дома блог страница 1557

Пријатели! На Марина и е потребна нашата помош!

Пријатели, потребни сме и повторно на Марина Гулеска од Прилеп!

Благодарение на сите вас кои дониравте пред неколку месеци, помогнавте да се подобри нејзината состојба со нејзината парализа и неможност за движење на едната рака и нога, состојба која е настаната поради мозочен удар. Овој пат Марина треба да замине на рехабилитација во Турција за нејзиното лекување да даде целосни резултати каде ќе биде третирана со матични клетки. Овој зафат кошта 21000 евра кој Марина како невработена, самохрана мајка на 2 деца не може да си го дозволи.
Марина од се срце се надева и посакува и овој пат да и бидеме поддршка и помош да го изоди и овој пат и да успее во оваа борба која ќе ја подобри нејзината сосотојба.

Mарина ни ја испраќа следнава порака ” Ви посакувам се најубаво на сите што ми помогнавте, како и на сите останати кои пројавија желба за донација. Можеби неможам да ви возвратам за Вашата хуманост, но можам само да ви посакам здравје, среќа и долг живот”

Имаме отворени броеви за донација:
143 482 А1 и 143 107 ТЕЛЕКОМ

(Видео) Полицијата во Америка yaпcи 10-годишно дете: Испратило заканувачка порака до училиштето

Десетгодишно момче е yaпсено во Флорида откако се заканувало со нacилство во неговото основно училиште.

Даниел Исак Маркез е обвинет затоа што испратил заканувачка порака дека ќе пука во училиштето “Патриот” во Кејп Корал.

Полицијата соопшти дека го yaпсила ученикот од петто одделение бидејќи се однесувал како „мал деликвент“ и дека сега „ги трпи вистинските последици“.

Ова е втора лажна закана во ова училиште во изминатава недела. Една жена во четвртокот се закани дека ќе оди на матура во областа со закачена boмба на градите.

Македонецот Даниел Илиев по втор пат избран за градоначалник на град во Германија

Даниел Илиев, Македонец по потекло, од 1 јули го започнува својот втор шестгодишен мандат како градоначалник на германската општина Херинген. Илиев денеска даде заклетва за втор мандат, откако на 6 март освои 85.4% од гласовите.

На крајот од најновата седница на градскиот парламент во градското собрание, првиот човек на градскиот совет Алфред Рост повторно го задолжи Илиев совесно да си ги извршува обврските и му положи заклетва.

Првиот градски советник Јоханес Бејер го предаде уверението за именување. Градските советници претходно едногласно го прогласија за валиден резултатот од гласањето во март. По церемонијата, Илиев ги презентираше проектите што беа започнати во изминатите шест години.

Херинген е мала општина со нешто над 7.000 жители, а се наоѓа во сојузната држава Хесе, во дистриктот Херсфелд-Ротенбург.

Илиев е роден во Германија, а по потекло е од Радовиш.

Таа е жена менаџер на успешна компанија, мајка на две деца и пред се голем борец: Интервју со Даниела Перканоска

Успехот се должи на нашата стручност и на квалитетот на услугите што го постигнуваме преку големиот професионализам и посветеноста на нашите вработени. Грижата за нашите клиенти отсекогаш ни била приоритет и тоа е една од нашите особини за континуиран успех и напредок, за што нашите ценети клиенти нѐ наградуваат со долгогодишна доверба и лојалност. Продолжуваме по истиот пат! – вели Даниела Перканоска, генерален менаџер на „Авто Контрол“ – Прилеп и една од 20-те најуспешни жени менаџерки прогласени од Aгенцијата “Maрли”.

Во продолжение проследете го интервјуто на г-ѓа Перканоска за бизнис каталогот на Агенцијата “Марли” и дознајте зошто “Авто Контрол” од Прилеп во топ 10 компании за техничко испитување на возилата во Македонија.

Компанијата располага со две патеки за технички преглед и инспекциски активности на сите видови возила, во кругот на станицата успешно функционираат современ автосервис и низа сродни поврзани дејности, а поседуваат најсовремени уреди и опрема за испитување и дијагностика.

МАРИЛИ: Од кога постои приватната компанија „Авто Контрол“ и која е нејзината основна дејност?

ПЕРКАНОСКА: Почнавме пред 20 години како сервис за поправка на возила, а „Авто Контрол“ е основана пред осум години и таа е плод на нашиот повеќегодишен труд како семејна компанија што денес располага со две патеки за технички преглед и инспекциски активности на сите видови возила. Во кругот на нашата станица успешно функционираат современ автосервис и низа сродни поврзани дејности што се дополнуваат и креираат центар за исполнување на барањата на клиентите и грижа за возилата. Поседуваме најсовремени уреди и опрема за испитување и дијагностика што постојано се надградува и дополнува во согласност на европските регулативи и директиви. Може да се пофалиме дека за овој период нашата компанија се етаблираше меѓу првите десет во државава, во дејноста техничко испитување и анализа. Успехот се должи на нашата стручност и на квалитетот на услугите што го постигнуваме преку големиот професионализам и посветеноста на нашите вработени. Грижата за нашите клиенти отсекогаш ни била приоритет и тоа е една од нашите особини за континуиран успех и напредок, зашто нашите ценети клиенти нѐ наградуваат со долгогодишна доверба и лојалност.

МАРИЛИ: Компанијата има и други значајни дополнителни дејности. Според која специфика на овие дејности сте препознатливи како единствени во Пелагонискиот Регион?

ПЕРКАНОСКА: Станицата за технички преглед „Авто Контрол“ е единствена во Прилеп што поседува сертификат за акредитација за голем опсег на услуги, издаден од Институтот за акредитација на Република Северна Македонија и таа е овластена техничка служба од тип А во својство на тело за оцена на сообразност за инспекција на возила за следниве услуги:

– Поединечно одобрување на возила – хомологација;

-Oдобрување на преправени возила – А-ТЕСТ;

– Инспекција на подготвеноста на возилата за сообраќај
(ЦЕМТ/ЕКМТ); и

– Инспекција при утврдување и втиснување на идентификациски ознаки на возилата (број нашасија и број на мотор).

МАРИЛИ: Водејќи се од вашето мото „Безбедноста на прво место“, кажете ни кои се главните постулати на политиката за квалитет што ја спроведувате кон корисниците на вашите услуги?

ПЕРКАНОСКА: Безбедноста во патниот сообраќај несомнено е еден од најкомплексните проблеми во нашето општество. На сите нас како учесници во сообраќајот треба да ни биде совршено јасно дека мора да се однесуваме совесно и одговорно. Токму поради ова раководството на „Авто Контрол“ се обврза на добра професионална практика и квалитетно давање на услуги на своите корисници преку постојано усовршување на знаењата, вештините, компетентноста и стручноста на вработените, следење и примена на домашната и на странската законска регулатива, воведување меѓународни стандарди во своето работење, идентификација и отстранување на ризиците на дневна основа. Извршувањето на секојдневните задачи на вработените е во согласност со утврдената политика на квалитет. Во исто време, ние, како општествено одговорна компанија, преку совети за безбедно учество во сообраќајот и соработка со надлежните институции се трудиме да ги зголемиме свеста и одговорноста на нашите клиенти, да ги подигнеме јавната свест и сообраќајната култура на повисоко ниво и сите заедно да придонесеме за безбеден сообраќај.

МАРИЛИ: Вие сте една од ретките жени менаџери во „машки бизнис“. Кој беше предизвикот да се занимавате со оваа професија и, според вашето мислење, што е пресудно за да напредува жената во кариерата, дали тоа е образованието, личните карактеристики, умешноста да се освојуваат современи вештини за личен развој, поддршката и мотивацијата од работниот тим…?

ПЕРКАНОСКА: Менаџерската позиција е комплекс од повеќе фактори, сведочи за способностите подеднакво кај мажите и кај жените, бидејќи ако сакате да бидете успешен во тоа што го работите, мора да размислувате, да се однесувате, да изгледате и „да играте“ победнички. Приказната за нашата компанија започнав да ја пишувам како мајка на две ќерки и сопруга, водејќи се од искуството во областа на автомобилизмот на мојот сопруг. Моите почетоци значеа поддршка, а подоцна и воведување нови дејности од таа област, поставувајќи си менаџерска задача – соработка помеѓу деловната активност и приватноста, со една единствена цел – успех. Напредокот може да дојде само доколку постојано се работи на надградување на своите знаења и поставување нови и сè повисоки цели. Личниот раст и развој има непредвидливи моменти и тешкотии. Но ние, успешните жени, го даваме својот максимум, имаме разбирање за секого, самодисциплина, свесни сме за секоја одлука што ја донесуваме, храбро и достоинствено стоиме пред сите предизвици. Јас сум голем борец и оптимист и никогаш не се предавам. Клучот на мојот успех се соработката и упорноста. Создавањето тим од луѓе со исти или слични победнички особини и погледи, луѓе што поседуваат проактивен став, енергија, амбиција, ентузијазам, оптимизам и компетенции е услов за да се достигнат поставените цели во согласност со законските регулативи во една општествено одговорна компанија. Почитувањето на туѓото мислење е многу важно, независно на која позиција некој се наоѓа. Успехот на секој во општеството е заеднички успех.

МАРИЛИ: Колку професионалните обврски што ви одземаат голем дел од денот ви оставаат време за приватност, односно дали имате слободно време и како го исполнувате?

ПЕРКАНОСКА: Со добра организација на работата може да се оддели време за себе, за семејството, за пријателите, за сопственото здравје и хармонија и да се биде во тек со културните настани во заедницата. Динамиката и секојдневните многубројни обврски што треба да се исполнат во еден работен ден, како на работното место, така и во рамките на семејството, ме прават сигурна, цврста, истрајна, упорна и решителна. Нашите ќерки треба да добијат правец во животот од примеришто треба да ги инспирираат и за да бидат најдобра верзија од самите себе.

Улицата “Дабнички завој” во населба “Тризла” доби асфалт (Фото)

Денес продолжи асфалтирањето улици на територијата на општина Прилеп.

Се асфалтираше улицата Дабнички Завој во прилепската населба Тризла.

Оваа улица опфаќа и неколку краци со што вкупната должина која ќе биде асфалтирана опфаќа околу 300 метри, а целата површина е oколу 2000 метри квадратни – информираат од општина Прилеп.

Стојанче за пожapот во Тетово: “Сличен ваков пожap видов во Америка, ама таму беа пocпopи од нас” (Видео)

– Во моментов гори фабрика за гипс, картони и други материјали и пожарот е активен и не е локализиран. Сè уште чекаме информации за предизвиканото загадување бидејќи здравјето на граѓаните во околината е најважно. Првичните информации велат дека нема ослободување на отровни гасови. Побаравме и извештај од стручни лица за квалитетот на воздухот, изјави Стојанче Ангелов, директорот на Центарот за управување со кризи.

На новинарско прашање дали реакцијата на пожарникарите била навремена, Стојанче Ангелов одговори дека при секој пожар, дали урбан или шумски, најголемата одговорност ја има градоначалникот.

Сличен пожар гледав во САД и таму пожарникарите беа побавни од нас. Ваквите пожари се шират бргу и тешко се гаснат поради материјалите кои согоруваат. Ова е максимумот што може да се направи, одговори Стојанче Ангелов.

ВИДЕО: “СИТЕЛ ТВ”

Цените на гopивата уриваат рекорди – уште едно поскапување од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,36 % во однос на одлуката од 23.05.2022 година.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менуваат, додека малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,323 ден/кг и изнесува 54,640 ден/кг.

Од 31.5.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 95,00(денари/литар); Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 97,00(денари/литар); Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 86,00(денари/литар); Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 84,50(денари/литар); Мазут М-1 НС 54,640(денари/килограм).

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 1,807%, кај дизелот за 3,943%, кај екстра лесното масло за 3,308% и кај мазутот зголемувањето е за 1,135%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 1,602%.

-Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 31.5.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени, велат од Регулаторна.

Баба Меца среде бел ден се прошета низ нива во битолско Кукуречани (Видео)

Среде бел ден во нива, мечка снимена во атарот на битолското село Кукуречани. Видеото на Фејсбук го објави Васко Курајчки Јосифовски, a oва не е прв пат мечка да биде снимена низ нивите во Пелагонија.

Пред извесно време мечка беше снимена како трча низ улиците на битолската населба “Букови ливади”.

Битола добива нов булеварски влез (Фото галерија)

Со континуирана работа на терен, викендов завршено е асфалтирањето на улицата Довлеџик на потегот од раскрсницата со ул.Големо Езеро до мостот на р.Драгор. Улицата ќе биде пуштена за сообраќај во понеделник – информираат од општина Битола.

Со комплетната дореализација на проектните активности предвидени за овој дел на градот кои опфаќаат и реконструкција на мостот, Битола ќе добие нов современ булеварски влез од страната на Охрид – додаваат во соопштението од општината.

Се очекува pyшење на сите рекорди на посетеност: Анета Молика ќе направи забава за паметење во манастирот Св. Илија Писокал

Манастирот Св. Илија Писокал кај мариовско село Кален, блеска од убавина во пресрет на манастирската слава за празникот Св. Елена и Константин.

Во четврток спроти празникот ќе има вечерна литургија со почеток од 18:30ч., а со почеток од 20:00ч, празничната атмосфера ќе биде збогатена со настап на Анета Мицеска од групата “Молика”, заедно со бендот oд Прилеп “Форум”.

Управата и домаќините очекуваат да ги срушат сите рекорди оваа година и манастирот да биде посетен од неколку илјади верници и гости.

Манастирските порти ќе бидат отворени за секој добронамерник.

Одбележувањето на празникот ќе продолжи и наредниот ден, најпрво со утринска литургија со почеток од 07:30ч, а потоа одново со жива музика.