Претседателот на ОО СДСМ Прилеп, Зоран Пачешкоски се пофали
-СДСМ: НОВА ПОДДРШКА ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО, ПОЛЕСНО ИСПЛАЌАЊЕ СУБВЕНЦИИ И 100% ЗЕЛЕНА НАФТА ЗА ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ, напиша Пачешкоски на својот ФБ профил.
Сојузот на синдикати на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ денеска пред Ректоратот на УКИМ одржа мирен протест изразувајќи незадоволството од, како што велат, за влошената материјална положба на вработените.
Претседателот на Сојузот на синдикати, Ангел Ристов, пред присутните колеги и професори истакна дека никогаш во историјата на УКИМ состојбата на вработените на Универзитет не била како денес.
– Долго време бевме трпеливи иимавме разбирање за економската состојба во нашата држава, но на трпението му дојде крај. Ние мора да се избориме за нашите права, за достоинствени плати доколку ние тоа не го направиме никој друг тоа за нас нема да го направи. Ние сме претставници на научната заедница. Ние сме свеста и совеста на ова општество. Ние сме тука за нашите студенти, за нивното образование затоа што тие се иднината на нашата држава. Автономија без достоинствени плати, дополни тој, е илузија. Доста беше! Денеска еден доцент доктор на науки има плата пониска од просечната плата во државата. Платите на ненаставниот кадар се под достоинството – мизерни. Ова го нема никаде во Европа и во светот. УКИМ со децении е заборавен и запоставен од сите досегашни влади, наведе Ристов.
Според него, Владата се обидува со минимални покачувања да ги задоволи барањата на академска заедница и ненаставниот кадар. Целта на овој протест според Ристов е да и се укаже на Владата и да се прати порака дека вака веќе не може.
Предлозите за минимално покачување на платите најавени од септември, како што рече, за Сојузот на синдикати за УКИМ се неприфатливи.
– Бараме конечно Владата да прифати дека науката и образованието се од суштинска важност за иднината на државата. Бараме најитно да се потпише нашиот колективен договор за којшто преговараме повеќе од една година за да се врати достоинството на научните работници и вработените на УКИМ. Бараме значително да се подобри нашата материјална положба со системско и систематско покачување – четиригодишно покачување на платите за да дојдеме до достојното ниво на плати во регионот – рече Ристов.
Во спротивно најави дека следниот собир ќе биде пред Владата во многу поголем број.
Професорот од Филозофскиот факултет, Зоран Киткањ, истакна дека се собрани заедно и администрацијата да искажат незадоволство и револт, затоа што, како што рече, немаат никогаш време за нашите проблеми и во областа на наставата, истражувањето, и науката и уметничкото творештво.
– Повеќе од 20 години ниту една влада не сфати дека вложувањето во високото образование е капитал, човечки, хуман и за државата и за целата нација. Доста ни беше ветување, време е да им покажеме дека не им се плашиме и дека без нас се никој и ништо – рече професорот Киткањ.
Протестот одблиску го следеше и го поддржа и ректорот на УКИМ, Никола Јанкуловски, кој во изјава за медиумите наведе дека тие како Универзитет никогаш не биле за радикални мерки кога се работи за покачување на платата на вработените.
– Јас откако сум на должност ректор сум давал и ќе давам безусловна поддршка на вработените и на наставниот и на ненаставниот кадар на УКИМ и секако дека за ова прашање како што спомна и претседателот на Синдикатот и на Ректорската управа која што е составена од сите декани и директори на институти и Сенатот којшто брои скоро 70 членови редовни професори дадоа поддршка за ова прашање, за прашањето за покачување на платите на вработените. Пуштени се дописи до Владата, до Собранието, до МОН во кое што се укажува на фактот дека платите на вработените на УКИМ се ниски и дека навистина треба да дојде до покачување – изјави ректорот Јанкуловски.
Плата на еден редовен професор на УКИМ, како што посочи ректорот Јанкуловски, изнесува 39.000 денари, додека минималната плата на професорите во регионот е 1.500 евра.
Министерот за образование и наука Јетон Шаќири вчера повика протестот да биде предупредување, а не закана за јунската испитна сесија и да не им се наштети на студентите. Зголемување на платите во високото образование, најави тој, ќе има од септември и тоа е предвидено со ребаланс на Буџетот.
Шаќири рече дека е отворен за соработка и исто како што имаше социјален дијалог за основно и за средно образование, очекува така да биде и со репрезентативниот синдикат за високото образование.
Македонски навивач ја шокираше новинарската екипа на БТВ која го праша за тоа што мисли за бугарскиот народ, во пресрет на натпреварот помеѓу Македонија и Бугарија во Лигата на нации.
Навивачот им посочи дека ние си имаме свои и тие си имаат свои херои, но она што е најинтересно е што помеѓу бугарските херои тој го напомена и екс премиерот Зоран Заев.
Погледнете го видеото и реакцијата на новинарската екипа:
Видеото погледнете го ТУКА
Државниот натпревар по хемија за учениците од средното образование се одржа на 28 мај 2022 година на Институтот за хемија на Природно-математичкиот факултет во Скопје. На него учествуваа и ученици од Гимназијата “Мирче Ацев” од Прилеп.
Постигнати се следните резултати: 1) Петар Мирчески – прва награда; 2) Кристијан Узуноски – втора награда
Ментор на Петар и на Кристијан им е проф. Блаже Димески.
Ученичката Елеонора Мицеска – четврта година доби пофалница за успешно натпреварување, затоа што од трета награда ја делеа само 0,3 %, но успехот е сепак на високо ниво со оглед на состојбите во кои учеа и унапредуваа. Ментор на Елеонора е проф.Ружа Ангелеска.
Ваквите резултати на натпреварите по хемија стануваат традиција на нашата Гимназијата “Мирче Ацев”. Браво за учениците и за менторите!
Стефан Ристовски нема да игра против Бугарија во Разград денеска од 18 часот, но не можеше да остане мирен по провокациите од претседателот на Славија Софија.
„Која е таа Северна Македонија!? Вчера стана држава и зошто би се плашеле од неа“, кажа Стефанов.
На ова Ристовски одговори урнебесно и објави фотографија од нилски коњ.
На барање на Турција, Обединетите нации го сменија името на таа земја во „Туркије“, а претходно на странски јазици беше „Турција“.
Обединетите нации претходно добија посебно барање од Турција. Портпаролот на генералниот секретар на ОН, Стефани Дујариќ изјави дека добиле писмо од турскиот министер за надворешни работи Чавушоглу, испратено до генералниот секретар Антонио Гутереш, во кое се бара промена на името на земјата на странски јазици во „Турција“.
Дујариќ рече дека промената на името на државата стапува на сила од моментот кога е примено писмото. Чавушоглу на Твитер објави дека целиот процес е при крај.
„ Процесот што го започнавме под нашиот претседател Ердоган за зголемување на вредноста на брендот на нашата земја привршува. Во писмото што денеска го испратив до генералниот секретар на ОН, го регистрираме името на нашата земја на странски јазици во ОН како „Туркије“, напиша Чавушоглу.
Во јануари оваа година, Канцеларијата на претседателот на Република Турција започна кампања наречена „Здраво Туркије“ со цел поефективно да ја прогласи националната и меѓународната употреба на името на земјата како „Туркије“.
„Фајненшнл Тајмс“ објави дека цените на нафтата паднаа откако Саудиска Арабија соопшти дека е подготвена да го зголеми производството на сурова нафта.
Цените на нафтата паднаа на тргувањето во Азија, и тоа на суровата нафта Брент за 1,68 отсто на 114,34 долари за барел. Фјучерсите на американската сурова нафта паднаа за 1,87% до 113,10 долари за барел.
Лидерите на ЕУ во понеделникот се согласија да забранат 90 отсто од руската сурова нафта до крајот на годината како дел од шестиот пакет санкции на блокот кон Русија откако таа ја нападна Украина, а тоа најпрво ги зголеми цените на нафтата.
Македонскиот народен театар на 3 јуни го отвора 56. фестивал „Војдан Чернодрински“ со најновата претстава „Народен непријател“ од норвешкиот автор Хенрик Ибзен, а во режија на Нина Николиќ.
-Со особено задоволство ја прифативме поканата од селекторот на фестивалот, Иван Додовски, да учествуваме на овој реномиран театарски фестивал, кој во годините наназад како и денес на вистински начин знаел да ги негува естетските вредности, информираат од МНТ.
Во официјалната фестивалска програма ќе учествуваат осум претстави во продукција на македонски театарски куќи, како и Македонскиот народен театар со претставата „Народен непријател“, која ќе се одигра во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп.
Во претставата играат: Никола Ристановски, Звездана Ангеловска, Дарја Ризова, Јана Вељановска, Ана Арсовска, Благој Веселинов, Петре Арсовски, Сашка Димитровска, Александар Михајловски, Нино Леви и Мартин Ѓоргоски.
Докторот специјалист Ненад Лазаров, кој утрово објави дека само до 08:30ч. биле препишани дури 1100 кутии Диазепам, попладнево напиша нов статус на својот ФБ профил.
Според информацијата, Лазаров вели дека до 14:00ч. биле издадени над 11.000 кутии со Диазепам….
Иста инфрмација докторот објави и вчера, кога според бројките биле препишани над 9.400 рецепти за истиот лек.
Оваа година ќе мора да ја менуваме свеста, ќе менуваме сѐ во земјоделието и ќе мора да го правиме она што го бара пазарот. Ако сме најусогласена земја со заедничката европска политика, ќе мора тоа и на дело да го покажеме, изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски во обраќањето на настан по повод 1 јуни Светски ден на млекото, што се одржа во дворот на компанијата „Бимилк“ во Битола.
– Криза е, ама обезбедивме сѐ што може да се обезбеди. Единствена земја во регионот во која вештачко ѓубриво се субвенционира со 40 отсто, поддршката за зелена нафта сега, со ребалансот ќе се измени до 100 проценти . Интервентен фонд не постои во ниедна друга земја, а ние оваа година имаме 15 милиони евра плус за интервентниот фонд. Тоа е обврска и за сите сточари и за сите земјоделци, да се усогласиме и заедно да ги менуваме работите и да се приклучиме на сите трендови, изјави Николовски, порачувајќи им на присутните млекопроизводители да не се грижат за исплатата на субвенциите, бидејќи се обезбедени 500 милиони денари за да им се исплатат средства за сите фази.
Во своето обраќање Николовски ги потенцираше сите мерки кои Министерството ги превзема за поддршка на млекопроизводителите и сточарите со посебен осврт на новиот модел на субвенционирање.
– Од оваа година почнува пилот проект за авансно субвенционирање најпрво во овоштарството а од 2023 за сите земјоделци, со кое ќе се овозможи 90 дена по аплицирањето земјоделците да добијат 30 отсто од сумата, а останатите 70 проценти ќе ги добиваат како и досега. Со ова ќе започне исплата на субвенциите од оваа за оваа година, нема да чекате до следната година за да ги добиете субвенциите, рече Николовски.
Тој потсети дека Министерството презеде низа мерки за поддршка на сточарите, како што е новата Програма за директни плаќања ги зголемивме субвенциите во сточарството.
– Ја зголемивме поддршката за грло говеда од 2.800 на 3.100 денари по грло и исто така ја зголемивме и субвенцијата кај обележани грла овци од 1000 на 1200 денари. Оваа година за прв пат воведовме дополнителна субвенција за квалитет на млеко. Производителите на кравјо млеко кои произведуваат млеко со екстра класа добиваа поддршка од 3,5 денари по литар, од сега ќе добиваат 4,5 денари по литар. Поддршката за овчо и козјо млеко исто така ја зголемивме од 4,5 денари по литар на 5,5 денари по литар млеко. На овој начин се стимулираат производителите на млеко да произведуваат квалитетно млеко, што ќе влијае на зголемување на откупната цена на млекото, додаде министерот.
Тој потенцира дека во услови на економска криза, преку Интервентиот фонд е воведена интервентна субвенција во износ од 5,5 денари за кравјо млеко произведено и предадено во преработувачки капацитети во периодот од јануари до април 2022 година, со која на млекопороизводителите им се помага полесно да ја надминат економската криза.
– Како еден од главните параметри за успешност во производството на млеко и млечните производи е избирање на вистинските млечни раси. Ова е година на историски највисока набавка на високопедигрирани грла добиток, со висок генетски потенцијал. Сточниот фонд ќе се обнови со високомлечни раси. Со тоа ќе имаме и зголемено производство на млеко. Потпишани се договори со 103 баратели кои ќе бидат поддржани со вкупна сума од над 253 милиони денари со кои сточарите ќе можат да набават вкупно 3842 грла високопедигриран добиток. За сточарите е особено важно да имаат доволно сточна храна. За таа цел, во подготовка се и нови јавни повици за закуп на државно земјоделско земјиште над 3 ха, од кои едниот ќе биде наменет за одгледување на сточна храна, истакна Николовски.
Воедно, министерот Николовски упати честитки до компанијата „Бимилк“ по повод јубилејот, 70 години од нивното постоење.