дома блог страница 1552

(Видео) Гоце Делчев, Питу Гули, Даме Груев ечи во Бугарија

Ечи македонската химна од трибините на арената во Разград.

Ги надигравме Бугарите и на теренот и на трибините, тоа е сигурно. Во овие тензични моменти за двете држави “Македонската Фаланга” им покажа на сите каде им е местото.

Бугарите имаа одлична можност да ги слушаат имињата на македонските херои испеани од стотици грла од трибините во Разград. Едноставно ќе ве полазат морници:

(Видео) Бугарите слушаа како грми нашето име МАКЕДОНИЈА

Македонската фаланга, која вечерва на стадионот во бугарскиот град Разград брои и повеќе прилепчани, ќе биде силна поддршка за нашите фудбалски херои во текот на сите 90 минути.

Пред почетокот на натпреварот со Бугарија на трибините грмеше “Никогаш северна, само Македонија”, со што фалангата упати и силна порака.

Продолжуваат уписите во основното музичко училиште “Ордан Михајлоски-Оцка”

Музиката им помага на децата да се развиваат, да го разберат светот кој ги опкружува, но и да ги искажат нивните лични чувства – меѓутоа, нејзината образовна улога е уште поважна.

Основното музичко училиште “Ордан Михајлоски- Оцка” од Прилеп ги продолжува уписите до 20-ти јуни. Инструментите кои од оваа година можат да се изучуваат се саксофон, труба, флејта, кларинет и секако соло пеење.

Потребни документи за упис се: пријава, извод од матична книга на родени и потврда за вакцинација.

Ајде наздравје, стотка и дизелот!

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,41 % во однос на одлуката од 1.06.2022 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 2,027%, кај дизелот за 2,774%, кај екстра лесното масло за 2,650% и кај мазутот зголемувањето е за 0,69%.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 2,00 ден/лит.

Од 3.6.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 107,00 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 109,00 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 99,50 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) \95,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 54,640 (денари/килограм)

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,101%.

-Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 3.6.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени, велат од Регулаторна.

Пачешкоски ги утеши земјоделците: Се ќе биде ок…?

Претседателот на ОО СДСМ Прилеп, Зоран Пачешкоски се пофали

-СДСМ: НОВА ПОДДРШКА ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО, ПОЛЕСНО ИСПЛАЌАЊЕ СУБВЕНЦИИ И 100% ЗЕЛЕНА НАФТА ЗА ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ, напиша Пачешкоски на својот ФБ профил.

На СДСМ му се случува нов пленум? Не ви се плашиме: Вработените во УКИМ излегоа на протест, бараат повисоки плати и колективен договор

Сојузот на синдикати на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ денеска пред Ректоратот на УКИМ одржа мирен протест изразувајќи незадоволството од, како што велат, за влошената материјална положба на вработените.

Претседателот на Сојузот на синдикати, Ангел Ристов, пред присутните колеги и професори истакна дека никогаш во историјата на УКИМ состојбата на вработените на Универзитет не била како денес.

– Долго време бевме трпеливи иимавме разбирање за економската состојба во нашата држава, но на трпението му дојде крај. Ние мора да се избориме за нашите права, за достоинствени плати доколку ние тоа не го направиме никој друг тоа за нас нема да го направи. Ние сме претставници на научната заедница. Ние сме свеста и совеста на ова општество. Ние сме тука за нашите студенти, за нивното образование затоа што тие се иднината на нашата држава. Автономија без достоинствени плати, дополни тој, е илузија. Доста беше! Денеска еден доцент доктор на науки има плата пониска од просечната плата во државата. Платите на ненаставниот кадар се под достоинството – мизерни. Ова го нема никаде во Европа и во светот. УКИМ со децении е заборавен и запоставен од сите досегашни влади, наведе Ристов.

Според него, Владата се обидува со минимални покачувања да ги задоволи барањата на академска заедница и ненаставниот кадар. Целта на овој протест според Ристов е да и се укаже на Владата и да се прати порака дека вака веќе не може.

Предлозите за минимално покачување на платите најавени од септември, како што рече, за Сојузот на синдикати за УКИМ се неприфатливи.

– Бараме конечно Владата да прифати дека науката и образованието се од суштинска важност за иднината на државата. Бараме најитно да се потпише нашиот колективен договор за којшто преговараме повеќе од една година за да се врати достоинството на научните работници и вработените на УКИМ. Бараме значително да се подобри нашата материјална положба со системско и систематско покачување – четиригодишно покачување на платите за да дојдеме до достојното ниво на плати во регионот – рече Ристов.

Во спротивно најави дека следниот собир ќе биде пред Владата во многу поголем број.

Професорот од Филозофскиот факултет, Зоран Киткањ, истакна дека се собрани заедно и администрацијата да искажат незадоволство и револт, затоа што, како што рече, немаат никогаш време за нашите проблеми и во областа на наставата, истражувањето, и науката и уметничкото творештво.

– Повеќе од 20 години ниту една влада не сфати дека вложувањето во високото образование е капитал, човечки, хуман и за државата и за целата нација. Доста ни беше ветување, време е да им покажеме дека не им се плашиме и дека без нас се никој и ништо – рече професорот Киткањ.

Протестот одблиску го следеше и го поддржа и ректорот на УКИМ, Никола Јанкуловски, кој во изјава за медиумите наведе дека тие како Универзитет никогаш не биле за радикални мерки кога се работи за покачување на платата на вработените.

– Јас откако сум на должност ректор сум давал и ќе давам безусловна поддршка на вработените и на наставниот и на ненаставниот кадар на УКИМ и секако дека за ова прашање како што спомна и претседателот на Синдикатот и на Ректорската управа која што е составена од сите декани и директори на институти и Сенатот којшто брои скоро 70 членови редовни професори дадоа поддршка за ова прашање, за прашањето за покачување на платите на вработените. Пуштени се дописи до Владата, до Собранието, до МОН во кое што се укажува на фактот дека платите на вработените на УКИМ се ниски и дека навистина треба да дојде до покачување – изјави ректорот Јанкуловски.

Плата на еден редовен професор на УКИМ, како што посочи ректорот Јанкуловски, изнесува 39.000 денари, додека минималната плата на професорите во регионот е 1.500 евра.

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири вчера повика протестот да биде предупредување, а не закана за јунската испитна сесија и да не им се наштети на студентите. Зголемување на платите во високото образование, најави тој, ќе има од септември и тоа е предвидено со ребаланс на Буџетот.

Шаќири рече дека е отворен за соработка и исто како што имаше социјален дијалог за основно и за средно образование, очекува така да биде и со репрезентативниот синдикат за високото образование.

Македонски навивач за бугарски медиум: Вие го имате Заев и Азис, а ние Гоце Делчев, Горан Пандев, Јане Сандански… (Видео)

Македонски навивач ја шокираше новинарската екипа на БТВ која го праша за тоа што мисли за бугарскиот народ, во пресрет на натпреварот помеѓу Македонија и Бугарија во Лигата на нации.

Навивачот им посочи дека ние си имаме свои и тие си имаат свои херои, но она што е најинтересно е што помеѓу бугарските херои тој го напомена и екс премиерот Зоран Заев.

Погледнете го видеото и реакцијата на новинарската екипа:

Видеото погледнете го ТУКА

Прилепските гимназијалци маестрални на Државниот натпревар по хемија

Државниот натпревар по хемија за учениците од средното образование се одржа на 28 мај 2022 година на Институтот за хемија на Природно-математичкиот факултет во Скопје. На него учествуваа и ученици од Гимназијата “Мирче Ацев” од Прилеп.

Постигнати се следните резултати: 1) Петар Мирчески – прва награда; 2) Кристијан Узуноски – втора награда

Ментор на Петар и на Кристијан им е проф. Блаже Димески.

Ученичката Елеонора Мицеска – четврта година доби пофалница за успешно натпреварување, затоа што од трета награда ја делеа само 0,3 %, но успехот е сепак на високо ниво со оглед на состојбите во кои учеа и унапредуваа. Ментор на Елеонора е проф.Ружа Ангелеска.

Ваквите резултати на натпреварите по хемија стануваат традиција на нашата Гимназијата “Мирче Ацев”. Браво за учениците и за менторите!

Капитенот Ристовски одговори на провокацијата на претседателот на Славија (Фото)

Стефан Ристовски нема да игра против Бугарија во Разград денеска од 18 часот, но не можеше да остане мирен по провокациите од претседателот на Славија Софија.

„Која е таа Северна Македонија!? Вчера стана држава и зошто би се плашеле од неа“, кажа Стефанов.

На ова Ристовски одговори урнебесно и објави фотографија од нилски коњ.

И Турција ќе го променува името

На барање на Турција, Обединетите нации го сменија името на таа земја во „Туркије“, а претходно на странски јазици беше „Турција“.

Обединетите нации претходно добија посебно барање од Турција. Портпаролот на генералниот секретар на ОН, Стефани Дујариќ изјави дека добиле писмо од турскиот министер за надворешни работи Чавушоглу, испратено до генералниот секретар Антонио Гутереш, во кое се бара промена на името на земјата на странски јазици во „Турција“.

Дујариќ рече дека промената на името на државата стапува на сила од моментот кога е примено писмото. Чавушоглу на Твитер објави дека целиот процес е при крај.

„ Процесот што го започнавме под нашиот претседател Ердоган за зголемување на вредноста на брендот на нашата земја привршува. Во писмото што денеска го испратив до генералниот секретар на ОН, го регистрираме името на нашата земја на странски јазици во ОН како „Туркије“, напиша Чавушоглу.

Во јануари оваа година, Канцеларијата на претседателот на Република Турција започна кампања наречена „Здраво Туркије“ со цел поефективно да ја прогласи националната и меѓународната употреба на името на земјата како „Туркије“.