Се согласуваат ли 330.000 пензионери во Македонија со ова? За Партијата на пензионери францускиот предлог бил прифатлив

Партијата на пензионери (ПП), поаѓајќи од нужноста на потребата за обезбедување на временски разумна перспектива за отпочнување на пристапни преговори за влез на земјата во Европската унија, смета дека новиот Предлог на Француското Претседателство треба да се прифати.

-Партијата на пензионери (ПП), на седница на новоизбраниот Извршен одбор (избран на Конгресот на Партијата на 18.06.2022 година), која се одржа на 02.07.2022 година, по констатирање дека Предлогот на Француското Претседателство е прифатлив, бидејќи не ги оспорува елементарните услови за заштита на македонските државни и национални интереси во процесот на пристапување во ЕУ и бидејќи во дадените крајно сложени околности поради негаторскиот однос на Република Бугарија кој е непроменет повеќе децении, без никакви назнаки дека ќе се промени, како и поради нејзината реално очекувана идна блокада на процесот, едногласно донесе Заклучок со кој го подржа ставот на Претседателот на Партијата на пензионери, Илија Николовски, нашето државно раководство да го прифати новиот Предлог и на тој начин да се создадат услови да отпочнат пристапните преговори на земјата за влез во ЕУ.

-Истовремено ПП преку Претседателот на Партијата, во рамки на коалицијата, ќе иницира во разумен рок, кој нема да овозможи развлекување на процесот за донесување на одлука, Владата и Опозицијата, иако таа го отфрли предлогот, сепак да одржат консултативен состанок на кој, исклучиво и само на оваа тема и секој во рамки на своите одговорности кон македонскиот народ и граѓаните на земјата, јасно, јавно и со преземање на одговорност за иднината на земјата ќе ги аргументираат своите заложби за нивниот програмски деклариран став и заложба за зачленување на Република Македонија во Европската Унија – се наведува во соопштението на ПП.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.