дома блог страница 1559

Ова не е нopмално: Град колку тениско топче yништи се’ во оваа мала општина – yништено земјоделие, иcпокpшени автомобили (Фото)

Големо невреме ја зафати општина Лозово. Градоначалникот Бошко Цветковски преку социјалните мрежи алармира дека сѐ е уништено.

-Земјоделието е единственото нешто од што егзистираат жителите на Лозово. 100% уништено… Уништени жита, тутуни, лозја, овоштарници, возила, пластеници… сѐ, напиша Цветковски на Фејсбук.

Претходно министерот за земјоделство, Љупчо Николовски објави дека по предупредувањата на Управата за хидро-метеоролошки работи извршено било авионско засејување на градоносни облаци.

-Преку навремената реакција на #УХМР со активирање на воздухопловите за авионско засејување на градоносните облаци и со вкупно 262 палки беше дејствувано врз градоносни облаци. Ова е рекордно дејствување на авионите со рекорно искористени палки за еден ден, при што е спречена појава на град во над 80% од прогнозите, со што е спречено предизвикување на поголеми штети на земјоделските посеви, напиша Николовски на Фејсбук.

Џипови, АТВ, кросови, вљубеници во природата и велосипедисти од цела држава: Започна адреналинскиот фестивал “Samokov Xtreme” (Видео)

Во организација на Општина Македонски брод денеска и утре во Самоков се одржува првиот адреналински фестивал на отворено SAMOKOV XTREME. Главната цел на овој фестивал е развојот на туризмот во Поречкиот регион и ставање на с.Самоков на мапата на атрактивни дестинации за авантуристички туризам.

Самоков ги отвори вратите за сите учесници кои ги има во голем број како што беше очекувано. Сите заинтересирани уредно се пријавија, потпишаа изјави и ги подигнаа стартните пакети, па започнаа со ревијално возење и запознавање со патеките.

Учесниците со своите спортски вештини ќе се презентират во следниве дисциплини и истите ќе имаат ревијален карактер: возење со теренски возила ( џипови), возење со мотокрос, возење со АТВ возила, возење со МТБ велосипеди, планинарeње.

Целата програма ТУКА, а еве дел од денешната атмосфера:

Невреме со град со големина на лешник го погоди Прилеп: Земјоделците преплашени за своите култури (Видео)

Невреме кое траеше 15-тина минути проследено со град и грмежи го погоди предмалку Прилеп.

Градот наместа беше со големина на лешник, а засега не е познато дали и колкави штети има предизвикано невремето врз земјоделските култури.

Без тројца првотимци поразите беа неизбежни: ППК Младост 96 за прв пат играше натпревари во Европските купови

Пингпонгарскиот клуб Младост 96 од Прилеп денеска го одигра дебито во Европските купови.

Ослабен без тројца играчи од првиот состав, кои во последен момент го откажаа својот настап, не можеше ништо повеќе, освен чесни порази, од романскиот Одорхеи и српскиот клуб Темерин со по 3-0.

-Гаевме надежи за освојување на првото место, и ќе беше реално доколку настапевме во полн состав. Без разлика на се одиме понатаму. Наредниот викенд не’ очекува финалето на првенството на Македонија со екипата на Крива Паланка 2007 – информираат од клубот.

Николоски: Доколку власта на СДСМ итно не ги исплати субвенциите на тутунарите ќе ги предводиме протестите на тутунарите

Денеска сме во посета на општина Прилеп како што веќе кажа градоначалникот започнува една голема инвестициска активност преку рехабилитација на улици, изградба на нови, изградба и рехабилитација на водоводни системи и за мене многу значајно довршување практично на чаршијата односно овој крак кој што води од плоштадот до основното училиште за Прилеп да си го добие сјајот кој што го заслужува. Исто така се работи во приградските населби и во селата кои што се во рамки на општина Прилеп, изјави денеска потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски.

Во продолжение интегрален текст и видео од изјавата на Николоски:

-Можам со гордост да кажам, не само како потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, исто така како носител на четвртата изборна единица што значи дека јас мојот мандат како пратеник го влечам од гласовите кои што ги добивме четвртата изборна единица сум исклучително задоволен од работата на градоначалниците кои што беа предложени од ВМРО-ДПМНЕ во целата четврта изборна единица, во рамки на можностите и во рамки на оваа криза која што се случува и ограничени финансии навистина прават максимум за да релаизираат проекти.

Тука во Прилеп имаме навистина една сериозна промена која што се чувствува и во односот кон граѓаните и во решавањето на проблемите, а секако и во инфраструктурата. Периодот е краток некаде се само шест, седум месеци, веројатно ќе треба уште некое време за целосно да се видат резултатите, но ако денот по утрото се познава стартот е исклучително добар.

Би сакал и една, две централни теми да искоментирам. Првата е поврзана со земјоделието и земјоделците. Би сакал да апелирам да се исплатата субвенциите за тутун затоа што тутунарите го заслужуваат тоа. Знаеме што се се случуваше со откупот минатата година кога не беа вреднувани класите на тутун онака како што одговара и кога не беше исплаќано онолку колку што е реална вредност на тутунот, а дополнително и основните цени беа спуштени, на тоа уште и да не се се исплаќаат субвенциите мислам дека е свесно алудирање во земјоделците и во производството на тутун. Затоа што власта не сака да запре со увозот на тутун и го одби нашиот предлог на закон со кој што предложивме да се забрани увоз на тутун во Македонија се додека не се откупи целосното производство на домашниот тутун. Даваа различни образложенија зошто треба да има увоз, но во суштина зошто треба да има увоз гледаат македонските земјоделци со тоа што немаат редовен откуп и со тоа што не може пристојно нормално да живеат и функционираат.

Втората работа која што сакам од тука да ја споменам е дека за некаде од 18тина дена, тоа е за три саботи од денес ќе се случи голем општо народен митинг на кој што очекуваме десетици, па можеби и стотици илјади граѓани да дојдат и да јасно пред Владата на Република Македонија побараат предвремени парламентарни избори на кои што ќе се реши оваа политичка, економска и национална криза.

Би сакал да ги повикам сите граѓани од тука од Прилеп, но и од цела Македонија да ни се приклучат. Се надевам дека тој митинг ќе е освестување за СДСМ и ДУИ за после тоа да седнеме и договориме датум за предвремени парламентарни избори како единствено решение за излез од оваа криза. Премногу време се изгуби ни е од април апелираме да се седне и да се разговара и да се формираат четири тима во четирите болни области тоа се финансиите, спорот со Бугарија и евроинтеграциите, здравството и секако образованието. Но, за жал нема одговор од СДСМ и ДУИ, овој митинг е едно сериозно предупредување и порака што е желба на народот и после да одиме на предвремени парламентарни избори за излез од кризата, заклучи Николоски.

Николоски во Прилеп изврши увид на неколку градежни активности: Се асфалтираат улици, а започнува и реконструкцијата на дел од плоштадот (Фото галерија)

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски денеска во Прилеп заедно со градоначалникот Јовчески извршија увид во дел од тековните градежни активности во општина Прилеп.

Се работи за увид на плоштадот „Методија Андонов Ченто“ на потегот од споменикот на Пеце Атанасоски до ООУ „Кочо Рацин“ каде во понеделник треба да се започне со реконструкција. Кракот што ќе се реконструира е во должина од 216 метри, има просечна ширина од 13,5 метри или вкупна површина некаде околу 3000 метри квадратни.

Исто така градежните активности се во тек на улицата „Киро Пајмакоски“, паралелно се работи и на асфалтирање на улицата „Браќа Ламески“ како и крак на улицата „Јоска Јорданоски“.

Вкупната должина на овие улици кои ќе бидат асфалтирани изнесува 400 метри, а нивната површина е околу 2000 метри квадратни.

Исто така деновиве ќе се започни со асфалтирање и во населбата Тризла. Се работи за улицата „Дабнички Завој“ со вкупна должина од 300 метри.

-Локалната самоуправа e веќе во завршна фаза на потпишување на договор за одржување и рехабилитација на улиците за во наредниве неколку месеци, што подразбира гребење и нанесување нов слој на асфалт, а тој договор опфаќа вкупна површина на улици од околу 12.000 метри квадратни со вредност од 15.000.000 денари – информираат од општина Прилеп.

Нова промена на “Инстаграм” – Еве што треба да знаете од денеска

Инстаграм доби ново „визуелно освежување“, а тоа ќе се однесува на новото лого, фонт и распоред на реклами на цел екран.

Според компанијата, новиот дизајн ја става содржината во центарот со фокус на едноставноста и самоизразувањето.

За новото лого, Gradient, тие користеа иновативен процес на 3D моделирање за да го направат поживописен.

За време на дизајнот на Sansa, целта беше фонтот да се направи глобално достапен, а тоа беше постигнато во партнерство со јазични експерти ширум светот, со цел социјалната мрежа да се прилагоди на глобалните скрипти, вклучувајќи арапски, тајландски и јапонски.

“Instragram Sans е инспириран од дизајнерските елементи кои нашата заедница ги гледа секој ден, нашето лого и натпис. Нашиот нов фонт го нагласува нашиот посебен идентитет. Новиот фонт ќе биде дел од Instagram Stories и Reels”, заклучуваат од компанијата.

17-годишник со плacтичен пиштол огpaбил десетина обложyвалници

На 28.05.2022 по претходно преземени мерки и активности, од страна на полициски службеници од Единица за внатрешни работи – ОКР Аеродром и Драчево при СВР Скопје околу 02.00 часот во угостителски објект на подрачјето на Аеродром лишен е од слобода 17-годишник од с.Зелениково, скопско, поради основано сомнение дека е сторител на кривично дело „разбојништво“ на 27.05.2022 во 18.30 часот во спортска обложувалница во нас.Драчево. Тој е приведен во полициска станица и при извршен службен разговор во присуство на родител, адвокат и инспектор по малолетници, признал дека извршил десет кривични дела „разбојништво“ и ги појаснил истите.

Имено, на 27.05.2022 околу 09.00 часот во спортска обложувалница 17-годишникот со закана со пластичен пиштол од вработената одзел пари, а истиот ден, тој на идентичен начин извршил разбојништво и во уште една спортска обложувалница.

Исто кривично дело 17-годишникот извршил и на 26.05.2022 во спортска обложувалница на подрачјето на Карпош, на 23.05.2022 во обложувалница на подрачјето на Аеродром, на 17.05.2022 во обложувалница на подрачјето на Кисела Вода, на 06.05.2022 и на 30.04.2022 во обложувалници на подрачјето на Аеродром. Уште три разбојништва во спортски обложувалници 17-годишникот признал дека извршил на подрачјето на Аеродром, и тоа на 27.03.2022, на 23.03.2022 во 21.00 часот и на 03.12.2021 околу 18.00 часот, кога со закана од вработените одзел пари. Кај лицето биле пронајдени и одземени предмети поврзани со кривичните дела.

Ако се лаже нека се лаже? Ковачевски: “За пет години се инвестирани се милијарда евра во патишта”

Премиерот Димитар Ковачевски, заедно со министрите за транспорт и врски и за локална самоуправа, Благој Бочварски и Горан Милевски, како и со директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Ејуп Рустеми, извршија увид на регионалниот пат Р1202, делница Маврови Анови-Жировница.

Делницата Маврови Анови-Жировница е во должина од 18,5 км, инвестиција вредна 6,18 милиони евра, а реализацијата во моментот е 60%.

„Станува збор за највредниот инфраструктурен зафат во општината Маврово Ростуше. Трасата на оваа делница всушност е продолжение на веќе рехабилитираната делница Бунец–Маврови Анови. Овој патен правец ги поврзува населените места Ново Село-Бунец-Маврови Анови-Жировница-Ростуше-Бошков Мост-Дебар-Блато па се до границата со Република Албанија. Вкупната должина на патот изнесува околу 61 km. Неговата улога во сообраќајната мрежа е патно поврзување на западниот регион од нашата земја, поточно Гостивар и Дебар, како стопански седишта во овој дел на државата. На оваа релација овој пат со својот најголем дел поминува низ националниот парк „Маврово“ кој заедно со реканскиот дел е многу значаен регион, за развој на туризмот, како и за подобрување на условите за живот на граѓаните“, рече премиерот.

Шaмap од турскиот министер Чавушоглу: “Не бараме од Финска и Шведска да го променат името како Македонија за да влезат во HATO” (Видео)

Турскиот министер за надворешни работи Чавушоглу објавува зошто Анкара не дозволува Финска и Шведска да влезат во НАТО и притоа го користи примерот со Македонија. Toj потенцира дека од нашата земја се барале неприфатливи работи како што е промената на државното име во “северна”.

Изјавата на Чавушоглу е упатена до НАТО, но и до ЕУ каде Турција со децении е земја кандидат, а која сега не врши доволен притисок Бугарија да го тргне ветото за Македонија.

Целата изјава на Чавушоглу погледнете ја во продолжение: