.05.2022 во периодот од 23.00 до 02.00 часот од страна на полициcки cлyжбеници од СВР Битола била извpшена контpoла во угостителски објекти на подрачјето на Битола во врска со прегласна музика, односно нарушување на јавниот ред и мир поради голема бучава.

Притоа, во седум угостителски објекти било извршено мерење на јачината на бучавата со фонометар, при што било констатирано дека пет од нив ја надминуваат дозволената јачина, односно со прегласна музика го нарушуваат јавниот ред и мир, поради што ќе се соочат со законски предвидените поднесоци.

Историја долга речиси 70 години: ФК Големо Коњари со силни амбиции следната сезона да се врати во Втора лига

Фудбалски клуб Ф.К.Големо Коњари, или поранешно Ф.К. Братство постои од 1954-55г.

Од формирањето па се до 1988 г. се натпреварува во општинска лига. После 1988 г. влегува во меѓурегионална лига и таму се натпреварува неколку години се до 1992 г., каде што потоа го има својот најголем успех и влегува во Втора македонска лига, каде се натпреварува неколку години.

Потоа поради финансиски проблеми Ф.К.Братство испаѓа од лигата и клубот згаснува една до две години. Поради големиот долг клубот го сменува името и се преименува во Ф.К.Големо Коњари.

По една година натпреварување од ново формиран клуб од општинска лига влегува во трета лига и во таму се натпреварува се до денес.

Оваа година клубот бележи значителни успеси и со силни амбиции и голема желба наредната сезона се надеваат да се вратат во Втора лига.